фанк шуи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 16 Mar 2021 13:30:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png фанк шуи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Funk Shui“ заедно со Вера – „Љубојна“ се најдоа во – „Не време“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/funk-shui-zaedno-so-vera-ljubojna-se-najdoa-vo-ne-vreme-video/ Tue, 16 Mar 2021 13:30:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=194470

„Funk Shui“, важат за еден од најперспективните бендови во Македонија,  кои со својот исклучителен талент и константната работа на својот израз, ја одбележаа 2020-та продуцирајќи два важни синглови во нивната кариера: „Метоери“ и „Ветер“, песни кои заедно со своите официјални видеа го разгорија медиумскиот интерес за нив. „Не време“ е новиот сингл реализиранво соработка со еден од најпрепознатливите и најавтентични женски вокали во поновата македонска историја, пејачката на „Љубојна“,  Вера Милошевска – Јосифовска, кристалниот глас на групата која со годините се издвои како една од најавтентичните културни фигури на македонскиот мелос. Се работи за електична фузија во нова и своја стилска и жанровска рамка, онака како и прилега на бескрајната љубопитност на „Funk Shui“. Бендот во моментов е актуелен со номинациите за видеото „Метеори“ на „ADRIA MUZZIK VIDEO AWARDS 2020“ во дури 3 категории, тие се финалисти на „HEMI Music Awards“, држејќи го регионалниот медиумски и концертен интерес сосема буден и подготвен за следниот чекор. Музиката и стиховите на песната ги потпишуваат членовите на бендот, продукцијата и миксот се на Бен Милчев, со поош на групата. Видеото го снимил Борис Ралев, дрон камерата ја управувал Тео Ангеловски, а фотографииите се на Александра Костадиновска. Проследете како звучи и изгледа нивното „Не време“, во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=w1ilP63ZCRs  ]]>

„Funk Shui“ со „Ветер“… во етерот (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/funk-shui-so-veter-vo-eterot-video/ Sat, 24 Oct 2020 10:15:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=172783

Бендот  „Funk Shui“ вчера, 23 октомври 2020 год. празнично ја промовираше песната  „Ветер“. Членовите на бендот се автори на музиката и текстот, а продукцијата и миксот се на Бен Милчев. Спотот е сниман летово на неколку локации низ земјава, а зад камерата и дрон камерата биле Борис Ралев и Тео Ангеловски. „Црпејќи мотивација од сопствената средина, протагонистот во песната се соочува со своите способности за решавање на проблемите околу него. Веселоста и текот на песната сe прекинати од страна нa ненадејните напливи на емоција од заразниот рефрен. Преку неколку метафори Лука пробува да долови дека е свесен за сопствените способности, преку персонифицирање со ветрот и неговиот потенцијал да ja исчисти околината. Мелодичната гитара што ја придружува целата песна ја игра улогата на смирување на бурата и ја овозможува завршницата што песна како оваа ја заслужува”, велат момците од „Funk Shui“ за песната. ]]>

„Funk Shui“ со „Метеори“ до ѕвездите (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/153994/ Tue, 16 Jun 2020 12:36:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=153994

„Funk Shui“, имаат нова песна, која всушност претставува сингл - првенец  кој го најавува новиот албум кој следи. Темата која носи наслов  ,,Метеори” беше уште кон крајот на мај промовирана на каналите на групата и на социјалните и музичките платформи (spotify, deezer, apple music, google play, itunes, pandora, tidal). Веќе на почеток од  месец јуни се искачи на музичките топ листи, станувајќи воедно и песна на неделата на хрватскиот влијателен портал muzika.hr. Музиката и стиховите на темата „Метеори“ ги потпишуваат колективно членовите самиот бенд. Продукцијата е задничка со Бен Милчев, кој и ја миксал песната. Бендот го потпишува и видеото на песната, а зад камерата при снимањето стоел Борис Ралев, додека фото сетот го изработила Александра Костадиновска. „По периодот кој наложи пауза во медиумскиот етер, земајќи ја во предвид сериозноста со ширењето на  коронавирусот, конечно сите се почувствувавме подготвени да ги споделиме нашите лични искуства од периодот од последните две години. Со тоа сакаме да им понудиме свежина на нашите досегашни, а воедно и идни слушатели, музика и оние кои ја споделуваат страста за музика, ум и чекорите напред. Посветено на сите кои немаа избор и оние кои се борат силно за животот на другите“ - велат членовите на групата споделувајќи ја новата песна „Метеори“ со музичките сладокусци. https://www.youtube.com/watch?v=P-WEUdLlAP0&feature=emb_logo]]>

„Фанк шуи“ со прв соло-концерт на 29 март во МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/fank-shui-so-prv-solo-koncert-na-29-mart-vo-mkc/ Sat, 02 Mar 2019 12:59:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=75574

Авалон продукција“ со големо задоволство Ви го најавува својот следен значаен концертен проект, првиот соло-концерт на нивните ексклузивци „Фанк шуи“, кој ќе се одржи на 29 март во денсинг-салата во МКЦ. „Пред фактите и боговите молчат, а за ’Фанк шуи’ доволно е само да се напомене дека изминатата година им беше доста плодна и активна со настапи на големи сцени и со големи артисти, имаа неколку нови изданија од кои излегоа хитовите: Виулица/Сомнежи, Крик,Стаклени ноза, Деца, а ако се земат предвид нивните фуриозни настапи, веруваме дека салата во МКЦ ќе биде исполнета до последно место“, велат од „Авалон“.
Билетите за  концертот на  бендот се веќе пуштени во продажба,  а нив можете да ги набавите преку продажната мрежа на „Авалон“ низ Македонија и онлајн на avalon.mk]]>

Фанк Шуи се „Деца“… од тука до среќата… (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/fank-shui-se-deca-od-tuka-do-srekjata-video/ Tue, 25 Dec 2018 10:38:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=64864

Скопското трио „Фанк шуи“ ја заокружува годината со ново видео за темата насловена „Деца“.
Видеото  го објавија само еден ден пред големата предновогодишна забава на матичната продукција „Авалон“ – третото издание на фестивалот „All You Need Is Love“, каде што ја имаше честа да ја загреее атмосферата пред главните ѕвезди Влатко Стефановски и Џибони.
Песната е снимена во студијата „Подрумот“ на Ангел Ќосев (микс и мастеринг) и „Тра-ла-ла“ на Мите Димовски, со помош наДраги Иванов, а за видеото се погрижија самите членови на „Фанк шуи“ со Борис Ралев зад камерата.
Триото годинава го објави и албумот „Импулс“ каде што ги смести одличните „Виулица“ и „Сомнежи“, а во октомври ја претстави и темата  „Крик“. 
„Деца“ е едно од помеките изданија на фуриозната тројка, а како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=UtRiTfKnQJ0 Извор: РадиоМК]]>

„Фанк шуи“ – ова е нивниот последен „Крик“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/fank-shui-ova-e-nivniot-posleden-krik-video/ Sat, 27 Oct 2018 07:20:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=54897

„Кога никој не слуша, можеби е време да зборуваме потивко. Свету, ова е ’Крик’, паметно гласен, разбирање и љубов“, вака скопското трио „Фанк шуи“ го претстави својот нов сингл и видео насловени „Крик“.
Автори на музиката и стиховите се самите членови на бендот, а продукцијата им е заедничка со Бен Милчев, чиј потпис стои и на миксот и мастерингот, додека снимањето се одвиваше во студијата „Подрумот“ на Ангел Ќосев и „Тралала“ на Мите Димовски.
Ексклузивците на „Авалон продукција“ - Лука, Давид и Михаил се погрижија и за визуализацијата на „Крик“.
Реализацијата на видеото ја потпишува Томи Акимовски кој се потпишува под псевдонимот: лелеТоми, (инаку познат по режијата на новите видеа на „Дупер“ и Наско Џорлев), заедно со самите членови на бендот.
Како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=Rk6EtnM8J58  ]]>

„Фанк шуи“ среде „Виулица… од Сомнежи?“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/fank-shui-srede-viulica-od-somnezi-video/ Sat, 28 Apr 2018 09:21:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=23948

Скопското трио „Фанк шуи“ во средата, на 25 април, во „Станица 26“ го промовираше својот нов албум насловен „Импулс“, а претставено беше и новото видео за вториот сингл од изданието, „Виулица/Сомнежи?“.
Станува збор за комплетно авторско дело на Лука, Давид и Мики кои се потпишуваат на музиката, стиховите и аранжманот, а сето тоа го екранизираше режисерот Чедо Поповски.
Освен момчињата од бендот, во видеото се појавува и шармантната Нина Елзесер.
Како изгледа и звучи нивната „Виулица/Сомнежи“ дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=ZscCz_xm0TY]]>

„Фанк шуи“ концертно ќе го промовираат новиот албум „Импулс“ https://arhiva.vistina.com.mk/fank-shui-koncertno-kje-go-promoviraat-noviot-album-impuls/ Mon, 23 Apr 2018 08:19:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=22561

Скопскиот бенд „Фанк шуи“ во среда, на 25 април 2018 во клубот „Станица 26“ ќе го промовира своето ново издание насловено „Импулс“. На промоцијата, Лука, Давид и Мики во живо ќе ги изведат новите два сингла – „Стаклени нозе“  и „Виулица / Сомнежи?“, кои се дел од новиот албум кој е во подготовка и треба да излезе годинава, како и музика од нивните претходни изданија.
„Фанк шуи“ е скопски бенд кој комбинира повеќе различни ритмови и алтернативни инструментални музички жанрови. Создаден е пред осум години во длабочините на МКЦ, а комплетиран од тројца млади генијалци кои создаваат своја лична авторска музика.
Настанот ќе биде од затворен карактер и наменет за соработниците и пријателите, за медиумите, како и мал број на фанови на „Фанк шуи“.
]]>

„Фанк Шуи“ чекорат на „Стаклени нозе“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/fank-shui-chekorat-na-stakleni-noze-audio/ Mon, 25 Dec 2017 09:54:13 +0000 http://vistina.mk/?p=7623

Скопскиот бенд  „Фанк Шуи“ ја заокружи годинава со нов сингл. Имено, новите ексклузивци на Авалон продукција деновиве го претставија своето најново музичко парче насловено „Стаклени нозе“, како втор сингл од новиот албум што ќе излезе следната година. Инаку, во прашање е третиот студиски албум на „Фанк шуи“ кој ќе го носи насловот „Импулс“, а ќе ги наследи „Етер“ од 2012 и „R.E.M.“ од 2015 година. Изданието ќе излезе за „Авалон“, а за насловната фотографија се погрижи Лилика Стрезоска.
Песната „Стаклени нозе“ е комплетно авторско дело на триото, а снимањето, миксањето и мастерингот ги направи Ангел Ќосев во студиото „Подрумот“. Придружните вокали ги отпеаја Елени Мицковска и Магдалена Трповска, а на виолончело гостува Ирис Стефановска Арсовска. „Стаклените нозе“ стигнаа со текстуално видео во изработка на Михаил Намичев, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=B9brGcMAQvA    