фестивал на народни песни и игри – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 17 Jul 2019 12:34:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png фестивал на народни песни и игри – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ од 27 до 31 јули во Битола https://arhiva.vistina.com.mk/festival-na-narodni-pesni-i-igri-ilindenski-denovi-od-27-do-31-juli-vo-bitola/ Wed, 17 Jul 2019 12:33:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=98090

Од 27 до 31 јули во Битола ќе се одржува 49. издание на републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“. Над 1.500 учесници од земјава и светот ќе дојдат во Битола и петте фестивалски денови ќе ги исполнат со песни и игри од Мексико, Индија, Русија, Италија, Белгија и Израел.
Добро ќе ги препознаеме и сите наши ора и песни, познати и помалку познати, за да се потсетиме дека фолклорот обединува, зближува, и дека не постои поголем амбасадор во светот,  најави директорката на фестивалот и на битолскиот Центар за култура, Маја Андоновска.
Фестивалот „Илинденски денови“ во 2017 година, на еден од светските конгреси на CIOFF (Council of International organizations of folklore festivals & folk arts) во Индонезија, стана сертифициран CIOFF Festival, еден од вкупно 100 најреномирани фолклорни фестивали ширум светот, исплонувајќи ги тие строги критериуми на оваа светска организација која е официјален пратнер на УНЕСКО, акредитирана од неговиот комитетот за чување и промовирање на традиционалната култура и фолклор кои се нематеријално светско културно наследство.
Првиот постер е посветен на фестивалот и вечерите на кои ќе се презентира домашниот фолклор, а вториот на интернационалната вечер . Фотографијата на првиот постер е на битолската фотографка Кети Талевска, а автор на втората фотографија користена за дизајн на постерот е на Димитар Петковски. Графички дизајнер е Никола Трајковски.]]>