евровизија 2019 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sun, 19 May 2019 16:03:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png евровизија 2019 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Преслушајте ги ТОП 5 евровизиските песни за 2019 година (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/preslushajte-gi-top-5-evroviziskite-pesni-za-2019-godina-video/ Sun, 19 May 2019 15:56:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=88679

Финалните резултати од Евровизија 2019 година сумирани од гласовите на жирито од 41 земја, како и гласовите од телевонските гласови изгледа вака:
Во Топ 5 се најдоа: победникот Холандија, веднаш зад неа Италија, па Русија, четврти беа Швајцарија и на петтото место Шведска. Ова се снимките од вчеравечер на големото финале: https://www.youtube.com/watch?v=YiIjuLRyinM https://www.youtube.com/watch?v=M-aoyPa41Ic https://www.youtube.com/watch?v=eNzlxEZ_JG4 https://www.youtube.com/watch?v=8aUYzqAIdoM https://www.youtube.com/watch?v=Ovt7YGHAj8I]]>

Мадона пристигна во Тел Авив, а вака ќе изгледа на голема сцена (фото+видео) https://arhiva.vistina.com.mk/madona-pristigna-vo-tel-aviv-a-vaka-kje-izgleda-na-golema-scena-foto-video/ Fri, 17 May 2019 07:52:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=88425

Иако беше неизвесно дали кралицата на попот ќе се појави во финалната евровизиска вечер во Израел -Тел Авив, дилемата е тргната, а тоа го потврди и самата на социјалните мрежи. Мадона веќе ја имаше првата проба од која објави неколку снимки и фотографии на Инстаграм, а со тоа откри како ќе изгледа нејзиното шоу.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Madonna (@madonna) on

Како што пишуваат од Times of Israel, Мадона пристигнала со приватен авион на аеродромот Бен Гурион. На главата носела голем шешир за да ги спречи папарациет да и го фотографираат лицето, а со својата придружба била донесена во хотелот Дан каде што го реазервирала целиот 4-ти спрат.
По нејзиното доаѓање имала недоразбирање со организаторите кога пристигнала на проба во Арената затоа што не ѝ дозволиле да влезе со оглед на тоа што до тој момент таа немала потпишано договот за настапот. Дополнително сè било решено, а пак опремата за нејзиниот настап била донесена со бродови.
Со неа пристигнале 135 личности од кои 40 се придружни  вокали, 25 танчари, а останатите се техничари. Поголемиот број на парични средства за нејзиниот настап на Евровизија ги дал израелско-канадскиот милијардер Силван Адас.
Претходно Мадона изјави дека прифатила да настапува во Тел Авив и дека никогаш нема да престане да настапува ширум светот заради нечии политички агенди, но и дека нема да престане да зборува за кршењето на човековите права каде и да е.  ]]>

Еве кој е во нашето стручно жири за „Евровизија 2019“ https://arhiva.vistina.com.mk/eve-koj-e-vo-nasheto-struchno-ziri-za-evrovizija-2019/ Tue, 14 May 2019 13:09:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=87648

За членовите на жирито важат следните правила и критериуми:
  • Ниту еден член не треба да бил дел од жирито во претходните две години;
  • Секој член треба да има наполнето минимум 16 години на денот на гласањето;
  • Во жирито не треба да има повеќе од еден вработен во националниот сервис на земјата;
  • Членовите на жирито треба да имаат солидна музичка/уметничка позадина и релевантно професионално искуство (како што е пејач, музичар, композитор, текстописец, професионалец во полето на телевизијата или радиото, музички критичар/експерт, танчер или кореограф);
  • Членовите на жирито треба да бидат граѓани на земјата што ја претставуваат;
  • Ниту еден член од жирито не смее да биде поврзан со песните или изведувачите што се натпреваруваат на начин што ќе им влијае врз гласањето.
Членовите на жирито ги одбира националниот сервис во секоја земја, така што кај нас изборот го прави МРТ. Нашето жири годинава го предводи претседателката Сузана Стефановска, музичка уредничка и водителка во МРТ - Радио 2, а заедно со неа своите гласови ќе ги дадат и виолончелистката и пејачка Фјола Исмаили, поп-пејачот Роберт Вукелиќ, диџејката Христина Мицковска и авторот и пејач Александар Митевски. 
Тие се дел од вкупно 205 членови на жиријата годинава, а во случај некој член да биде спречен да гласа од која и да е причина, секое жири има и по еден резервен член. Најмладиот член на евровизиските жирија годинава има 16 години и доаѓа од Малта, додека настариот, 82-годишен член е од Хрватска. 96 членови од жиријата се жени, додека 109 се мажи. Меѓу нив има и изведувачи од претходните години, како што се минатогодишните претставници на Хрватска и на Србија – Франка Бателиќ и Александар Сања Илиќ (Балканика), во српското жири се и Леонтина Вукомановиќ, Александра Милутиновиќ и Воја Аралица, а дел од британското жири е познатата пејачка Софи Елис - Бекстор.
Евровизиската недела ќе биде официјално отворена утре, а трите фестивалски вечери нè очекуваат во вторник, четврток и во сабота. Нашата претставничка Тамара Тодевска настапува во втората полуфинална вечер на 16 мај, под реден број 17.]]>

Тамара нема да пее сама за Македонија на евровизиската сцена: Покрај Антониа Гиговска ќе ја придружува уште една вокална двојка https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-nema-da-pee-sama-za-makedonija-na-evroviziskata-scena-pokraj-antonia-gigovska-vokalno-kje-ja-pridruzuva-ushte-edna-vokalna-dvojka/ Mon, 18 Mar 2019 13:49:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=78038

Евровизискиот тим кој во мај ќе ја претставува Македонија на сцената на „Евровизија“ во Тел Авив полека се комплетира. Во петокот, 15 март 2019, објавивме дека Антониа Гиговска  и годинава повторно биде дел од Евросонг, вест која и самата пејачка ја сподели на приказните од својот Инстаграм профил.
Денес, понеделник 19 март 2019, од екипата на Тамара,  соопштија дека нејзина вокална поддршка покрај Антониа ќе биде уште една  македонска пејачка машко- женска двојка: Александра Јанева и Васил Гарванлиев!
Оваа информација и самата Тамара ја објави на својот Твитер профил.
Струмичанката Александра Јанева важи за еден од најдобрите женски вокали во Македонија од поновата генерација. По успехот на минатогодишниот хит „Еуфорија“ отпеан во дует со колешката Наташа Малинкова и соло синглот кој излезе пред него насловен „Ќе се вратам некој ден“, деновиве ја објави новата песна и видео  насловена „Срце отвори“.
Струмичкиот оперски пејач Васил Гарванлиев  македонската публика го памети уште како малото детенце кое ја пееше детската песна „Марионка“. Кон крајот на септември 2018 год. ја исфрли темата „Ѓердан“ и видеото за неа, моќна тема со интегриран македонски фолклор во неа.  ]]>

Таа и годинава ќе и биде придружен вокал на Тамара на Евровизија: Ќе не направат ли горди или повторно ќе „изгориме“? https://arhiva.vistina.com.mk/taa-i-godinava-kje-i-bide-pridruzen-vokal-na-tamara-na-evrovizija-kje-ne-napravat-li-gordi-ili-povtorno-kje-izgorime/ Fri, 15 Mar 2019 09:25:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=77692

Таа и минатата година  беше  дел од евровизискиот тим, придружувајќи ги како вокал колегите од „Ај кју“ во Лисабон,  во нивната изведба на „Lost And Found“ (Изгубено и најдено).  За жал, заедно со Марија и Бојан како македонски евровизиски репрезенти „се изгубија“  продолжувајќи ја низата на неуспеси со невлегување ниту во финалната вечер. Во меѓувреме, за возврат убаво и тргна солистичката кариера. Една-две одлично прифатени нови песни и победа на најзначајниот македонски фестивал на забавни мелодии, па на интернационален фестивал во Брашов, Романија....
Годинава таа повторно се враќа на сцената на најпопуларниот европски фестивал и овој пат во истата функција... Само главниот пејач е друг! Како придружен вокал на Тамара Тодевска, чија евровизиска песна секојдневно добива сè повеќе пофалби и собира аплаузи, како дома, така и од евровизиските обожаватели.
Антониа Гиговска веста дека и годинава повторно биде дел од Евросонг ја сподели на приказните од својот Инстаграм профил.  Засега се знае само за неа... Кои ќе бидат останатите придружни вокали, чекаме да дознаеме наскоро.
Во меѓувреме, популарноста на Гиговска расте. Актуелна и особено забележана со своите настапи при учеството во специјалната емисија на „Пинковите ѕвездички“, во чии рамки продолжува да ги воодушевува и публиката и жирито со прекрасните изведби на познати хитови.
„Ако згрешам нека изгорам“, како да беше врвот! Песната оригинално отпеана од македонската фолк легенда, покојниот Пепи Бафтировски, а подоцна препеана од Каролина, Антониа ја испеа со многу чувства, жар, емоции и душа. Кулминација на можностите или Антониа може ниво погоре, останува да видиме?  Во меѓувреме, со душа чекаме и таа заедно со Тамара и екипата годинава да не направат горди, па да се најдеме во финалето, а зошто да не и повеќе од тоа? „Никогаш не вели никогаш“... Впрочем... „Ако (з)грешам, нека изгорам“! https://www.youtube.com/watch?v=0P0u1hhs4Mc]]>

Моќно и гордо: Вака звучи и изгледа евровизиската песна на Тамара – „Proud“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mokjno-i-gordo-vaka-zvuchi-i-izgleda-evroviziskata-pesna-na-tamara-proud-video/ Sat, 09 Mar 2019 08:33:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=76710

Тамара и МРТ, вчеравечер, 8 март, ја пратставија Евровизиската песна „Proud“ со која пејачката ќе не претставува во Израел. Едноставна, но исклучително моќна балада, фасцинантно отпеана со сугестивниот, впечатлив и разурнувачки вокал на Тамара и стихови кои во себе носат силна порака од која морници ти поминуваат по телото. Така отприлика може да се опише чувството кога за прв пат ја слушате нашата евровизиска песна и исполнението на на Тамара. Со еден збор кажано: Моќно… Како никогаш досега! Зашто покрај песната се чини дека овој пат имаме и комплетен пакет, комплетен мозаик кој ги склопува коцкичките на мозаикот за евровизиски успех… И песна, и пејачка и изглед и што е најважно силна порака… И тоа општо прифатена, општоцивилизациска, универзална! Затоа и во старт можеме да бидеме „горди“! Резултатот на крајот конечно и не е важен. З а него одлучуваат и многу други, немузички фактори! Важен е само впечатокот кој ќе го оставиш! Слушајќи ја премиерно „Proud“ веднаш е јасно дека нема втора шанса за прв впечаток… Зашто од неа нема ни потреба! Тамара и нејзиниот, нашиот евровизиски тим не направија горди уште на прво слушање! Се надеваме и радосни на претстојниот Евросонг во Телавив. Зашто ваква песна, навистина и е потребна на Европа…И не само нејзе, му е потребна на светот! А ние ја имаме! За мозаикот да биде комплетен, а впечатокот уште посилен се погрижиле авторите и на видеото кое ја заокружува приказната. Едноставно, а исто толку моќно колку и песната. Видео во кое се испреплетуваат дузина помалку или повеќе познати, до сосема анонимни македонски женски ликови од естрадниот, културниот, општествениот и јавниот живот. Познати манекенки и модели, пејачки и водителки, актерки, писателки, лекарки… до мали дечиња, меѓу кои и ќерката на Тамара, Хана. Од Тијана, Катерина Ивановска, Ана Исаиева, преку Ана Стојановска и Винка Саздова, до Јагода Михајловска – Георгиева и др. Софија Пејкова… како симбол на силни, успешни, горди жени… Тие на себе, а нивните семејства и општеството на нив! Жени, чиј еден поглед, една гестикулација, едно движење во спотот кажува повеќе од илјада зборови, потенцирајќи ја основната порака на песната… „Proud“! https://www.youtube.com/watch?time_continue=169&v=Sw-NQ1a1zZ0]]>

Избрани тимот и евровизиската песна со која Тамара ќе ја претставува Македонија на Евросонг 2019 https://arhiva.vistina.com.mk/izbrani-timot-i-evroviziskata-pesna-so-koja-tamara-kje-ja-pratstavuva-makedonija-na-evrosong-2019/ Sat, 09 Feb 2019 11:27:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=71965

Тамара Тодевска ќе ја претставува Република Македонија на годинашниот Избор за песна на Евровизија во Тел Авив со песната со работен наслов „Proud“ на авторскиот тим: Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски. Ова е одлучено од консултативното тело на Македонската радио-телевизија по иницијатива на Тамара на вчерашното преслушување на песните што неколкумина наши автори ги доставија до МРТ по соопштувањето на изборот за македонскиот евровизиски претставник за 2019 година. Во моментов се работи на продукциското оформување на финалната верзија на песната која наскоро ќе ѝ биде претставена на јавноста. Евровизискиот настап на Тамара на сцената во Тел Авив ќе биде на втората полуфинална вечер на 16 мај.]]>

Македонија во втората полуфинална вечер на „Евровизија 2019“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonija-vo-vtorata-polufinalna-vecher-na-evrovizija-2019/ Tue, 29 Jan 2019 12:50:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=69998

Подготовките за 64. издание на „Евровизија“ се веќе во полн ек, а со влечење жрепка денеска беше утврдено и кои земји ќе се натпреваруваат во двете полуфинални вечери на 14 и на 16 мај. Македонија, односно нашата претставничка Тамара Тодевска ќе ја видиме во вториот дел од втората полуфинална вечер на 16 мај, кога ќе се натпреварува заедно со колегите од Албанија и Хрватска, воедно и единствените земји од регионот во оваа вечер.
Освен распределбата на 36-те полуфиналисти, утврдено беше и во која од полуфиналните вечери ќе гласаат земјите од „големата петка“ и домаќинот Израел, така што во првата полуфинална вечер ќе гласаат Шпанија, Франција и Израел, а во втората Германија, Италија и Велика Британија.
МРТ и Тамара допрва треба да го одберат и авторскиот тим што ќе ја создаде евровизиската песна. „Вечно втората“ пејачка се надева дека барем 2. место ќе го освои и на овој фестивал, а со каква композиција ќе настапи во Тел Авив ќе дознаеме наскоро.
Како и секогаш, официјалниот редослед ќе биде одреден непосредно пред евровизиската недела, а која земја во која полуфинална вечер ќе настапува дознајте во продолжение.
Прва полуфинална вечер (14 мај)
Прва половина
  • Словенија
  • Белорусија
  • Чешка
  • Црна Гора
  • Кипар
  • Србија
  • Финска
  • Полска
  • Унгарија
Втора половина
  • Естонија
  • Португалија
  • Сан Марино
  • Исланд
  • Грузија
  • Австралија
  • Белгија
  • Украина
  • Грција
Втора полуфинална вечер (16 мај)
Прва половина
  • Швајцарија
  • Шведска
  • Ирска
  • Австрија
  • Молдавија
  • Летонија
  • Романија
  • Данска
  • Ерменија
Втора половина
  • Албанија
  • Азејбејџан
  • МАКЕДОНИЈА
  • Норвешка
  • Русија
  • Холандија
  • Хрватска
  • Литванија
  • Малта
https://www.youtube.com/watch?v=fstf5D0uXnY&t=2132s]]>

„Евровизија 2019“ од 14 до 18 мај во Тел Авив https://arhiva.vistina.com.mk/evrovizija-2019-od-14-do-18-maj-vo-tel-aviv/ Fri, 21 Sep 2018 11:04:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=49267

По неколкумесечни преговори за точната локација каде што ќе се одржува 64. издание на „Евровизија“, како град-домаќин на популарната манифестација е избран Тел Авив, соопштија од ЕБУ. „Би сакале да им се заблагодариме на сите израелски градови што се понудија да бидат домаќини на натпреварот, и на националната телевизија КАН, која детално ги разгледа сите опции и ни помогна да донесеме одлука. Сите понуди беа одлични, но на крајот решивме дека Тел Авив ги нуди сите потребни можности за најголемиот музичи настан на светот. Возбудени сме што го носиме натпреварот во сосема нов град и едвај чекаме ’Евровизија 2019’ да ја направиме најспектакуларната досега“, изјави извршниот надгледувач на фестивалот, Јон Ола Санд.
Организаторите ги утврдија и датумите за трите фестивалски вечери, па така полуфиналните вечери ќе се одржат на 14 и 16 мај, а големото финале на 18 мај. Сето тоа ќе се одвива во Експо-центарот во Тел Авив, наречен „Битан 2“ (Павилјон 2), кој има капацитет за 10.000 посетители. „Евровизија 2019“ ќе се одржи во Израел по победата на Нета Барзилаи со песната „ Toy“ со што оваа земја го забележа четвртиот триумф на овој фестивал.]]>