ева – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 05 Apr 2023 10:56:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ева – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонија е мала, но големи сме во срцето и успесите: Злато и бронза во ритмичка гимнастика за Ева и Илина Соколовски во Германија https://arhiva.vistina.com.mk/makedonija-e-mala-no-golemi-sme-vo-srtseto-i-uspesite-zlato-i-bronza-vo-ritmichka-gimnastika-za-eva-i-ilina-sokolovski-vo-germanija/ Wed, 05 Apr 2023 10:54:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296736

Македонските девојчиња Илина(16) и Ева(13) донесоа злато и бронза за Германија. Двете сестри Македонки, кои живеат во Германија, го освоија првото, односно третото место на турнирот по ритмичка гимнастика во републичките наптревари и своите витрини  ги закитија со по уште еден пехар. Успехот е поголем што Илина и Ева со нивните години се натпреваруваат во поголемите класи.  Ева, која има 13 се натпреваруваше во класа до 15 годишна возраст, на турнирот во германското градче Падерборн и по четврти пат го освои првото место. Додека Илина, која има 16 години на турнирот во Бохум го освои третото место. Токму поради овој голем успех дветге се квалифицира во шолуфиналето на Германија кое ќе се одржи на 29 и30 овој месец во Хефенхајм. Илина, која веќе има и интернационална кариера се натпреварува во сениорската класа, но за разлики од изминатите години сега конкуренцијата е многу посилна, а тоа и дава мотив повеќе да реди успеси. -Ми предизвикува задоволство да се натпреварувам во ваква силна конкуренција. Велам силна е конкуренцијата,  бидејки многу гимнастичарки од Украина и Русија поради проблемите во своите дрзави ги потполнија германските клубови.  Веќе неколку години ја следам мојата конкуренција, тоа се гимнастичарки поголеми по возраст од мене. Тие некогаш беа мои идоли, а сега ќе треба да ги мерам моите вештини со нив. Знам дека ова за мене е нешто ново, нешто што бара многу труд, но не се плашам. Знам дека ние доаѓаме од малата Македонија, но сме големи во срцето и успесите. Затоа не се плашам, ни рече Илина, која ќе ја претставува Македонија на евроското првенство во гимнастика. -Откако одлучив да ги бранам бите на нашата татковуна не застаувам. Тренирам по шест пати во неделата, а по четири часа преку викендит, но некогаш се случува и по шест часа. И не ми е тешко ништо, напротив, се правам со голема желба, во најдобро светло да ја претставам Македонија,  рече Илина.  ]]>

Илина и Ева Соколовски – двете сестрички кои ги собраа сите можни медалји во ритмичка гимнастика во Германија, конечно ќе ги бранат боите на Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/ilina-i-eva-sokolovski-dvete-setrichki-koi-gi-sobraa-site-mozhni-medalji-vo-ritmichka-gimnastika-vo-germanija-konechno-ke-gi-branat-boite-na-makedonija/ Mon, 06 Mar 2023 13:08:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291965

Сонот на Илина (16) и Ева (13) Соколовски стана реалност!  Двете наши девојчиња, кои ги собраа сите можни медалји по ритмичка гимнастика во Германија, сега конечно ќе ги бранат боите на Македонија! Илина и Ева под македонско знаме ќе се натпреваруваат на европското првенство по ритмичка гимнастика, кое ќе се одржи во Будимпешта! И двете се пресреќни, бидејќи сите овие години, колку што се натпреваруваат, иако се со македонски пасош, се натпреварувале за Германија, родени се и живеат таму со семејството. -Конечно ми се исполни сонот1 Уште кога почнав посакував еден ден да застанам под македонското знаме. Кога ќе настапувам за Македонија ќе ме подржат моите тренерки од Германија, со кој веќе работам 10 години. Во Македонија не постои овој спорт и нема тренери, кој ќе ја исполнат нормата за интернатионални натпревари. Се радуваме со мојата сестра што ке ја представуваме Македонија на балканските, европските и на светските натпревари, ни рече Илина. А додека да се случи овој натпревар Илина и Ева стартот на новата сезона го почнаа, секако со медалји. Во јануар Ева имаше пријателски традитицонален натпревар во Боркен, каде го освои првото место. На 11. фебруари во Гутершлох се одржа првата квалификација на сезоната и Ева повторно беше прва, додека Илина го освои второто место. На 19. фебруари Ева се натпреваруваше во Бохум републички традиционален натпревар и повторно го освои првото место.   А вака е и деценија наназад, колку што двете се натпреваруваат на републички, државни и интернационални натпревари по ритмичка гимнастика во Германија. Многу медалји ги красат витрните на нивните клубови, недостасуваше само натпревар за матичната земја, бидејќи на секој Македонец желбата е да си ја претставува државата. -Навистина сонот ни се оствари да ја представувме Македонија. Веќе се изработуваат потребните документи и пресреќни сме со Ева што ќе бидеме репрезентативки на Македонија! Следува напорна работа, напорен тренинг, но тоа нас не не плаши, вака функционираме уште кога почнавме. Мотивот сега ни е поголем, Македонки сме, со македонски пасош и под македонско знаме ќе се обидеме да ја претставиме во најдобро светло татковината на европската спортска сцена, вели Илина. Песната „Кога падна на Пирина“  од „Некст тајм“ беше инспирација на Илина Соколовска за настап на Интернационалниот натпревар по ритмичка гимнастика во Германија и се закити со вицешампионско место. Илина и Ева се скопјанки, кои се родни во Геманија, но со семејството живеат и победуваат за Геманија.]]>

Македонските девојчиња Илина и Ева Соколовски повторно се закитија со медали на натпревари по ритмичка гимнастика во Германија https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskite-devojchinja-ilina-i-eva-sokolovski-povtorno-se-zakitija-so-medali-na-natprevari-po-ritmichka-gimnastika-vo-germanija/ Wed, 23 Mar 2022 12:11:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244060

Илина и Ева се натпреваруваа во Швеацер, во близина на Дортмунд, Вествалија каде едната го освои четвртото место, додека другата второ. Четвртото место на Илина е исто како да освоила златен медал, бидејќи, прв пат се натепреварува со постарите гимнастичарки. Таа има само 16 години, но беше рамо до рамо со наптпреварувачка од 30 години, односно со сениорките. -Овој натпревар беше на републичко ниво. Го освоив четврто место ама со многу мала разлика во поените, со многу мала предност, вели Илина. Ева, пак, го освои второ место, а тоа што претходно беше позитивна од корона и веднаш замина на натпревар не и претставуваше никаков проблем. Со овој резултат Илина и Ева влегоа во поуфиналето, а потоа ќе се натпреваруваат за финале, кое ќе се одржи во јуни, градорт Даан, на француска граница. -Среќни сме. Не е лесно да се натпреваруваш со сениори. Јас бев четврта од вкупно 17 натпреварувачки, а бев најмала, вели Илина. На сите професионални спортисти периодот на пандемија беше многу тежок, па така и Илина и Ева имаа проблеми со тренинзите. -Овие две години ми беше многу тешко, не можев да ги видам баба и дедо и братучетка ми. Не можевме да тренираме, беше забрането поради короната, а јас бидејки сум во тимот за Бундес лига, нам како професионалци ни дозволија да вежбаме само три пати неделно, што не е доволно. Навистина проблем е короната за сите, па и за нас спортистите. Но, ете, иако чудно, сепак, сестра ми Ева се зарази, а јас не. А постојано сме заедно, објасни Илина. Илина и Ева паралелно со спортот ги завршуваат и училишните работи и тоа со голем успех. Двете се доказ дека се што се сака се може и нема ништо тешко. -Тешко е, јас или учам или тренирам, ама многу го сакам спортот и затоа не ми е ништо тешко. Тешко е сега што поради пандемијата не се тренираше, а сега, пак, покрај војната со Русија и Украина многу од гимнастичарките кои не тренираа мораа да си заминат. Така и јас и Ева моравме да го смениме клубот, бидејќи еднаш се затвори поради корона, а сега сме со нов тренери во друг град ис екој ден патуваме околу 20 километри на тренинг. Ама не е проблем тоа, нас веќе сите не знаат,а тренерите не сакаат и многу се израдуваа кога додјовме во тој клуб, додава Илина. Илина во својата кариера може да се пофали и со интернационални натпревари, на кои постигнувала големи успеси. Таа пред неколку години во Украина беше прогласена за принцеза на гимнастиката и овој спомен, колку што и го топли срцето, толку и ја растажува со оваа ситуација. -Многу ми е жал што вака се случи во Украина. Имам убави спомени, бев на натпревар и бев прогласена за принцеза во Харков. Имам и слики пред зградата, кај што се натпреварувавме, а која сега веќе ја нема, додава тажно Илина, која уште од мала ги гледала денешните успешни гимнастичарки во Германија, а сега веќе се натпреварува заедно со нив. -На натпреварот им кажав дека одсекогаш сум сакала да се натпреваруваме заедно и ете ми се исполни желбата, вели Илина]]>

Додека состојбите со коронавирусот кулминираат, децата на Заеви се луксузираат: Корона за цел свет, за Ева нов кабриолет (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dodeka-sostojbite-so-koronavirusot-kulminiraat-decata-na-zaevi-se-luksuziraat-korona-za-cel-svet-za-eva-nov-kabriolet-foto/ Sun, 22 Mar 2020 16:59:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=140801

Корона кризата секојдневно влегува во нов пик, има се повеќе заразени, се повеќе починати во светот, а веќе и кај нас... И додека мора да седиме дома купувајќи време заразата да мине, времето не гази сите нас... Фирмите затворени, вработените распуштени, економијата на колена, а ако потрае оваа пандемија, набргу ќе имаме и „умрена“ економија. Лидерот на СДСМ Зоран Заев  заборави дека повеќе не е премиер, па место техничкиот, тој  тргна да најавува економски мерки... Демек солидарни! Минимална плата за сите... Мерки кои најмногу по џебот ќе ги удрат оние кои со тие пари не ќе можат да го поминат месецот, зашто и со својата „максимална“ плата ионака едвај крпат крај со крај, со маки спојуваат први со први. Сега, не ќе можат да ја истераат ниту  првата седмица  од месецот... На работниците на кои секое денарче им значи, минимална плата ќе им ја зaтвори и онака затворената врата од животот од Ковид 19. Никој не сака да седи дома, ама никој и не може да живее со 250 евра...  Лесно им на Заеви и на пратениците, на министрите и градоначалниците, на политичарите од власта... Ним банкарските резерви им се на завидно ниво, па лесно ќе се откажат од платите, ама останатите? И додека Заев најави дека ќе крати плати на вработените, ниту тој ниту неговото пошироко семејство очигледно нема да биде меѓу серизоно оштетените. Доказ повеќе, последната фотографија споделена на социјалните мрежи, која иритира, провоцира и нервира... Додека состојбите со коронавирусот кулминираат, децата на Заеви се луксузираат. Внуката на Зоран Заев, ќерката на Вице-то, Ева, сподели фотографија на своите Инстаграм приказни, на која се пофали со нов автомобил, паркиран во дворот. Бела  „Фолцваген - Буба“...  Корона за цел свет, за Ева нов кабриолет!]]>

Сестрите Соколовски и оваа сезона се едни од најдобрите во ритмичка гимнастика во Германија https://arhiva.vistina.com.mk/sestrite-sokolovski-i-ovaa-sezona-se-edni-od-najdobrite-vo-ritmichka-gimnastika-vo-germanija/ Tue, 16 Jul 2019 11:01:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=97844

Сестрите Илина (13) и Ева (9) Соколовски со прво и трето место ја завршија сезоната на натпревари по ритмичка гимнастика во Германија и се едни од најдобрите во овој спорт. Ева во завршниот турнир го освои првото место, односно златниот медал во нејзината категорија, додека Илина го освои бронзениот медал, односно третото место. Завршниот натпревар, кој е традиционален летен турнир за летен пехар се одржа во Минстер и по големата победа Илина и Ева заминуваат на заслужен одмор, кој секако ќе биде исполнет со тренинзи бидејќи од есен ги чека нов предизвик и нови победи.
„Илина и Ева досега од ниеден турнир не се вратиле без пехар. Ева досега има 12 натпревари и од сите 12 се вратила со прво место. Илина иако има 12 години од последнава сезона поради големиот талент се натпреварува во категорија на спортисти во групата од 15-16 години. Таа минатата година имаше и еден интернационален настап во Украина, каде го освои првото место и беше прогласена за принцеза за ритмичка гимнастика. Овој пат го освои третото место, но со многу мала разлика во поени. Иако и двете се со македонски пасош, сепак, Германија многу вложува во нивниот талент и во клубот каде тренираат доаѓаат светски тренери да им ги покажат вештините во овој спорт“ - вели нивниот татко Горан Соколовски.
Дека македонските девојчиња Илина и Ева се гордост на Германија покажува и фактот што после секој турнир и награда медиумите не штедат зборови за пофалба. Годинава Илина на турнирите четири пати била прва, додека Ева од три натпревари сезонава три пати се вратила со златен медал. Затоа и германските медиуми за нив велат дека каде и да настапуваат се враќаат со награди и дека станатите натпреварувачки треба да се плашат од нивниот талент и успех. „Од секој турнир се враќаат со награди.
Браво за Илина која поради големиот талент и умешност се натпреварува во категорија на спортистки кои се поголеми д неа и на Ева која знае само за прв место“, пишува меѓу другото во медиумите во Германија. Колку Илина и Ева се познати и признати покажува и фактот што дел од фирмите веќе ги ангажираат за заштитни лица за рекламирање на нивните производи.
Илина и Ева заминуваат на летен одмор во Македонија, каде секој ден со наши тренери ќе вежбаат по неколку часа на ден. Од есен ги очекува нова сезона со нови успеси.]]>

Џина Папас Џокси со емотивна порака што ќе ве наежи, замисли и расплаче и ја честиташе магистратурата на својата ќерка (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dzina-papas-dzoksi-so-emotivna-poraka-shto-kje-ve-naezi-zamisli-i-rasplache-i-ja-chestitashe-magistraturata-na-svojata-kjerka-foto/ Sat, 30 Mar 2019 10:09:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=80224

Нема нормален човек, не постои родител кој не му посакува се' најдобро на своето дете во животот. Кога се родителите и децата во прашање пак, велат момчињата се повеќе приврзани кон мајките, додека девојчињата кон татковците. Ова не е пишано правило, но во најчест случај е така. Како и да е,  двајцата ародители се подеднакво горди и среќни, подеднакво се радуваат на секој успех на нивното дете. Особено, ако тоа не е обичен успех туку, нешто што не е така лесно да се достигне. Образованието е еден од тие сегменти, а моментот на неговото завршување или надоградба се оние нешта кога во душата на родителот се случува експлозија од радост, екстаза од задоволство, среќа и гордост проследена со мислата: „Да, тоа е моето дете“!
Токму понесен едно такво случување, познатиот македонски кантавтор и пејач Џина Папас - Џокси (Ѓорѓе Васиќ), авторот и изведувач на легендарната песна „На Велигден“ со емотивен статус на својот Фејсбук профил и ја честиташе магистратурата на својата ќерка Ева. Порака што секој родител ќе ја разбере.
Имено,  младата Ева Васиќ - ќерката на Џокси е една од ретките Македонки која најпрвин дипломираше Меѓународен проект менаџмент, а потоа и магистрираше на Универзитетот Кјото во Јапонија, кој е рангиран на самиот врв на јапонската универзитетска листа.
Моментот на среќа гордиот татко Џокси не можеше да не го сподели со јавноста, преку отворено обраќање кон својата ќерка. Неговите зборови ја кријат сета животна мудрост на еден совесен и стабилен родител. Зборови од кои ќе се наежите, замислите, а  некому можеби и ќе му се насолзат очите.
„Ќерко, сега кога магистрира ред е да почнеш да го живееш животот. Мајка ти те научи букви и бројки, јас те запознав со нотите, а тоа се неговите три основни елементи. Буквите, преку кои ја доби својата писменост, ти овозможуваат да комуницираш со луѓето, да го разбереш нивниот збор и со иста јачина да им се спротивставиш. Бројките ти овозможуваат да ја пресметаш тежината на животот. Ќе вадиш корења за да преживееш, но плодовите секогаш доаѓаат на добро пресметаното време. Музиката е таа која треба да ги спои овие елементи и во хармонија да ти го олеснат патот кон успехот.
Патот, и самата знаеш, не е постела од пердуви, опак е. Ако не знаеш да пресметаш (бројки) по која рута да се движиш, ако не можеш да разбереш (букви) што се бара од тебе, тогаш застани, одмори, слушни ја музиката (ноти), опушти се, и ... ќе ти текне, за сѐ има решение. И не брзај да докторираш, има време. И не брзај да се враќаш, пак има време. П.С. Ти текнува кога ја бранеше дипломската? Професорот ме виде пред да ме претставиш и на глас кажа: - Оооо, па ти си викнала и музика да прославиме! Се стаписа кога разбра кој сум. - Четири години не си ни кажала кој ти е татко?! - Професоре тука јас ја бранам дипломската, а не татко ми! Тоа само ја покажува твојата големина што си се изборила сама за своите ставови и успеси, ја покажува твојата перцепција на животот и работите околу себе. Ти честитам на успехот што денеска ме направи да се чувствувам возвишено. Што и да ти треба, кај и да си, тука сум. Те сакам!“
 
]]>

Во „Преспав“ беше сопруг на Ула, а ова се синовите на Коста во неговиот приватниот живот https://arhiva.vistina.com.mk/vo-prespav-beshe-soprug-na-ula-a-ova-se-sinovite-na-kosta-vo-negoviot-privatniot-zivot/ Fri, 25 Jan 2019 08:25:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=69190

Неодамна заврши третата сезона на „Преспав“ која ја освои македонската публика.Преку интересни и комични сцени ликовите прикажуваа одредена ситуација или случка. Игор Ангелов ја играше улогата на Коста односно тој беше сопруг на Германката Ула (Тијана Дапчевиќ). Децата го обожуваат Игор заради улогата на Цветко во ТВ серијата „5+ Фамилија“, а возрасните заради многуте одлични театарски и филмски улоги. Но, дефинитивно улогата на Коста во „Преспав“ ќе му остави голем впечаток во неговата кариера.
Игор заедно со неговото семејство односно сопругата Ева и синовите Јакови и Андон живее во Скопје, поточно во селото Бардовци. Тој во една прилика изјави дека е среќен што може да се занимава со работата.
Среќен сум што си имам свој простор и во театарот (си го најдов своето место во Драмскиот театар во Скопје и што ја работам работата што ја сакам) и во селото Бардовци, каде живеам во природа и мир со моето семејство, сопругата Ева и синовите Јаков и Андон. Тоа е нормално и природно. Она што го посакував како тинејџер сега го имам и го живеам. Нема филозофија. Едноставно ги правам работите што ги сакам. Отсекогаш сакав да обработувам земја, да имам бавча и лозје, да произведувам вино, ракија... да уживам во едноставните нешта, да бидам почесто надвор. Тоа е тоа. Можеби тоа дека актерот по автоматизам е боем е клише и јас сум надвор од тоа. Можеби тоа го правеа некои од постарата актерска генерација во државава и беа уникатни и успешни во тоа. Но, го тераа театарот и работеа и тоа што го сработеа во театарот и филмот остана како антологија. И затоа ги почитувам. Јас по природа не сум таков човек. Еве, во последниве пет години активно трчам полумаратони. Најдов убавина во тоа, затоа што ми помага и ме одмара. И од рекреативното трчање преминав на совладување полумаратони, не само кај нас, туку и во другите градови во регионов. Сега бев во Софија, трчав во Ријека, Загреб... зјави Игор за точка.мк Игор на социјалните мрежи има споделено неколу фотографии од своите синови, еве како изгледаат Јаков и Андон.
Дали ќе има четврта сезона на „Преспав“ и дали Коста повторно ќе го видиме пред камерите во пансионот останува да видиме. foto: facebook]]>

Радост во домот на пејачката: Сања Сани има важен повод за славење (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/radost-vo-domot-na-pejachkata-sanja-sani-ima-vazen-povod-za-slavenje-foto/ Thu, 08 Nov 2018 08:03:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=56824

Сања Сани Гроздановска е наша најактивна македонска пејачка и со ангажмани по цела недела. Слободното време пејачката го користи да го помине со своето семејство, односно нејзините ќерки Викторија и помалата Ева, како и нејзиниот сопруг Мартин. Во февруари минатата година Сани официјално стана Гроздановска и заплови во брчаните води со сопруг за кој вели дека и е најголема поддршка.
Неодамна таа во едно интервју изјави дека нејзиниот сопруг не е љубоморен и дека секогаш ја чува и имаат преубав однос. Во ноември минатата година таа се реализира и по вторпат во улогата на мајка, на својата ќерка Ева.
Деновиве, Сани имаше повод за славење односно првиот роденден на нејзината миленичка. Меѓутоа, Сани исто така направи и крштевка на ќеркичката.
Студиото кое ги сликаше Сани и семејството сподели неколку фотографии, а ако судиме според нив може да видиме дека пејачката е среќна и навистина ужива. Фотографиите кажуваат повеќе од илјада зборови.
фото: facebook/silvija image foto]]>

Дојде живот: Додека македонските граѓани стравуваат за иднината на своите деца, децата на Заеви уживаат по светот! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dojde-zivot-dodeka-makedonskite-gragjani-stravuvaat-za-idninata-na-svoite-deca-decata-na-zaevi-uzivaat-po-svetot-foto/ Wed, 10 Oct 2018 12:18:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=52809

Како минува времето откако СДС и неговата коалиција дојдоа на власт, од ден на ден, се' повеќе нивното политичко мото: „Дојде живот“ станува животно мото! Ама, само за самите нив и нивните најблиски од опкружувањето. За останатите за жал, па дури и за повеќето од нивната опција и она малку живот што го имаа пред тоа, полека исчезнува, испарува, го снемува... И сето тоа заради катастрофалните политики, очајната политичка клима во земјата, длабоката поделеност на народот и општеството, мизерниот стандард, монтираните судски процеси, лажните обвиненија, злоупотребата на корумпираното судство и неуставното СЈО, предавничките и капитулантски договори со соседите, на самобендисаните владетели и нивните вазали... Впрочем, заради илјадници други нешта што ја прават сликата на мозаикот наместо појасна, се позаматена, зашто низ замгленото, матно и валкано стакло однадвор тешко или никако не може да се види што се случува внатре! А внатре, колку на оние надвор повеќе им се стемнува, толку на оние одвнатре што им го гасат светлото на останатите, им станува се посветло, попријатно и поубаво... Ним и на нивните најблиски.
И додека земјата минува можеби низ најтурбулентните денови од нејзината независност, Република Македонија „се крши“, дали ќе ја биде или не, ќе опстанеме и останаме монолитна нација или ќе не продадат на парчиња спакувани под друга етиката, токму најблиските во семејствата на заговорниците на ваквата политика, нескајќи си го покажуваат вистинското лице: колку им е до Македонија! Додека мнозинството од македонските граѓани стравуваат за иднината на своите деца, за нивната егзистенција и живот во годините што доаѓаат, децата на оние за кои „дојде живот“ животот си го тераат „око да не им трепне“ за реалноста во која живеат останатите! Нив тоа не ги допира зашто семоќниот тато или чичо заедно со нивните послушни полтрони ги имаат работите под контрола, а банкарските конта под сигурен клуч. Така по принципот: „има се, може се“, додека повеќето мизеруваат, тие уживаат, лудуваат, се забавуваат, шетаат по светот на најегзотичните дестинации... А, нивните „моменти за паметење“ освен социјалните мрежи, со воодушевување и гордост ги пласираат на своите насловни страници и „независните“ и „слободни“ медиуми!?
Така неодамна истите пренесоа каде тоа летува Ева Заева, заедно со своето момче Душко, синот на олигархот Чифлиганец. Бајковитите песочни плажи, оризовите полиња или љубовната прегратка на слоновите од нивниот одмор на далечниот Бали, беа на насловните на „непристрасните“ портали....
...Додека макеноските деца, да не донесоа слонови во скопската ЗОО, слон можеа да видат само на слика. Меѓу другото и на оние од фотографиите од егзотичните дестинации на кои престојуваат децата на кланот Заеви!
Ќерката на премиерот пак, Александра Заева, како да се натпреварува со помалата братучетка Ева, која повеќе ќе потроши! Последните постирани фотографии од цариградската екскурзија на Александра Заева и нејзиното момче Иван осамнаа на порталите...
Повторно на oние - „објективните“ се разбира, кои се воодушевени од туристичката тура во Истанбул на убавата Александара, која овој пат ја обзнанија и македонските, ама и некои од албанските портали!
А ќерката на Заев може да им испорача цел албум со фотографии од егзотичните дестинации на кои ги троши парите на фамилијата: Будимпешта, Прага, Карлови Вари, швајцарските алпи, Атина, Виена, Пиза... За да имаат материјал за цел месец.
Всушност, толку, колку што децата на Заеви можат да потрошат шетајќи по светот, нема место на насловниците на „независните“ медиуми! Впрочем, како ние останатите поинаку ќе знаеме дека навистина дојде живот?]]>

Сани Гроздановска покажа кому единствено му дозволува на гради да и спие (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sani-grozdanovska-pokaza-komu-edinstveno-mu-dozvoluva-na-gradi-da-i-spie-foto/ Thu, 04 Oct 2018 07:59:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=51400

Македонската фолкерка Сани Гроздановска е позната во добрата и весела атмосфера што ја прави на своите настапи, како и по атрактивниот и неретко провокативен изглед, во кој особено до израз доаѓаат долгите нозе и бујните разголени гради.
А кога сме веќе кај нив, Сани постираше една фотографија на која покажа кому единствено му дозволува на гради да и спие. И сега веднаш сите ќе си речат - нормано, кому друг, ако не на нејзиниот сопруг Мартин.
Ама за негова жал, не ќе да е така! Добро, не дека пристапот до бујните атрибути на пејачката му е забранет... Ама за спиењето на нив, сепак  - да! А, има и зошто!
Местото на споменатата телесна локација на пејачката е резервирано само за една личност. Нејзината помала ќеркичка Ева! Таму таа се чувствува најсигурно и најбезбедно, а очигледно и „перницата“ и е погодена. Има ли поубав и побезгрижен сон, од оној во прегратките на мама?  ]]>