евровизија 2018 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 11 May 2018 12:13:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png евровизија 2018 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Познати сите финалисти на „Евровизија 2018“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/poznati-site-finalisti-na-evrovizija-2018-video/ Fri, 11 May 2018 12:13:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=26566

Со одбирањето на последните десет финалисти во рамките на вчерашната втора полуфинална вечер, комплетиран е списокот со претставниците на 26-те земји, чии композиции утревечер ќе се натпреваруваат за титулата Песна на Евровизија за 2018 година. Од осумнаесетте полуфиналисти вчера, пласман за финалето си обезбедија: Србија, Молдавија, Унгарија, Украина, Шведска, Австралија, Норвешка, Данска, Словенија и Холандија, а натпреварот е завршен за: Романија, Сан Марино, Русија, Грузија, Полска, Малта, Летонија и Црна Гора.
На вчерашната конференција за медиумите беше утврден и редоследот за настапи за саботното финале, така што вечерта ќе ја отвори украинскиот претставник Меловин, а последни, 26. по ред ќе настапат италијанските претставници Ермал Мета и Фабрицио Моро. Од земјите од соседството што се квалификуваа за финале, повторно ќе ја видиме словенската претставничка Леа Сирк, која настапува под реден број 3, српската група „Балканика“ ќе ја видиме десетта, Албанецот Еугент Бушпепа е 12., а бугарската група „Еквинокс“ ќе настапи осумнаесетта.
01. Украина
02. Шпанија
03. Словенија
04. Литванија
05. Aвстрија
06. Eстонија
07. Норвешка
08. Португалија
09. УК
10. Србија
11. Германија
12. Албанија
13. Франција
14. Чешка
15. Данска
16. Aвстралија
17. Финска
18. Бугарија
19. Mолдавија
20. Шведска
21. Унгарија
22. Израел
23. Холандија
24. Ирска
25. Кипар
26. Италија
Во рамките на големото финале конечно ќе го видиме и минатогодишниот победник Салвадор Собрал, кому во декември му беше извршенa трансплантација на срце,  а сцената во арената „Алтис“ во Лисабон ќе ја подели со бразилската легенда Каетано Велозо.

Инаку, обложувалниците и понатаму предвидуваат победа за кипарската претставничка Елени Фуреира, која доколку триумфира на годинашниот фестивал, ќе ја обезбеди првата победа за својата земја. Кипар се вклучи во натпреварот во 1981 година и досега настапувала вкупно 35 пати, од кои 29 со пласман во финалето. Најдобриот пласман со освоено 5. место го имаше три пати, во 1982, 1997 и во 2004 година. Веднаш зад неа е Израелката Нета Барзилаи, чиј хит „Toy“ два месеца беше на првото место според обложувалниците, а меѓу најдобрите пет (засега) се и Франција, Литванија и Шведска.

Како и претходните две вечери, така и финалната вечер ќе биде пренесувана во живо на првата програма на МРТ, утревечер (сабота, 12 мај), со почеток од 21.00 часот.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=18&v=JrQN47lzIpo

Извор: РадиоМК

]]>

Кои се фаворитите за Евровизија 2018? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koi-se-favoritite-za-evrovizija-2018-video/ Thu, 22 Mar 2018 12:18:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=17075

Се наближува годинешната Евровизија што ќе се одржи во почетокот на мај во Лисабон - Португалија, па земјите учесници наголемо се подготвуваат и ги промовираат своите евровизиски претставници и нивните песни. Затоа ви нудиме да ги погледнете фаворитите на публиката, во вид на избор од 43 топ евровиски видео рефрени спакувани во овој промотивен видеоклип,  меѓу кои е и нашата "Lost & found"  на Eye Cue: https://www.youtube.com/watch?v=nRZ372Vcdck]]>

„Еye Cue“ со „Lost and found“ ќе ја претставуваат Македонија на годинешниот Изборот за песна на Евровизија во Лисабон https://arhiva.vistina.com.mk/eye-cue-so-lost-and-found-kje-ja-pretstavuvaat-makedonija-na-godineshniot-izborot-za-pesna-na-evrovizija-vo-lisabon/ Tue, 13 Feb 2018 14:22:57 +0000 http://vistina.mk/?p=12649

Комисијата одлучи дека песната „Lost and found“ на авторот на музика и текст Бојан Трајковски и во аранжман на продуцентот Дарко Димитров, има убедливо најголем број гласови. Комисијата според правилата, едногласно заклучи дека: одбраната композиција на евровизиската сцена, најдобро ќе ја донесе групата „Еye Cue“ којашто е матична група на авторот со вокалистката Марија Иванов На ден 10.02.2018 година во просториите на МТВ се одржа селекција на пристигнатите песни по распишаниот јавен повик за: Песна којашто ќе ја претставува Македонија на Евровизија, Лисабон 2018 година. Комисијата беше во состав: Мери Попова – координатор на проектот Евровизија 2018 и уредник на Културно уметничка програма на МТВ1 , Каролина Петковска - Уредник на Редакција за Контактно забавни емисии во МТВ1, Александра Јовановска – уредник и водител на музичка емисија во МТВ1, Авни Ќаили – уредник на Културно уметничка програма на МТВ2, Бранка Костиќ Марковиќ – музички новинар и критичар, Андријана Јовановска – музички новинар во „Репортер.мк“, Марко Марк – музички новинар во „Канал 77“ и водител во ТВ „Телма“ и Антонио Димитриевски - главен и одговорен уредник на порталот „Вистина.мк“ и продуцент на музичката манифестација „Македонски радиски фестивал  - МАРС“. Во процесот на подготовка за селекција, МТВ покани уште десет други личности коишто професионално се занимаваат со македонската и светска музичка сцена и случувања, но истите поради лични и субјективни причини не беа дел од селекционата комисија. Од пристигнатите 382 композиции на меѓународниот повик за Избор на песна за Евровизија, комисијата по пат на елиминација во три круга, на крајот селектираше 12 композиции. Секоја од композициите во последниот круг од страна на комисијата беше рангирана и бодувана според евровизискиот принцип на гласање.
По пребројувањето на гласовите, комисијата одлучи дека песната „Lost and found“ на авторот на музика и текст Бојан Трајковски и во аранжман на продуцентот Дарко Димитров, има убедливо најголем број гласови. По повторното преслушување, комисијата според правилата, едногласно заклучи дека: одбраната композиција на евровизиската сцена, најдобро ќе ја донесе групата „Еye Cue“ којашто е матична група на авторот со вокалистката Марија Ивановска. Комисијата е едногласна во ставот дека: одбраната композицијата има современ звук, впечатлив рефрен и текст, извонредни и оригинални вокални способности на изведувачот, што секако нуди и можност за квалитетен евровизиски пакет и достојно претставување на МРТ и Македонија на оваа престижна музичка манифестација во организација на ЕБУ. МРТ како носител на лиценцата на Избор за песна на Евровизија го прифати ставот на комисијата и упатува честитки до авторскиот тим и групата „Еye Cue“. Извор: МРТ]]>

Македонија во првата полуфинална вечер на „Евровизија 2018“ https://arhiva.vistina.com.mk/makedonija-vo-prvata-polufinalna-vecher-na-evrovizija-2018/ Tue, 30 Jan 2018 14:45:09 +0000 http://vistina.mk/?p=11276

Подготовките за 63. издание на „Евровизија“ се веќе во полн ек, а со денешното влечење жрепка веќе е познато и која земја во која полуфинална вечер ќе настапува. Како и секогаш, извлекувањето се емитуваше во живо на евровизискиот канал на Јутјуб, а на самиот почеток беше определено кога ќе гласаат шесте финалисти, односно земјите од „големата петка“ и домаќинот, па така Португалија, Шпанија и Обединетото кралство ќе гласаат во првата полуфинална вечер, а Германија, Франција и Италија во втората.
Заради непарниот број на учесници, полуфиналистите се поделени на 19 во првата и 18 во втората полуфинална вечер. Како и во самиот процес на пријавување за натпреварот, така и овде Македонија беше извлечена буквално последна, а нашиот претставник или претставничка ќе настапи во втората половина од Првата полуфинална вечер на 8 мај. Заедно со нас ќе се натпреваруваат и нашите соседи Бугарија, Албанија, Грција и Хрватска, како и Белорусија, Литванија, Чешка, Белгија, Исланд, Азербејџан, Израел, Естонија, Швајцарија, Финска, Австрија, Ирска, Ерменија и Кипар. Во втората полуфинална вечер, на 10 мај, ќе се натпреваруваат: Русија, Србија, Данска, Романија, Австралија, Н0рвешка, Молдавија, Сан Марино, Холандија, Црна Гора, Шведска, Унгарија, Малта, Летонија, Грузија, Полска, Словенија и Украина.
Секако дека редоследот на настапи за самиот настан ќе биде дополнително утврден, односно откако ќе бидат познати сите песни и подредени според самиот стил на музиката. Како што е познато, МРТ неодамна распиша конкурс за нашата евровизиска песна, а домашните и странските автори можат да ги праќаат своите композиции најдоцна на 8 февруари. Потоа, врз основа на избраната композиција ќе биде предложен и изведувач или група изведувачи што би нè претставувал/е во Лисабон. Како и да е, надежта последна умира, па се надеваме дека токму годинава ќе биде соборен пласманот на Елена Ристеска, која е единствената наша претставничка што се искачила до 12. место во едно евровизиско финале. https://www.youtube.com/watch?v=22UO_twddIo]]>

Македонија со Васка Јанковска и песна од Горан Бреговиќ на „Евровизија 2018“? https://arhiva.vistina.com.mk/makedonija-so-vaska-jankovska-i-pesna-od-goran-bregovikj-na-evrovizija-2018/ Mon, 29 Jan 2018 13:18:04 +0000 http://vistina.mk/?p=11143

Како што одминува времето, се зголемува и нетрпението да дознаеме кој ќе нè претставува во Лисабон, а после шпекулациите дека улогата ја добила Анета Мицевска  од битолската група „Молика“, МРТ деновиве конечно „го скрши мразот“ и распиша конкурс за сите домашни и странски автори да испратат песни најдоцна до 8 февруари. Како што пишува во соопштението, изведувачот ќе биде избран дополнително, врз основа на самата композиција.
Иако (повторно) сè уште е рано да се коментира, веќе се спомнува уште едно име што би било потенцијален претставник, поточно претставничка на Македонија за 63. издание на популарниот фестивал, а како автор би се потпишал еден добро познат музички великан од Балканот. Имено, како што пишува „Вечер.прес“, меѓу изведувачите што се „во игра“ најчесто се спомнува името на популарната скопјанка Васка Јанковска, која се стекна со светска популарност пеејќи ја култната песна „Едерлези“(„Ѓурѓевдан“) во исто така култниот филм „Дом за бесење“. Во тоа време стана и активна членка на „Оркестарот за свадби и погреби“ на славниот Горан Бреговиќ.
Настапуваше насекаде, од Јужна Америка до Австралија, и беше големо музичко име. Со години е во фаза на мирување, но и не за постојано. Историјата како да се повторува, па според сите достапни информации, по сè изгледа дека Васка ќе ја обнови соработката со Бреговиќ, и тоа по повод македонскиот избор за „Песна на Евровизија“.
Како и да е, дали ќе биде Васка или Анета или некој/а друг/а, сакале или не, ќе дознаеме наскоро бидејќи „Евровизија“ е веќе во мај, а сите песни што ќе се натпреваруваат во Лисабон мора да бидат познати до крајот на март. Извор:Вечерпрес]]>

Македонска пејачка бара поддршка: Елена Петреска ќе ја претставува Сан Марино на Евровизија 2018? https://arhiva.vistina.com.mk/makedonska-pejachka-bara-poddrshka-elena-petreska-kje-ja-pretstavuva-san-marino-na-evrovizija-2018/ Mon, 04 Dec 2017 08:13:46 +0000 http://vistina.mk/?p=5521

Ова е период од годината кога започнуваат шпекулациите и нагаѓањата кој ќе ја претставува земјава на претстојниот Евросонг 2018. По социјалните мрежи веќе тргнаа  претпоставките, кои бргу ги пренесоа и порталите дека пејачката Анета Мицевска од битолската фолк група „Молика“ е „сигурен патник“, како македонски претставник на следната Евровизија 2018. Демек, се чека само каква песна чупето ќе добије?! Од МРТВ - јавниот сервис кој ги има правата, а со тоа и правото на избор кој ќе ја претставува засега нема официјален став. Се молчи до последен момент! И додека јавноста со нетрпение очекува дали шпекулациите ќе се потврдат или демантираат, една друга приказна поврзана за Евровизија 2018 и уште една македонска, овој пат поп пејачка тргна по социјалните мрежи!
Имено, постои можност прилепчанката со скопска адреса на живеење, поп пејачката Елена Петреска да ја претставува државата Сан Марино на претстојниот Евросонг! некому можеби звучи чудно, некому изненадувачки, ама ова нме е шпекулација и навистина е така! Тоа го потврди и самата пејачка објавувајќистатус нна својот Фејсбук профил на кој бара поддршка и гласање за неа. Доколку ги собере потребните гласови, односно победи, Елена би ја пртставувала градот-држава Сан Марино со нејзинатапесна од последниот „Макфест 2017“, насловена „Нешто“!
Еве што пишува Елена Петреска на Фејсбук: „Драги пријатели започна изборот за Евровизиски претставник на државата Сан Марино. Оваа година Сан Марино во соработка со Лондонската продукција 1ин360 ЛТД избира претставник од било која држава, кој ќе ги претставува како земја. Во овој избор влегов и јас, па би сакала да ме поддржите со тоа што ќе влезете на линков и ќе гласате за мене. Доколку соберам доволно гласови ке настапувам на лајв шоуто за избор на евровизиски претставник. На линкот се претставив со мојот настап од Макфест 2017 со песната „Нешто“. Навстина сум среќна што учестувувам на овој избор и се надевам дека ќе ме поддржите. Ви благодарам најмногу! Благодарам и на мојот драг пријател Данијел Стојадиновић за поддршката! П.С. И секако, доколку сакате споделете го линков за што повеке луѓе да можат да учествуваат во гласањето“!
Можете да гласате на следниот линк – 1 ин 360/Еуровисион 2018 Се гласа преку интернет и се’ што е потребно е да одите на наведениот линк и да  кликнете на срцето.]]>

Анета – „Молика“ македонски претставник на следната Евровизија?! https://arhiva.vistina.com.mk/aneta-molika-makedonski-pretstavnik-na-slednata-evrovizija/ Fri, 01 Dec 2017 11:41:35 +0000 http://vistina.mk/?p=5410

Aнета Мицевска, пејачката на битолската фолк група „Молика“ најверојатно догодина ќе ја претставува нашата земја на најголемиот евровизиски настан!?!
-Наредната 2018 година нашата Анета Мицевска Молика за прв пат ќе добие песна и ќе учевствува во изборот на песна за Евровизија, но не по секоја цена. Се разбира со проверен тим и преубава песна. Се надеваме дека тоа ќе се случи бидејќи ние веруваме премногу во нашата Анета, бидејќи тоа што таа го има од Бога подарено, многу мал број луѓе во светот го имаат. Сите вие знаете дека Анета нема нешто што не знае да отпее така да и на изборот за песна за Евровизија и доколку биде избрана да ја претставува Македонија на Евровизија ние тврдиме и сме сигурни дека Анета е таа која ќе ја претстави Македонија во право светло. Се надеваме на ваша подршка“ -стои во објавата од фејсбук страната на групата „Молика“. Шпекулација, добар маркетинг или потајна најава за нешто што МРТВ веќе го има договорено... ќе дознаеме наскоро!