фази – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 19 Sep 2023 11:24:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png фази – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Никој нема совршен брак: Надминете ги овие фази и љубовта ќе трае засекогаш https://arhiva.vistina.com.mk/nikoj-nema-sovrshen-brak-nadminete-gi-ovie-fazi-i-lubovta-ke-trae-zasekogash/ Tue, 19 Sep 2023 12:03:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318634

Добриот брак значи работа на себе, толеранција и компромис. Сите имаат проблеми и недоразбирања во бракот, но понекогаш се чувствувате како да е најлесно да се откажете. Но, доколку сте ги надминале следниве неколку наведени непријатни фази, вашиот брак веројатно ќе трае засекогаш. Критикување Критиката може да биде добра работа, но партнерот понекогаш може да се чувствува како да го напаѓате и тоа може да стане голем проблем, посебно ако сте в брак. Критикувањето на висок тон укажува дека со него нешто не е в ред, па тој ќе почне да се брани, што може да доведе до огромна караница. Стручните лица советуваат укажувањето на туѓите грешки да биде со што поблаг и посмирен тон. Давање отпор Повеќето од нас имале мигови кога партнерот почнал „да гради ѕид“ и не сакал да разговара за да се реши некој проблем. Понекогаш тоа може да го доживеете како да Ве игнорира. Психологот Џон Готман смета дека 80 отсто од мажите го прават тоа. Изгледа како ништо да не го мачи, но однатре – хаос. Така, ако треба да разговарате за проблем, одберете го вистинскиот миг – кога тој е посмирен и подготвен за разговор. Ве привлекува некој друг? Дури 70 отсто од мажените жени признаваат дека во одреден период ги привлекувал друг маж. Тоа е сосема нормално и не значи дека ќе извршите прељуба. Важно е да не реагирате на тие чувства и бидете свесни за она што правите. Не се оддалечувајте од партнерот само затоа што во тој миг сте збунети. Во животот има многу искушенија, но довербата е една од највредните нешта во врската и тоа не треба да го прокоцкате и изгубите. Презир и нетрпеливост Било да се работи за саркастични коментари, превртување очи или зајадливо исмевање, ваквото однесување може да биде уништувачко за кој било однос. Работете на себе си и настојувајте кон партнерот да покажувате повеќе разбирање и љубов. Размислувате да си заминете од сѐ Деца, финансиска криза, „токсични членови“ на семејството можат да ве доведат до лудило. Се чувствувате како да не припаѓате таму и тогаш сѐ што сакате е да заминете и повеќе да не се вратите. Оваа фаза може да се случи во кој било период од бракот. Но, тоа е само моментно расположение во вашиот живот и ако заедно со партнерот работите на тој проблем, брзо ќе ја надминете таа криза. Бракот значи споделување на среќата, но и на проблемите. Прифаќање и простување Ова е фаза кога сфаќаме дека не може импулсивно да ги решаваме проблемите, како во врската. Кога ќе бидете подготвени да му ја простите на сопружникот неговата тврдоглавост и ги прифатите неговите добри и лоши страни, тогаш е сигурно дека вашиот брак ќе трае засекогаш. По надминувањето на сиве овие фази и стекнатото искуство, вашиот однос и бракот воопшто, ќе бидат поцврсти. Кавгите ќе бидат поретки, а проблемите ќе се решаваат со брз договор. Со поголема доверба, и двајцата ќе се чувствувате посигурно. извор:курир.мк]]>

„Во последната фаза му го нападна ‘рбетот и мозокот “: Кои се симптомите на болеста што ја предизвика смртта на партнерот на Сандра Булок? https://arhiva.vistina.com.mk/vo-poslednata-faza-bolesta-mu-go-napadna-rbetot-i-mozokot-koi-se-simptomite-na-bolesta-shto-ja-predizvika-smrtta-na-partnerot-na-sandra-bulok/ Wed, 09 Aug 2023 08:04:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=313092

Светот ја слушна веста дека сопругот на Сандра Булок, фотографот Брајан Рендал, починал на 57-годишна возраст од ретката болест АЛС (амиотрофична латерална склероза). Јавноста беше прилично изненадена, бидејќи никој не знаеше дека Брајан е болен, а дури во последните неколку недели странските медиуми пишуваа дека парот имал проблеми во врската бидејќи долго време не биле видени заедно. Познатата холивудска икона, симбол на веселите комедии кои не насмеаа со децении, моментално се збогува со својот долгогодишен партнер Брајан Рендал.
Брајан, угледен фотограф и поранешен модел, ги помина последните три години тивко следејќи ја својата битка со ретка невролошка болест која предизвикува оштетување и губење на моторните неврони во мозокот и 'рбетниот мозок, позната како амиотрофична латерална склероза (АЛС). Оваа болест предизвикува нарушување во преносот на импулсите преку периферните нерви до мускулите, што резултира со: губење на мускулна маса, тешко движење и постепено слабеење на виталните функции, до целосна парализа. Оваа болест постепено напредува, а просечното преживување е од три до пет години, со често фатален исход. Познатата актерка, која сега има 59 години, го запознала две години помладиот Брајан во 2015 година додека го фотографирала роденденот на нејзиниот син Луис. Нивната блискост брзо се претвори во пријателство, кое уште побрзо еволуираше во подлабока врска. Во последната фаза, болеста ги нападна нервниот систем, 'рбетниот мозок и мозокот. Иако Сандра веќе беше мајка на две посвоени деца (нејзиниот син Луис има 13 години, додека нејзината ќерка Лејла има 10 години), таа никогаш сериозно не размислувала за брак. Нејзиниот личен живот не бил често тема на разговор додека не го запознала Брајан. Тој беше редок исклучок од мажите со кои таа се појавуваше во јавноста. Фото: Принтскрин/Профимедиа/Инстгарам/Сандра Булок]]>

Психолог тврди: Постојат пет фази на секоја врска, а ако заедно ја пребродите третата, сте ја нашле сродната душа https://arhiva.vistina.com.mk/psiholog-tvrdi-postojat-pet-fazi-na-sekoja-vrska-a-ako-zaedno-ja-prebrodite-tretata-ste-ja-nashle-srodnata-dusha/ Wed, 14 Sep 2022 12:59:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266958

Секоја личност ја доживува љубовта на различни начини, затоа не е чудно што ќе ја забележите конфузијата кај секој што ќе прашате што точно е вистинска љубов. Психологот Џед Дајмонд ги истражува врските и љубовните врски повеќе од 40 години. Тој откри дека некои луѓе навистина лесно ја наоѓаат вистинската љубов. Ако не сте меѓу нив, не треба да се грижите, бидејќи вистинската и најубава љубов често се појавува кога најмалку ја очекувате. Освен тоа, Дајмонд открил и дека секоја љубовна врска поминува низ пет фази, полни со подеми и падови и дека секоја од нив претставува одредена пресвртница во развојот на нечија врска. 1. Заљубување Во почетната фаза, фазата на заљубување и развој на „пеперутки во стомакот“, целото тело е преплавено со хормони, па партнерската врска се гледа преку „розови очила“. Внимание се обрнува само на добрите работи во врската и на доблестите на партнерот, додека недостатоците се игнорираат и не се забележуваат. 2. Станувате пар Ова е прилично долга фаза која има различни форми. Во оваа фаза, врската станува сериозна, а некои дури и стапуваат во брак. Главната карактеристика на оваа фаза е влијанието што партнерите го имаат еден врз друг и врз животните одлуки. 3. Разочарување Чувствата почнуваат да слабеат и бледнеат во оваа фаза. Маните на партнерот почнуваат да ви пречат и забележувате ситници кои не сте ги виделе досега. Почнувате да го преиспитувате партнерот, вашите животни одлуки и себеси воопшто. 4. Вистинска љубов Ако по фазата на разочарување одлучите да се борите за опстанок на вашата врска, таа станува посилна од било кога. Во оваа фаза го прифаќате партнерот таков каков што е, ги разбирате неговите маани и постапки кои претходно не ви се допаѓале. Сите сомнежи за неговите чувства и лојалност исчезнуваат. 5. Знаете дека вашата врска е „онаа“ Во петтата фаза, вашата врска е веќе силна и длабока. Сè што правите заедно и секој момент што го поминувате еден со друг ве исполнува и ве прави среќни. извор:popara.mk]]>

Кога мажот ќе ја сретне вистинската жена, тој минува низ овие пет фази https://arhiva.vistina.com.mk/koga-mazot-kje-ja-sretne-vistinskata-zena-toj-minuva-niz-ovie-pet-fazi/ Fri, 19 Mar 2021 14:00:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=195120

Повеќето мажи кои не планираат ништо сериозно со жените, еден ден ја запознаваат жената од нивниот живот кога најмалку очекуваат. Отпрвин, тие не се ни свесни за фактот дека нивната сродна душа е пред нив, но постепено оваа жена почнува да го менува мажот и да го менува неговиот поглед кон животот. Кога мажот ќе ја сретне вистинската жена, тој поминува низ овие 5 фази: 1. Негирање Кога некое лице чувствува дека е заљубено, првата фаза е секогаш негирање дека тоа му се случува. Мажите кои не се навикнати на сериозни врски не сакаат да прифатат дека во нивните животи се појавила посебна жена. Обично се обидуваат да си кажат себеси дека оваа жена е иста како и другите пред неа. Бидејќи не се подготвени да признаат дека станале слаби, не сакаат да веруваат на никого. 2. Почитување Во оваа фаза, мажите почнуваат да сфаќаат дека се чувствуваат поинаку со оваа жена. Мажот се чувствува почитуван и треба да почитува. Тој верува дека оваа жена вреди за времето, трудот, почитта и љубовта. Како никогаш порано, тој го цени она што го има и не сака да го изгуби. 3. Доверба Зад почитта стои довербата во жената. Кога мажот е сериозно заинтересиран за една жена, тој сака да сподели со неа сè, дури и важните работи што му се случиле во животот. Кога ќе почувствува дека оваа жена е вистинската, не се плаши да се отвори пред неа. 4. „Дали сум подготвен за ова?“ Повеќето мажи почнуваат да се сомневаат во себе и во нивната врска. Тие не се сигурни дали се подготвени за сериозна врска, не сфаќајќи дека сето тоа е сериозно. Мажите се плашат дека не се доволно добри, дека ќе бидат повредени, бидејќи тие веќе ѝ се отвориле на таа жена. Во оваа фаза, многу мажи може да се обидат да побегнат, но на крајот сфаќаат дека жената е премногу важна за нив и стравот од загуба го надминува стравот од неизвесност. 5. Прифаќање Мажот конечно сфаќа дека таа е најдоброто нешто што можеше да му се случи. Тој прифаќа дека сега е нова личност, дека игрите завршија, оваа жена сега е дел од него и не може да го замислува животот без неа. извор:попара.мк]]>

Цеца ги откри фазите во животот: „Вистинска љубов се бара кога си во дваесеттите, сродна душа во триесеттите, а во четириесеттите… нешто друго!“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ceca-gi-otkri-fazite-vo-zivotot-vistinska-ljubov-se-bara-koga-si-vo-dvaesettite-srodna-dusha-vo-triesettite-a-vo-chetiriesettite-neshto-drugo-foto/ Tue, 03 Nov 2020 09:52:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=174253

Светлана Цеца Ражнатовиќ  на Инстаграм сподели порака во која се пронајде себеси... Или поточно, во фазите на животот. Пејачката напиша што очекувала во четириесеттите години, па насмеа многу луѓе на социјалните мрежи. „Вистинската љубов се бара во дваесеттите години, сродна душа во триесеттите години , а кога си во четириесеттите години...?  Некој со кого можеш да пиеш кафе без да ти оди на нерви“ - напиша Цеца на Инстаграм и објави емотикон кој плаче од смеа... А всушност со пораката, жената  е многу блиску до вистината. ]]>

Осум фази на сексуалниот живот низ кои поминуваат сите парови https://arhiva.vistina.com.mk/osum-fazi-na-seksualniot-zivot-niz-koi-pominuvaat-site-parovi/ Fri, 06 Mar 2020 13:45:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=138026

По почетната страст во врската, следува периодот на прегратки, па игри на моќ. Работите сосема се менуваат кога ќе пристигнат децата. Како изгледаат овие фази низ коишто поминуваат сите партнери? Луѓето се менуваат со текот на годините, а со тоа се менува и нивниот однос. Ова важи и за сексуалниот живот кој во бракот или во долгата врска поминува низ осум различни фази.

Опседнатност со партнерот

Првата фаза е проследена со еуфорија и возбуда кон партнерот. Мозокот во тоа време е восхитен од страста и убавите чувства кои ослободуваат голема количина на серотонин, хормонот на среќа, и допамин кој на телото му дава енергија. Голем дел од времето партнерите го поминуваат во кревет.

Прегратки

По првата фаза, стастите се намалуваат и настапува фазата на гушкање. Тогаш ви е поважно да се чувствувате сигурно отколку да имате брз секс на задните седишта во вашиот автомобил.

Игри на моќ

Во оваа фаза, со партнерот се натпреварувате за тоа кој ќе биде подоминантен. Расправиите можат да бидат интензивни и чести, а сексот се користи како оружје.

„Кокетирање“ со други

Паровите сфаќаат дека мора да имаат живот надвор од врската. Тогаш бараат некакво хоби или различна активност. Ова се одразува и на сексуалниот живот. Најчесто, чувствуваат потреба за кокетирање со други луѓе, а љубомората во овој дел од врската најмногу го зачинува сексуалниот живот.

Хаос по раѓањето на децата

Во оваа фаза уморот и ненаспаноста се одразуваат на сексуалниот живот. Но, не треба да ве загрижува ова бидејќи откако ќе се навикнете, повторно ќе ги разгорите страстите во спалната соба.

Сексот станува рутина

Врската или бракот со деца од забавен поминува во функционален. Заедно создадовте функционален тим, па сакате да се чувствувате безбедно и заштитено. Сексот станува рутина која навикнавте да ја практикувате во спалната соба.

Стареете заедно

Во оваа фаза родителите се соочуваат со созревањето на децата и нивното заминување од дома. Ова е совршена прилика за да повторно се посветите еден на друг. Поретко имате секс, но затоа тој е одличен и страстен.

Повторно вљубени

Паровите коишто успешно ги поминуваат овие осум фази повторно ги враќаат емоциите од почетокот на врската. Луѓето коишто ги поминале овие фази велат дека се задоволни од нивниот сексуален живот кој во оваа фаза се одликува со поврзаност и нежност. извор: Кајгана]]>

Три фази во љубовната врска: Кога е време за големи одлуки? https://arhiva.vistina.com.mk/tri-fazi-vo-ljubovnata-vrska-koga-e-vreme-za-golemi-odluki/ Mon, 17 Feb 2020 13:10:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=134569

Секоја љубовна врска поминува низ повеќе фази и колку и да сакаме постојано да биде ни убаво, треба многу труд за да и двајцата партнери се чувствуваат среќно и задоволно. Психолозите често зборуваат за три клучни фази во кои партнерите поминуваат низ различни емоционални состојби.

Романтична љубов

Во оваа фаза го идеализирате потенцијалниот партнер. Ве исполнува голема возбуда и среќа, се радувате на новата љубов, постојано размислувате за партнерот. Како што обично се вели: „премногу е добро за да биде вистинско“, тоа обично е и случај во оваа фаза. Во оваа фаза од врската не сте во состојба да ги согледате мааните на вашиот партнер. Мозокот ужива во љубовта и не го интересира ништо друго.

Реалистична љубов

Некој ќе каже: „повеќе не ни е забавно како порано“, или „имаме проблеми во врската“. Ова е втората фаза во љубовната врска во која многу парови донесуваат големи одлуки- раскинуваат или се одлучуваат да останат заедно.

Колку долго трае оваа фаза?

Тоа е релативно. Некои парови се одлучуваат да раскинат додека пак други лесно ги надминуваат проблемите. Доколку сте од оние коишто се во потрага по романтична врска и веруваат само во ваква љубов, ќе бидете изневерени. Ќе започне периодот на повредување, очај, расправии.

Зрела љубов

Во оваа фаза и двајцата ќе се чувствувате сигурно. Тоа е всушност она што сте го сакале, но претходно мора да поминете низ овие две фази. Сега се познавате еден со друг, знаете што сакате, знаете што ви пречи, кои се вашите слаби страни, и го прифаќате партнерот со сите негови маани и недостатоци.

Дали може да погрешите?

Секако, исто како и во претходните две фази. Нема причина за грижа, секој од нас прави грешки, но доколку се обидете да поминеме преку нив ќе изградите црвста врска и ќе уживате во сигурна и страсна љубов. извор: кајгана]]>

Постојат пет фази во секоја врска, а третата фаза ја преживуваат само најсилните парови https://arhiva.vistina.com.mk/postojat-pet-fazi-vo-sekoja-vrska-a-tretata-faza-ja-prezivuvaat-samo-najsilnite-parovi/ Wed, 03 Apr 2019 11:50:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=80940

кспертите веруваат дека сите парови проаѓаат низ пет фази во текот на нивната врска, а една од нив е критична. Прва фаза: Нова љубов Само што запознавте некој посебен и сте во фаза каде сѐ ви е како на меден месец, пишува “Brightside”. Чувствувате пеперутки во стомакот, секој допир е посебен, а за секој бакнеж би сакале да трае вечно. На секои 5 минути го проверувате вашиот телефон за да не пропуштите ниту една порака од таа личност – очигледно е дека сте заљубени. Совет од експертите е да запомните како сте се чувствувале во таа фаза бидејќи тоа чувство ќе ви биде потребно за подоцна.
 
View this post on Instagram
 
Sunday’s with you @sincerely_mels @mroptimistic_ ?

A post shared by TheCoupleGoals (@couplegoals) on

Втора фаза: Смирување Чувствувате дека врската е сериозна и спремни сте да се обврзете. Во оваа фаза паровите се вселуваат во заеднички дом и сфаќаат дека врските во реалниот живот не се само флерт и смеа. Ќе пробате да поминувате што е можно повеќе време заедно, да споделувате искуства и чувства, но рутината ќе започне да ја менува еуфоријата. За да го одбегнете наглото губење на чувствата од првата фаза, одвоите дел од вашето време секоја недела кое ќе го поминувате заедно. Трета фаза: Рутина и разочарување И понатаму делите силни чувства, но нешто е поинаку. Не сте повеќе возбудени за секоја заедничка минута, а секојдневните обврски, работата и обврските во домот ја туркаат романсата на страна и често се чувствувате како да запаѓате во рутина и се прашувате дали сте ја донеле вистинската одлука.
 
View this post on Instagram
 
Would you let your lover do your makeup? ? #couplegoals

Ова е најопасниот дел од врската, а ако успеете да го пребродите, вашиот однос има големи шанси да опстане. Сетете се дека вашиот партнер е и понатаму истата личност во која сте се заљубиле. Четврта фаза: Стабилност Во оваа фаза и двајцата се чувствувате сигурно и се гледате онакви какви што сте. Не лебдите во облаци како во првата фаза, но помината е и опасноста од третата фаза. Знаете колку простор ви е потребен еден на друг и сфаќате дека вашиот партнер има хобија и навики кои можеби не ви одговараат, но немате ништо против тоа. Петта фаза: Посветеност Ако сте стигнале до оваа фаза, честитки! Вие сте вистински долгорочен тим. Повеќе не ви недостига првата фаза и не би ја менувале фазата во која се наоѓате за неа. Ги имате прифатено сите несовршености на партнерот и не можете да ја замислите вашата врска поинаква од онаа каква што е. извор: точка.мк]]>