фабрика – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 04 Aug 2023 08:04:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png фабрика – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Светски признатата македонска пејачка Тања Царовска со шокантен Фејсбук статус откако се „отру од смрдеата“ од фабриката на браќата Заеви: „Го дишат ли Зоран и Вице истиот воздух што го дишат бебињата што се раѓаат во Преспа и Ресен“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/svetski-priznatata-makedonska-pejachka-tana-tsarovska-so-shokanten-fejsbuk-status-otkako-se-otru-od-smrdeata-od-fabrikata-na-brakata-zaevi-go-dishat-li-zoran-i-vitse-istiot-vozduh-shto-go-dishat-bebin/ Fri, 04 Aug 2023 07:54:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312617

Тања Царовска позната македонска пејачка која со години живее и работи надвор од Македонија, во Англија. Таму каде што е најтешко да се успее, особено ако не си „нивен“ туку дојден од таму некаде, долу од Балканот. Но за нејзиниот светски признат вокал и музички способности сведочат достигнувањата и делата. Царовска соработувала со голем број познати светски музичари и продуценти, како: Габриел Јаред, Џејмс Хорнер, Џон Дебни, Џоселин Пук, Дејвид Фостер, итн. Исто така, таа учествувала на албумот „Импресии“ на американскиот музичар Крис Боти што ја добил наградата „Греми“ во 2013 година. Таа ја пее песната „По друм одам мајче“ во филмот „Мајки“ на Милчо Манчевски, а соработувала и со Дуке Бојаџиев на неговиот проект „Сон, верба, љубов“. Царовска пее со Џош Гробан во песната „Сети се на мене“ (Remember Me), која е дел од филмскиот мегахит „Троја“ со Бред Пит и Орландо Блум во главните улоги.  За оваа песна, Царовска била номинирана во категоријата: „Најдобра оригинална песна напишана за филм“ во 2004 година (World Soundtrack Awards), заедно со Џејмс Хорнер (музика), Синтија Вејл (стихови) и Џош Гробан (изведувач). Исто така, таа е главниот вокал во музиката за филмот „Христовото страдање“ на Мел Гибсон, со Моника Белучи, кој заработил дури 622 милиони долари и е комерцијално најуспешниот филм со тематика за христијанството и еден од филмовите со најголема заработка во историјата, воопшто. Летово  Тања Царовска која е по потекло од битолско-преспанскиот крај престојува дома, во Македонија. Сакајќи да побегне од летните жештини кои се уште поизразени на асфалтно-бетонската џунгла во македонската престолнина, пејачката заминала на село... Во родната Преспа, близу Отешево, планинско место на надморска височина од 900 метри каде воздухот (треба да) е толку чист, што своевремено била изградена болница за лечење пациенти од белодробни заболувања. Ама тоа било некогаш, денес, природната воздушна бања е претворена во гасна комора, во која смрди до неможење да дишеш. Шокирана и револтирана од она што таму се случува и го затекнала, Тања Царовска споделила статус на својот Фејсбук профил посочувајќи ја состојбата, ама и причините и виновниците заради кои природата е  доведена до состојба на отровно умирање. „Ќе си легнував. Ама не можам да спијам, зашто надвор не се дише, откако отворив ме запече грло и очи. Не драги луѓе, не сум во Скопје. Во Преспа сум. Во село на 8 километри од Ресен, на надморска височина од скоро 900м, а близу Отешево, местото каде што се лекуваат пациенти во специјализираната болница за белодробни заболувања заради чистиот воздух. Кога бев мала овде мирисаше на трева, сено и лепешки, со воздух кој беше толку чист што просто го чувствуваш на лицето како те лади и “бања”. Рај за сетилата! Но, од пред неколку години, славните браќа Заеви ја купија фабриката за глина “Слога” во Ресен. Од тогаш градот труе, а еве, и околните села. Кога нема силен ветер, а најчесто нема – смрди до неможење да дишеш! И тоа баш навечер, после почнувањето на третата работничка смена во Слога. Со ова би сакала да отворам неколку големи прашања – на што гориво работи фабриката? Или поточно – што се гори во неа? Ресенчани и Преспанци – зошто молчите? Не ви пречи ли да дишете отров? Или ако има некаков отпор а не знам – ве молам упатете ме, да се придружиме сите! Има ли новинари кои би сакале ова да го истражат??? И последно прашање – браќата Заеви кај престојуваат во овие летни денови? Го дишат ли истиот воздух што го дишат бебињата што се раѓаат во Преспа? Ај добра ноќ, одам да повраќам од воздухот. Нај, најсериозно! Преспа еееј, воздушната бања!!! (А ко се пакував во Скопје за навака – го гледам прочистувачот за воздух и си викам: Е, барем ова за таму не ми треба!“  - напишала и споделила пејачката. Затоа пак газдите Заеви или поточно, бившиот премиер и екс-СДС лидер Зоран, „мува не го лази“, зашто ужива некаде таму надвор со своето семејство, дишејќи свеж, морски, медитарнски воздух  на Јадранот. Од Истра во Хрватска до Италија, од каде неговата ќерка Александра споделуваше фотографии на социјалните мрежи. Преспа секако не им е интересна за летување, зашто таму квалитетот на воздухот знаат каков е оти тие „го контролираат“ со својот „отровен бизнис“ на сметка на здравјето на локалното население и еко катастрофата на природата. Фото: Фејсбук/Tanja Xena Tzarovska /  ]]>

Сања – Барбика е „фабрика за бакшиш“: Сексапилната струмичка фолкерка за помалку од минута самата заработи една швајцарска плата! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sanja-barbika-e-fabrika-za-bakshish-seksapilnata-strumichka-folkerka-za-pomalku-od-minuta-samata-zaraboti-edna-shvajcarska-plata-foto/ Tue, 21 Dec 2021 10:06:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=231974

На социјалните мрежи речиси секојдневно осмнуваат  видеа на кои јасно се гледа како пејачите и оние од регионот, но и нашите од Македонија, добиваат богат бакшиш. Ѓани, Сандра-Африка, Теодора Џехверовиќ... народот веќе ги прогласи за кралеви и кралици на бакшишот, откако тие буквално беа затрупани со пари што одвај можат да ги држат во рацете. На едно од новите видеа од на нејзиниот Инстаграм, атрактивната струмичанка, фолк пејачката Сања Цинцева попозната како Сања -„Барбика“  покажа како додека трепнеш добива стотици, а можеби и над илјада и нешто евра, ако не и повеќе.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by SANJA CINCEVA ® (@sanjacincevaa)

На видеото јасно се гледа како гостите ја китат како новогодишна елка со банкноти сексапилната пејачка, која со широка насмевка од уво до уво, едвај успева да ги задржи парите в раце, додека ја пее познатата „Жена од султана“. Во мини црно фустанче со сребрена апликација и длабоко деколте до папокот, од кое срамежливо ѕиркаат разголените гради, и самата изненадена од богатиот бакшиш, фолкерката  дури и се збуни во еден момент, по што само се насмеа и продолжи да пее на настапот кој се случува во Швајцарија, каде Сања за помалку од една минута, самата заработи една швајцарска плата. И додека некој од гостите ја снимал со мобилниот телефон, струмичката Барбика покаже дека и таа може да биде „фабрика за бакшиш“! Инаку во последно време расната фолкерка е повеќе барана надвор отколку дома, а најчесто настапува во европските земји (Германија, Австрија, Швајцарија), по клубови, кафеани и локали каде доаѓаат да се забавуваат иселеници од целиот регион. Згодна, атрактивна, провокативна, сексапилна... расната струмичка фолкерка и со песна и со изглед очигледно научила како да им ги „ќари“ сите пари на веселите „гастрбајтери“, па дома да се врати насмена и „нафатирана“, како „жена од султана“!
 
Фото: Инстаграм принтскрин/sanjacincevaa]]>

Наталија Славева и нејзиното момче се – „Непобедливи“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/natalija-slaveva-i-nejzinoto-momche-se-nepobedlivi-video/ Thu, 15 Aug 2019 12:33:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=102399

Наталија Славева има нова песна. Балада, насловена „Непобедливи“. Нејзино ново враќање откако по петгодишната пауза лани се врати на „Макфест“, а сега еве ја одново во македонскиот етер.
Автор на песната е Иле Спасев, а самата Наталија го потпишува своето коавторство во стиховите на истата. Баладата „Непобедливи“ е визуелизирана со видеоспот кој го изработила скопската видеопродукција „Фабрика“ под режисерската палка на нејзиниот сопственик Маријан Огненовски.
Во него пејачката се појавува заедно со своето момче Александар при крајот на видеото!
Истото е снимено во ексклузивниот простор на „Гарденија спа ресортот“  во Велес, а како сето тоа звучи и изгледа проследете во продолжение. https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=t55nZX0psRs]]>