фејзбук – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 21 Jan 2019 11:16:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png фејзбук – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Родители, внимавајте: Социјалните мрежи може да предизвикаат депресија кај тинејџерите https://arhiva.vistina.com.mk/roditeli-vnimavajte-socijalnite-mrezi-moze-da-predizvikaat-depresija-kaj-tinejdzerite/ Mon, 21 Jan 2019 15:01:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=68014

Тинејџерите имаат два пати поголеми шанси за појава на симптомот депресија поврзан со користење на социјалните мрежи. Тоа е така поради онлајн злоупотребата, пореметувањето на сонот, како и незадоволството со своето тело и падот на самодоверба, покажуваат резултатите од истражувањето во Велика Британија. Во истражувањето во кое се анализирани податоци од 11.000 млади луѓе во Велика Британија, истражувачите заклучиле дека 14 годишните девојчиња најчесто користат социјални мрежи, меѓу кои две петини од нив, социјалните мрежи ги користат повеќе од 3 часа на ден, додека истото го прават и петина од момчињата. Студијата покажува дека 12% се умерeни корисници на социјалните мрежи,а оние 38% кои ги користат социјалните мрежи повеќе од 5 часа на ден, покажуваат знаци на сериозна депресија. Кога станува збор за процесеците кои можат да бидат користење на социјалните мрежи и депресијата, истражувачите открија дека 40% од девојчиња и 25% од момчињата имале искуство со онлај злоупотреба. Слични се процентите и кај пореметувањето на сонот и анкциозноста. Девојчињата се исто така изложени на поголем ризик кога станува збор за поврзаноста на користењето на социјалните мрежи и грижата за изгледот на телото, како и самодовербата. Ивон Кели, професорка на лондонскиот Институт за епидемиологија и здравствена нега вели дека семејството треба да размисли за ограничување на користењето на мобилните телефони во тинејџерските соби. Ова истражување, кое е финансирано од Советот за економско и социјално истражување на Обединетото Кралство (ESRC) е објавено онлајн во весникот „EClinicalMedicine“. Извор: Хаштаг]]>

Ѕвездата го прифати предизвикот, ама никој не ја позна: Препознавате ли кој познат македонски лик е на фотографијата? https://arhiva.vistina.com.mk/dzvezdata-go-prifati-predizvikot-ama-nikoj-ne-ja-pozna-prepoznavate-li-koj-poznat-makedonski-lik-e-na-fotografijata/ Thu, 17 Jan 2019 07:56:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=67824

На социјалните мрежи има нова играчка. Најпопуларната и најраспространетата од нив - „Фејсбук“ на своите корисници им понуди нов предизвик: постирај фотографија како изгледаш денес и како си изгледал пред десет години. Мамецот беше фрлен, корисниците ја „загризаа јадицата“ и лавината тргна. Илјадници постираат две свои фотографии - лево и десно, една до друга... Првата од пред една деценија, втората, онаа, што им е најтазе! Еуфоријата со „Доријан Греј“ синдром не ги заобиколи ни познатите, па така многумина од нив се приклучија кон мнозинството, прифаќајќи го предизвикот да се покаже колку си останал млад или остарел, колку времето ти оставило или не ти оставило трага на лицето, а годините (не) те промениле...!? Македонските јавни фаци, познати лица, естрадни и ТВ ѕвезди... се исто така дел од новиот предизвик на (не)препознатливост низ времето.
Еден од нив е и тој... Влатко Лознаовски - Лозано. Само што додека другите горе-долу ги препознавате на прва, на онаа најновата и фотографијата од пред една деценија, за Лозано тешко дека ќе откриете дека е тој.
Долга коса, бумбареста физиономија, ќос бејбифејс лик, без ниту едно влакненце брада... Друго дете! Фотографијата како што напишал му е не од пред 10 туку од пред 15 години, некаде од училишните денови, а на неа денешната поп ѕвезда е речиси непрепознатлив.
Трансформацијата е дел од созревањето, па и стареењето и во тоа всушност лежи убавината на животот, меѓу другото. Секако, со сето она што духовната надградба ја надополнува еволуцијата на физикусот.
А предизвикот наречен „Десет, порано“? На Лозано ионака во моментов некако природно му одговара... Зашто, ако не друго, се поклопува со излегувањето и насловот - „Десет“, на неговиот трет студиски албум по ред, кој штотуку се појави и е во фаза на промовирање.  ]]>