Fantinel – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 26 Aug 2020 13:17:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Fantinel – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Виното Sun Goddess Rose на Mary J Blige пристигна и во Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/vinoto-sun-goddess-rose-na-mary-j-blige-pristigna-i-vo-makedonija/ Wed, 26 Aug 2020 13:17:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=164880

„Светски познатата ѕвезда, кралицата на RnB и Soul музиката Mary J Blige заедно со реномираната италијанска винарија Fantinel создадоа Розе вино со премиум квалитет по нејзин вкус и стил.“ Светската промоција на Sun Goddess се одржи пред еден месец во Њујорк и оттогаш наваму виното секојдневно станува дел од винските карти на баровите и рестораните во Америка и Европа и покрај отежнатите услови за работа поради пандемијата. Пејачка, текстописец, продуцент и актерка, добитник на девет Греми музички награди, неколку номинации за Оскар и со продадени над 50 милиони албуми, Mary J Blige е дефинитивно една од најуспешните и најпопуларните артисти денес во светот. Sun Goddess е вино направено со многу љубов и страст во партнерство и блиска соработка со реномираната семејна винарија Fantinel од регионот Фриули, Италија која што пак е присутна на македонскиот вински пазар веќе 15 години со своите редовни и препознатливи етикети.
„Во Фантинел, за Мary J Blige направивме розе вино од сортата пино гриџо од наши сопствени лозја со краток контакт на покожицата од грозјето со сокот по што се добива елегантна светло розева боја со бакарни нијанси, пријатна свежина, мистична минералност и ароми на праски, диња и пасирани малини, стил на розе вино кое што одлично одговара со нејзината креативна енергија и динамичност но и со талентот на Мary J Blige за уметност“ - кажа Марко Фантинел , сопственик на винаријата од Фриули, Италија на официјалната промоција.
„Работевме три години на дефинирање на вкусот и стилот на Sun Goddess. Љубител сум на свежи, бели, минерални вина посебно на сортата пино гриџо а регионот Фриули е еден од најдобрите места во светот за вакви вина. Кога бев мала, многу сакав да седам надвор и да уживам во сонцето, ме инспирираше неговата топлина и моќ, па мајка ми и сестра ми почнаа да ме викаат Sun Goddess (Сончева божица), оттаму и инспирацијата за името на ова прекрасно вино“- изјави Mary во неодамнешното интервју дадено за Vogue America.
Ексклузивен дистрибутер на Sun Goddess во Македонија е фирмата Гемак Трејд.]]>

„Винска среда“ во „Тирио бистро бар“ https://arhiva.vistina.com.mk/vinska-sreda-vo-tirio/ Tue, 13 Mar 2018 08:07:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=15834

Почитувани љубители на доброто вино! „Тирио бистро бар“ Ве поканува на едно поинакво, елегантно и пријатно винско доживување, оваа среда, 14ти март, со почеток во 17 часот. Оваа „Винска среда“ ќе имате можност да дегустирате вкупно 4 различни сорти на бело и црвено вино од винариите Камник, Тиквеш, Стоби и италијанската винарија Фантинел. Листа на вина:
  1. Fantinel Prosecco Extra Dry
  2. Chateau Kamnik Pinot Grigio Single Vineyard 2017
  3. Tikveš Plavec Special Selection 2016
  4. Stobi Cabernet Sauvignon 2015
Научете нешто повеќе за винската култура, уживајте во добрата капка вино и излезете од „Тирио“ побогати за едно сосема ново искуство. Цената на дегустацијата е 600 денари по лице со вклучено мезе. Место: Тирио бистро бар (Булевар Илинден 38, Скопје) Датум: 14.3.2018 Време: 17:00 – 24:00 Резервирајте на 071 337 494.]]>

Попладневно опуштање во „Distrikt Bar & Kitchen“ со меурчињата на „Prosecco Fantinel“ https://arhiva.vistina.com.mk/popladnevno-opushtanje-vo-distrikt-bar-kitchen-so-meurchinjata-na-prosecco-fantinel/ Mon, 30 Oct 2017 13:21:44 +0000 http://vistina.mk/?p=2064

Го знаете она најубаво чувство кога по напорниот ден ќе се освежите со чаша добро вино? Па уште ако е тоа изладено Просеко со елегантни и меки меурчиња и свежо киселкаст вкус на зелено јаболко и праска, тоагаш сте го дуплирале задоволството. Еве прилика, секоја втора среда во ресторан „Distrikt Bar & Kitchen“ во склоп на „Skopje Marriott Hotel“ се одржува After work забава со дегустација на Просеко од реномираната италијанска винарија Fantinel која што е веќе одомаќинета на македонскиот пазар. Во среда на 1-ви Ноември17:00 - 19:30 часот во „Distrikt Bar & Kitchen“ гостите ќе имаат можност да дегустираат Prosecco Fantinel по промотивна цени придружено со соодветна коктел храна и релаксирана музика од DJ Flooder. Дозволете си да Ве освои Просеко емоцијата!]]>