фду – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 30 Jan 2024 07:39:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png фду – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Денес вака изгледа Азра од култниот филм „Дом за бесење“: Македонската актерка Синоличка Трпкова оние кои оттогаш не ја виделе, можеби денес не би ја ни препознале (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/denes-vaka-izgleda-azra-od-kultniot-film-dom-za-besene-makedonskata-akterka-sinolichka-trpkova-onie-koi-ottogash-ne-ja-videle-mozhebi-denes-ne-bi-ja-ni-prepoznale-foto/ Tue, 30 Jan 2024 07:37:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336680

Нема кој не го памети или не го гледал  „Дом за бесење“ - култниот филм на режисерот Емир Кустурица  кој ја следи тешката животна приказна и љубовта меѓу двајца сиромашни Роми - Перхан и Азра, а е снимен во далечната 1988 година. Главните улоги ги играа Давор Дујмовиќ и македонската актерка Синоличка Трпкова, кои на големото платно го отсликаа значењето на несреќната љубов проследена со море од емоции. Синоличка тогаш имаше само 23 години, но нејзиниот беспрекорен талент, природната телесна убавина и сексапил не можеа да не се забележат и  игнорираат. Оттогаш мина долго време, но се чини улогата на Азра и беше и остана нејзино животно остварување, а сцената на самотетовирање со разголени гради во реката и денес се памети и прераскажува. Таа денес е угледна професорка по глума на Академијата за драмски уметности во Скопје и често се сеќава на ова култно достигнување. „Среќна сум што имав можност да бидам дел од еден исклучително голем филм што се реализираше во последен момент пред распадот на Југославија. Но, кога имаш такво искуство зад себе, тогаш тоа е и проблем затоа што во секоја наредна работа, дали актерска или наставничка, се стремиш кон нешто уште поголемо, кон некакво совршенство и си ги подигаш сопствените критериуми. Кога знаете како изгледа процесот на создавање вакво дело, секогаш сте незадоволни ако не го доживеете, гледате или барем не почувствувате малку од она што е врежано во вас како потрага по недостижното. Како магија на креативноста и создавањето и како бескомпромисност во остварувањето на она што го замислувате“ - ќе изјави Синоличка пред неколку години. „Тој филм е клучен во мојата кариера, бидејќи беше последен од ваков вид. Тој ми го промени животот засекогаш. Но, тоа беше снимено кога веќе започна распадот на Југославија и кога се случи трагедија во мојот приватен живот. Мајка ми загина во сообраќајна несреќа неколку дена по премиерата во Скопје. Бев млада, веројатно не доволно силна за да се справам со таа ситуација и да излезам надвор од границите на државата како актерка. Имав неколку можности за тоа, но не ги искористив. На пример, снимив два филма во австриска продукција, но секогаш се враќав дома по завршената работа и никогаш не добив поголема филмска шанса од 'Дом за бесење', но морам да признаам дека не се ни трудев“ – ќе каже  актерката и професорка во една изјава за српските медиуми. Синоличка во 2021 година ја промовираше и својата прва прозна книга со есеистички поттекст насловена „Никогаш не кажувам“. Поминаа повеќе од три децении од снимањето, а Трпкова денес изгледа сосема поинаку, па многумина кои оттогаш не ја виделе, можеби и не би ја препознале. Таа е мажена за својот избраник Марсел, кој е по потекло од Холандија, а оваа двојка ги доби ќерката Леона и синот Меглен. Фото: Инстаграм/trpkovas/ YouTube  принтскрин
]]>

Почина познатиот актер и професор на ФДУ, Данчо Чевревски https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-poznatiot-akter-i-profesor-na-fdu-dancho-chevrevski/ Fri, 30 Oct 2020 08:29:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=173804

Македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер и продуцент Данчо Чевревски почина синоќа во Скопје на 69 годишна возраст. Чевревски е роден на 17 мај 1951 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за драмски актери. Специјализација, односно филмско усовршување има добиено на УКЛА во Лос Анџелес. Тој е еден е од основачите на приватната продукција за производство на филмови „Триангл“, а работеше и како професор на ФДУ во Скопје и беше декан на Факултетот. Глумеше во повеќе југословенски и македонски ТВ сериии и играни филмови филмови, меѓу кои: „Игмански марш“, „Хај-фај“, „Трст виа Скопје“, „Тетовирање“, „Џипски меџик“, „Панкот не е мртов“, „Ова не е американски филм“...! Добитник е на повеќе награди во текот на неговата плодна кариера, а минатата година на 14. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, му беше доделена наградата „Астер“ за исклучителни достигнувања на филмот и на ТВ.

„Саундчек“ дебитираат со „Одведи ме во сонот“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/saundchek-debitiraat-so-odvedi-me-vo-sonot-video/ Fri, 03 May 2019 10:26:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=85795

Гостиварскиот поп-рок состав  „Саундчек“ (Soundcheck) својата приказна ја започна пред речиси пет години, настапувајќи низ бројни кафулиња и клубови ширум земјава и изведувајќи преработки на хитови од други изведувачи. Откако се стекнаа со богато искуство во музичките води, момците сега започнуваат ново поглавје во својата кариера, па деновиве ја промовираа својата прва авторска песна насловена „Одведи ме во сонот“.
Станува збор за навистина одлично музичко парче од екипата составена од вокалистот Давор Карафилоски, перкусионистот и тапанар Никодин Велјаноски и гитаристите Војкан и Драгутин Јаковлевски, кои се потпишуваат и на музиката и стиховите, а аранжер и продуцент е Валентино Скендеровски, во чие студио „Ентерпрајз“ се снимаше самата песна, додека на гитара гостува Стефан Петановски.
Првенчето на „Саундчек“ стигна во комплет со видео, кое го изработија група студенти од Факултетот за драмски уметности и во кое главната улога ја доби Изабела Јакимова. 
Се надеваме дека ова е само почеток за талентираните гостиварци, а како изгледа и звучи „Одведи ме во сонот“, дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=VJn6UTEiq0c]]>

Почина режисерот и професор на ФДУ Златко Славенски https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-reziserot-i-profesor-na-fdu-zlatko-slavenski/ Mon, 08 Apr 2019 05:27:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=81831

Денес, (понеделник, 8 април 2019)  ненадејно почина истакнатиот македонски театарски режисер и професор на ФДУ, Златко Славенски, на 53 годишна возраст. Магистар Златко Славенски, беше редовен професор по театарска режија на Факултетот за драмски умености. Ги поставувал Шекспир, Гете, Харолд Пинтер, Достоевски, Горан Стефановски, Сашко Насев, Венко Андоновски. Важеше за посветен истражувач на новите тенденции во театарот како медиум. Ќе остане запомнат по бројните претстави кои ги остави зад себе: Безљубни, Кавкаски круг со креда, Сината птица, Бесови, Розенкранц и Гилденстерн се мртви, Амадеус, Време за сонување, Собрани дела на Вилијам Шекспир, Соларис, Папокот на светот и други… Неофицијално, му се слошило на час, додека предавал на студентите на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде што беше вработен како вонреден професор и шеф на катедрата по театарска режија. Славенски беше во брак со актерката од МНТ, Искра Ветерова со која имаа две деца.]]>