ФФМ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 27 Mar 2023 07:47:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ФФМ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Мартин Филиповски од „Некст Tајм“ го дизајнираше новиот дрес на фудбалската репрезентација: Музичарот ги открива деталите (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/martin-filipovski-od-nekst-tajm-go-dizajnirashe-noviot-dres-na-fudbalskata-reprezentatsija-muzicharot-gi-otkriva-detalite-foto/ Mon, 27 Mar 2023 07:45:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=295082

По „промашената варијанта со боите и рисот“ за историскиот настап на ЕУРО 2021,  новите дресови на фудбалската репрезентација  на Македонија овој пат се вистински погодок. На неговата промоција на мечот со Малта од првото коло квалификаци за настап на ЕУРО 2024, фудбалерите ја донесоа и првата победа за Македонија. Новата опрема изгледа одлично, новиот дрес одново е во препознатливите бои и елементи кои ја симбоилизираат Македонија: Стилизираното сонце од македонското знаме, чии краци се налик на отпечатови од прсти... Симболи по кои и тоа како ја пепознаваат државата, но и идентитетот на нацијата, односно Македонците и останатите етникуми кои живеат во неа.
Резервниот дрес во бело-жолта боја е исто толку впечатлив и автентичен,  како и третата варијанта на дресови и шорцеви е во темно-сива, речиси црна боја, која дополнително го нагласува сонцето и идентитетот како националната гордост. Многумина се запрашаа  кој  тоа овој пат ги дизајнираше дресовите, кој ја погоди суштината, автентично ја долови сржта на она што една репрезентација треба да го носи на својот дрес, а тој да ги отсликува националните симболи на земјата во целина? Уште повеќе сите беа пријатно изненадени кога дознаа дека автор на новиот дизајн на дресовите е познат македонски музичар! И тоа не било кој, туку Мартин Филиповски, од братското дуо близнаци од групата „Некст Тајм“, кој заедно со Рахила Илиев го потпишува автентичниот дизајн. Запрашан од каде тој во нешто што ни на сон публиката и воопшто јавноста не го очекувала, Мартин за Вистина.ком.мк одговори: „Со дизајн почнав да се занимавам пред неколку години за да си помогнеме како „Некст тајм“ за нас самите. ВО меѓувреме ја запознав Андреа (Белевска - ракометарката, која сега е негова свршеница) и почнав да креирам а неа некакви најави, промо материјали и сл. Нароавив дури и лого за клубот за кој играше во Романија, Валчеа мислам се викаше, кои стаснаа и прваци на својата земја и играа во Лигата на шампиони. Но тоа не го работев за пари, хонорарно, туку онака... Потоа си реков зошто не би продолжил. Правев логоас за неколку македонски фудбалски школи и еден ден ми се јави портпаролот на ФФМ,   Златко Андоновски и ме повика во нивните простории каде договоривме соработка за натпреварот со Косово. така почна соработката со ФФМ, каде работев на промо материјалите за некои натпревари, па снимивме рекламен спот - „Сега е наше време“ и уште неколку реклами... Така некако влегов во прикаскава со федерацијата и тие почнаа да ми веруваат. https://www.youtube.com/watch?v=YOmQeoRfaFo На прашењето дали редизајнот можел да се случи порано, наместо онаа “срамота“ пред ЕП 2021, Мартин вели: „Јас уште пред ЕП им понудив да го смениме дресот. Не да биде тоа сосема нов дизајн, туку да го, редизајнираме стариот, да го освежиме со нов материјал, нов крој, нови детали, но... По ЕП, по некое време одново ми се јавија и ми рекоа ако си сериозен, дојди да видиме што можеме да направиме. За два - три дена им понудив неколку варијанти, по што дојдовме до заеднички заклучок дека ќе одиме со овој дизајн што е денес“. „Рахила Илиев од ФФМ ми помогна да го скроиеме онака како што треба, бидејќи не бев запознаен со строгите правила. После тоа работевме три месеци на деталите, тука мислам на материјалот, кројот, фонтот,  ракавите и бојата. Во опција беа 4 бои, од кои трите се оние кои веќе се презентирани, додека жолтата варијанта остана како опција за изненадување, со која би можеле евентуално да ги изненадиме фановите кога ќе треба. И сето тоа го направив не заради некаква заработка, туку од љубов кон фудбалот, кој како дете  го тренирав и точно знам што посакува еден играч од дресот, каков материјал, какви одлики и перформанси да има“ - заклучува Мартин Филиповски, познатиот македонски музичар од „Некст тајм“ и спортски дизајнер. Фото: Инстаграм принтскрин/ffmacedonia/martin_filipovski    ]]>

Фудбал: Натпреварите на Македонија против Грузија и Бугарија со пренос на МРТ https://arhiva.vistina.com.mk/fudbal-natprevarite-na-makedonija-protiv-gruzija-i-bugarija-so-prenos-na-mrt/ Thu, 22 Sep 2022 13:05:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268299

Настапите на македонската фудбалска репрезентација во Лигата на нации на УЕФА во оваа и следната година ќе ги гледаме на МРТ. Потврда за ова стигна и од уредникот на спортската редакција на МРТ, Драган Николовски кој на социјалните мрежи објави кога ќе започнат преносите. Во завршните две кола од Групата 4 во лигата Ц, Македонија гостува кај Грузија, а потоа ја дочекува Бугарија. Гостувањето на Македонија кај Грузија е закажано за утре од 18 часот, а Бугарите на арената „Тодор Проески“ во Скопје, македонските рисови ќе ги пречекаат во понеделник. Натпреварот е со почеток од 20:45 часот. Билетите за натпреварот Македонија-Бугарија се пуштени во продажба од понеделникот која се одвиваисклучиво преку продажната мрежа на MKTickets. Продажбата на билетите ќе се одвива исклучиво со физичко присуство на купувачите. Електронска (on-line) продажба на билети нема да има. МАКЕДОНИЈА – БУГАРИЈА (Национална арена „Тодор Проески“, 26. септември) Цени на билети: Северна Трибина Блок 13, 14, 18, 19, 20 и 24 250 денари Блок 21 и 23 250 денари Јужна Трибина Блок 1, 2, 5 и 6 250 денари Блок 3 и 4 350 денари Едно лице може да купи најмногу четири (4) билети. Покрај неговите податоци (задолжително презентирање на документ за идентификација), клиентот внесува и податоци за други навивачи за кои купува билети.]]>

Во продажба по 3000 билети за натпреварите против Ерменија и Романија https://arhiva.vistina.com.mk/vo-prodazba-po-3000-bileti-za-natprevarite-protiv-ermenija-i-romanija/ Mon, 30 Aug 2021 13:12:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=217278

Македонската фудбалска репрезентација во следниот период ќе одигра три квалификациски натпревари за СП 2022 од кои два на домашен терен. Во Скопје играме со Ерменија на 2 септември, а со Романија на 8 септември. Меѓу тие натпревари гостуваме на Исланд на 5 септември. И покрај тоа што Владата дозволи 50% исполнетост на спортските арени и со посебни протоколи и правила за присуство, сепак, од Фудбалската федерација на Македонија одлучиле да пуштат во продажба по 3000 билети за натпреварите со Ерменија и со Романија. Инаку цената на влезниците изнесува по 300 денари за натпревар, а можат да се купат преку продажната мрежа на МК Tickets. ]]>

Гласот на народот посилен од глупоста на поединци: Македонија на ЕУРО 2021 сепак во „стариот“, препознатлив црвено – жолт дрес! https://arhiva.vistina.com.mk/glasot-na-narodot-posilen-od-gluposta-na-poedinci-makedonija-na-euro-2021-sepak-vo-stariot-prepoznatliv-crveno-zolt-dres/ Sun, 30 May 2021 08:48:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=204753

ФФМ се премисли... На ЕУРО 2021 одиме со „стариот“ црвено-жолт македонски дрес. Под притисок на јавноста, околу реакциите за катастрофалната изведба, боја и дизајн на новиот дрес, Фудбалската федерација на Македонија попушти... Нејзините челници се попишманија, ја увидоа грешката или едноставно не смееја да се соочат со цунамито што ги чекаше ако останеа на своето, па претседателот Муамед Сејдини пресече... Најпрвин срамежливо, вчеравечер сабота, 29 мај 2021 со загадочна најава на социјалните мрежи. А веќе следниот ден изутрина, недела 30 мај 2021 и со конкретно соопштение и се обрати на јавноста. „Драги навивачи на македонската репрезентација, Како претседател на Фудбалската федерација на Македонија чувствувам обврска да се обратам до фудбалското семејство во врска со промоцијата на новиот дрес на македонската репрезентација за Европското првенство. Најпрвин, изразувам искрено жалење за негативните реакции кои што беа предизвикани од бојата на новиот дрес. Свесни сме дека репрезентативниот дрес претставува чест и амбиција на секој фудбалер уште од најрана возраст Репрезентативниот дрес беше подготвен со голема радост на барање на фудбалерите. Тимот бараше нови репрезентативни дресови. Ние сакавме да го исполниме тоа барање. За жал, техничката поддршка во однос на бојата на дресот не е во согласност со барањата на ФФМ. Федерацијата и службите во ФФМ целосно ја преземаат одговорноста за овој избор, но исто така ќе побараат одговорност и од техничкиот партнер. Како претседател на федерацијата ја преземам мојата одговорност за евентуални последици и најавувам дека на Европското првенство ќе играме со досегашните дресови. Тоа што не влијаев и имав доверба во работата на службите во ФФМ во креирањето на новиот дрес, не значи дека треба да молчиме кога пошироката јавност го искажува своето мислење. Инсистирам настапот на Европското првенство да биде запаметен по прекрасниот успех што го направивме и да не биде засенет со работи кои се полесни за решавање. Поради реакциите од бојата на дресот, ние како Фудбалска федерација на Македонија пративме допис до УЕФА со кој бараме натпреварите од Европското првенство да ги одиграме со актуелните дресови. Се надевам дека УЕФА ќе има разбирање за нашето барање и ќе излезе во пресрет на истото. Со актуелниот репрезентативен дрес игравме на Европското првенство 2017, со тој дрес остваривме историски пласман на ЕУРО 2020 и со тој дрес ќе се претставиме на првенството кое со нетрпение го очекуваме. Ве повикувам со добра мисла да ги испратиме нашите херои на Европското првенство. Навивачкиот дух да им биде ветер во грб. Напред Македонија“. ]]>

„Трула вишна“ во ФФМ: Новите македонски дресови – ни боја ни дизајн, изгледаат грдо и штуро, а не како за историско деби на ЕУРО (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/trula-vishna-vo-ffm-novite-makedonski-dresovi-ni-boja-ni-dizajn-izgledaat-grdo-i-shturo-a-ne-kako-za-istorisko-debi-na-euro-foto/ Fri, 28 May 2021 14:55:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=204684

ФФМ ги промовираше новите дресови на македонските репрезентативци со кои ќе настапуваме на престојното ЕУРО 2021. Подобро да не ги покажеа. Наместо еуфорија и возбуда - брука и срамота, наместо радување - национално понижување и омаловажување... Новите  македонски дресови  не ги содржат ниту националните бои, ниту имаат дизајн, изгледаат грдо и штуро, а не како за историско деби на ЕУРО! Очигледно работата на ФФМ наликува на „трула вишна“! Иста како бојата на новиот национален дрес, кој по ниту еден параметар не е препознатлив, специфичен, уникатен, впечатлив... Освен можеби по апликацијата на рисот, како еден вид симбол на нашето национално богатство. Но „цвекло“ бојата, нешто помеѓу бордо или „трула вишна“ и циклама е катастрофалнаа утка и антиреклама, за која само за неколку часа во јавноста се крена голема галама. Аловата црвена, симболот на нашето знаме во кое вткаена пролеаната крв на генерации за слобода и независнот, никаде ја нема. Како и жолтата, симболот на македонското „ново сонце на слободата“, на чие место  провејуваат некакви „извезени“ светло портокалови линии на ракавите и апликацијата на рисот,  кој патем како животно во исчезнување е речиси пред истребување, па праќа чудна порака... Случајна или намерна симболика, во која не скаме да веруваме, ама... Вака нашиот нов дрес неодоливо потсетува на боите на оној кој оправдано го носат фудбалерите на една Латвија. За дизајнот и да не говориме... Сонцето од нашето знаме, аплицирано на старите дресови беше многу повпечатливо и многу повеќе одраз на она што е македонски национален симбол, од едвај препознатливиот рис. Барем да ги погодеа боите - дресот алово црвен, рисот жолт, па и некако! Вака, да не е трагично, би било смешно! Ама сепак е трагикомично! Резервните варијанти, налик на главната. Онаа белата, можеби до некаде, ама само до некаде ги оправдува очекувањата, а таканаречениот трет дрес - одново катастрофа! Наместо жолт со бело или црвено, добивме црн со портокалово? Па случајно обете репрезентации да истрчаат на терен во истата опрема, дали сме Холандија со која треба да играме на ЕУРО или Македонија, никој нема да препознае?! Со тоа што Холанѓаните ќе си бидат во своите препознатливи - алтернативни бои, а ние? Споредете, па обидете се да ја пронајдете разликата... Освен во грбот и производителот, секако. Се' на се ФФМ одново се избрука...Сакајќи да се пофали со промоција на новата опрема, наместо воодушевување предизвика разочарување, па и отворен потсмев дури и кај фудбалерите. Македонската јавност исто така згрозена, социјалните мрежи за час зовреа, па набрзина со петиција се бара враќање на старите дресови и настап на нашите фудбалери на ЕУРО во препознатливата опрема. А, дали ќе бара некој одговорност и оставки од „некадарните“ кадри на Фудбалската Федерација на Македонија или ќе ја премолчиме и оваа агонија? https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/koj-go-izbrisha-sonceto-shto-denes-nad-makedonija-se-ragja-od-nacionalniot-dres-na-makedonskite-fudbaleri-vo-albumot-na-panini-foto/]]>

Кој го „избриша“ сонцето што „денес над Македонија се раѓа“ од националниот дрес на македонските фудбалери во албумот на „Панини“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/koj-go-izbrisha-sonceto-shto-denes-nad-makedonija-se-ragja-od-nacionalniot-dres-na-makedonskite-fudbaleri-vo-albumot-na-panini-foto/ Thu, 15 Apr 2021 09:00:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=199103

Фудбалска Македонија испишува историја. Нашата А репрезентација за прв пат на едно големо европско натпреварување, на ЕУРО 2021. Радоста е голема, уефоријата уште поголема. И додека со нетрпениe го очекуваме првиот историски настап на нашите најдобри фудбалери на најголемиот европски собир, како и цела Европа и македонските пасионирани фудбалски љубители и колекционери уживаат во Панини магијата, собирањето на официјалниот, но и култен албум со сликички за претстојното ЕУРО, кој за за прв пат е отпечатен пред половина век, во 1970 година. Во Македонија  еуфоријата за собирање на сликички во полн замав. Се продаваат како никогаш до сега, ги собира и младо и старо, се купуваат по цели кутии, а залихите ги снемува за неколку часа. За ова Европско првенство еуфоријата е дотолку поголема, токму заради  присуството на нашата репрезентација и нејзините фудбалери во албумот на Панини. Но, оние што го собираат албумот веднаш забелжаа нешто, што никому не му се допадна. И тоа е уште еден исклучок, кој е направен само во случајот на фудбалска Македонија. Имено, уште кога ќе ви падне првата сликичка со ликот на некој од нашите фудбалски репрезентативци, веднаш забележувате дека за разлика од играчите на буквално  сите останати репрезентации кои се во своите стандардните дресови со националните обележја на своите земји, нашите Пандев, Елмас, Нестороски, Барди, Адеми, Алиоски... сите до еден  се во обични „Jako“ маички за тренинг. Оттаму и прашањето за челниците и особено претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини,  дали и кој требаше да води сметка, да направи проценка за важноста на симболиката на националниот дрес, особено ако со него фудбалерите, а и спортска Македонија испишува историја? Кој и зошто, случајно или не, „го избриша сонцето што денес над Македонија се раѓа“ од македонскиот национален дрес на фудбалските репрезентативни избраници, па истиот го замени со обична бела тренинг маичка? Историјата останува меѓудругото и во колекцијата на Панини, но за жал, кога е Македонија во прашање, само како бела маичка за на пауза меѓу два натпревари! А колку што се химната и знамето државни симболи и обележја на една нација, толку е и оригиналниот дрес кој  избраниците со гордост го носат, симбол на државата и сите нации кои живеат во неа, кога е репрезентативниот спорт, во случајов фудбалот, во прашање! Впрочем, неагилноста и неажурноста на челниците на ФФМ може да се види уште штом ќе го отворите официјалниот сајт, официјалната веб страница на Фудбалска Федерација на Македонија. Неажурирана, со бајати фотографии на А тимот кој ни донесе историска гордост, во кој половина од нив веќе и не се репрезентативци,  со „последни“ квалификации за ЕУРО 2016, додека оние кои не однесоа во Европа од ЕУРО 2021 - никаде ги нема во менито. Како и кога ќе кликнете на „стручен штаб“ тој воопшто не постои и го нема во менито! Наместо ликот и биографијата, резултатите, постигнувањата на предводникот на херојската генерација, Игор Ангеловски „Мрме“ и неговите помошници, советници, физиотерапевти, кондициони тренери, тренери на голманите... добивате само едно срамно: „Нема содржини во оваа категорија“! Страшно, срамно, понижувачки... Ако е до парите - не ќе е, зашто од друга страна за ФФМ се зборува дека врти милиони! До немарност, негрижа, незнаење, немање „чувство за осет“, сенс за она што им е должност, обврска, задача, работа... До тоа ќе да е!?  А за волја и желба, љубов и ентузијазам и да не зборуваме! За жал, трагедија од три букви: ФФМ!    ]]>

„Одиме на Европско првенство“ е новата навивачка химна на македонската репрезентација https://arhiva.vistina.com.mk/odime-na-evropsko-prvenstvo-e-novata-navivachka-himna-na-makedonskata-reprezentacija/ Fri, 09 Apr 2021 12:49:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=198465

ФФМ вчера ја претстави новата навивачка химна на македонската репрезентација – „Одиме на Европско“. Автори на спортската химна се Саше Љолес и Петар Младеновски (фронтменот на „Суперхикс“), а химната е во изведба на групата „ВИС Рисови“. За химната е снимен и видеоспот во кој се појавува целата македонска фудбалска репрезентација. Спотот се очекува да биде промовиран наскоро. Европското првенство во фудбал ќе се одржи од 11-ти јуни до 11-ти јули во 12 држави. Нашата репрезентација по прв пат настапува на едно големо натпреварување.
]]>

Цел живот, Македонија… (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/cel-zivot-makedonija-video/ Tue, 10 Nov 2020 12:41:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=175417

Македонската фудбалска репрезентација во четврток против селекцијата на Грузија ќе го игра историскиот натпревар за прв пласман на нашата селекција на Европско првенство. Фудбалската федерација на Македонија, објави видео за поддршка на македонските репрезентативци. -Веруваме дека зборуваме и во ваше име кога со цело срце и почит ги изговараме овие зборови: „Цел живот, Македонија! Ви благодариме, момци”, пишува ФФМ во објавата.   ]]>

Гледајте ја Македонија со Полска и Австрија за 150 денари https://arhiva.vistina.com.mk/gledajte-ja-makedonija-so-polska-i-avstrija-za-150-denari/ Mon, 27 May 2019 11:42:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=89812

Македонската фудбалска репрезентација на 7. и 10. јуни против Полска и Австрија ги продолжува Европските квалификации за пласман на ЕУРО 2020. По триумфот над Летонија и освоениот бод во Љубљана против Словенија, македонската репрезентација на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се соочи со фаворитите во групата, репрезентациите на Полска и Австрија. Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до вредни бодови и дополнително да се приближиме кон врвот во квалификациската група за пламан на ЕУРО 2020. Цената на влезниците изнесува од 150 денари.
Верните навивачи на нашата најдобра репрезентација од денеска ќе можат да купат билет за натпреварите против  Полска и Австрија преку продажната мрежа на MKTickets, на посебен пулт на ФФМ во Skopje City Mall (пред влезот на кафулето Play) и on-line на линкот: https://mktickets.mk/event/makedonija-polska/ Влезници ќе можат да се купат и на благајната на Националната арена „Тодор Проески“ од 1. јуни (сабота), а од 3. јуни (понеделник) и во Фудбалската федерација на Македонија, „Куќа на фудбалот“. По првите две кола „црвено-жолтите“ имаат четири бода (победа над Летонија дома, и нерешено со Словенија, на гости).]]>

ФФМ не го заборави капитенот: Честитки за Гоче… https://arhiva.vistina.com.mk/40003/ Wed, 25 Jul 2018 13:11:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=40003

Македонската фудбалска А репрезентација во последно време навистина бележи само успеси.  Следното учество во натпреварувањето за „Лигата на нации“ е шансата на оваа генерација да ја одведе земјава во завршницата на некое големо европско или светско натпреварување.
Или како што самите велат: „Сега е наше време...“!
Последното рангирање на официјалната ФИФА ранг листа на 71 место на светот, што е најдобар пласман во последниве 10 години, е само уште една потврда за квалитетот на овие момчиња, предводени од селекторот Игор Ангеловски...
... и секако, легендата, нашиот капитен, Горан Пандев.
ФФМ не го заборави својот најдобар играч и капитен, па покрај бројните честитки од сите страни, федерацијата на својот официјален Инстаграм профил јавно му ја честиташе приновата во семејството, третотото дете на популарниот Гоче, ќеркичката Софија.