евросонг – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 02 Mar 2023 13:31:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png евросонг – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тијана не влезе во финалето на српскиот избор за песна на Евровизија: „Ви благодарам на сите, немаме сите исто уво и очи…“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tijana-ne-vleze-vo-finaleto-na-srpskiot-izbor-za-pesna-na-evrovizija-vi-blagodaram-na-site-nemame-site-isto-uvo-i-ochi-video/ Thu, 02 Mar 2023 13:31:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291485

Тијана Дапчевиќ и оваа година се натпреваруваше на српскиот избор за песна на Евровизија каде се обиде да обезбеди виза за Евровизија. За настапот избра елегантен розов фустан со длабоко деколте. За жал, таа и нејзината песна не го минаа првиот филтер и не влегоа во финалето, по што Тијана порача:
„Ви благодарам на сите, не сакаме сите исто, немаме сите исто уво и очи, и тоа е во ред, јас сепак го сакам ова и верувам во ова.  Горд сум на целиот тим, те сакам и ве охрабрувам да продолжите да слушате квалитетна музика“. Инаку, пред публиката се претставија 16 изведувачи, а 8 се пласираа во финалето кое ќе се одржи во сабота на 4-ти март. Местото во големото финале го обезбедија следните натпреварувачи: Stefan Shy, Princ od Vranje, CHEGI & Braća Blues band, Борис Суботиќ, Лука Блек, Филип Балош, Наѓа и Emphaty Soul Project.]]>

Јавниот сервис со осуда за скандалозното однесување на нашата евровизиска претставничка: МРТ ја повлекува Андреа од Евровизија? https://arhiva.vistina.com.mk/javniot-servis-so-osuda-za-skandaloznoto-odnesuvanje-na-nashata-evroviziska-pretstavnichka-mrt-ja-povlekuva-andrea-od-evrovizija/ Mon, 09 May 2022 06:30:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=249217

Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон... Македонската Радио Телевизија најостро го осудува потегот на нашата претставничка на „Песна за Евровизија 2022“, Андреа Коевска којашто за време на фотографирањето во Торино го фрли на земја државното знаме. Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон. МРТ очекува од Андреа да им се извини на граѓаните за ваквото однесување. Јавниот сервис  ја разгледува можноста за нејзино повлекување од Евровизија, иако ќе се води сметка да не се предизвика поголема штета по МРТ. Против одговорните во македонската делегација ќе бидат преземени сите законски можности за најстрого санкционирање за овој скандал.]]>

Децата од „Дајте музика“ ќе настапат претпоследни на Јуниор Евросонг https://arhiva.vistina.com.mk/decata-od-dajte-muzika-kje-nastapat-pretposledni-na-junior-evrosong/ Wed, 15 Dec 2021 10:28:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=231260

Во Париз вчера беше извлечен редоследот по кој ќе пеат земјите-учеснички на годинешната Детска Евровизија. На фестивалот што ќе се одржи на 19 декември, Македонија ќе настапи претпоследна, осумнаесетта. Фестивалот ќе го отвори Германија, а последна ќе пее претставничката на Полска. На годинашниот Јуниор Евросонг ќе се натпреваруваат 19 земји. Како што е веќе познато, децата од мегапопуларната детска серија „Дајте Музика“ се избрани од МРТ да ја претставуваат Македонија. Песната се вика „Green forces“, а ќе ја изведуват Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“. За потсетување, оваа година 19. издание на Јуниорскиот Избор за Песна на Евровизија ќе се одржи на 19-ти декември во спектакуларната концертна сала „La Seine Musicale“, во градот на светлината, Париз, по победата која Валентина и ја донесе на Франција, а францускиот Национален сервис како домаќин и ЕБУ ветуваат одлична програма. Директен пренос ќе има на програмите на Македонската радио телевизија. ]]>

Сексапилната „ураганка“ му се залепи на пејачот на победниците на Евросонг 2021: „Ќе биде мој, баш ми е гајле што има девојка“ (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/seksapilnata-uraganka-mu-se-zalepi-na-pejachot-na-pobednicite-na-evrosong-2021-kje-bide-moj-bash-mi-e-gajle-shto-ima-devojka/ Tue, 25 May 2021 09:24:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=203872

Претставникот на Италија на Евровизија, пејачот Дамиано Давид од групата „Манескин“, воодушеви многу припаднички на понежниот пол, а на неговиот шарм не му одолеа ниту српската претставничка, членката на групата „Ураган“, Сања Вучиќ . Имено, за време на неговиот настап во полуфиналето, Сања играше и пееше воодушевена, цело време. Танцуваше нон стоп, а за време на настапот погледна во Дамијан кој во тоа време беше на сцената. Имено, тој е во љубовна врска со Џорџиа Сорели, манекенка и пин-ап модел, но „ураганката“ тоа не ја засега. Сега се појави и нивната заедничка фотографија, како и кусо видео. „Ќе му бидам сопруга, ќе видите“, ќе рече Сања на видеото кое кружи на социјалните мрежи. ]]>

Кипар: Гадење, упад, и закани дека ќе ја запалат телевизијата по изборот на „сатанистичка песна“ за Евросонг https://arhiva.vistina.com.mk/kipar-gadenje-upad-i-zakani-deka-kje-ja-zapalat-televizijata-po-izborot-na-satanistichka-pesna-za-evrosong/ Mon, 01 Mar 2021 09:28:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=191765

Песната што ќе го претставува Кипар на Евровизија ги бранува страстите во оваа земја, по огорченоста на некои општествени кругови коишто ја опишуваат како сатанистичка. „Му го дадов срцето на ѓаволот… Затоа што тој ми вели дека сум неговиот ангел“ – се дел од стиховите на „El Diablo“ (Ѓавол). Изборот на песната во изведба на Гркинката Елена  Цагрину предизвика бурни реакции кај многу Кипрани. Така, Здружението на наставници по веронаука во средните училишта изрази „гадење“ од песната и побара нејзино повлекување. Десничарската партија ЕЛАМ е на став дека песната, дури иако нејзиниот текст е метафоричен, ја навредува нивната вера. Кипарската полиција денеска објави и дека еден човек е обвинет за упатување закани и предизвикување немири по упад во кипарскиот радио-телевизиски комплекс. Сведоците на вчерашниот инцидент сведочат дека човекот им се заканувал на вработените во редакцијата на Кипарската радиодифузна корпорација, со изјави оти изборот на песната претставува навреда за христијанството. Телевизијата добила и телефонски закани дека ќе биде запалена. Во истовреме, песната има и свои поддржувачи меѓу другите граѓани на Кипар. Оваа островска земја го постигна најдобриот резултат на Евровизија во 2018 година, кога го освои второто место со песната „El Fuego“ во изведба на Елени Фуеира.
]]>

Васил Гарванлиев сликите од детството ги преточи во песна – „Мојата улица“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vasil-garvanliev-slikite-od-detsvoto-gi-pretochi-vo-pesna-mojata-ulica-video/ Mon, 06 Apr 2020 12:29:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=143510

Васил Гарванлиев, кој требаше да ја претставува нашата земја на јубилејниот 65. Евровизиски фестивал на 16 мај во Ротердам, Холандија, периодов, кога целиот свет е во изолација, деновите ги минува во родната Струмица. Во меѓувреме, Гарванлиев го промовираше видеото за својата најнова песна. Станува збор за баладата „Мојата улица“, за која самиот напишал музиката, а на пијано го придружува Давор Јордановски, македонски композитор што живее и работи во Канада. Eмотивниот текст, за кој и самиот Васил вели дека има и биографски елементи, го напишал Игор Џамбазов. Видеото за песната  кое го снимил и режирал Ѓорѓи Вацев, е снимено во старата касарна во Струмица, и тоа во еден потег. „Мојата улица“ фицијално беше промовирана на концертот во неговата Струмица, но се раѓа во комбинација со видео токму во момент кога сите сме дома, и не потсетува на значењето токму на првиот дом и првата адреса. „По најавата за големото телевизиско шоу на 16 мај, на кое ќе бидат претставени годинашните евровизиски учесници пред телевизискиот аудиториум во Европа и во целиот свет, со евровизискиот тим од МРТ ги чекаме деталите за настапот“ - вели гарванлиев канејќи ве да ја преслушате„Мојата улица“ и погледнете виодеото за неа: https://www.youtube.com/watch?v=78oMcdOv6-o&fbclid=IwAR0rMGoGRT_2mrNfb12Zw3G_Zu37HUMdInGtLB-rWmJkZOOaZPY2co-4_G4]]>

Детски Евросонг 2019: Мила Москов во недела, на 24 ноември ќе ги брани боите на Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/detski-evrosong-2019-mila-moskov-vo-nedela-na-24-noemvri-kje-gi-brani-boite-na-makedonija/ Fri, 22 Nov 2019 12:48:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=120164

Македонската претставничка на овогодинешниот Детски избор за песна на Евровизија, Мила Москов, ги направи последните проби во Гливице, Полска. Детската Евровизија ќе се одржи во недела на 24 ноември 2019 година, а нашата Мила Москов ќе настапи под реден број 4. Македонија со недели котира меѓу 5 -те топ песни во евровизиските обложувалници, а и песната и видеото за „Fire“ наидоа и на многу позитивни коментари.  ]]>

Молк во студиото: Српските претставници на Евровизија текстот на победничката песна на Израел го прокоментираа како апсолутно бесмислен! https://arhiva.vistina.com.mk/molk-vo-studioto-srpskite-pretstavnici-na-evrovizija-tekstot-na-pobednichkata-pesna-na-izrael-go-prokomentiraa-kako-apsolutno-besmislen/ Tue, 15 May 2018 10:35:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=27117

Годинешните претставници на Србија на Евровизија,  Сања Илиќ и Балканика, со нумерата на "Нови деца" го освоија 19-тото место, па два дена по враќањето од Лисабон беа гости на утринската програма на ТВ прва и ја коментираа победата на претставникот на Израел - контроверзната Нета Барзилај.
Гостите кај Јована Јоксимовиќ и Срѓан Предјевиќ ја коментираа победничката песна што  предизвика поделени коментари.
„Не е лоша песната, ние исто така танцувавме на неа додека ја пееше. Иако текстот е апсолутно бесмислен“ -  искрено коментираше пејачката на Балканика, Даница Крстиќ, по што на неколку секунди завладеа молк  во студиото.]]>

„Ај Кју“ на 8-ми мај во Лисабон ќе настапат под реден број 11 https://arhiva.vistina.com.mk/aj-kju-na-8-mi-maj-vo-lisabon-kje-nastapat-pod-reden-broj-11/ Wed, 04 Apr 2018 13:00:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=19427

Според жрепката во јануари годинава, Македонија беше извлечена последна со што си обезбеди место во втората половина од првата полуфинална вечер, а денешната вест ни доаѓа како дежаву. Имено, исто како и Елена Ристеска во 2006, Влатко Илиевски во 2011 и Тијана Дапчевиќ во 2014 година, „Ај кју“ на 8 мај ќе настапат под реден број 11. Пред нив, под реден број 10 ќе настапат бугарските претставници „Еквинокс“ а дванаесетта ќе настапи за Хрватска, Франка. Во истата вечер се натпреварува и  Албанија за која пее Еуген Бушпепа, кој ќе настапи под реден број 3, додека Грција која ќе ја претстави Јана Терзи својата изведба ќе ја имаат како четиринаесетти.

За нас ова е 18. учество на популарниот фестивал, а дали „Ај кју“ ќе бидат деветтите претставници што ќе се пласираат во финалето останува да видиме на 8 мај. Тие ќе ги бранат боите на нашата земја со темата „Lost & Found# чиј автор е лидерот на бендот Бојан Трајковски, а аранжманот и продукцијата се на Дарко Димитров. На сцената во Лисабон бендот ќе настапи со Антонија Гиговска, Дина Јашари и Валери Димовска како придружни вокали, а на кореографијата работи Јана Андрејевиќ – Лазарева.

Редоследот за големото финале на 12 мај ќе биде одреден веднаш после втората полуфинална вечер, откако ќе бидат познати сите 26 финалисти, а целосниот список со настапи за 8 и 10 мај ве очекува во продолжение.

Прва полуфинална вечер, 8 мај

1. Азербејџан
2. Исланд
3. Албанија
4. Белгија
5. Чешка
6. Литванија
7. Израел
8. Белорусија
9. Естонија
10. Бугарија
11. МАКЕДОНИЈА
12. Хрватска
13. Австрија
14. Грција
15. Финска
16. Ерменија
17. Швајцарија
18. Ирска
19. Кипар

Втора полуфинална вечер, 10 мај

1. Норвешка
2. Романија
3. Србија
4. Сан Марино
5. Данска
6. Русија
7. Молдавија
8. Холандија
9. Австралија
10. Грузија
11. Полска
12. Малта
13. Унгарија
14. Летонија
15. Шведска
16. Црна Гора
17. Словенија
18. Украина
Извор и фотографија: Eurovision.tv