евергрин – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 11 Mar 2024 09:22:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png евергрин – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Таа песна направи револуција“: Тања Савиќ откри кој нејзин хит ги надмина другите (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/taa-pesna-napravi-revolutsija-tana-savik-otkri-koj-nejzin-hit-gi-nadmina-drugite-foto/ Mon, 11 Mar 2024 09:22:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341864

Тања Савиќ се прослави со учеството во шоу програмата „Ѕвездите на Гранд“ пред 20 години и оттогаш важи за една од најплатените и најслушаните пејачки. Тања е сопственичка на бројни хитови, но како што вели е особено позната по една песна, а откако ја објави оваа нумера, нејзината кариера тргна во нагорна линија: - „Златник“ некако направи револуција, тоа можам со сигурност да го кажам. Таа песна стана евергрин - вели пејачката. Пејачката откри и каква музика слуша приватно: - Верувале или не, речиси никогаш приватно не слушам народни песни. Јас сум сестрана, но не секогаш, зависи од тоа во какво расположение се будам. Цел ден, на пример, слушам Селин Дион или Витни Хјустон, а понекогаш ми доаѓа да ја слушам Верица Шерифовиќ или Шабан Шаулиќ. Чудна сум, но претпоставувам исто како и секоја уметничка душа - изјави Савиќ за Гранд.рс Фото: printskrin/instagram/tanja_savic_private]]>

Вака изгледаше во неговиот прв видеоспот пред 45 години каде пееше забавна песна: Го препознавате ли пејачот, денес е македонска фолк легенда (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vaka-izgledashe-vo-negoviot-prv-videospot-pred-45-godini-kade-peeshe-zabavna-pesna-go-prepoznavate-li-pejachot-denes-e-makedonska-folk-legenda-video/ Thu, 02 Mar 2023 09:00:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291284

Брадатото тогаш, 22 годишно момче кариерата ја започна токму со оваа песна и видео. Тогаш како надежен пејач на забавна музика и шлагери, за со годините подоцна да прерасне во врвен фолк интерпретатор на изворни и новосоздадени народни песни, а денес за него може да се каже дека е вистинска фолк  легенда. Роден во ресенчанец, но речиси целиот живот го минува во Охрид, каде завршил основно и средно образование, како и музичко училиште, а во Охрид и денес живее. Во Скопје  завршува  прв степен право и Угостителско-туристички факултет одново во Охрид, но музиката преовладува,  па по десеттина години работа како организатор во угостителско-туристичките организации во Охрид, дефинитивно прераснува во професионален естраден уметник, до ден денес. Нема фолк фестивал кај нас на кој не настапил, на многу од нив освојувал и награди, испеал мноштво македонски изворни и новосоздадени народни песни, од кои некои станале и хитови, а останале и како фолк евергрини. Имал мноштво турнеји по дијаспората, учествувал на безброј манифестицаии и концерти, снимил неколку носачи на звук ( касети и ЦД-а), а  ден денес остана активен изведувач кој  се' уште настапува и е присутен во медиумите. Ако се' уште не го препознавте, во прашање е Петар Нечовски. Освен по своите песни, познат како дружељубив човек, другар, пријател, со весело срце и широка душа. Инаку на видеото од далечната 1978 година реализирано од тогашнато ТВ Скопје тој го прави своето телевизиско деби каде ја пее забавната мелодија „Ти така ми доаѓаш“, песна која подоцна стана македонски шлагерски евергрин. На него не е снимката од изградбата на автопатот Скопје-Охрид, зашто со оглед на тоа колку долго се гради, можеби некому така ќе му заличи,  туку се снимени фрагменти од тогашната младинска работна акција „ОРА Катланово 78“. Проследете го видеото од пред 45 години, кое повозрасните ќе ги постети на старите добри времиња, а помладите ќе ги однесе во за нив едно можеби едно поинакво време, во кое колку и да им изгледа и звучи чудно и неверојатно, многу поубаво се живееше од денес, на што се живи сведоци оние кои го искусиле и она тогашното и ова сегашново живеење, како самиот Петар Нечовски (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Љуба Перучица откри кој евергрин посакувал да биде негов (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ljuba-peruchica-otkri-koj-evergrin-posakuval-da-bide-negov-foto/ Wed, 07 Dec 2022 10:22:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=279038

Речиси и да нема пејач кој не би сакал да ја сними песната на некој свој колега, само поединци не сакаат да го признаат тоа. Сепак, Љуба Перучица отворено проговори на оваа тема и откри дека од срце би сакал песната „Ветрови ме ломе“ на легендарниот Џеј Рамадановски да биде негова. - Секако, има и такви песни кои јас лично сакам да ги пеам и кои би сакал да бидат мои, а една од нив е секако „Ветрови ме ломе“, од познатиот Џеј Рамадановски, рече Перучица. Перучица важи за човек на кој многу мажи му завидуваат не толку за кариерата туку за атрактивната сопруга која ја има покрај себе, Катарина Колозеус. Фото: Принтскрин/Инстаграм/ljubaperucica  ]]>

Маријана Новачевска за момент носталгијата ја совлада, ја преплавија емоциите, па тагата и спомените пејачката ги „залеа“ со песна: „За сите мои галеби тажни што одлетаа…“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/marijana-novachevska-za-moment-nostalgijata-ja-sovlada-ja-preplavija-emociite-pa-tagata-i-spomenite-pejachkata-gi-zalea-so-pesna-za-site-moi-galebi-tazni-shto-odletaa-video/ Wed, 21 Sep 2022 08:49:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=267918

Маријана и Росана... некогаш Сариќ, подоцна едната Тодоровска другата Новачевска. Двете сестри близначки, две бисерни грла кои оставија траен белег на македонската музичка сцена. Испејаа дузина забавни и фолк песни кои тогаш станаа хитови, денес останаа евергрини кои вечно ќе се пејат. Судбината сакаше животните патишта на близначките да им се разделат, но не и душите... Две тела споени во една душа, едно срце кое чука за едната и другата подеднакво во ист такт... Како и за сите нивни, сите блиски кои ги сакаат, љубат, за нив живеат... Росана остана во Македонија, а Маријана веќе со години живее во далечната Австралија. Иако активно и двете веќе не се на естрадата, песната никогаш не ја оставиле, не ја заборавиле. Знаат и тоа како да запеат... Та било тоа повторно некаде јавно, за мал круг на блиски луѓе, одбрано друштво или едноставно само онака... За своја душа. Особено кога душата ќе се нажали, а има и тоа како зошто и по кого да тагува. Токму акво нешто деновиве и се случи во далечната Австралија на Маријана Новачевска. Македонската пејачка  за момент носталгијата ја совлада, ја преплавија емоциите, па тагата и спомените Маријана ги „залеа“ со песна... И тоа преубава, еден од оние вечните забавни евергрини од златното време на македонската забавна музика, време на незаборавните македонски шлагери од седумдесеттите години на минатиот век... „Има еден галеб тажен“... Или „Летај галебе“ како што гласи оригиналниот наслов на вечната песна испеана од  некогашна македонска пејачка ѕвезда Верица Ристевска. Дали заради далечината таму некаде со илјадници километри од родното огниште или сеќавањата на годините и споменот на нејзиниот некогашен сопруг (со кого иако беа разведени, до последно останаа најдобри пријатели), композиторот Тоде Новачевски, кој не така оддамна замина од од овој свет, а и тој живееше со години на најдалечниот континент. Едноставно онака, без објаснение и без некоја посебна причина, на Маријана и дојде да запее... Како замена за солзите!? „Не знам што ми текна. За сите мои галеби тажни што одлетаа таму некаде далеку… Нема фризури, нема шминка, нема сјајна гардероба... Ете така“ - кусо напишала во појаснувањето пејачката која седната зад сајзерот во еден здив маестрално ја отпеала познатата песна. Онака за себе, за своја душа, но и за душите на сите други, кои изгубиле некого близок, драг, единствен... Како и за душите токму на оние кои повеќе ги нема меѓу нас. За и ним и нам оној „галеб тажен“ ако може барем малку... да ни стопли душа! ]]>

„Због једне дивне црне жене“…. Таа е прекрасната жена со црна коса од безвременскиот евергрин на Киќо Слабинац (ФОТО+ ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/zbog-jedne-divne-crne-zene-taa-e-prekrasnata-zena-so-crna-kosa-od-bezvremenskiot-evergrin-na-kikjo-slabinac-foto-video/ Fri, 13 Nov 2020 10:20:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=175987

Познатиот екс југословенски пејач, славонецот Крунослав Киќо Слабинац почина денеска, а медиуми откриваат која е жената на која пред 46 години и ја посвети песната „Због једне дивне црне жене“. Станува збор за Мирјана Антонијевиќ која во јавноста е позната по скандалот со српкиот пејач Мирослав Илиќ, откако тврдеше дека тој е татко на нејзинито син. Пејачот со години одбиваше ДНК анализа, а двајцата завршија на суд. Мирјана живеела во Америка кога Кичо ја запознал додека бил на турнеја. Стиховите од песната ги напишал во авион додека се враќал од Америка за Загреб, а музиката еден ден подоцна. Во една прилика Кичо изјавил дека често на неговите концерти таа имала место во првиот ред и при изведување на оваа песна тој застанувал пред неа да пее. Мирјана ја потврдила оваа приказна истакнувајќи дека и е мило што песната и е посветена. https://www.youtube.com/watch?v=n1LIrn6yZ_c&feature=emb_logo]]>

ДАРИО ја опеа радоста во прегратките на животот и тагата во неговите канџи, во – „Еј, животе“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dario-ja-opea-radosta-vo-pregratkite-na-zivotot-i-tagata-vo-negovite-kandzi-vo-ej-zivote-video/ Fri, 03 Apr 2020 08:24:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=143037

Дарио Панковски е еден од ретките македонски музички поп ветерани, кои се' уште се активни на домашната естрадна сцена. Познат како пејач, а уште повеќе и самиот како автор, кој можеби твори полека, песна по песна, една-две во годината, но како по правило, се' што ќе напише или станува хит или останува евергрин. Така, ланските (2019) „Ишала“ и „Горе, горе“,  беа повеќе инстант хитови, брзи песни за забава и танцување кои во себе го носеа мирисот на Ориентот или шмекот на латино ритамот, проткаени со духот на Медитеранот, зачинети со магијата на Балканот. Најновата песна, која вчеравечер (02.април, 2020 год.) Дарио ја провираше на социјалните мрежи и Јутјуб каналот е една од оние што ќе остане... Песна за навека. Една од оние негови песни што со текот на времето стануваат евергрини и со годините само добиваат на вредност. „Еј животе“ е балада со типично балканска душа во себе, тамбурашка поп песна која со грст емоции од срце ќе се пее подеднакво гласно и на концерт и во кафеана. Песна за текот на животот низ годините и сето она што тој ни го носи, ни го дава и зема, песна за сета радост силно гушната во неговите прегратки и сета тага цврсто зграпчена во неговите канџи...  Едноставно, песна со уникатна вредност и значење, универзална приказна за животот и пораката која тој ни ја праќа, која важи за век и векови! Нешто како логично продолжение на неговата „Зајди јасно сонце“, исто така евергрин - балада испеана пред години, со грчки бузуки мелос во себе. Музиката и текстот на „Еј животе“ се авторско дело на самиот Дарио Панковски, а аранжманот го потпишува уште еден проверен ветеран, Кристијан Габроски. Во недостаток на вистинско видео, а ќе биде вистинска штета да не се сними спот за ваков  „бисер“ што претендира да прерасне во евергрин, покрај премиерното слушање на песната, ви ги нудиме стиховите на „Еј, животе“, кои веројатно ќе допрат многумина од вас:   „Еј, животе“ Од црн плиш тешка завеса секое утро се подига пред нас, Друг ден, друга улога, публика нова, а истата е таа стара претстава Победа денес, слава, ловори, а утре тага од горки порази, ги играме тие неколку чина година по година А како одат години, се’ некако се пократки, Рефрен: Еееј животе, колку бол ни нанесе, зарем мора вака тешко да е, еееј животе, а колку радост донесе, ма прекрасен си покрај се’, Еееј животе, до кога никој не знае, затоа ноќва другари стари, со полни чаши за нас да наздравиме! Не научи дека треба да се љубиме, и да сме силни кога некој губиме, на секој нов ден, на секој миг да му се радуваме. А како одат години, чашите ни се попразни. Еееј животе, колку бол ни нанесе... https://www.youtube.com/watch?v=NwTvRrVIopA    ]]>

Митевски и Дац со ретроспектива на младоста и животот во – „Уште ми фалиш“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mitevski-i-dac-so-retrospektiva-na-mladosta-i-zivotot-vo-ushte-mi-falish-video/ Thu, 17 Oct 2019 10:12:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=113122

По наградите кои ги собраа со темата „Цреши охридски“ на фестивалот „Охрид фест - Охридски трубадури“, Александар Митевски и актерот Драган Спасов - Дац се појавија и на годинешниов „Макфест 2019“. И не само што влего во финалето, туку нивната „Уште ми фалиш“ за малку не победи, туку го освои вицешампионското второ место, а тие на своето конто додадоа награда од три илјади евра. Автор на музиката и аранжманот е Александар Митевски, додека стиховите заедничко дело на Митевски и Драган Спасов - Дац, а миксот и мастерингот на песната ги направил Бобан Василевски.  Митевски и Дац и со оваа песна ја продолжиле нишката на современи шансони, срцепарателни балади кои со тек на времето како по некое непишано правило стануваат евергрини.... Безвременски песни за сите генерации. Особено за оние повозрасните, кои низ стиховите на песните како што е „Уште ми фалиш“ прават ретропективна на својот живот и својата младост, на сите остварени и неостварени љубови, желби, мечти, младешки сништа... без оглед кои се и што се, колку се познати или успешни, исполнети и реализирани личности. Токму такво е и одлично осмисленото видео за песната, за чија визуелизација се погрижила екипата од „Пикадо креатив колектив“. Едноставно, драмски, без расфрлање со голем буџет, но мошне ефектно, со приказна која во потполност ги следи и кореспондира со стиховите на песната. А, во видеото избор на познати и признати, успешни македонски, пред се' скопски фаци. Од познати уметници, градски луѓе, бизнисмени, артисти, угостители, композитори, професори, новинари, малостопанственици... чии лица ќе ги препознаете во видеото, а нивните имиња можете да ги прочитате на подолгиот список во одјавната шпица на спотот. Вистински „олстарс“ на успешни луѓе, скопската урбана елита која не е лесно да се собере на едно место во функција на приказната и нејзината визуелизација. Браво за идејата и нејзината реализација, која можете да ја проследите во видеото за „Уште ми фалиш“ во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=genLcmIahNw  ]]>