фанк – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 09 Dec 2022 11:59:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png фанк – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Александар Тарабунов сними дует со Тамара Тодевска, а снимаше спот без неа за – „Само ти ми фалиш“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-tarabunov-snimi-duet-so-tamara-todevska-a-snimashe-spot-bez-nea-za-samo-ti-mi-falish-video/ Fri, 09 Dec 2022 11:55:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=279310

Поп-пејачот Александар Тарабунов дефинитивно  е вредно момче, односно еден од најконстантните автори и  изведувачи на домашната поп естрада. Популарниот Тара покрај пеењето се почесто е активен во создавањето нова музика, нови песни, нови видеоспотови… И за себе и за дуги или заедно со некои други колеги и колешки, како штое и случајот со најновата тема насловена: „Само ти ми фалиш“ која е своевиден дует со Тамара Тодевска. Жанровски овој пат обајцата отстапуваат од својот препознатлив стил, Тара од латино фазонот кој во последно време обилно го практикуваше, а Тамара од својата ар ен би и баладачна приказна која ја турка последниве години.  Едноставно, обајцата заедно овој пат завршиле во старите добро познати и проверени жарови - фанк и диско, што е добредојдено за песна што излегува пред Нова Година. Впрочем, целата атмосфера не само музички, туку преку сценографијата и костимите и визуелно во видеото кое го режирал стариот соработник Зоран Стојановски - Зонде, потсетува на златната ера на диско музиката од крајот на 70-ите и 80-ите години, кога овој жанр царуваше на светските топ листи. Во видеото покрај Тарабунов се појавуваат и многу познати музички фаци од македонската поп естрада, како Роберт Билбилов на бас.... ...Или Калина Велковска,  Полина Тасева, Лаура Крлиу... како придружни вокали на пример. Но и уште многу други, помалку или повеќе познати музичари и изведувачи, но не и онаа најпозната, која е дел од дуетот и пее во рефренот - Тамара Тодевска!? Впрочем, како што гласи и самиот наслов на песната, односно кога истиот би го парафразирале... „Само ТАА фали“! Музиката и текстот се заедничко дело на Тара и Билбилов, односно Тара и Зонде, кога се стиховите во прашање. Како звучи кога Тара пее во дует со Тамара, а како потоа изгледа кога на истата песна (сн)има видео без неа, проследете во продолжение во „Само ти ми фалиш“ (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

За Давид Темелков – „Светот се промени“… нашиот пејач сврте на фанк! (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/za-david-temelkov-svetot-se-promeni-nashiot-pejach-svrte-na-fank-audio/ Fri, 07 Dec 2018 11:54:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=62015

Откако се проби на регионалната сцена со учеството во регионалниот „Х фактор“,  Давид Темелков одлучи својата кариера да ја гради во Хрватска, каде што изминативе неколку години соработува со едни од најреномираните музички автори. Од перото на Мирослав Рус досега произлегоа неколку одлични балади и теми во претежно поп-стил, а сега се чини дека време е за мало освежување и нова насока.
Имено, талентираниот пејач деновиве ја промовираше својата најнова песна насловена „Свијет се промијенио“ или „Светот се промени“, која е во фанки-стил и отвора ново поглавје во кариерата на Темелков. „Многумина се изненадија кога ме слушнаа во вакво издание, а мене ми е мило што имам автор кој може да ги изрази сите колорити од мојот пејачки капацитет и му благодарам на Бога за тоа. Пораката од песната е јасна, љубовта не може да исчезне, можеме само да не ја дадеме. Секој, па и најстудените срца, во моменти на слабост сакаат да бидат сакани, впрочем, како и сите ние“ - порача нашиот пејач. Песната засега ја има само на хрватски јазик, но се надеваме дека ќе имаме можност да ја слушнеме и на македонски, а како звучи „Свијет се промијенио“ дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?time_continue=79&v=yxVA-LEh8zY  ]]>