европско од сон – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 31 Dec 2021 11:38:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png европско од сон – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ова е видеото за навивачката химна посветена на ракометарите пред ЕП 2022 – „Европско од сон“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-e-videoto-za-navivachkata-himna-posvetena-na-rakometarite-pred-ep-2022-evropsko-od-son-video/ Fri, 31 Dec 2021 10:02:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=233334

„Фудбалерите имаат неколку свои химни, а ракометарите не! А нели ракометот е најуспешниот и најсаканиот спорт во Македонија?! Па, зошто македонскиот ракомет да нема своја Химна?! Сметаме дека токму песната „Европско од сон“ ќе ја пополни оваа празнина и ќе биде музичко-текстуален поттик пред секој натпревар на македонските ракометни херои, а ќе се пее и при прославувањето на сите идни нивни успеси“ -  ја објаснува навувачката ракометна химна текстописецот Огнен Неделковски,  кој е идеен творец на истата, заедно со синот Филип и неговата сопруга, новинарката Соња Алексоска Неделковска. Замислата на идејните творци на проектот беше песната да ја пеат двајца вокални интерпретатори, вљубеници во ракометот и цел хор од најверните македонски навивачи од цела Македонија. Во спотот беа вклучени инсерти од снимањето во студио на песната од страна на пејачите и на навивачите, но и инсерти од нивното дружење, навивање и веење на македонското знаме. Низ соодветна динамична монтажа се вметнати повеќе незаборавни потези (голови, одбрани, додавања) на македонските ракометни јунаци, од разни натпреварувања. Во песната и спотот учествуваа навивачи од Скопје, Дојран, Струмица, Куманово, Тетово. Беа најавени навивачи од повеќе градови, но не се појавиле на снимањето поради различни причини. Во видеото се ставени нивни фотографии од ракометните трибини. Пред почетокот на ракометното ЕП 2022 каде Македонија ќе се појави во континуитет по шести пат во низа и по рекорден седми пат атмосферата се загрева и со промоцијата на новата навивачка песна наречена „Европско од сон“. ]]>