фасада – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 21 Sep 2023 10:14:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png фасада – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Џаред Лето влезе во филм дека е Сапајдермен: Се качува по фасада носејќи влечки на нозете (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/dhared-leto-vleze-vo-film-deka-e-sapajdermen-se-kachuva-po-fasada-nosejki-vlechki-na-nozete-video/ Thu, 21 Sep 2023 10:14:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319041

Џаред Лето бил повторно снимен во бизарен потфат додека се качувал по ѕидот на хотел во Берлин и тоа во влечки. Истиот потфат се обидел да го изведе и во јуни оваа година. Од причини познати само за актерот, тој имал втор обид да се качи по ѕидот на хотелот „Hotel de Rome“ облечен во сини влечки. Ризикувајќи да падне на бетонскиот тротоар, 51-годишниот Лето успеал да се искачи на прозорот на првиот спрат од хотелот изграден уште во 19 век. Ексцентричниот пејач и актер вниманието на јавноста го привлекол кога за првпат во јуни оваа година се обидел да го изведе истото качување на истото место.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by WHOOPSEE (@whoopsee.it)

Неколку дена подоцна, Лето го повторил ризичниот потфат за време на патување во Париз. Неговата мотивација за овој потег и понатаму е непозната за јавноста. Некои сметаат дека акробацијата е дел од подготовките за негова нова филмска улога или музички спот. извор:Инстаграм принтскрин/Whoopsee.it]]>

Тошо – „Малерот“, за жал, уште еднаш го оправда прекарот: На Васко Тодоров од силниот ветер во Скопје, му падна фасадата од зградата врз автомобилот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tosho-malerot-za-zal-ushte-ednash-go-opravda-prekarot-na-vasko-todorov-od-silniot-veter-vo-skopje-mu-padna-fasadata-od-zgradata-vrz-avtomobilot/ Fri, 28 Feb 2020 08:53:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=136629

Познатиот македонски комичар Васко Тодоров за жал, уште еднаш го оправда прекарот Тошо - „Малерот“, по кој стана познат и популарен. Имено, од силниот ветер кој завчеравечер дуваше во Скопје со брзина и од над 100 км на час и носеше се пред себе, корнејќи дрвја, покриви, уривајќи огради, ја откорнал и урнал меѓудругите и фасадата на кулата во скопската населба Козле, во која живее Тодоров. Таа се урнала врз неговиот паркиран автомобил и значително го оштетила - објави Репортер. Инаку, зградата е дел од неколкуте висококатници лоцирани веднаш до ОУ „Владо Тасевски“, чии фасади пред неколку години беа реновирани, ама... Очигледно Тошо не случајно го носи прекарот „Малерот“, зашто ова е уште еден во низа од серијата непријатности што му се случуваат. Во хумористичниот серијал „К - 15“ тој ја достигна славата, но приватно баш и не му цветаа рози. Низ скопската чаршија и во кулоарите уште оддамна наголемо се зборуваше за неговото вонбрачно дете со колешката од скопско „Идризово“, уште од времето додека работеше како воспитувач во познатата казнено-поправна установа. Паралелно со „К-15“ тој и неговите двајца компањони ги туркаа и нивната маркетинг агенција и видеопродукцијата, кои им пропаднаа, како и кафеаната која ја држеа позната под името „Тутуноберачите“, денес гостилница „Дукат“. И нивната приватна телевизика „К15 ТВ“ не се прослави и не траеше долго, па откако на крај проектот „К-15“ престана да постои, Тошо - „Малерот“ замина за Австралија. Претходно,  на големо изненадување на најблиските роднини и пријатели, па и на неговите фанови, во Матичната служба во Скопје,  Васко Тодоров се венча   со неговата тогашна избраничка e Марија Христова, (која беше и мајка на деветгодишна ќерка), која веќе живееше во Австралија. Наскоро заедно заминаа во земјата на кенгурите, но само по неколку години, за Тошо - „Малерот“ австралиската приказна заврши и тој во 2019 година се врати во Македонија. Со својот стар компањон Миле Паника (Бранко Огњановски)  Тошо - „Малерот“ повторно застана заедно пред ТВ камерите на снимањето за сатиричните „Фчерашни новости“. Последниот малер на Тошо - „Малерот“ е оној, завчерашниот. За жал, штетата е голема, како и поуката: „Друг пат води сметка каде паркираш или внимавај кого бираш да ти реновира“! Во меѓувреме, на Тошо не му преостанува ништо друго освен... да го тужи „фасадерот“!  ]]>