фешн тв – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 27 May 2022 07:07:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png фешн тв – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Нашата мисица и модел Ана Марија Јанковиќ влезе во топ 3 на изборот за „Miss Movie Star“ во Кан и стана „Мис Туризам 2022“ (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nashata-misica-i-model-ana-marija-jankovikj-vleze-vo-top-3-na-izborot-za-miss-movie-star-vo-kan-i-stana-mis-turizam-2022-foto-video/ Fri, 27 May 2022 06:56:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252053

Дваесетгодишната македонска манекенка, модел и мисица Ана Марија Јанковиќ, учествуваше на изорот за  „Miss Movie Star“ кој се одржува во Кан и влезе во топ 3  на изборот, при тоа освојувајќи ја и титулата за „Мис Туризам 2022“.  Изборот се одржуваше на 25 мај 2022 во една од ултралуксузните приватни вили на најмонденското собиралиште во Европа на светскиот џет - сет. Организатор на овој престижен настан беше  најпознатиот моден ТВ канал, познатиот „Fashion Tv“. На изборот присуствувале и голем број познати личности од светот на филмската уметност и модата, а нашата претставничка блесна на црвениот тепих во моделите што ги носеше на преставувањето.
Инаку Ана Марија Јанковиќ е студент на филмска режија на Интернационалниот универзитет за аудиовизуелни уметности „Еуропа Прима“ во Скопје ( некогашната ЕСРА). Со моделинг и манекенство се занимава уште од мали нозе, меѓу останатото и заради фактот што таа е постарата ќерка на  нашиот познат уметнички фотограф и режисер на видеоспотови, битолчанецот со хрватско потекло Дарио Јанковиќ.  Во Македонија снимила неколку реклами и рекламно-модни едиторијали  заедно со или без нејзиниот татко, а се појавува и во некои од видеоспотовите што тој ги изработи и режираше во рамкоте на неговата „Генерал продукција“.  Ана Марија  е членка на модната агенција Real Woman Agency од Белград, а пред две години стана ново лице на познатиот моден бренд  Guess. ]]>

Две Македонки се вратија со титули од Miss Fashion TV Europe 2018 & FTV Spring Festival https://arhiva.vistina.com.mk/dve-makedonki-se-vratija-so-tituli-od-miss-fashion-tv-europe-2018-ftv-spring-festival/ Thu, 10 May 2018 10:00:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=26213

Минатиот викенд во Букурешт, Романија се одржа изборот за Мис Фешн ТВ Европа 2018, заедно со Пролетниот Фешн ТВ Фестивал. Тоа не беше обичен избор, туку вистински моден спектакл, кој се одржа во Романскиот парламент.
Македонија имаше две претставнички, Ива Михајловска и Сандра Стефановска и двете успеаја да освојат титули. Ива ја освои титулата Мис Фешн ТВ Стар, доделена лично од Мишел Адам, сопственикот на Фешн ТВ, а Сандра е Мис Телегеник, специјална титула која ја доделуваат 10 камермани на ФТВ, кои цело време ги снимаат девојките и со нивните камери и на телевизијата. Сандра од сите изгледаше најубаво, затоа и ја освои титулата е Мис Телегеник.
Со титулите кои ги освоија, тие автоматски се пласираа на светското финале, Мис фешн впорлд 2018, кој во септември ќе се одржи на Кипар.
Лиценцата за Македонија за овој Интернационален избор за убавина и модели ја поседува Модното студио Црнокрак, чии членки се Ива и Сандра и во чија организација тие отпатуваа, престојуваа и учествуваа на изборот во Букурешт.
 ]]>