фантастично – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 20 May 2021 11:26:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png фантастично – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Чудни или одлични? 7 потценети комбинации на бои кои можат да изгледаат фантастично https://arhiva.vistina.com.mk/chudni-ili-odlichni-7-potceneti-kombinacii-na-boi-koi-mozat-da-izgledaat-fantastichno/ Thu, 20 May 2021 13:15:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=203505

Колку пати сте облекле некоја комбинација и потоа сте се откажале од неа бидејќи сте заклучите дека боите кои сте ги одбрале не одговараат една со друга? Но, во последно време модните правила прилично се менуваат и речиси и да не постои боја која не можете да ја искомбинирате. Во продолжение ви претставуваме неколку комбинации на бои кои не се чести, а кои всушност изгледаат одлично. Ментол и розова Модните познавачи ја прогласија оваа за една од најхрабрите комбинации на бои. За најдобар резултат одберете пастелни нијанси од едната и другата боја, но оние поодважните љубителки на модата слободно можат да се поиграат со повпечатливите варијанти. Темносина и црвена Кога станува збор за неутралните бои, темносината е една од оние која можете да ја комбинирате со баш сите други нијанси. Особено добро изгледа во комбинација со црвената боја. Иако оваа е една многу класична комбинација на бои, таа всушност не е толку честа. Црна и портокалова Многумина избегнуваат да ја комбинираат прекрасната и топла портокалова боја со црна бидејќи повеќето ги асоцира на палета на бои резервирана за Ноќта на вештерките. Но, храбрата портокалова и неутралната црна боја можат да бидат одличен спој. Розова и виолетова Можеби не сметате дека ваквиот спој на бои може да изгледа софистицирано и елегантно, но се лажете. Во тренд е комбинацијата на лаванда и пинк нијанси, но останатите дами кои сакаат понеутрални нијанси можат да се поиграат со сите пастелни и побледи нијанси на розовата и виолетовата боја. Жолта и беж Беж бојата многумина ја доживуваат како многу здодевна, но таа всушност е создадена за комбинирање со ефектни нијанси. Која и да ја изберете во комбинација со беж, нема да погрешите, а фантастично изгледа во комбинација со жолта боја. Зелена и црвена Некои модни експерти велат дека комбинирањето на зелена и црвена боја е моден гаф, но правилата постојат за да бидат прекршени, па затоа бидете храбри и испробајте го овој необичен спој на бои. Црвена и фуксија Во светот на модата, комбинациите на фуксија и силно црвена боја се прифатени веќе некое време, но сè уште постојат оние кои сметаат дека овие две нијанси не треба да се комбинираат. Иако овој неконвенционален спој некогаш се сметаше за модно промашување, многу дами денес докажуваат дека истиот изгледа одлично. извор: точка.мк  ]]>