евросонг 2022 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 16 May 2022 12:41:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png евросонг 2022 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ова е видеото на „Калуш оркестра“ за нивната победничка песна на „Евровизија 2022“ – „Стефанија“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-e-videoto-na-kalush-orkestra-za-nivnata-pobednichka-pesna-na-evrovizija-stefanija-video/ Mon, 16 May 2022 12:38:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=250652

Украина победи на годинешнава Евровизија со песната насловена „Стефанија“. Интересен спој на изворниот украински фолклор и современите музички урбани жанрови каков што е рапот. Настапот, кореографијата, костимите, танцувачката вештина, поткрепени со светлосно - визуелните ефекти, во многу што придонесоа „Калуш оркестра“ со оваа песна да и ја донесат победата на Украина. Иако сите сметаат дексе работи за наменска тема компонирана за ужасите на војната и судбината на малиот обичен човек во неа, сепак нејзиниот автор има поинаква приказна за тоа како настанала: „Оваа песна еднаш и ја посветив на мајка ми, а кога избувна војната, песната доби многу нови значења.Иако во песната нема ниту збор за војната, многу луѓе почнаа да ја поврзуваат песната за мајката со  мајка Украина. Згора на тоа, општеството почна да ја нарекува химна на нашата војна! Но, ако сега Стефанија е химна на нашата војна, би сакал таа да стане химна на нашата победа“! Инаку видеото на „Калуш оркестра“ за „Стефанија“ е темелено на вистински настани за време на воената агресија во Украина во 2022 година, а како сето тоа изгледа погледнете подолу: ]]>

Вака гласаше Македонија: Нашата 12-етка отиде кај Шпанија, а еве колку поени и доделивме на Србија (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vaka-glasashe-makedonija-nashata-12-etka-otide-kaj-shpanija-a-eve-kolku-poeni-i-dodelivme-na-srbija-foto/ Sun, 15 May 2022 08:35:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=250413

Македонија за жал, не се пласираше во финалето на Изборот за најдобра песна на Евовизија 2022, кое вечерта во саботата (14 мај 2022) се одржува во италијанскиот град Торино. Сепак, финалето како и секоја година и оваа се следеше со голем интерес во Македонија. Во големото финале на Евровизија се вклучи и некогашната наша претставничка во овој натпревар, пејачката и ТВ водителка Јана Бурчевска, која ги соопшти гласовите доделени од стручното жири  од Македонија:   1 поен доби Швајцарија 2 поени доби Полска 3 поени доби Белгија 4 поени доби Азербејџан 5 поени доби Австралија 6 поени доби Шведска 7 поени доби Италија 8 поени доби Обединетото Кралство 10 поени доби Србија 12 поени доби Шпанија  ]]>

Кипарската претставничка е секси атракција на Евровизија: Андромахи оди на победа без долна облека (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kiparskata-pretstavnichka-e-seksi-atrakcija-na-evrovizija-andromahi-odi-na-pobeda-bez-dolna-obleka-foto/ Wed, 11 May 2022 09:57:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=249822

Кипарската претставничка на Евровизија Андромахи Димитрополу е вистинска секси атракција, рај  за очи каде и да се појави во Торино, каде до сабота ќе се одржува Евросонг 2022. Кога  учесниците за прв пат официјално зачекореа на тиркизниот килим се појави и таа, шокирајќи ги присутните, кои не можеа да ги одвојат очите од неа, зашто Андромахи не носеше гаќички на себе. Нејзиниот долг розов фустан буквално ги примами фоторепортерите и камерите да се „залепат“ за неа , особено поради  долгиот шлиц до колковите, кој јасно откриваше дека на ваков модел, гаќичките се вишок.
Освен неа и двете нејзини придружни вокали исто така блеснаа во своите креации, иако остана нејасно дали и тие и се придружиле на кипарската пејачка во не носењето на долна облека?! Дали ова ќе остави впечаток кај жирито и публиката и дали можеби и за време на полуфиналната вечер Андромахи со нешто уште поексплицитно ќе го привлече вниманието, останува да видиме?! Како и тоа дали сексапилот и провокацијата ќе и помогнат да дојде до посакуваното финале, а и до висок пласман во него, а зошто да не и победа? Фото: Инстаграм принтскрин/andromache_dim]]>

ЕБУ го објави списокот, Македонија е меѓу земјите учеснички на „Евросонг 2022“ https://arhiva.vistina.com.mk/ebu-go-objavi-spisokot-makedonija-megju-zemjite-uchresnichki-na-evrosong-2022/ Wed, 20 Oct 2021 12:38:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=223819

Организаторите на Евровизија објавија дека вкупно 41 земја ќе се натпреварува на Изборот за песна на Евровизија 2022, следниот мај во Торино. Иако МРТ до последен момент немаше јавно соопштено дека потврдува учеството, Македонија се најде на списокот на објавените учесници. „Ние сме многу возбудени што уште еднаш имаме над 40 радиодифузери кои се натпреваруваат за освојување на познатиот трофеј на Евровизија во Торино следниот мај. Тимот од Раи напорно работи на подготовките за пречек на сите делегации во новиот град домаќин“ – порачуваат од ЕБУ. ]]>

Италија е следниот домаќин: „Евросонг 2022“ од 10-ти до 14-ти мај во Торино https://arhiva.vistina.com.mk/italija-e-sledniot-domakjin-evrosong-2022-od-10-ti-do-14-ti-maj-vo-torino/ Fri, 08 Oct 2021 12:37:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222459

Италијанската национална телевизија (RAI) и ЕБУ соопштија дека Торино ќе биде домаќин на Евровизија 2022. Пет града биле во конкуренција за домаќин: Торино, Милано, Римини, Песаро и Болоња. Престижното натпреварување ќе се одржува во салата „PalaOlimpico“, и тоа двете полуфиналиња на 10-ти и 12-ти мај а финалето на 14-ти мај.
„Имаме простори со соодветни капацитети, во срцето на градот и лесно достапни. Што се однесува до гостопримството, нашата понуда за сместување може да прими илјадници луѓе што ќе дојдат на овој настан. Исто така, веќе докажавме дека можеме да организираме меѓународни настани со текот на годините и дека сме способни да ги ставиме вештините на цел град во служба на Евровизија. Исто така, благодарение на овие настани, Торино стана центар на „Рајанер“, гарантирајќи уште повеќе воздушни врски помеѓу Торино и остатокот од светот“ – изјави градоначалникот на Торино.
Торино е совршен избор за домаќин, смета и извршниот супервизор на Евровизија.
„Како што видовме за време на Зимските олимписки игри 2006, „PalaOlimpico“ ги надминува сите барања потребни за да се организира глобален настан од вакви размери и бевме многу импресионирани од ентузијазмот и посветеноста на Градот Торино, кој ќе дочека илјадници фанови следниот мај. Ова ќе биде прв натпревар за песна на Евровизија што ќе се одржи во Италија по 30 години и, заедно со нашиот радиодифузер RAI, сме решени да го направиме специјален“ – додава извршниот супервизор Мартин Остердал.
]]>