ферус – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 13 Oct 2023 11:00:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ферус – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Семејно наследство: Наскоро ќе биде објавено заедничкото оро на Ферус, неговиот син Илми и внукот Ферчо! https://arhiva.vistina.com.mk/semejno-nasledstvo-naskoro-ke-bide-objaveno-zaednichkoto-oro-na-ferus-negoviot-sin-ilmi-i-vnukot-fercho/ Fri, 13 Oct 2023 11:00:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322256

Пред неколку месеци како гром од ведро небо беше информацијата дека од овој свет си замина легендарниот виртуоз на саксафон, најдобриот на овие простори – Кралот Ферус Мустафов. Тоа како да не беше доволна трагедија во семејството Мустафов, па по неколку месеци од смртта на Ферус, почина и неговиот син Илми Мустафов. Најмногу овие трагедии го погодија внукот на Ферус, односно синот на Илми, Ферчо Мустафов, кој е нивниот наследник и според многумина, единствениот кој може да го замени кралот на саксафонот. Инаку Ферчо уште пред смртта на Ферус и Илми се пресели во Србија, каде живее и соработува со најголемите тамошни ѕвезди како Цеца и многу други. Младиот музичар пред неколку дена го заврши снимањето на видеоспотот за заедничкото оро кое го создале токму тој, татко му и дедо му Ферус. Како што вели тој, за жал во спотот се појавува само тој, иако планот било и видеото да го снимаат тројцата, но судбината одлучила да биде поинаку... „Пред два дена го завршивме снимањето на видеоспотот за орото кое го работевме заедно со дедо ми и татко ми. Поради ситуацијата што се случи, спотот го снимав сам. Тој ќе биде готов за дваесетина дена од сега, па публиката ќе има прилика да го види и слушне она што го создадовме со дедо ми Ферус и татко ми Илми“ – вели младиот виртуоз Ферчо. Инаку како што напоменавме, Ферчо живее и работи во Белград, каде соработува со најголемите ѕвезди, а полека, но сигурно тој станува еден од најбараните дувачи на овие простори]]>

Ферчо Мустафов: „Ферус ги направи она што се денес, а тие не го испочитуваа и не го ни испратија на вечното почивалиште“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/fercho-mustafov-ferus-gi-napravi-ona-shto-se-denes-a-tie-ne-go-ispochituvaa-i-ne-go-ni-ispratija-na-vechnoto-pochivalishte-video/ Mon, 26 Jun 2023 10:16:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307684

Најпознатиот македонски кларинетист, саксофонист и крал на ромската музика, Ферус Мустафов, почина на 72-годишна возраст. Роден на 20 декември 1950 година во Штип во ромско семејство на музичари и е син на Илми Јашаров, професионалната кариера започнал на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет на локална музичка академија. Во тоа време, тој бил поканет да оди на турнеја со бенд предводен од Тома Чрчев, а успехот на турнејата го натерал да се откаже од академското учење и да стане естраден музичар. По една година воена служба, за време на која тој ја воспоставил својата репутација свирејќи на вечерните забави, тој се преселил во Сараево, Босна и Херцеговина, каде ја презел водечката улога во експлозијата на популарноста на народната музика што се случила таму во тоа време. Музиката и музичкото умеење ќе го носат насекаде, од најблиското соседство па се во многу земји низ Европа и светот, каде ќе биде ценет, почитуван, познат и признат, а заработувачката од музиката на моменти ќе достигнува дури и вртоглави бројки. Ферус Мустафов не беше само врвен музичар туку тој им бил идол и учител на некои од денес многу познатите музичари. За негов наследник се смета  неговиот внук Ферчо Мустафов кој  во ексклузивно интервју за естрадниот ТВ магазин “Бекстејџ” за прв пат зборуваше за неговиот дедо, се присети на некои анегдоти но и искажа разочарвање за тоа дека речи си никој од неговите колеги, оние со кои соработувал, им помогнал, а некои и ги направил познати и славни, не се појавиле ниту на комеморацијата, ниту на погребот. Што се кажа внукот на Ферус погледнете во интервјуто во продолжение: ]]>