Eye Cue – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 22 Aug 2019 12:54:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Eye Cue – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Eye Cue – „Too late“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/eye-cue-too-late-audio/ Thu, 22 Aug 2019 12:54:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=103475

Скопското дуо „Ај Кју“  продолжуваат со обидите за освојување на музичката сцена надвор од Македонија. По евровизиски сингл „Lost And Found“, ја продолжија праксата да прават песни на Англиски јазик, па така следуваа  „Dancin“  и  „Love Me, Hate Me“, по кој доаѓа и најновата, излезена деновиве со наслов „Too late“. 
И во новата песна забележливо е влијанието на британскиот поп звук, што веројатно е последица од нивниот престој во Лондон, како и од  претходните бројни гостувања ширум светот, во рамките на евровизиската турнеја низ Европа и Австралија.
„Love Me, Hate Me“ не успеа Бојан и Марија да ги лансира на престижната британска топ-листа и да им направи посериозен пробив, па дали сега со  „Too late“ ќе се обидат одново и ќе успеат барем малку да пркнат на најтешкиот светски музички пазар или е навистина „предоцна“, ќе дознаеме во периодот што следува. Во меѓувреме уживајте во звуците на  „Too late“ чиј комплетен автор на музиката и стиховите е посилната половина на дуото, гитаристот Бојан Трајковски. https://www.youtube.com/watch?v=ffIfcSWITD8]]>

„Eye Cue“ ги претставија евровизиската песна и спотот – „Lost аnd Found“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/eye-cue-gi-pretstavija-evroviziskata-pesna-i-spotot-lost-and-found-video/ Mon, 12 Mar 2018 13:29:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=15787

Поп триото Eye Cue  вчеравечер, недела, 11 март 2018 во централниот Дневник на МТВ 1  ја преставија евровизиската песна со која ќе ја претставуваат годинава Македонија во Лисабон.
Како што е познато, песната се вика Lost And Found, а автор на музиката и текстот е Бојан Трајковски, инаку, гитарист и пејач во групата. Продуцент е Дарко Димитров, кој се погрижил и за аранжманот, а како режисер на видеоспотот се потпишува Јован Куциновски.
Иако пред самиот домашен избор се крена голема прашина, првичните коментари за песната на социјалните мрежи се повеќе од поволни. Многу повеќе преовладуваат позитивните, отколку негативните коментари, а за помалку од 20 часа видеото има над 182.ооо прегледи на Јутјуб.
И покрај скептицизмот која владееше на почетокот од изборот, општа оцена е дека песната е лесно допадлива, модерна, со танцувачки ритам и певлив рефрен... иако можеби е малку необично аранжмански склопена. Или како што велат некои од оние што ја преслушале во своите коментари: „Малку е чудна, но ми се допаѓа“!
Инаку, нашите евровизиски претставници, Бојан и Марија од „Ај кју“ деновиве престојуваа во Лисабон каде што ја снимаа својата евровизиска видеоразгледница. Според идејата на организаторите, оваа година разгледниците на сите земји ќе прикажуваат дел од културата и убавините на Португалија, каде истовремено се одржува и средба на шефовите на делегации на сите земји.
А Вие, ако се' уште не сте ја слушнале и погледнале видеото, еве можност за сопствена премиера на „Lost And Found“ на Eye Cue: https://www.youtube.com/watch?v=hJ8vStigz7k]]>