евтини приказни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 13 Apr 2019 07:29:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png евтини приказни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дали Антониа Гиговска е новата Рада Манојловиќ? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dali-antonia-gigovska-e-novata-rada-manojlovikj-foto/ Sat, 13 Apr 2019 07:10:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=82762

Оваа сезона нашата Антониа Гиговска „растура“ во музичкото шоу „Пинк Ѕвездички-all stars“, па нема воопшто да биде чудно ниту пак изненадување ако  ја однесе и победата. Антониа во секое ново издание и при секоја нејзина изведба добива комплименти, пофалби, ласкави коментари... Судиите веќе и го трасираа патот кон ѕвездите, тврдејќи дека таа со својот моќен вокал и однесувањето на сцената е родена да биде ѕвезда. И тоа исто така не е ниту чудно ниту изненадувачки, зашто е повеќе од евидентно.
Но затоа пак изненадувачки е нешто, што можеби не е така евидентно и не се забележува пред камерите во самата емисија, а очигледно се случува зад камерите. Имено, во последно време евидентна е блискоста на нашата пејачка со членовите на жирито, а особено „боде очи“ близината со еден од нив - Милан Станковиќ.
Па така, пред неколку седмици, во деновите кога се снимаше нова емисија,  Анониа на својот Инстаграм објави снимка на која е во друштво на пејачот-судија Милан Станковиќ, па со него заедно дури и запеаја за своите фанови и следбеници на социјалните мрежи, а сето тоа го овековечи, постирајќи го на своите Инстаграм приказни.
А, од Инстаграм приказните веднаш тргнаа и чаршиските приказни дека Милан веќе ја доживува Антониа не само како колешка, туку и добра пријателка со која има блиска дружба и кога не се само на релација судија - натпреварувач!?
Фотографиите ги подгрејаа и муабетите дека тука се случува нешто, што е повеќе од „шоу бизнис“, па веднаш тргнаа претпоставките и прашањата: Дали Антониа Гиговска не е новата Рада Манојловиќ? Секако, асоцирајќи на големат љубов и врската на Милан Станковиќ и популарната српска фолкерка од времето кога обајцата поникнуваа во ваквите музички талент шоуа! Рада беше и остана љубовта на Милан која (ќе) се памети. Но, дали доаѓа некоја што ќе ја смени и надмине?
Судејќи по најновите фотографии објавени на социјалните мрежи и Инстаграм профилите и на нашата натпеварувачка и на Пинк судијата, нивната дружба зад камерите и натаму трае... Па дури е и уште поинтензивна. Занесени погледи во кои очите блескаат, задоволни насмевки и карактеристична блискост...
Уште на сето тоа ако ги додаме коментарите на блиските пријатели кои добро ги познаваат, па не можеле да ја премолчат глетката, како што Антониа (не) успеала да ги скрие емоциите... Впрочем зборовите и емотиконите најдобро говорат!
Сепак, дали е тоа така, и дали во студијата на Пинк во Шумановци „гори од љубов“ или тоа се сепак само „евтини приказни“ ( Pulp fiction), како што му пишува на блузонот на Милан...? Чекаме најдобриот сојузник - времето, да покаже! А, ќе покаже многу брзо!]]>

Со прстот в уста! https://arhiva.vistina.com.mk/so-prstot-v-usta/ Wed, 12 Sep 2018 08:47:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=47511

30 септември полека се ближи. Доаѓа денот „Д“ , судниот ден за Македонија, денот на одлука за македонскиот народ, за хамлетовската разрешница: „Да се биде или не“? СДС наголемо тера кампања - „ЗА“ референдум! Од неубедливи говори, до ступидни билборди, секојдневно фрчат пароли и повици да се излезе и гласа -  за! Како оној последниот, дека по успешен Референдум низ цела Европа ќе сме се лечеле гратис!? Тој што го смислил гарантирано не бил ни до Халкидики на одмор, а камо ли подалеку? Во Европа и да кивнеш на улица ќе ти наплатат под изговор дека ја загадуваш околината, шириш бацили и си потенцијален извор на зараза, а не да ти дозволат бесплатно лечење! Дефинитивно, оној што го смислил ова е  ЗА... И „ЗА“ референдум и ЗА...  „лечење“!
Агитаторите на владината референдумска кампања почнаа и по  куќи и станови да одат,  од врата на врата... Таканаречените „невладини“ со кесенца в рака, а во нив памфлет, пенкалце и запакла со парола и повик - гласај ЗА! Бетер од изборна кампања! Таму барем знаеш чии ти тропнале на порта! Овие „се фолираат“ дека се самосвесни, самоорганизирани, со самоиницијатива за пропагирање... „невладини“?! И мислат дека некој уште им верува во она, за што се претставуваат?
Премиерот пак, сакајќи да поентира, „да даде гол“, секој ден си дава по некој „автогол“!  При еден од последните говори „големиот оратор“ признава дека е неспособен и нема работни манири, па му треба некој со камшик да виси над него и да му кажува што треба, а што не треба да прави? Тоа ли е капацитет самостојно да се управува и води суверена држава? https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=VXBsFcjkn1E И опозицијата конечно го објави својот став. Секој граѓанин на 30 септември да си одлучи самиот како ќе се однесува. Ќе излезе или не, и ако излезе, како ќе гласа! Избор по сопствено убедување. Секој паметен ќе сфати што сакале да кажат. Пораката е испратена... меѓу редови!
Јасно е дека притисокот е голем, пресијата неподнослива, а подготвени се и алтернативните методи власта да си го протурка она што го наумила со сесрдна поддршка на оние од ЕУ и НАТО, ако не преку референдум, тогаш инстутиционално. На власта нема да и биде сеедно ако референдумот пропадне, ама со тоа не планираат да им пропадне и договорот со Грција. Ќе си го протуркаат на „мала врата“, како што го протуркаа парламентот, спикерот... И во собраниското бифе ако треба, ќе го ратификуваат! А на македонскиот народ со сменето име и корени што одат во пакет со „пактот со ѓаволот“, токму „адвокатите на ѓаволот“ ќе го лажат и ќе му ветуваат дека е на чекор пред влезот на „рајските порти“ на НАТО и ЕУ. Па дури и да има трошка вистина во нивните „евтини приказни“, повеќе од јасно е дека Македонецот и овој пат, на ова најново историско распетие ќе остане „со прстот в уста“. Ем излажан, ем за*бан!
Можеби на тоа најдобро асоцира една мисла на познатиот српски актер и режисер Драган Бјелогрлиќ („Сенки над Балканот“), која важи колку за северниот сосед, исто толку и за нас, како земји кои ги третираат како слепо црево на Западен Балкан: „Нашиот влез во ЕУ сега е како кога ќе дојдеш на журка во 5 часот наутро. Сите најдобри 'риби' веќе си заминале и нема ни пијалок. Ние сме, за жал, тие кои доаѓаат на журката во 5 наутро. Журката наголемо замира, а ние влегуваме полни со ентузијазам“! Само што додека дојде време нас Македонците не поканат на „журка“, ќе го снема и „станот“, во кој журката некогаш се правела!
   ]]>