фајзер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 29 May 2021 09:18:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png фајзер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 И Северина прими вакцина (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/i-severina-primi-vakcina-foto/ Sat, 29 May 2021 08:00:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=204741

Пејачката Северина на својот Инстаграм профил сподели фотографија од вакцинацијата против коронавирусот со вакцината на „Фајзер“. -Вечерва, добри луѓе, немојте да прашувате ништо. Ниту да коментирате, порача Северина во описот на фотографијата. ]]>

Весна – Бејби сепак „се боцна“: „К’смет, таман стигнавме на ред за вакцина, снема вакцини… се изначекав цел живот за се’ “ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-bejbi-sepak-se-bocna-k-smet-taman-stignavme-na-red-za-vakcina-snema-vakcini-se-iznachekav-cel-zivot-za-se-video/ Thu, 20 May 2021 06:55:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=203305

Кај Весна Бејби Петрушевска очигледно во животот ништо не оди „како подмачкано“, ама сепак... оди! Впрочем како и кај повеќето од нас. За се' нешто мора да се помачи, да почека, да види ќе биде или не и кога... Се' на се', стално некои проблеми. Ама затоа „Бејби мама“ знае како да се фати во костец со животот и да се избори за она што наумила да го направи. Овој пат приоритет број еден и беше вакцинирањето. Ама како вакцини нема доволно, за вакцинација мора да се чека. А кој чека - ќе дочека... макар и „окапал“ чекајќи.   Така, својот ред за „ваксинајс“ го чекаше и Бејби и го дочека. Дојде денот  и таа да се боцне, да го прими „Фајзер“, арно ама... Таман дојде на ред, одново и се потврди правилото на стариот добар „Марфи“,  дека таа е навистина една од оние, кај кои „ништо не оди „подмачкано“: „Стигнавме на ред за вакцини, снема вакцини... Инаку е супер организирано и со 'Фајзер' треба да ме боцнат мене сега, ама... К'смет, таман ќе стигнеш на ред и нешто ќе снема... Се изначекав цел живот за се' “ - се пожали Весна во видеото што го снимила мнеколку моменти пред вакцинацијата, за која среќета и го сврте грбот. Но само за кратко... Зашто малку потоа, ете ја Бејби во сосема поинаква улога, на сосема поинаква слика... Моментот на вистината при аплицирање на вакцината. Дека „кој чека, ќе дочека“ зборува и следното видео кое го сподели актерката. Вакцинацијата извршена, Бејби под маската насмеана, среќна и задоволна што дојде и нејзиниот ред да биде заштитена.   [video width="480" height="852" mp4="https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2021/05/vesna-petrusevska4.mp4"][/video] А потоа уште едно-две заеднички селфи фотографии со луѓето кои ја пелцуваа или се дел од тимот за вакцинација на целата нација. Со дамата која ја боцна и и' ја аплицираше вакцината и  со медицинскиот техничар Денис Јанкуловски познат на јавноста под прекарот Космонаутко, за кого Бејби под селфито напиша: „Со убавиот лик на ова невреме Денис“! Епа, Бејби наздравје и добро здравје... Како и на сите останати граѓани! Фото: Инстаграм принтскрин/vesnapetrushevska]]>

„Повторно би го направила истото“: Јована Јоксимовиќ открива дека по втората доза од вакцината се чувствувала болно https://arhiva.vistina.com.mk/povtorno-bi-go-napravila-istoto-jovana-joksimovikj-otkriva-deka-po-vtorata-doza-od-vakcinata-se-chuvstvuvala-bolno/ Fri, 12 Mar 2021 08:48:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=193884

Уредникот и водител на утринската програма на телевизијата „К1“, Јована Јоксимовиќ, ја доби првата доза на вакцината „Фајзер“ во јануари. По добивањето на втората доза, нивото на нејзините антитела на IgG е 39,56 индекс. Во интервју за „Блиц“, Јована објаснува зошто одлучила да ја прими вакцината, како и зошто ја одбрала вакцината на американската мултинационална фармацевтска компанија. - Сакав да се вакцинирам. Јас инсистирав на тоа. Сакав да го сторам тоа во моментот кога вакцината беше достапна во нашата земја. Да ви кажам право, нестрплива бев кога ќе биде можно за нас новинарите да ја добиеме. За среќа, бевме меѓу првите, затоа што новинарите се меѓу приоритетните групи. Имав привилегија да ја примам првата доза во јануари - објаснува убавата водителка и додава: - Добив „Фајзер“. Бидејќи сум во разговори со експерти и луѓе кои знаат многу повеќе од мене, заклучив дека ова е вакцина која е произведена со употреба на некои нови технологии. Многу е достапно за јавноста да го разгледа целото истражување на темата за оваа вакцина и е кажано многу, што е секако добро. Сфатив дека приказната за таа вакцина е транспарентна и дека алергиските реакции што се јавуваат во некои случаи се многу мали. Тие скоро и да не постојат. И тоа ми беше важно - вели Јована, која објаснува дека чувствувала одредени симптоми само по повторната вакцинација:
- После првата доза на вакцината, немав никаква реакција, освен што малку ме болеше левата рака, во која добив боцкање. Сепак, по втората доза, имав треска, носот течеше, кашлав. Тоа траеше седум дена, ми беше лошо. После тоа, сè беше лесно. Она што е важно, седум дена по ревакцинацијата, отидов да проверам антитела и имав 35. И овој резултат што ви го испратив беше три и пол недели по вакцината, што значи дека нивото на антителата многу се зголеми. Драго ми е што испитувањето покажа дека првата доза на вакцина „Фајзер“ доволно штити и го зголемува бројот на антитела. Ако требаше повторно да се вакцинирам, повторно би избрала „Фајзер“ - искрена е Јована.]]>