фадо пејачка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 07 Jun 2023 12:17:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png фадо пејачка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Вечерва почнува 22. издание на ОФФ-Фест: Отворањето со импресивен аудио-визуелен перформанс на славната португалска фадо пејачка Мизија https://arhiva.vistina.com.mk/vecherva-pochnuva-22-izdanie-na-off-fest-otvoraneto-so-impresiven-audio-vizuelen-performans-na-slavnata-portugalska-fado-pejachka-mizija/ Wed, 07 Jun 2023 12:12:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305363

Дваесет и второто издание на традиционалниот ОФФ-Фест ќе се одржи од 7 до 10 јуни во Националната опера и балет и МКЦ. Фестивалот годинава го сочинуваат осум концертни настапи и еден документарен филм. ОФФ-Фест 2023 ќе го отвори импресивниот аудио-визуелен перформанс на славната португалска фадо пејачка ѕвезда МИЗИЈА. Фасцинантната моќ на модерната естонска фолк кралица МАРИ КАЛКУН, во комбинација со раскошната интерпретација на македонската традиционална песна од страна на единствената ЗАРИНА ПРВАСЕВДА и нејзиниот состав, создаваат услови за беспрекорно фестивалско доживување. Оригиналниот микс од пустинскиот гитарски блуз и транс ритмите на италијанската Таранта на волшебниот тандем ЏАСТИН АДАМС И МАУРО ДУРАНТЕ, ќе ја пресретне софистицираната интроспективна лиричност и неодоливиот шарм, талент и визија на нашиот њујорчанец КРСТЕ РОЏЕВСКИ. За мистериозната аура на култната чешка двојка ИРЕНА И ВОЈТЕХ ХАВЛОВИ ќе сведочи нивното уникатно концертно патување, но и прикажувањето на документарниот филм „Little Blue Nothing: A musical portrait of Irena and Vojtech Havlovi”. ОФФ-ФЕСТ 2023 ќе го заокружат фуриозните настапи на две исклучително возбудливи музички појави: новата world-music атракција БАБ Л‘ БЛУЗ со својот психоделичен марокански фанк-рок звук, како и деветчлениот оркестар на легендарното име на конгоанската румба, гитаристот ДИЗИ МАНЏЕКУ & ОДЕМБА ОК ОЛ-СТАРС. МИЗИЈА е пионер, слободен дух, што успеа да изгради своја патека во жанрот и веројатно затоа го доби прекарот „анархист на фадото“. Првите успеси ги бележи во странство: прво во Шпанија и Јапонија, потоа во Франција и Германија. Набргу стекна и светска популарност, започнувајќи вистинска интернационална кариера. Во 1993 година таа стана втората пејачка по Амалија Родригез што го однесе португалското фадо на најголемите светски концертни подиуми. Безброј награди и одликувања, како и стотици илјади продадени плочи низ светот, добро ја илустрираат важноста на овој уметник во историјата на фадото, во португалската музика воопшто, во минатото и иднината. Нејзиниот уникатен глас одново и одново импресионира со својата театралност и авторитет, а уметнички стилизираната сценска продукција ја надополнува нејзината фасцинантна сценска појава, со која таа буквално ја маѓепсува публиката на своите концерти. Оваа уметница, пејачка на сонливото фадо, вокалистка-актерка и раскажувач на сопствените и на приказните на другите, е првата што признава дека е „сентиментално животно“. Овој израз служи како наслов на нејзиниот актуелен албум (Animal Sentimental), ново поглавје во кариерата којашто трае три децении. Музиката на МАРИ КАЛКУН, иако ја пее на јазик што малкумина го разбираат, создава медитативна и необична атмосфера која предизвикува многу емоции. Нејзините слободни музички аранжмани во основа ги детерминира звукот на канелот – традиционална естонска цитра. Во преден план е гласот на Калкун, кој е во исто време меланхоличен и радосен, нежен и спокоен. Мари признава дека за неа е клучно за кого и за што пее – многу од нејзините песни се посветени на блиски луѓе или на животни пресвртници како раѓање, смрт или свадба. Воедно, тие ја слават и чистата убавина на секојдневието, па оттаму таа често ги користи текстовите на локалните поети што го опишуваат руралниот живот, приказни и пејзажи. Мари Калкун има настапувано во повеќето европски земји, во САД и Јапонија. Има објавено пет албуми од кои најпознат е „Ilmamõtsan“ (2018), кој „Гардијан“ го вброи во својата годишна листа од 10 најдобри world music албуми. Нејзиниот последен албум е музика за театарската претстава „Petserimaa igatsus“ (2022), којашто говори за тешката историја на Печори, регион поделен меѓу Русија и Естонија. Годинава таа ќе го издаде долгоочекуваниот нов соло албум „Stories of Stonia“, кој ги поврзува древните митови, руно песните и современата поезија напишана на еден од најстарите светски јазици – Виру. На границата меѓу автентичноста и пренесувањето на културното наследство низ самоизразување, македонската уметница ЗАРИНА ПРВАСЕВДА го пронајде својот сопствен израз на долгоочекуваниот деби албум „Ехо“, издание што содржи 11 традиционални песни на 4 различни јазици. Објавен од Croatia Records, албумот ја сумира уметничката визија на Зарина низ слободата и талкањето меѓу сите влијанија од фолклорното наследство што ја инспирирале. Додека нејзините вокални техники се темелат врз источно-европските традиции, инструменталната и ритмичката разновидност дише низ целата плоча. Ова ниво на зрелост не може да се означи само како музика на светот – благодарение на нејзината социјална чувствителност, длабоките врски со природата и претходните соработки со сродни музичари и уметници од регионот, Зарина сè уште сака да ги собира и споделува приказните со кои се среќава. Учествуваше во борбата за прогласување на Шар Планина за национален парк, а патува од село до село за да се сретне со македонските баби и да ги истражува и снима нивните песни и приказни. Делата на Зарина веќе го дефинираат македонското наследство. Нејзините планови се да ја пренесе својата музика до пошироката публика додека постојано работи на нови песни и нови приказни за раскажување. ЏАСТИН АДАМС И МАУРО ДУРАНТЕ се врвни музичари со различен бекграунд кои ги обединува нивната длабока поврзаност со древната транс музика. Реномираниот гитарист, продуцент и композитор Џастин Адамс ја започна својата кариера во добата на пост-панкот, но во меѓувреме ги збогати своите интереси, внесувајќи стар блуз, арапска и африканска музика, фолк и многу други влијанија во своето свирење. Соработуваше, меѓу другите, со уметници како Џа Вобл, Tinariwen и Роберт Плант. Продукцијата на клучните албуми на Tinariwen и Рашид Таха го истакна неговото чувство за северноафриканскиот грув, a наградуваните проекти со гамбискиот маестро Џулде Камара ја поврзаа традицијата на гриотите со духот на сировиот блуз. Неговиот последен гитарско-атмосферичен соло албум „Ribbons“, беше вброен меѓу најдобрите 50 албуми во изминатата деценија според магазинот Songlines. Ова ново дуо со Мауро Дуранте, виолинистот/перкусионистот на групата Canzoniere Grecanico Salentino, создава жив, соголен звук кој се движи и маѓепсува, со едноставни мелодии и опсесивно-репетитивни обрасци, подеднакво соодветни за танцување и мечтаење. КРСТЕ РОЏЕВСКИ е македонски пејач, гитарист и композитор, активен на авангардната „даунтаун“ сцена од неговата преселба во Њујорк во доцните деведесетти. По издавањето на трилогијата: „Batania“ (2015), „Bitter Almonds“ (2017) и „The Rabbit And the Fallen Sycamore” (2018), Роџевски ги снима „Hubris“ (2020) и „Fair Weather Friends” (2022). Станува збор за концептуални албуми со интроспективни текстови и електроакустичен звук, збогатен со експериментални и фри-џез елементи. Во нивното создавање, тој соработува со некои од најеминентните имиња на њујоршката експериментална и импро-џез сцена (Бил Ласвел, Томика Рид, Крис Дејвис, Икуе Мори, Мери Халворсон, Ингрид Лауброк и др.), како и со неколку врвни претставници на модерната чикашка сцена (Џеф Паркер, Никол Мичел, Кен Вандермарк итн.). Дури четворица од нив се добитници на престижната американска награда МекАртур, позната и како „грант за генијалци“. Творештвото на Крсте Роџевски добива извонредно позитивни рецензии во реномираните The Wire, Downbeat, Avant Music, All About Jazz, Stereogum… Новото, шесто по ред, издание на Роџевски под наслов „Black Earth“, продуцирано од Бил Ласвел, ќе излезе во втората половина на оваа година. На соло акустичниот настап на OFFest, тој ќе ги претстави своите песни во една чиста, наивна и соголена форма, ослободена од студиските дотерувања. Чешкото дуо ИРЕНА И ВОЈТЕХ ХАВЛОВИ (The Havels) има речиси 40-годишна заедничка уметничка кариера и партнерство зад себе. Започнаа да работат заедно кон средината на 80-тите како дел од експерименталниот ансамбл Capella Antiqua e Moderna, уникатна асоцијација на музичари чиј репертоар опфаќаше различни стилови на европската класична музика: од ренесансата до современата. Со текот на годините тие минаа низ неколку сопствени развојни фази, патувајќи долго и широко низ времето и просторот. Со својот инвентивен и неортодоксен пристап кон историските и модерните композициски техники и интерпретативни процеси, Хавлови развија уникатен и музички автономен јазик кој е тешко, ако не и невозможно, да се дефинира. Во изминатите 40 години тие бележат бројни значајни соработки. Прославениот независен режисер Винсент Мун сними документарен филм за нив. Композицијата на Брајс Деснер „Little Blue Something“, создадена во чест на музиката на дуото од Прага, која ги користи нејзините мотиви, ја снимиja Kronos Quartet на албумот „Aheym“. Музичарите од бендот The National, како и Суфјан Стивенс, се меѓу долгогодишните обожаватели на Хавлови. Нивната музика е отворена и сè уште расте добивајќи нови стимули. Директно од срцето на Магреб, БАБ Л‘ БЛУЗ (во превод: „порта на блузот“), го редефинираат традиционалниот северноафрикански блуз на нетрадиционален начин. Овој квартет, формиран во Маракеш во 2018 година, е инспириран од мароканските музички традиции, во комбинација со рок музиката, современите звуци и мароканскиот поп. Етикетирани како „психоделичен марокански рок бенд“, тие се истовремено древни и актуелни, традиционални и современи, фанки и ритмични, со моќни вокали и тешки бас грувови. Бендот го сочинуваат француски и марокански музичари, предводени од пејачката Јусра Мансур, која израснала во мароканскиот град-тврдина Ел Џадида, изложена на разновидни музички стилови, вклучувајќи ги оние на Џенис Џоплин, Уму Сангаре и Ерика Баду. Јусра, која главно твори на мароканскиот јазик Дарија, третира актуелни и општествени теми во нејзините текстови. Првиот албум на групата, „Nayda!“ (Real World Records, 2020), претставува глобален конгломерат на звуци, од американска психоделија до индиски ситар рифови, од валкан фанк до класична арапска поезија. Албумот доживеа фантастичен прием од музичката критика: беше вброен меѓу најдобрите албуми на годината во списанијата „Mојо“ и „Songlines“. Гитаристот ДИЗИ МАНЏЕКУ е жива легенда на конгоанската румба. Пред да стане член на славниот оркестар OK Jazz на Франко Луамбо Макиади во 60-тите и 70-тите, Дизи веќе предводи неколку бендови, настапувајќи со бројни великани на конгоанската музичка сцена. Во тоа време, Дизи и Сем Мангвана ги оформија African All Stars. Оваа формација, предводена од Дизи, имаше големо влијание на глобално ниво. Под уметничкото раководство на Дизи, Orchester African All Stars International објави три албуми, кои се сметаат за вистински конгоански споменици. Музичкото наследство и културното значење на Франко Луамбо Макиади и неговиот бенд T.P.O.K. Jazz е огромно. Конгоанската румба од неодамна е прогласена за нематеријално културно наследство на УНЕСКО. Легендарниот оркестар на Франко беше извонредно влијателен, а неговиот оригинален стил во румбата стана познат како „Odemba“. По смртта на Франко, Дизи го презеде водството на бендот и стана незаменлив дел од музичката елита на Конго, стоејќи рамо до рамо со Папа Ноел, Папа Вемба, Тшала Муана и Веркис. Подоцна, по преселбата во Брисел, Дизи ги формира ОДЕМБА ОК ОЛ СТАРС, негувајќи го уникатниот звук на традиционалната конгоанска румба. Документарниот филм LITTLE BLUE NOTHING е интимно патување низ светот на Ирена и Војтех Хавлови, пар таинствени виолисти што живеат во преградието на Прага, на маргините на цивилизацијата. Овој музички тандем во 1991 година го сними албумот наречен „Malé Modré Nic (Little Blue Nothing)“, кој останува целосно анонимен во тоа време. Петнаесет години подоцна, тројца режисери случајно го откриваат и – опседнати од неговата уникатната уметничка содржина – започнуваат да ја истражуваат приказната за двете мистериозни музички појави. Овој филм ја документира нивната средба, во сината магла на прашките преградија.]]>