европски првак – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 05 May 2023 07:50:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png европски првак – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Иџе повторно не направи шампиони, а македонското знаме уште еднаш на највисокото место (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/idhe-povtorno-ne-napravi-shampioni-a-makedonskoto-zname-ushte-ednash-na-najvisokoto-mesto-foto/ Fri, 05 May 2023 07:48:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300708

Најуспешниот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе не престанува да реди успеси. Иџе уште еднаш не направи горди Македонци со нова победа на ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки. Од генералниот пласман Македонија и името на Стефановски стои на врвот од табелата. За својот ууспех Иџе се пофали пред својата армија фанови и следбеници на социјалните мрежи. -После две извозени трки од ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки Македонското знаме повторно онаму каде што припаѓа- на највисокото место во генералниот пласман, горд е Иџе. Двократниот европски шампион во планина Игор Стафановски на 6-ти и 7-ми мај пристигнува на нова трка во Шпанија. Инаку, тој ја победи својата група Ctg.1 - Група 3 во Франција и беше втор во Австрија со својот HYUNDAI I30 TCR. Пред само неколку дена Иџе по осум години се врати на истата патека во Австрија од каде на крајот од патеката заврши како победник од втората трка. Иџе беше во трка со уште 260 автомобилисти од цела Европа од кои тој го зазеде место број еден. Стискаме палци за наредните трки! фото:Фејсбук/Игор Стефановски Иџе]]>

Пехарот се врати дома, но… сите патишта водат во Рим: Италија е нов европски првак (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/peharot-se-vrati-doma-no-site-patishta-vodat-vo-rim-italija-e-nov-evropski-prvak-foto/ Mon, 12 Jul 2021 07:46:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=210582

По вторпат во историјата на европските првенства, шампионот на стариот континент стана познат по изведување пенали. По одличните одбрани на италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума, беше ставена точка на натпреварот и со конечни 3-2 „Азурите“ имаа причина за славење и тоа сред „Вембли“. Италијанската фудбалска репрезентација за вторпат во историја стана европски шампион, а  Англичаните ја пропуштија и оваа, па тие никогаш не застанаа највисоко на пиедесталот.
Регуларниот дел од играта заврши 1:1. По само две минути игра бекот Лук Шо погоди за 1:0 за водство на Англичаните, а тој резултат остана актуелен по првите 45 минути. Италија успеа да ја преземе иницијативата на средината на теренот, упати неколку удари кон противничкиот гол, но сепак за 45 минути немаше ниту една сериозна шанса за израмнување на резултатот. Избраниците на селекторот Манчини во второто полувреме се вратија во игра за пехарот на ЕУРО 2020.  По мешаницата во казнениот простор на Англија, најдобро се снајде дефанзивецот Леонардо Бонучи кој во 67-ма минута ја смести топката во мрежата на Гордиот Албион. Инаку во и околу стадионот Вембли имаше околу 250.000 навивачи кои го следеа финалето. Сепак, англиските медиуми наведуваат дека околу 1000 навивачи успеале да го пробијат обезбедувањето и да влезат на трибините.  ]]>