евровизија 2022 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 16 May 2022 09:09:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png евровизија 2022 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Евровизија – наместо музичка, „политичка парада на изопаченоста, лицемерието и надменоста“ на големите https://arhiva.vistina.com.mk/evrovizija-namesto-muzichka-politichka-parada-na-izopachenosta-licemerieto-i-nadmenosta-na-golemite/ Mon, 16 May 2022 08:52:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=250426

Помина уште една Евровизија по која со години толку копнееме и ние некаков успех да прожнееме, макар тој бил и само влез во финале. Со ретки исклучоци кога знаевме да блеснеме (Елена Ристеска, Тамара...) и покрај солидните настапи секогаш останувавме да бидеме  „ситниш“ за поткусурување, зашто за да влезат „подобрите или подобните“, секогаш некој мора да отпадне, нели? Без оглед каква песна и каков настап има(в)ме, успехот ни даваа едвај да го „помирисаме“, ни дозволуваа да го вкусиме само „на кафено лажиче“, колку да не е без ич... Патем, самите заблудени во наводната важност на настанот, речиси постојано заглибувавме во сопствените скандали, во калта на околните евровизиски случувања кои врска немаат со музика, од која потоа „со трактор“ се вадевме... За следната година одново да „пропаднеме“! Така беше со години, така е и последниве две... Праќавме тотално невпечатливи песни, изведувачи со можеби супериорни гласовни можности, но бледи и инфериорни  на сцената, инфантилни и „недоветни“ надвор од неа, со своите испади, гафови, глупави потези и недоделкани изјави... И завршивме како што завршивме, давајќи им само причина повеќе на големите кои и политички и музички ја „кројат евровизиската капа“ онака како што ним во моментот им одговара, да не „шуткаат“... со  „алиби“! Оттаму и дилемата по најавата на МРТ, дали воопшто догодина да се учествува на Евровизија? Од една страна НЕ - заради негативниот публицитет и уривањето на рејтингот и на националниот сервис и на државата, од друга страна - ДА, заради тоа што афирмацијата на земјата, меѓу кои и естрадно - културната се' уште ни е потребна, а вакавите собири се згодна прилика. Секако, кога се' би било „регулар“! Вака...? Она што Евросонг го покажа и годинава е дека оддамна наместо музичка, е претворена во „политичка парада на изопаченоста, лицемерието и надменоста“ на големите! Музички едвај на прсти да ги изброиш квалитетот или хит рефрените, визуелно - повеќе карневал и маскенбал отколку фестивал, полн со хомосексуални, бизарни, бестијални и секако политички пораки, скриени под плаштот на музиката како „ода на радоста“, спакувани во целофанскиот слоган: „Звукот на убавината“, зад кој се крие се', само фер музички натпревар - НЕ! Не дека Украина на „чудесен начин“ победи со фолк - рап песна, која е дури и допадлива, туку дека победи заради наводното „сочувствување“ на „сочувствителната“ Европа, заради тоа што и се случува на таа земја?!  Истата таа Европа која баш и не беше ни грам „музички сочувствителна“ кон една Босна, Хрватска или Србија после војната по распадот на СФРЈ, или кон Македонија по воениот конфликт во 2001-та? Естрадно покажување „политичка моќ и мускули“ на одредени европски центри и тоа не само преку победата на Украинците, туку  и „преку ноќ воскреснатото“  Обединето Кралство чии преставници како по правило последниве години завршуваа меѓу последните, а сега по брегзитот за малку не победија на Евросонг, преку „О“ (нула) поените од жирито од сите земји за Германија, која на крајот заврши последна со едвај 6 поени од телевоутингот, што е музички повеќе од необјасниво, ама политички... веројатно има зошто!? Чудно, сомнително и индикативно, дали Евровизија не се претвори и во „естрадно поле за политички натпревар меѓу народите“? Оние, големите, на кои тоа им се може?! Оние другите, поточно дел од нив, пробуваат „на ситно“ шверцерски да „крадат поени“... Се' дур не ги фатат! А, ги фатија! Затоа, и покрај сите наши „грешки и пропусти“, сите наши „утки и погодоци“, сето наше (не)знаење и ограничени можности, можеби е навистина добро да размислиме дали догодина Македонската Радио - Телевизија треба да испрати свој, наш, претставник на Евровизија? Која патем и не се знае каде ќе се одржи, со оглед на сите воено-политички околности во Украина!? Британците веќе се нудат да бидат домаќини, Италија вели дека би можела да ја репризира годинешнава, а Шведска која е пред вратите на НАТО, како повеќекратен победник со големо искуство во организационо - техничко - бродкастеркиот де,л  исто така се понуди за домаќинство. Украина пак тврди дека сепак ќе биде добар домаќин и тоа според зборовите на претсадетелот Зеленски, во сега за жал, речиси срамнетиот со земја Мариупол!? Како и да е, „парадата“ мора да продолжи. Прашање е само каде и дали со нас на неа, догодина? Фото: Јутјуб принтскрин/Eurovision Song Contest 2022 - Grand Final - Full Show /express.co.uk/МРТ1 Промо]]>

Украина победи на Евровизија 2022 (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ukraina-pobedi-na-evrovizija-2022-video/ Sun, 15 May 2022 07:56:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=250399

Украина е победник на изборот за песна на Евровизија 2022. Иако националните жирија му дадоа повеќе на претставникот на Обединетото Кралство, публиката го реши победникот со огромни 439 поени. Оваа година, победата отиде во рацете на „Калуш Оркестра“ од Украина, чија песна „Stefania“ беше избрана за најдобра во конкуренцијата од 40 земји-учеснички. На втората позиција се најде Обединетото Кралство, а на третата позиција – Шпанија. Србија беше единствена од земјите на територијата на поранешна Југославија која успеа да се пласира во големото финале. Нивната претставничка Ана Ѓуриќ, попозната како Констракта, го освои одличното 5. место. Според правилата, победничката евровизиска песна е избрана од жири-комисија составена од експерти од музичката индустрија, но и од гласовите на публиката. Според гласовите на стручната жири-комисија, најмногу гласови освои Обединетото Кралство – 283. Но, по пребројувањето на гласовите на публиката, стана јасно дека Украина е годинашен победник на Изборот на песна за Евровизија. Ова е трета победа на Украина на ова музичко натпреварување, кое привлекува публика од 200 милиони луѓе од 45 земји. Финалето на Евровизија се одржа во салата Пала Олимпико во Торино - Италија. Вака изггледаше и звучеше победничкиот евровизиски настап на „Калуш Оркестра“  од Украина на Евросонг 2022:  Фото: Скриншот/ Јутјуб Видео: Јутјуб]]>

На првото евровизиско полуфинале, дебакал на претставниците од регионот: Ова се првите 10 финалисти на Евросонг 2022 https://arhiva.vistina.com.mk/na-prvoto-evrovizisko-polufinale-debakal-na-pretstavnicite-od-regionot-ova-se-prvite-10-finalisti-na-evrosong/ Wed, 11 May 2022 06:08:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=249792

Вчеравечер, 10 мај 2022 год.  во Торино, се одржа првата полуфинална вечер на Евровизија 2022, на која за место во финалето се бореа 17 земји. Домаќини на првото евровизиско полуфинале се оскаровската пејачка Лаура Паусини, Алесандро Кателан и пејачот Мика, а европски центар сношти беше салата Пало Олимпико. 66-то издание спектакуларно го отвори Албанија и нејзиниот претставник Ронела Хајати со песната „Тајна“, а по неа настапија претставниците на Литванија, Летонија, Швајцарија, Словенија, Украина, Бугарија, Холандија, Молдавија, Португалија, Хрватска, Данска, Австрија, Исланд, Грција, Норвешка и Ерменија. По изведувањето на сите песни, секоја земја ги презентираше незјините гласови од 1 до 8, 10 и 12 поени, во состав сет од жири од пет експерти од музичката индустрија и еден од телевоутингот на гледачите. Гледачите гласаа преку телефон, СМС и преку официјалната апликација на Евровизија. Првите 10 земји кои се пласираа во финалето на 66. Избор за песна на Евровизија се: Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија. Земјите кои не успеаја да влезат во финалето се: Бугарија, Латвија, Словенија, Хрватска, Австрија, Данска и Албанија, по што е јасно дека земјите од Балканот и воопшто од регионот, доживеаа вистински евровизиски дебакл! Фото: Профимедиа]]>

Андреа ја имаше првата проба во Торино (Фото+Видео) https://arhiva.vistina.com.mk/andrea-ja-imashe-prvata-proba-vo-torino-foto-video/ Tue, 03 May 2022 12:59:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=248420

Македонската евровизиска претставничка Андреа ја одржа првата проба за престојната Евровизија во Торино. На првата проба Андреа е сама на сцената, облечена од глава до петици во црно. LED екраните зад неа покажуваат пулсирачка графика, која е едноставна, но ефикасна. Осветлувањето се користи за драматизирање на нејзината изведба, која Eurovision.tv ја опишува како „влијателна“. Таа, исто така, ги користи мостовите над водните каскади како екрани за графички ефекти што е само втор пат да ги видиме како користат на овој начин досега, Молдавија беше прва. Тоа е навистина впечатливо, а постановката дефинитивно му дава простор на моќниот глас на Андреа да блесне. Евровизиските критичари и новинарите ќе имаат можност да ја следат втората проба на сите изведувачи па тогаш се очекуваат и првите коментари за настапот на Андреа. Инаку, пред испраќањето на македонската делегација и евровизиската претставничка Андреа во Торино,  на 30. април се одржа Евровизиска забава во Нано Бар во скопско Дебар Маало, во организација на евровизискиот фан клуб ОГАЕ Македонија. На забавата во пресрет на евровизискиот натпревар, посетителите  уживааво најголемите евровизиски хитови, победничките песни од изминатите години, како и песните на досегашните македонски претставници.]]>

Сара Јо првпат се огласи по учеството на Беовизија и откри што мисли за Констракта https://arhiva.vistina.com.mk/sara-jo-prvpat-se-oglasi-po-uchestvoto-na-beovizija-i-otkri-shto-misli-za-konstrakta/ Tue, 08 Mar 2022 09:03:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=242106

Сара Јо учествуваше на Беовизија 2022 и го освои второто место. Иако многумина очекуваа дека пејчката ќе победи и ќе ја претставува Србија во Торино, сепак, победничка е Констракта со песната „In corpora sano“. Како што се пишуваше, наводно Сара за време на финалето била многу бесна бидејќи победила Констракта, па дури не и честитала. Сара Јо сега се огласи на својот „Инстаграм“. -Веќе два дена се обидувам да ги соберам впечатоците бидејќи со недели сум полна со емоции. Неколку пати го пишувам и бришам овој пост бидејќи сакам веродостојано да ви ги пренесам чувствата. Кој ме познава, може да препоставува за што се работи – ништо не знам да направи „ради реда“, посебно ако нешто ми е важно, а важно ми е да знаете колку ми значевте претходниот период и колку вашата поддршка имаше смисла. Ни во најлудите соништа не можев да замислам таков фидбек. Се почувствував сакана како никогаш досега. Но, иако таквите реакции ми беа ветер во грб, морам да признам дека малку ме исплашија. Цело време имав неверојатен притисок, како и голема одговорност да ги оправдам вашите очекувања – вашите, своите, очекувањата на соработниците, пријатели, семејството...Имав чувство дека сите работи кои ги работев се сведоа на три минути настап. Со самото тоа, подготовките беа вистински ролеркостер – балансирање меѓу желбите и можностите, несигурноста, водење на борба самата со себе...А вие во се тоа играте важна улога. Затоа посебно сакам да го истакнам значењето на вашата љубов во последните месеци која беше многу повеќе од поддршка во едно натпреварување. Секако дека ми беше што ми „избега“ приликата оваа година да ја претставувам својата држава, и тоа во мојата сакана Италија, но ова од перспектива, единствен пораз би ми бил својата цел да не ја остварив до крај, а поглавје го затварам како едно од највредните искуства, со  настап на кој сум горда и со потврда дека тоа е единствено место на кое се чувствувам своја на своето. Никогаш нема да го заборавам она што ми го дадовте. Исто така, честитки на магичната Констракта, која не беше синоним за автентичност само на Евровизија туку во текот на целата кариера. Продолжи да не инспирираш и да не потсетуваш колку е убаво да се биде свој, напиша Сара на Инстаграм.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Sara Jo (@sarajoofficial)

За потсетување, Сара го освои второто место. фото: инстаграм/sara jo]]>

Според обожувалниците еве на кое место се наоаѓа Македонија на Евровизија https://arhiva.vistina.com.mk/spored-obozuvalnicite-eve-na-koe-mesto-se-naoagja-makedonija-na-evrovizija/ Mon, 07 Mar 2022 23:00:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=242150

Се ближи датумот за Евровизија 2022 година која ќе се одржи во Торино, Италија. Македонија ќе ја претставува Андреа Коевска со песната „Circles“ која на листата на обожувалниците е на претпоследно место, веднаш пред најлошо пласираната Словенија која е на последно место. Моменталните квоти на обожувалниците покажуваат дека ќе победи Украина. На второ место се наоѓа Италија, а на трето Шведска. Србија ќе ја претставува Констракта со песната „In corpora sano“ и се наоѓа на 20-то место. Црна Гора е на 24 позиција, а Хрватска 30. фото: притнскрин/јутуб]]>

Не се штедеше: Еве колку пари Сара Јо потроши за нејзиниот настап на изборот на песната за Евровизија https://arhiva.vistina.com.mk/ne-se-shtedeshe-eve-kolku-pari-sara-jo-potroshi-za-nejziniot-nastap-na-izborot-na-pesnata-za-evrovizija/ Mon, 07 Mar 2022 12:24:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=242004

Пејачката Сара Јовановиќ позната како Сара Јо не се штедела кога станува збор за нејзиниот настапи, па така се потруди нејзиниот перформанс на избор за песна за Евровизија 2022 да изгледа перфектно. Имено, како што пишува ало.рс, Сара во своето претставување вложила многу труд, но и пари. Како што се пишува, таа потрошила 30 000 евра за да ги исполни своите желби. -Сара ова натпреварување го сфати сериозно и најголема желба и беше да победи. Токму поради тоа, таа секојдневно вежбаше со својот тим, а освен пробите, таа издвоила и голема сума на пари за да настапот изгледа онака како замислила, вели изворот за ало.рс -Сара покрај неа имаше сериозен тим, танчери кои ги предводеше нејзиното момче, кореографот Жига Сотлар, стилист, сценограф, тим за разубавување...Многу луѓе работеа со Сара за да изгледа светски. Таа беше свесна дека нејзиното учество на натпреварувањето многу ќе ја чини, но штедеше пари, вели изворот и продолжува: -Исто така, важен дел од нејзината кореографија е големиот круг во кој се наоѓа на почетокот на настапот, а кој е тежок 100 килограми. Секако, во текот на целата песна има и многу ефекти кои не се евтини. Целокупниот настап чинеше околу 30 000евра, вели изворот и додава дека Сара ја поддржувале и Италијанци. -Сара од 16 години живееше во Италија и таму има пријатели кои ја поддржуваат.Кога го видео нејзиниот настап во првата полуфинална вечер и се јавија и кажаа дека Италијанците се воодушевени од нејзиниот перформанс,вели изворот. Сепак, Сара Јо го освои второто место, а победничка е Констракта со песната „In corpora sano“ фото: принтскрин/јутуб/твитер]]>

Еве која е Констракта, српската претставничка на Евровизија 2022 https://arhiva.vistina.com.mk/eve-koja-e-konstrakta-srpskata-pretstavnichka-na-evrovizija-2022/ Mon, 07 Mar 2022 09:58:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=241916

По две полуфинални вечери и една финална вечер, Србија го одбра својот евровизиски претставник. Констратка со песната „In corpora sano“ ќе ја претставува Србија на Евровизија во Торино. Ана Ѓуриќ Констракта е дипломиран архитект, мајка на две деца, Лена и Никола. Таа за мајчинството зборуваше во српските медиуми. -Во досегашното искуство имаше ситуации во кои се прашував дали ова е нејзин/негов карактер или фаза? Дали погрешно реагирав, а да не ја разбрав нивната потреба? А тој страв дека се пренесува на децата, дека влијае на нивната самодоверба. Бидејќи децата не се сушества од друга планета. Работата е многу едноставна, само ако ја сфатиме сериозно и со почит нејзината потреба. Жал ми е за секоја ситуација во која преовладуваше мојот страв од потребата на моето дете, изјави Констракта во интерву пред неколку години. Таа била член на групата  „Земља Грува“ кој бил создаден во 2007 година. Констракта по настапот на првата полуфинална вечер на Беовизија го привлече вниманието. Нејизината песна “In corpora sano“ стана прва во трендинг, а во обожувалниците не се ни појавуваше, а сега е меѓу фаворитите. Нејзиното уметничко име е вистинска мистерија, во една прилика откри дека нејзиниот псевдоним во исто време значи рационално и емотивно во едно. Стиховите „Која је тајна здраве косе Меган Маркл“ се хит на социјалните мрежи, а таа откри зошто се одлучила војвотката од Сасекс да ја спомне во песната. -Се одлучив да ја спомнам Меган Маркл бидејќи весниците пишуваат дека има здрава коса. Да не се лажеме, има поубава коса и од Кејт Мидлтон. Кејт има убави шешири, а Меган коса, објасни пејачката, а пренесува курир.рс фото: принтскрин/јутуб]]>

Аца Лукас со ултиматум до РТС: Ако не ги исполнат условите, нема да се појави на Беовизија? https://arhiva.vistina.com.mk/aca-lukas-so-ultimatum-do-rts-ako-ne-gi-ispolnat-uslovite-nema-da-se-pojavi-na-beovizija/ Wed, 02 Mar 2022 09:28:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=241268

Пејачот Аца Лукас по повод неговото учество на Беовизија 2022 одржа пресконференција. На конференцијата пејачот ја обвини РТС кој е организатор на фестивалот за избор на претставник на Евровизија дека не сака да ги испочитува неговите услови. На прашањето каква одлука ќе донесе во следните 24 часа, менаџерот на Лукас одговори: -Дали ќе учествуваме или не. Зависи од тоа дали ќе ги испочитуваат барањата. Тоа што ме тужеше Оливера Ковачевиќ тоа е само притисок, но е недозволиво да не се знаат кои се членовите на жирито, изјави менаџерот на Лукас, Саша Мирковиќ. На Мирковиќ се надоврза и Лукас кој го обвини РТС. -Знаеме дека на некој му е понудено да биде жири и дека за тоа добиваат пари, тврди Лукас и додава: -Oвде најголем проблем е што постојат ситни луѓе кои се борат околу тие ситни делови и сакат нешто да „зграбат“. Само нашиот клавир е поскап од сцената на РТС. -Ако не ги откријат имињата на жирито до настапот, ние нема да се појавиме, вели Мирковиќ. Според тврдењата на тимот на Лукас, РТС не може на сцена да го донесе клавирот кој за пејачот пристигнува од странство, а кој тежи 595 килограми. На крајот тие открија дека клавирот сепак ќе се најде на сцената. -Се ќе биде регуларно. Имаме сила и можности да изгледа како што треба, порачаа од тимот. Аца Лукас откри дека и за време на фестивалот, Кија Коцкар ќе биде негов ПР. -Најдобро потег е јас да бидам ПР бидејќи единствено Аца Лукас може да ме поднесе. Вредни сме и секогаш велам „кога ќе победиме“, а не “ако победиме“, па се надевам дека сė ќе се реши, изјави Кија. фото: никола томиќ]]>

Русија исфрлена од Евровизија 2022 https://arhiva.vistina.com.mk/rusija-isfrlena-od-evrovizija-2022/ Sat, 26 Feb 2022 09:07:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=240814

На официјалниот профил на Твитер на Евровизија пишува дека Русија е исфрлена од натпреварувањето. Пред донесување на ваквата одлука, ЕБУ одвоил време да се консултира опширно со своето членство. -Европската радиодифузна унија соопшти дека ниту еден руски изведувач нема да учествува на овогодинешното наптреварување на песна за Евровизија. - Извршниот одбор на ЕБУ ја донесе одлуката врз основа на денешната претходна препорака на управното тело на „Евровизија“, Референтната група, врз основа на правилата на настаните и вредностите на ЕБУ. -Препораката на Референтната група ја поддржа и телевизискиот комитет на ЕБУ. Одлуката ја одразува загриженоста дека, во светло на кризата без преседан во Украина, вклучувањето на Русија ќе ја доведе конкуренцијата до „лоша репутација“. -Остануваме верни на нашата цел да ги штитиме културините вредности кои ја спојуваат публиката од цела Европа и ги слават разликите низ музиката. Statement from @EBU_HQ regarding Russia's participation in the Eurovision Song Contest 2022.https://t.co/HmKJdqVE4J pic.twitter.com/tVH6yFxzbq Инаку, ЕБУ претходно соопшти дека Русија нема да биде исфрлена од натпреварувањето бидејќи Евровизија е културан настан. Meѓутоа, бидејќи многу држави се загрижени поради нападот врз Украина, организаторите ја исфрлија Русија од натпреварувањето. Евровизија 2022 година ќе се одржи во Торино, Италија. фото: epa/efe/ Robin Van Lonkhuijsen/profimedia  ]]>