ФБ статус – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 25 Jan 2018 08:54:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ФБ статус – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 И Андријана Јаневска гневно им се обрати на „ракометните плукачи“: Заради НИВ го пишува името Македонија, НЕ заради вас! https://arhiva.vistina.com.mk/i-andrijana-janevska-gnevno-im-se-obrati-na-rakometnite-plukachi-zaradi-niv-go-pishuva-imeto-makedonija-ne-zaradi-vas/ Thu, 25 Jan 2018 08:54:12 +0000 http://vistina.mk/?p=10719

По последните порази од Чешка и Данска, особено по оној првиот кога имавме добиен натпревар, се случи лавина од негативни коментари, омаложувања,  „плукање“,  па дури и навреди на социјалните мрежи за нашите ракометари. За жал, карактерот и менталитетот можеби беа нештата што не ги покажаа до крај на теренот, но секако борбата, желбата, залагањето и сето искуство и знаење преточени во „срце на терен“ беше одлика која ги красеше Кире Лазаров и македонската ракометна дружина на ЕП во Хрватска. Можеби навистина не заслуживме полуфинале, ама сигурно најмалку ТИЕ заслужија да бидат „распнати“ од јавноста на социјалните мрежи. До душа, коментарите беа поделени. И по завземање страна и по жестина.
А, на страната на ракометарите во одбрана на „правдата и релноста“ први застанаа некои од познатите личности.  И тоа со сета жестина, удирајќи по „неверниците“, по  „лажните патриоти“ кои знаат да бидат само „ортаци на победата“.
Некогашниот фудбалер и сегашен претседател на синдикатот на фудбалери Панче Ќумбев се јави прв. Веднаш по него во одбрана на  ракометните асови  застана и пејачката, класичен уметник и педагог, Андријана Јаневска. И таа со жесток статус застана зад оние што „гинеа“ на теренот за Македонија и црвено-жолтата боја, без оглед дали победуваме или губиме.
Популарната пејачка на својот Фејсбук профил гневно ги искоментира нападите на нашите ракометари со статус кој заслужува почит... Како и тие, македонските ракометни, репрезентативни асови. Еве го нејзиниот статус:
„Гледам све играчишта на ФБ, а у живот топка не пипнале. Сте излегле ли некогаш во јавност на било каков настап? На Европско првенство сигурно не, туку онака бар, у маало да имате некој јавен настап? Знаете ли што значи трема пред јавност? Знаете ли што значи ваков притисок? Па не знаете, де. Повеќе од 15 години пеев на светски натпревари со Св. Злата Мегленска низ цел свет каде имало многу слични ситуации како оваа! Вежбаш две години секој ден, даваш се‘ од себе, се радуваш кога од 150 земји ја читаат Македонија меѓу најдобрите, а ако си меѓу првите, на радоста и‘ нема крај! Од преголема желба да те чуе цел свет, да ја претставиш својата татковина во најдобро светло, на крајот ти снемува глас! Се случувало! Цел настап топ, но последните неколку акорди одлучувале дали ќе бидеш најдобар помеѓу најдобрите! Токму таквите ситуации те прават посилен во иднина! Св. Злата Мегленска не стана светски хор после 3 настапи. Едноставно со години се калеше и затоа сега е тоа што е! Тоа важи и за многу други наши признати хорови, музичари, спортисти и уметници! Сетете се само на оној жар после првите натпревари, што значи кога целата нација е обединета, што значи да се бодри и сака татковината! Коментари од типот: овој бил ваков, овој онаков, оној платен, овој сакат, глуп, слеп - од вечерва не толерирам. Што да правам, посилно е од мене. А бе Кире Лазаров е најдобар стрелец на СИТЕ ВРЕМИЊА! Да, да! Сигурно ракометарите повеќе сакаа да победиме отколку вие, верувајте! Или можда у кладилница не фативте? Заради НИВ го пишува името Македонија, заради НИВ сме меѓу најдобрите, заради НИВ има толку навивачи на трибините и пред ТВ, заради НИВ, не заради вас! Затоа, видам ли плунка по ракометарите, заигрува џогер. Секоја навреда кон нив ќе ја сметам за навреда кон Македонија. А ја неќам да имам такви другари. На тој што плука нагоре, плунката ќе му се врати у фаца. Се знае, ракометарите се горе“ - пишува во ссвојот ФБ статус Јаневска.]]>