евросонг 2021 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 19 May 2021 11:52:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png евросонг 2021 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Хрватска „експлодираше“ од незадоволство по неуспехот на Евросонг 2021, премиерот Пленковиќ сепак и честиташе на нивната претставничка Албина, а Заев остана „нем“ кон Васил Гарванлиев? https://arhiva.vistina.com.mk/hrvatska-eksplodirashe-od-nezadovolstvo-poneuspehot-na-evrosong-2021-premierot-plenkovikj-sepak-i-chestitashe-na-nivnata-pretstavnichka-albina-a-zaev-ostana-nem-kon-vasil-garvanliev/ Wed, 19 May 2021 09:37:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=203211

Хрватската јавност експлодираше по неуспехот да нивната земја да се пласира во финалето на годинешниот Евросонг 2021. Хрватите го споделија своето незадоволство  на социјалните мрежи по евровизискиот настап на  нивната претставничка Албина, сметајќи дека тоа е неправда. Дури и поддршката од премиерот Пленковиќ не и помогна да се пласира во финалето. Претставничката на Хрватска, Албина Гржиќ (22) од Сплит не се пласираше во финалето на Евровизија, а Хрватите своето незадоволство најмногу го споделија на Твитер. „Укинете го изборот за песна на Евровизија“, “Ова е неправда“, „Молам, Хрватска не помина?“, „Судии лопови“, „Евросонг, дали ушите се уште ви се во карантин?Ќ ... - се смао дел  од твитовите. После настапот, Албина беше поддржана од премиерот Андреј Пленковиќ кој и покрај се' и честиташе за настапот. Премиерот на „нашата земја“ Зоран Заев сношти тоа не го стори со Васил Гарванлиев. Не барем јавно. Ниту пак официјално. Па дури ни по струмичка линија. Или можеби тоа „задоволство“ сепак и го препушти на својата сопруга Зорица? ]]>

Македонија повторно неславно го заврши настапот на „Евросонг 2021“: Васил Гарванлиев не влезе во финалето! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonija-povtorno-neslavno-go-zavrshi-nastapot-na-evrosong-2021-vasil-garvanliev-ne-vleze-vo-finaleto-video/ Wed, 19 May 2021 07:30:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=203081

Вчеравечер, вторник, 18 мај 2021 се одржа првата полуфинална вечер од 65. издание на изборот за Песна на Евровизијата - Евросонг 2021, на која беа одбрани првите 10 финалисти. Македонија, која годинава ја претставуваше Васил Гарванлиев со песната „Here I Stand„ одново неславно го заврши настапот на Евросонг 2021, зашто Васил  не успеа да влезе во финалето! Стравувањата дека и овој пат сме „тенки“ во настапот, зачинети со бројните контроверзи уште од самиот старт на изборот на наш претставник и песна, се обистинија.  Ниту целата (не)намерна галама и прашина со „бугарштината“ која се крена околу Гарванлиев пред заминувањето во Ротердам, ниту неговото отворено признание дека е геј, случајно или намерно темпирано да биде соопштено непосредно пред почетокот на првото полуфинале, ниту несомнените вокални квалитети на пејачот, не помогнаа. Кога ќе застанеш таму горе на сцената „баш ги заболе“ дали си Македонец, Бугарин или Еским, геј определбата и не е некој адут, зашто како што можевме да видиме и препознаеме, Евровизија од хит парада, се' повеќе личи на „геј парада“. А, кога сме кај пеењето, солидно пејат сите, иако очигледно само вокалните предиспозиции ниту оддалеку не се довелен адут за пласман. Недостасува нешто друго, ама што е тоа, што е  рецепт за успех? Одговорот веројатно прецизно не може да се каже во еден или два збора, но едно е сигурно: Недостасува таканаречен „пакет“ од сосмислен сценски настап, кореографија, шокантен костим, солиден вокал, „нереални“ визуелни ефекти, агресивна себе промоција, успешно лобирање... но пред се', нај, нај, најважно е да се има добра, вистинска песна! Таа е базата,  основата, темелот на која треба да се ѕида остатокот од „куќата на еврозвизискиот успех“. Без неа - нема ништо... Едвај само учество со едно појавување, колку да се рече дека и ние сме биле таму присутни. Или што би рекле даночните обврзници, бадијала, беспотребно фрлени пари! Токму песната „Here I Stand“ која Васил Гарванлиев годинава  ја отпеа, наместо најсилен  беше најслабиот наш адут. Не дека е лоша, ама што би се рекло народски - не за секого, не е за народ, за на Евровизија. Недоречена, развлечена балада која повеќе наликува на музичка подлога за некоја филмска тема од од анимираните бајки на Дизни, отколку на евровизиско музичко парче спакувано во три минути.  Освен вокалната изведба, настапот премногу статичен, без придружба на сцената, без впечатлива кореографија, со некаква визуелна порака од светлосни ефекти, која ама баш со ништо не отскокнуваше од останатите изведувачи и се стопи губејќи се во морето од изведби.  Кога на сето тоа ќе се придодадат и веројатно отсекогаш нашите најслаби точки, политичките закулисни игри и лобирањето, станува јасно зашто одново останавме „со прстот в уста“... Само на учество, заради учество... Или европска  музичка промоција на новото „North“ име, можеби? На крајот, само една земја ќе го понесе трофејот, ќе рече некој, но сите останати заедно одново на еден начин ја соеднија Европа по ужасната корона пандемија. Ако е тоа утехата, во ред - бевме и ние таму како дел од тоа соединивање со Европа, кое никако вистински во релниот живот да дојде и по 30 и кусур години независност и сите наши напори. Кој како и за кого гласал вечерва и на втората полуфунална вечер ќе се знае дури по завршување на финалето. Практиката на Евросонг за да не се знае кои се фаворитите од полуфиналињата, што би можело евентуално да влијае врз резултатот во финалето. Секојдневните ПЦР тестови придонесоа атмосверата во салата иако далеку полна, да изгледа како во најдобрите времиња. Патем, заради мерки на безбедност по личното здравје на  учесниите строго им било забрането да се дружат меѓу себе. Не, барем јавно! Инаку, на првата полуфинална вечер свое место во финалето обезбедија Норвешка,  Израел, Русија, Азербеџан, Малта, Литванија, Кипар, Шведска, Белгија и Украина. Второто полуфинале ќе се одржи на 20 мај во кое  ќе учествуваат 17 земји: Сан Марино, Естонија, Чешка, Грчка, Австрија, Полска, Молдавија, Исланд, Србија, Грузија, Албанија, Португалија, Бугарија, Финска, Латвија, Швајцарија и Данска, плус „големите сили“ Франција, Шпанија и Велика Британија кои само ќе гласаат во ова второ полуфинале. https://www.youtube.com/watch?v=WRcSHPb_Qwc Фото: Јутјуб принтскрин/ Eurovision song contest official page Видео: Јутјуб]]>

Вечерва е првото полуфинале на „Евросонг 2021“ https://arhiva.vistina.com.mk/vecherva-e-prvoto-polufinale-na-evrosong-2021/ Tue, 18 May 2021 05:01:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=203025

Домаќините ветуваат само добра забава, одлични сценски ефекти и фантастични изведувачи. Водители  на годинашната програма ќе бидат ТВ лицето Шантал Јансен, ТВ водителот и пејач Јан Смит, двократниот холандски евровизиски претставник (1998 и 2007 година) Едсилија Ромбли и  Јутјуб ѕвездата, Ники де Јагер. Првото полуфинале ќе го отвори последниот сениорски победник на Евровизија, Данкан Лоренс, со изведбата на неговиот сингл Feel something, што го сними во соработка со диџејот Армин ван Бурен. По завршувањето на натпреварот, за време на паузата за гласање ќе настапат пејачката Давина Мишел и актерката Текла Ретен, кои ќе го изведат перформансот „Моќта на водата“ придружена со истоимената песна и снимки од холандски делти, вклучително и насипи кои ја штитат земјата од Северното Море. Исто така, ќе се карактеризира со употреба на проширена реалност, што ќе придонесе сцената на Арената „Ахој“ да стане водена.   Годинашниот натпревар за песна на Евровизија ќе се одржи во „Ахој“ Арената, а покрај Македонија која ја преставува Васил Гарванлиев кој ќе настапи како шести поред со „Here I stand“, вечерва следниве земји учеснички ќе ги претстават своите песни:
  1. Литванија:  „The Roop“ | Discoteque ; 2. Словенија: Ана Соклич | Amen; 3. Русија: Манижа | Русинка;  4. Шведска: Tuse | Voices; 5. Австралија: Moнтејн | Technicolour;                                                        6. Македонија: Васил | Here I stand;  7. Ирска: Лесли Рој | Maps; 8. Кипар: Елена Кагрину | El diablo; 9. Норвешка: Tiks | Fallen angel; 10. Хрватска: Албина | Тик-ток;                                                         11. Белгија: „Hooverphonic“ | The wrong place; 12. Израел: Eden Alen | Set me free; 13. Романија: Roksen | Amnesia; 14. Азербејџан: Efendi | Mata Hari;  15. Украина:  „Go_A“ | Buka                                      и 16. Малта: Destini | Je me casse.
]]>

Свечено отворен годинешниов Евросонг 2021 https://arhiva.vistina.com.mk/svecheno-otvoren-godineshniov-evrosong-2021/ Mon, 17 May 2021 12:42:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=202811

Интересни тоалети и костуми, впечатливи фризури и драматична шминка – претставниците  на Евровизија 2021 се појавија на тиркизниот килим во гламурозни изданија, на свеченото отварање на 65. издание на престижниот музички настан.

                                                   Претставничката на Албанија
Оваа година, црвениот килим се претвори во тиркизeн благодарение на официјалниот  партнер Мороканоил, експерти за нега на коса и тело.
                                                    Претставничката на Хрватска
Предизвиците создадени од пандемијата КОВИД-19 значеа дека протоколите за здравје и безбедност се следат и се донесуваат до последната минута, и дека делегациите од Полска, Исланд, Малта и Романија за жал не беа во можност да се придружат на овој настан.
                                                   Претставничката на Бугарија
Со здравјето и безбедноста на врвот на агендата, уметниците почнаа да пристигнуваат на Ротердамското пристаниште откако Ахмед Аботалеб, градоначалникот на Ротердам, го прогласи Евросонг за отворен и го пофали залагањето на организаторите да направат музички спектакл во вонредни услови.
                                                    Претставникот на Италија
Нашиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев , облечен во екстравагантна креација на Раде Василев & Tip Top, со надградената круна од огледала од 2019 година на главата, објави дека е подготвен за полуфиналето на 18 мај каде настапува како 6-ти по ред. Второто полуфинале е на 20 мај, а финалето е на 22 мај.
                                                   Претставничката на Кипар
Евровизиската песна  “Here I stand” ја напиша самиот Гарванлиев, како што вели, во еден здив, додека пак во аранжирањето и оркестрацијата се вклучија Борче Кузмановски и Давор Јордановски. Песната го истакнува класичниот вокaлен тренинг на артистот, што во комбинација со класичарската музичко-сценска дисциплина е одлична формула за успешно справување со евровизиските предизвици. Но, можеби најсилниот адут во пакетот е природноста и автентичноста на звукот, затоа што Гарванлиев во композицијата е целосно свој.
                                                   Претставниците на Молдавија
-Задоволен сум како помина првата проба, воодушевени сме од реакциите и пречекот во Ротердам. Арената Ахој вибрира со позитивна  енергија и насмевки и покрај сите протоколи за заштита и рестриктивните мерки. Пресреќен сум што конечно сме тука и следните две недели ќе дадеме се од себе да ја претставиме Македонија во најдобро светло. Тимот и јас сме спремни и ќе продолжиме со исто темпо, изјави Гарванлиев  ексклузивно за „Независен“ по првата проба на евровизиската песна “Here I stand” .
                                                   Претставникот на Норвешка
На 24 мај 1964 година се случи првиот избор за песна на Евровизија, музички натпревар организиран од Европската Радиодифузна Унија и традицијата на ова музичко обединување на Европа трае веќе 65 години. Јубилејното издание на најголемото аудио-визуелно шоу на континентот не блесна во полн сјај минатата година, од причини кои денес веќе ги нарекуваме новото нормално, но гледајќи на позитивната страна, земјите учеснички добија втора шанса за прв впечаток, а Европа по втор пат е во еуфорија и исчекување на 65-тиот евровизиски јубилеј.
                                                    Претставничката на Русија
Директните преноси од сите три евровизиски вечери ќе можете да ги проследите на Првиот и Вториот канал на Македонската телевизија, како и на Првата програма на Македонското радио, со почеток во 21 часот.
                                                   Претставничките на Србија
Извор: Музика24 Фото: ЕБУ]]>

Ова се најголемите фаворити за победа на Евросонг 2021 во Ротердам https://arhiva.vistina.com.mk/ova-se-najgolemite-favoriti-za-pobeda-na-evrosong-2021-vo-roterdam/ Mon, 17 May 2021 12:25:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=202805

Во тек се последните подготовки за новото издание на Евровизија, кое започнува на 18 мај, кога ќе се одржи првото полуфинале на ова големо музичко натпреварување. Според сегашните податоци што ги покажаа обложувалниците, најголем фаворит за победа е Италија и нивниот претставник – групата Манескин со песната „Ziti e buoni“. Оваа година, 39 земји ќе учествуваат на Евровизија. Големи тројца фаворити се Италија со 22 проценти, Франција 20 проценти и Малта со 12 проценти. До неодамна, Малта беше најголем фаворит за победа, но ситуацијата се смени по првата проба, кога нивниот претставник доби лоши критики за стајлинг и перформанси, пренесува порталот Klix.ba. Исланд е на четвртото место, по што следуваат Кипар, Бугарија, Швајцарија, Украина, Литванија, Грција, Русија, Шведска, Финска, Сан Марино и Норвешка.]]>

МРТ одлучи: Гарванлиев ќе оди на Евровизија, се работело за перцепција https://arhiva.vistina.com.mk/mrt-odluchi-garvanliev-kje-odi-na-evrovizija-se-rabotelo-za-percepcija/ Fri, 26 Mar 2021 09:03:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=196105

Македонскиот јавен сервис МРТ одлучи да не го повлече пејачот Васил Гарванлиев од годинашниот настап на Евросонг 2021, и покрај острите критики во јавноста и петицијата за повлекување на неговиот настап. Комисијата за утврдување одговорност на 19-ти март одржала состанок по реакциите на јавноста предизвикани пред сè од видео-спотот на Гарванлиев. Притоа, било утврдено дека МРТ во целост ги испочитувала и интерните постапки и процедурите при апликацијата во ЕБУ. „Според извештајот на работната група, станува збор за поинаква перцепција, поради која уметничкото дело на Жанета Вангели коешто се наоѓало во тие два кадра, предизвикало асоцијација на знаме на туѓа држава. По реакциите од јавноста, спотот бил повлечен и преработен. Во врска со вториот контроверзен момент, изјавите на Гарванлиев дека имал двојно државјанство, работната група посочува дека станува збор за дел од интервју дадено пред повеќе од една година коешто сега добило публицитет. Согласно со правилата на ЕБУ – Јавниот сервис нема право да дискредитира никого по основа на верски, национални или други определби и дека има целосна слобода да одреди за претставник пејач независно од неговото државјанство. Праксата покажала дека речиси на секој Евросонг има такви случаи,“ објаснуваат од МРТ. Гарванлиев објасни дека поседува и бугарско државјанство и дека неговата баба е по потекло од околината на градот Петрич. Околу настпот на Гарванлиев имаше големи разногласија во македонската јавност, дури во прашање се доведе и неговото учество, поради тоа што многумина бараа да не ја претсавува Македонија на ова европско натпреварување. Перцепција или не, Васил Гарванлиев сепак ќе ја ореставува Македонија  на Евросонг 2021... А за тоа како беше избран и после сите скандали заслужи ли МРТ да не го повлече да биде наш преставник благодарение на струмичката врска и блискоста на Гарванлиев со семејството Заеви? Просудете самите. Се' е работа на нечија „перцепција“... Често, за жал, изнудена или погрешна!]]>

Ротердам ќе биде домаќин на Евросонг 2021, а еве кој ќе биде наш преставник https://arhiva.vistina.com.mk/roterdam-kje-bide-domakjin-na-evrosong-2021-a-eve-koj-kje-bide-nash-prestavnik/ Tue, 19 May 2020 12:50:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=150465

Евросонг 2021 ќе се одржи во Ротердам, Холандија, објави Европската радиодифузна унија (ЕБУ). Со тоа Холандија се впишува по петти пат како домаќин на престижниот музички настан чиј пренос го следи 200 милионска публика ширум светот. Јавниот медиумски сервис на Холандија, обезбеди дополнителни седум милиони евра за организација, што не е мала сума сега во услови на корона криза. Веста како изненадување организаторите ја објавија во саботата вечер, на алтернативното шоу на Евросонг Eurovision Shine a Light“, кој собра стари и нови победници, сега ѕвезди, и не прошета по празните улици и арени ширум Европа во екот на корона-кризата. Изборот на песна за Евровизија кој беше создаден по Втората светска војна со цел да ги обедини нациите од Европа, разделени по катастрофалната војна, годинава, повторно беше на голем тест, овојпат од пандемија која повторно ги раздели народите, терајќи ги да останат дома во изолација и да ги затворат границите. Концертната сала „Ахој“ во Ротердам, сега претворена во болница за лица заразени со коронавирусот во Холандија, и идната година ќе биде сцената каде Европа ќе избира најдобра песна. Веќе се потврдени 18 учесници за Евросонг 2021. Доколку МРТ како активна членка на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) пак го номинира баритонот Васил Гарванлиев за македонски претставник следната година на Евросонг, ќе мора да се избере нова песна. Светот во саботата вечер, виде фрагмент од годинешниот спот за евровизиска „YOU“, на авторката Невенка Нешкоска, и поздравот од Гарванлиев.]]>