фејсбук преписка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 20 Apr 2023 07:33:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png фејсбук преписка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сопругата на осудениот Марјан – Доказ ја „р’чкаше“ Ирена Спасовска таму кај што не треба, а фолкерката брутално и возврати: „Плаче(ш) за кај Марјан, таму сигурно памет ќе ти дојде“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/soprugata-na-osudeniot-marjan-dokaz-ja-r-chkashe-irena-spasovska-tamu-kaj-shto-ne-treba-a-folkerkata-brutalno-i-vozvrati-plache-sh-za-kaj-marjan-tamu-sigurno-pamet-ke-ti-dojde-foto/ Thu, 20 Apr 2023 07:31:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298743

Откако првостепениот суд експресно му пресуди и изрече казна од три години и еден месец затвор на сопственикот на порталот ДоказМ и самопрогласен т.н. новинар Марјан Стаменковски, кој меѓу останатото е осуден за уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело, ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем и злоупотреба на лични податоци за што доби доби и парична казна и од 5 илјади евра, а судот му забрани да регистрира домеин или да биде сопственик на портал следните 10 години, а и порталот требаше да престане да постои бидејќи Стаменковски е негов сопственик. Но истиот сепак се уште „си тера“ како ништо да не било иако до душа, со баеги бајати вести. По изречувањето на казната, колку тоа сурово и да звучи, на многумина од познатите естрадни личности „им олесни на душата“ зашто познати  пејачки, манекенки, мисици, модели, новинар(к)и, ТВ лица… „немаа дерман“ од измислиците и гнасотиите на „великиот новинар“ кои го уриваа нивниот углед и интегритет, ја валкаа нивната личност, нарушуваа приватноста, ги загрозуваа нивните семејни односи…   На ова реагираше до новинарите кои ја поздравиле неговата затворска казна, сопругата на осудениот, Маја Стаменковска, јавно обраќајќи им се: „За жалење се оние кои се ситат на туѓите судбини“ - наслов кој осамна во неколку портали. Во меѓувреме, откако социјалните мрежи кои претходно зовреа, таман малку се стишаа, госпоѓата на сопственикот на ДоказМ покажа дека е и тоа како активна на истите тие мрежи, меѓудругото  не само со својата реакција туку и со нови „закачки“ со јавните личности. Меѓу останатите од само нејзе (или ним двете ?) познати причини, на русокосата госпоѓа Стаменковска на мета и е естрадната фолк пејачка Ирена Спасовска. Фолкерката ја има фатено „на пик“ одпоодамна, зашто ако прочешлате по Фејсбук, ќе налетате на неколку поста со фотографии и нималку „вкусни коментари“ од страна на Стаменковска на сметка на пејачката. Уште од пред две-три години кога ја нарекува така како што напишала... ...А и минатата година, кога фотографиите од теретаната на фолкерката ги „оплеменила“ со „сочни“ или поточно „гна*ни“ коментари, па истите стојат споделени на нејзините фејсбук страници. Но и после се, по целата афера и првостепената судска пресуда за нејзиниот сопруг и неговиот ДоказМ, Стаменковска продолжила да ја „р'чка“ Ирена Спасовска  таму кај што не треба! Имено, таа на Фејсбук покрај уште една новообјавена фотографија од пејачката споделила коментар: „А, малку и на диетичка?“ - очигледно алудирајќи на килажата на Ирена. Но, фолкерката овој пат не и премолчи, па реши брутално да и возврати. Спасовска на Стаменковска и прати „соодветен“ одговор со свој коментар под фотографијата и првично напишаното, во кој таа и порачала: „Јас ослабев, а глупавите си останаа глупави. Тоа што јас кажувам е обична шега, ама Маја си нема работа со 100 евра, нејзиниот 100.000 евра и донесе... За жал, памет со инка на Маја не можам да и ставам. Плаче за кај Марјан, таму сигурно памет ќе и дојде!“ - жестоко и возвратила Ирена Спасовска на Маја Стаменковска во нивната Фејсбук преписка. Ќе има ли објаснување од каде ваквиот анимозитет меѓу двете русокоси  „зачинет“ со „неописива леснотија на неподносливост“ и дали „преписката на сочни навреди“ тука ќе заврши или ќе читаме и „комплименти“ од „третото“ полувреме? Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/Maja Stamenkovska/spasovska.irena]]>

Фејсбук „војната“ помеѓу Петар Георгиевски-Камиказа и Никола Наумоски добива судска завршница: „Замислете, оваа амеба ме тужи?!“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/fejsbuk-vojnata-pomegju-petar-georgievski-kamikaza-i-nikola-naumoski-dobiva-sudska-zavrshnica-zamislete-ovaa-ameba-me-tuzi-foto/ Wed, 04 May 2022 08:09:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=248439

Никола Наумоски, во скопските кругови познат како „дете на шарените“ во служба на „комуњарите“, братучед на Радмила Шеќеринска и екс шеф на кабинетот на бившиот скопски градоначалник Петре Шилегов, по Фејсбук војната со Петар Георгиевски-Камиказа, решил Перо - „Камиказа“, да го тужи на суд! Имено, откако неколку пати  се избламира на социјалните мрежи, особено кога македонскиот великан Горан Стефановски го нарече  „обичен гастрбајтер“, Наумовски на социјалните мрежи влезе и во отворен конфликт и со Петар Георгиевски попознат како Перо - „Камиказа“, лидер на групата „Меморија“ и независен кандидат за градоначалник на Скопје на последните локални избори. Овој пат од позиција на „паднат од фотелја“,  Наумоски јавно се потсмеваше на потезите на новата скопска градионачалничка Данела Арсовска, ставајќи го во контекст еден од предлозите на кандидатот за градионачалник Петар Георгиевски – Камиказа, за поставување на јавни тоалети во Градскиот парк и по кејот на Вардар во Скопје, откако забележал дека два т.н,. „Тои фора“ се поставени на влезот во паркот и уште дузина други низ него. И тоа беше капката што ја „прели чашата“  за  „револверашот на јазик“ Перо - Камиказа да го „распука недоветниот локален лузер“ на последните избори - Никола Наумоски. И тоа онака машки, жестоко возвраќајќи му со зборови по кои многумина останаа зачудени, некои збунети, а некои шокирани... Единствен кој останал „изненаѓен и увреѓен“ беше „малиот Никса“, кој погоден од вербалните рафали на Камиказа преточени во писмено обраќање преку социјалните мрежи, кои наводно му ги „скршиле срцето и душата“. По ова,  својата „душевна болка“  Наумоски решил „да ја лечи“  на суд! Имено, Георгиевски споделил нов статус на својот Фејсбук во кој обзнанил дека Наумовски го тужи, па објавувајќи уште една сатирично-хумористична небулоза во која тема на „ругање“ како што вели Камиказа, е македонскиот музички ангел Тоше Проески,  на „оштетениот“ му порачал: „После 'ругањето' со Тоше Проевски (Ангелот македонски) (сатира) си играат мајтап со Никса, но по Горан Стефановски (македонскиот Шекспир) дојдов јас на ред. Од кога ми посака среќна смрт, следеше мој одговор на сељоберот монокотиледнски, и замислете оваа амеба ме тужи?! Гореспоменативе неможат да ти одговорат, сем со своите дела, но јас сум жив и здрав и се гледаме на суд по твое барање и тужба...Еве една небулоза од Никола Наумовски-Никса...“ - споделил Петар Георгиевски-Камиказа, одново посочувајќи го споменатиот „хумор и стира“ на сметка на човекот што во македонската музичка историја ќе остане „икона и лектира“ - единствениот Тоше! Бившиот градски, кабинетски чиновник се обидел да се правда со сопствен статус на својот Фејсбук, во кој Наумоски тврди дека некој хуморот го сфаќа сериозно, одново земајќи го Камиказа како „лош пример“ за сопствен потсмев. Како и да е, едно е сигурно... Фејсбук преписката која се распламте како „оган под ѕвездите“, па прерасна во своевидна интернет војна помеѓу двајцата, дефинитивно ќе добие судска завршница! Барем така се наговестува, освен ако во меѓувреме не се случи  да се склучи „примирје“... со медијација! Во спротивно, некој „ќе плати“ за „долгиот јазик“ и јавно искажаните „грешни мисли“! Фото: Фејсбук принтскрин/Nikola Naumoski/Petar Georgievski - Kamikaza]]>