евн – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 24 Jan 2024 12:43:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png евн – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Марија Луиса Тодоровска остана „(електро)шокирана“: EВН и скрати од бакшишот, ама не и од сексуалното задоволство (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-luisa-todorovska-ostana-elektro-shokirana-evn-i-skrati-od-bakshishot-ama-ne-i-od-seksualnoto-zadovolstvo-foto/ Wed, 24 Jan 2024 10:44:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336011

Македонската пејачка Марија Луиса Тодоровска  откако добро се „нафатира“ за Новогодишните празници и деновите потоа, целокупното заработено материјално добро реши да го складира во посебна кутија... За рози! Зашто нивниот мирис Марија го обожава... Навика стекната на работа во кафеана! Арно ама, како што е редот, секогаш мора да има некое непишано правило, некој ѓавол кој ќе ти го поремети раатот, па така и на пејачката се најде некој што непланирано и чепна во кутијата без да ја праша за да и набере понекоја „роза од букетот“! Ова и тоа како ја изнервира битолчанката со скопска адреса, која повеќето од денот го преспива, а ноќта заради природата на работата ионака не е дома. Имено, иако власта и ЕВН најавија поевтина струја и помали сметки, но пејачката кога ја доби последната сметка за потрошена електрична енергија, доби алергија. Сумата беше со таков  квантен скок, кој кај Марија Луиса предизвика „електрошок“! Откако онака шокирана и накострешена малку се присобра, зашто ЕВН решил „да ја изгаси“, фолкерката беше решена  да не им премолчи! Мобилниот врака и ја фотографираше сметката која ја сподели на своите  Инстаграм  приказни, на кои реши струјаџиите да ги казни со тоа што јавно ги прозва и им се закани: „Алооооо ЕВН, дали сте нормални јас сама да потрошам толку струја не е реално“ - ги прозва и вербално оние што се обидо да и „брцнат во џебот“  и безобразно да и чепнат од заработката на Марија Луиса Тодоровска. Сепак, сексапилната убавица реши уште еднаш да се преиспита за да утврди кој уред најмногу и троши?! Кој од домашните апарати е најголем потрошувач, па тргна од чиста логика дека најмногу би требало да троши оној уред, кој најмногу го употребува. Марија не е по готвењето, па секако не е шпоретот, фрижидерот не е голем потрошувач, бојлерот можеби, ама не во толкави количини... И тогаш и текна! Она што најмногу го користи од сите можни уреди е нејзината замена кога маж и недостига. Неговата замена во вид на играчка за слатки задоволства во секоја прилика и секое ќоше, нејзиниот силиконски пријател кого си го вика Тоше! Но  Марија Луиса само што помисли, веднаш сфати дека попусто се расфрла со „грешни мисли“  за сметка на нејзиниот најдобар силиконски „интимен пријател“, кога тој всушност струја и не користи, туку своите „неограничени можности“ ги напојува со батерии! Така што  EВН на Марија Луиса можеби и скрати од бакшишот, ама не и од она најслаткото, сексуалното задоволство! Фото: Инстаграм/luisa.todorovska    ]]>

Илјадници добија „напумпани“ сметки за струја: Миа Костова сликовито опиша како изгледа еден месец никој да не живее во домот, а да ти дојде сметка „до плафонот“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/iljadnici-dobija-napumpani-smetki-za-struja-mia-kostova-slikovito-opisha-kako-izgleda-eden-mesec-nikoj-da-ne-zivee-vo-domot-a-kje-ti-dojde-smetka-do-plafonot-foto/ Fri, 02 Sep 2022 07:37:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265115

Новите сметки за парно и електрична енергија ги „пеплосаа“ граѓаните. Многумина добија „електрошок“ кога им беше испорачана новата фактура од ЕВН, како „честитка“ за стартот на новата зимска сезона која е на прагот. Сметките двојно па и повеќе повиски, а многумина од граѓаните ниту дома не биле по две недели,  по еден месец, па и повеќе за време на летото, зашто многумина престојуваат во своите викендички некаде на село, езеро или во природа, во шаторите или приколките по камповите каде седат по цело лето или едноставно биле некаде подолго на годишен одмор... Што значи дома освен фрижидерот, а некаде ниту тој, ништо друго не работело... Ниту еден електричен уред не бил приклучан на напојување, светилките угаснати... Тогаш се поставува прашањето од каде, по која логика сметките да им бидат двојно, па и тројно повисоки? Такви примери има многу, како што има и многумина од оние на кои „услугата“ за пренос и дистрибуција на електричната енергија им е наплатена поскапо отколку самата потрошена струја!? Парадокс или смислена манипулација, ќе треба да докаже фирмата што ја има лиценцата, а доказите ги имаат граѓаните во вид на „напиумпаните“ фактури кои ги „здрмаа“ како да се фатиле за фаза на гола жица! До која фаза на непрепознавање  оди „суштината на измамата“ покажуваат примерите на граѓаните, меѓу кои и многу од познатите. Вчера Емилија Розман, денес Миа Костова, уште една од оние познатите, која нема проблем барем вербално јавно да ги „здрма“  испорачателите на фактурите за струја. Имено, русокосата екс-водителка и инфлуенсерка добила сметка за потрошена електрична енергија која навидум е ништо во однос на некои други, ама парадоксот е во тоа што ништо и не потрошила, ниту еден, единствен ват (W),  зашто цел месец станот бил заклучен, сите уреди исклучени и  извадени од штекер, сијалиците изгаснати, целосен мрак... Ист онаков мрак каков што „и паднал на очи“  кога од ЕВН ја добила фактурата за наплата  од 1.500 денари буквално за темни одаи!!! Коментарите налик на лавина од незадоволства од тоа што некој краде, а некој „дупло“ плаќа, предизвикаа вистинско цунами на социјалните мрежи, ама што дека, кога испорачувачите на сметките „мува не ги лази“!? Организиран бунт, колективен протест, граѓанска непослушност со масовен бојкот и неплаќање на сметките... Или некаков правен лек во вид на тужба? Од власта никој ништо ниту кажува ниту презема? Веројатно се' додека на народот „не му се спојат жичките“, а блиску е,  па не избие „колективен курцшлус“, со „социјален пожар“ од такви размери во кој освен нашите џебови и владата целосно политички „ќе изгори“.... До темел! Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/miandrija]]>

Емилија Розман доби „електрошок“ на своја сметка: „Сите што ме знаат, знаат дека не пцујам, ама… E*Н све да ви е*ам, кој не отвори дуќан во Арачиново, Емилија да не се викам“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/emilija-rozman-dobi-elektroshok-na-svoja-smetka-site-shto-me-znaat-znaat-deka-ne-pcujam-ama-e-n-sve-da-vi-e-am-koj-ne-otvori-dukjan-vo-aachinovo-emilija-da-ne-se-vikam-foto/ Thu, 01 Sep 2022 08:24:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=264982

Емилија Розман, на пошироката јавност позната како македонска мисица, манекенка, модел, дипломиран дефектолог на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје, а во меѓувреме го доби и епитетот „најубавата цвеќарка“,откако стана горда сопственичка  на своите продавници за подароци, свечена декорација, украси и цвеќе. Можеби во љубовта не и „цветаа рози“, ама затоа бизнисот и тоа како и цветаше, па дури и во времето на пандемјата, па Емилија ја прошири својата дејност, од една на уште неколку нови локации... Деновиве г-ѓица Розмантична доби идеја да отвори нова цвеќарница и гифт продавница на позната локација, толку споменувана, прозивана по медиумите и социјалните мрежи споделувана... Едно од „најславните“ села  во околината на Скопје, познато по многу чудни нешта, феномени кои само таму е можно да се случат! Мотивот за идејата на убавата цвеќарка уште почуден... Или поточно -  шокантен! Имено, Емилија Розман доби „електрошок“ на своја сметка, откако истата во вид на фактура за „наводно“ потрошена електрична енергија за месец август во еден од нејзините дуќани  ЕВН и ја испорача! Иако е позната потоа што можеби секогаш не е баш „најприземна“ во одлуките, сепак мисицата е уште попозната како мошне културна и воспитана девојка, која бира зборови пред нешто да каже или јавно да соопшти. Овој пат очигледно „шокирана“, видно изнервирана и извадена од штекер, „пикантно“ ја поздрави  енергетската компанија со „сочни зборови“, срочени во едно постирано писание: „Сите што ме знаат, знаат дека никогаш не пцујам, ама ЕВН, ооо00... све да ви е*ам бе дали остна некој нормален од циркузов од државичкава? Две сијалици и една клима во дуќанот вакви сметки бе, леле бе, супер бизнис идеја ми дадовте, кој не отвори  дуќан во Арачиново, Емилија да не се викам, да ме плукнете ако не го направам тоа и ќе ве др*ам во здрав мозок... и.т.н.“ - им порача Розман на која веројатно „и се споиле жичките“ откако „и паднал мрак на очи“  кога ја видела испоставената фактура за струја од 9148.00 денари среде август, за само една клима која не работи 24/7  во дуќанот и две лед светилки! Ќе и помогнат ли на Розман клетвите со ЕВН да ги „израмни сметките“ и дали во Арачиново наскоро ќе осамне нова  продавница за подароци со цвеќарница, останува недоумица?! Само, како тргнало ова со сметките, да не се случи да ги затвори и оние постоечките!? Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/rozmanticna  ]]>

Весна – Бејби прими „електро-шок“: Таа го рекламираше, а ЕВН ја шокираше со енормно високи сметки за струја! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-bejbi-primi-elektro-shok-taa-go-reklamirashe-a-evn-ja-shokirashe-so-enormno-visoki-smetki-za-struja-video/ Wed, 09 Feb 2022 07:37:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238219

Сигурно се сеќавате кога пред неколку години автомобилот на Весна Бејби Петрушевска среде Скопје се најде во водите на Вардар, а ЕВН потоа ја искористи таа случка со актерката да сними реклама за онлајн плаќање на нивните сметки за струја. Тогаш Бејби одново влезе во реката под Камениот мост, само опремена со нуркачка опрема божем барајќи да ги извади сметките од потонатиот автомобил за да ги плати, всушност рекламирајќи ја кампањата на ЕВН за онлајн плаќање. Ни ЕВН ни Бејби тогаш не обзнанија колку едните ги чинеше рекламата, а колку другата страна заработи за нуркањето  по  фактури во Вардар среде Скопје.
Арно ама, кармата е кучка, а „гладните за пари рекетари на неолиберализмот“ се немилосрдни, па фактурата сега ни стигна на сите нам, ама и на неа, и тоа баеги голема. Весна - Бејби доживеа „електро-шок“ кога ги доби последните сметки за струја, па по непреспаната ноќ, уште рано изутрината како и многумина јавно се пожали на социјалните мрежи, од што тоа „кожата и се ежи“. “Слушам се жалите поради сметките за струја. Да ви кажам, мене едната ми е 14.000 денари, другата 18.000 денари. Знаете кога ќе им ги вадам јас сметките друг пат од вода? Кога јас ќе се фрлам во Вардар, па нека ме вадат ЕВН од таму. Стварно се ненормални... Рекетари“ - им порача Bејби во видеопораката на „неуземјените струјаџии“  претходно прашувајќи ги:  „ЕВН онлајн, како сте?  Цо паите? Ние арни и во благо растројство. Убаи сметките!“
После ова пред Бејби, ЕВН само спомни ја, таа веднаш добива „електро - инсомнија“! Фото: Инстаграм принтскрин/evn_ag/vesnapetrushevska]]>

На познатиот македонски камионџија и инстаграмџија Дарко Влогс ЕВН и БЕГ му се најдоа: Сметките за потпала, ефектот – за машала, а доброто гравче, надалеку се слуша… и чувствува! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-poznatiot-makedonski-kamiondzija-i-instagramdzija-darko-vlogs-evn-i-beg-mu-se-najdoa-smetkite-za-potpala-efektot-za-mashala-a-dobroto-gravche-nadaleku-se-slusha-i-chuvstvuva-foto/ Tue, 01 Jun 2021 08:07:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=204946

Старите не попусто постојано велат: Деца, чувајте ги сметките, еден ден да не ви затребаат... Оти што знаеш, во оваа „луда“ држава, сешто може да ти се случи. Поучен од ова „свето правило“, познатиот македонски камионџија и уште попознат инстаграмџија Дарко Влогс, кој работи во САД, но во моментов е дома во Македонија, си ги сочувал фактурите за стуја, парно и останатите давачки, па дојде денот кога поуката од старите и тоа како му се најде. И тоа практично... Имено, Дарко и пајташите решија дел од времето да минат во природа, покрај Тиквешккото езеро.  Камион е камион, ама во езеро да влеташ, та било тоа и вештачко, а тоа да не е со глисер, па макар тој наликувал на малку посилен чамец,  исто како да не си „натурализиран Американец“. Нејсе, откако направија неколку круга, ја разбрануваа водата за поарно да работи хидроцентралата и ги исплашија рибите, риби не фатија... Арно ама, затоа досетливиот Дарко имаше алтернативна идеја. Гравче за ручек, сварено на отворено, во бакарно котле на оган во дворот на викендицата каде што отседнаа. А за гравче покрај мастраф и котле, ти треба и оган, ама и нешто за потпалување... Во викендица весници не се чуваат, а и се помалку се печатат и купуваат. Тоалетната хартија - дефицитарна, па греота да се троши и кога ќе видиш - не видиш, од хартија за потпала единственото што ти преостанува се сметките... За струја, вода, парно, телефон... што се нашло. Патем, уште ако се високи, а си морал да ги платиш, можеш да споиш и корисно и убаво... на душата. Со нив да го потпалиш огнот, а ЕВН, БЕГ и останатите... нека „горат во пеколот“! Нашиот камионџија, ем инстаграмџија, така реши и да направи.  На Дарко Влогс, ЕВН и БЕГ му се најдоа... Сметките за потпала, ефектот - за машала! Ниту градот што падна тој ден на Тиквешко не успеа да му ги „помати сметките“ и да му го расипе гравчето. Камионџијата добро знае дека во секоја манџа вкусот го дава запршката, само треба да внимаваш од која страна ќе ја фатиш дршката... на жешкото тавче со мастрафот, се разбира! А после тоа...  Доброто гравче, надалеку се слуша... и чувствува! А, чувството - единствено: Полн стомак и празна околина околу тебе... Во баеги широк радиус! Фото: Инстаграм принтскрин/darkovlogs]]>

Почина Атанас Ковачевски, новинар и портпарол на ЕВН https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-atanas-kovachevski-novinar-i-portparol-na-evn/ Fri, 19 Jun 2020 08:13:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=154559

На 50 годишна возраст почина портпаролот на ЕВН и поранешен новинар, Атанас Ковачевски. Тој на јавноста и беше познат од ТВ екраните како новинар, а во последните години како портпарол на ЕВН. На неговиот фејсбук профил утринава може да се видат бројни пораки од неговите пријатели кои се простуваат од него. Ковачевски претходно работеше во телнационалната ТВ Канал 5 и во јавниот сервис МРТВ. Редакцијата на  Вистина.ком.мк изразува искрено сочувство на семејството и блиските.
 ]]>

Нејзе ЕВН и испорача поинаква фактура: Весна-Бејби одново во Вардар… да ги расчисти сметките! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nejze-evn-i-isporacha-poinakva-faktura-vesna-bejbi-odnovo-vo-vardar-da-gi-raschisti-smetkite-foto/ Thu, 07 Jun 2018 07:50:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=31170

Весна Бејби Петрушевска среде Скопје, кај Камениот мост, повторно во водите на Вардар. До душа минатиот пат, во вардар беше нејзиниот автомобил без неа, за разлика од сега, кога таа заплива во надојдената река без автомобил. Ама затоа овој пат Бејби добро се подготви, за никој и ништо да не може да ја изненади...
Никој освен ЕВН, па Бејби одново мораше да се нурне во Вардар за да ги расчисти сметките со „австриските струјаџии“. Само што тие на македонската актерка и водителка овој пат и испорачаа една поинаква фактура...
Па Бејби својот неодамнешен хендикеп го претвори во предност, односно несреќата ја наплати наместо од осигурителното од ЕВН. Со тоа што за реализацијата на довитливата идеја навистина ги заслужи сите почести... за сите пари!
Погледнете ја рекламата и ќе видите зошто:

A post shared by Vesna Petrusevska (@bejbimama) on