evropski gradovi – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 07 Dec 2021 12:44:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png evropski gradovi – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Бела бајка: 10 европски градови кои зимата ги претвора во магични https://arhiva.vistina.com.mk/bela-bajka-10-evropski-gradovi-koi-zimata-gi-pretvora-vo-magichni/ Tue, 07 Dec 2021 13:00:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=230335

Новогодишните и божиќни празници се уште поубави под белата снежна покривка. Светлата бела покривка прави сè да изгледа уште поубаво и испраќа вистински зимски вибрации кои уште повеќе внесуваат празничен дух во овој дел од годината. Платформата за изнајмување сместување за одмор „Holidu“ заедно со страницата за временска прогноза www.worldweatheronline.com направила листа од европски градови во кои празниците веројатно ќе ги дочекате со снег. Погледнете ја листата на 10 европски градови кои се магични во текот на зимата: 1. Талин (Естонија) 2. Вилнус (Литванија) 3. Ерфурт (Германија) 4. Турку (Финска) 5. Хелсинки (Финска) 6. Киев (Украина) 7. Каунас (Литванија) 8. Гренобл (Франција) 9. Рига (Латвија) 10. Инсбрук (Австрија) ]]>

10-те најевтини европски градови за викенд патување https://arhiva.vistina.com.mk/10-te-najevtini-evropski-gradovi-za-vikend-patuvanje/ Tue, 28 May 2019 13:15:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=90076

Британското списание Пост Офис неодамна ја објави листата од најевтините Европски градови за викенд посета. Критериумите според кои експертите ја направиле оваа листа биле типичните трошоци – од пица и вечера за двајца со вино, до сместување во хотел со три ѕвезди и превоз. Погледнете ја листата на најевтините градови за 2019 година за викенд посета. Ако сакате малку да избегате од вашиот град, тогаш без сомнение на овие десет места би си прошле одлично и би заштедиле многу повеќе пари од посетата на дестинациите каде што вообичаено одите. 1. Вилнус 2. Белград 3. Варшава 4. Истанбул 5. Букурешт 6. Порто 7. Рига 8. Братислава 9. Москва 10. Прага Во однос на претходната година, Вилнус, Варшава, Москва и прага овој пат се поевтини, додека пак, Венеција и Амстердам се значително поскапи. Љубителите на пивото треба да го земат предвид фактот дека пивото во Прага е десетина пати поевтино од тоа во Осло. А кој е најскапиот град според оваа листа? Рејкјавик! извор:кафепзауза.мк]]>

Прекрасни, но помалку познати европски градови кои не би ви паднало напамет да ги посетите https://arhiva.vistina.com.mk/prekrasni-no-pomalku-poznati-evropski-gradovi-koi-ne-bi-vi-padnalo-napamet-da-gi-posetite/ Tue, 26 Feb 2019 14:15:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=74825

Иако престојот во овие градови е толку пријатен што некогаш наликува и на сон, на голем број туристи не им паѓа напамет да ги посетат овие помалку познати градови...
Либек, Германија Низ аеродромот во Либек, голем дел од патниците проаѓаат во текот на заминувањето за Хамбург, што изненадува бидејќи овој град се наоѓа на листата на УНЕСКО на светски градини и често се опишува како “Венеција на Балтикот”. Либек е преполн со средновековни градби и тесни улички, а во старото градско јадро се наоѓаат седум цркви, од кои најстари се Либечката катедрала и црквата Света Марија од 13-тиот век. Љубителите на слатките нема да можат да одолеат на марципанот по кој Либек е нашироко познат.
Сеговија, Шпанија Сеговија е позната по прекрасниот аквадукт кој датира од првиот век и тој е доволна причина зошто треба да го посетите овој симпатичен град. Не е за потценување ниту импозантната средновековна архитектура, од палатите и катедралите до манастирите и локалните таверни.
Нант, Франција Некои градби се нови, како што е Палатата на правдата, а многу се историски, вклучувајќи ги некогашните магацини кои со текот на времето биле претворени во кафулиња и уметнички ателјеа. Нант е преполн со паркови и градини, а ширум Европа е познат и по некои од најдобрите симфониски оркестри во Франција.
Бергамо, Италија Бергамо е познат пред сѐ по добро сочуваното старо градско јадро на стрмното брдо над современиот град од каде се пружаат прекрасни панорами кон градот и околината. На малечките улички во Бергамо можете да пробате одличен сладолед, да се прошетате покрај рекичката Серио, а градот може да послужи и како одлична “основа” за истражување на Ломбардија.
Виторија, ШпанијаЗасенета од Билбао и Сан Себастијан, Виторија е често неправедно запоставувана. Од раните вечери па сѐ до полноќ, медитеранската атмосфера на нејзините централни плоштади станува исклучително “жива” – додека постарите граѓани играат карти, а децата се качуваат по скалите на старите цркви, преостанатиот дел од населението по напорниот работен ден ужива во прошетките и одличното вино. Доколку некогаш ве однесе патот до овој град, задолжително посетете ја катедралата Санта Марија де Виторија од 13-тиот век.
извор: точка.мк
]]>