евросонг 2018 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 09 May 2018 10:58:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png евросонг 2018 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Започнува Евросонг 2018: Вечерва ќе стискаме палци за „Ај кју“ https://arhiva.vistina.com.mk/zapochnuvaevrosong-2018-vecherva-kje-stiskame-palci-za-aj-kju/ Tue, 08 May 2018 06:17:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=25602

Вечерва со почеток од 21.00 часот започнува 63. издание на изборот за песна на „Евровизија“, а во рамките на првата полуфинална вечер се натпреваруваат и нашите претставници „Ај кју“, кои боите на Македонија ќе ги бранат со темата „Lost And Found“.
Групата составена од Бојан Трајковски, Марија Ивановска и Иво Митковски, заедно со придружните вокалистки Дина Јашари, Антонија Гиговска и Валери Димовска, ќе настапат под реден број 11.
На евровизиската сцена во арената „Алтис“ во Лисабон вечерва ќе ги видиме и претставниците на нашите соседи Албанија, Грција и Бугарија, како Хрватката Франка Бателиќ и Израелката Нета Барзилаи, чиј хит „Toy“ сè уште е најголемиот фаворит за победа на обложувалниците.
Имајќи предвид дека целосните настапи годинава остануваат мистерија сè до самиот настан, се надеваме дека нашата екипа ќе ги освои евровизиските гледачи и ќе ја добие потребната поддршка за да продолжи во саботното финале.
Претпоставуваме дека организаторите и домаќинот Португалија подготвиле уште едно одлично шоу, а сето тоа ќе го дознаеме од преносот во живо на првиот канал на МРТ или онлајн на официјалниот Евровизиски канал на Јутјуб, со почеток од 21.00 часот. https://www.youtube.com/watch?time_continue=21&v=hJ8vStigz7k]]>