ева заева – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 18 Dec 2020 10:43:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ева заева – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Додека секој втор Македонец живее како гладен Африканец, Ева Заева илјадници евра „шета на ланец“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dodeka-sekoj-vtor-makedonec-zivee-kako-gladen-afrikanec-eva-zaeva-iljadnici-evra-sheta-na-lanec-foto/ Fri, 18 Dec 2020 10:25:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=181582

Внуката на премиерот Зоран Заев,  или ќерката на Вице-то, ако повеќе сакате, Ева Заева не ретко знае да го привлече вниманието на јавноста. Некогаш со својата убавина, некогаш со некоја своја модна комбинација, некогаш со заедничките фотографии... Најчесто со нејзиното момче, младиот „олигарх“ Чифлиганец и нивните заеднички луксузни патувања по егзотични дестинции низ светот, поретко сликана со чичо ѝ, а понекогаш со она што како скап подарок го добила, како белата кабрио буба на пример, а сега и со оној кој во последно време и е близок придружник и верно ја чува. Имено, младата Ева овој пат, повторно го привлече вниманието на корисниците на социјалната мрежа Инстаграм, откако сподели фотографија со куче.  Овој пат пес од расата „Дог де Бордо“, која е една од најстарите раси на кучиња во Франција. Овие кучиња покрај тоа што важат за многу питоми, се и вистински чувари на домот, па затоа имаат и висоска цена. На специјализираните сајтови за миленичиња, едно вакво куче чини од 1.500 до 7.000 долари во зависност од леглото. Ева сега гордо се шета со својот скап пес по струмичките улици, за кој не е познато од каде внуката на Зоран Заев го набавила, ниту пак колку за него искреширал тато Вице? Или што би рекле, колку илјади евра, Ева „шета на ланец“, додека секој втор Македонец, живее како гладен Африканец? А „верниот чувар“ на внуката на премиерот не и е прв миленик. Мачиња и кучиња имало и пред тоа во домот на Заеви. Само што кај нив и кучињата живеат далеку од „кучешки“! Како и да е, со ваква „ѕверка“ покрај себе, сега  на Ева тешко дека некој би можел да ѝ се приближи, ако таа не му  дозволи. Освен, можеби чичо...? Нему никој смее да му р'жи... Зашто навикнат е да му јадат од рака. Се' додека еден ден не решат „да го растргнат“... Одвнатре, „партиските пци“ или однадвор,  оние што го живеат пустиот живот... кучешки!]]>

Скенирајте фискални, лечете деца со пораки, а кај Заеви, ни кучињата не живеат живот кучешки: Кучето на Ева Заева за роденден си доби Моет (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/skenirajte-fiskalni-lechete-deca-so-poraki-a-kaj-zaevi-ni-kuchinjata-ne-ziveat-zivot-kucheshki-kucheto-na-eva-zaeva-za-rodenden-si-dobi-moet-foto/ Sat, 04 Jan 2020 16:28:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=127430

„Моет за роденден на песот. Скенирајте вие фискални за 800 денара и лечете дечиња по смс ако немате попаметна работа…“. Ваква порака осамна покрај фотографијата која се најде на социјалните мрежи на која се гледа како едно од кучињата на Ева Заева, ќерката на Вице, братот на Зоран Заев, оди во луксуз до перверзии, честејќи го песот за роденден со скапото шампањско „Моет“! Фотографијата од приказните на Инстаграм на Ева - внуката на Зоран Заев, само ја надополни лепезата фотографии на младата раскалашена дама од серијалот со нејзините куќни љубимци. Имено таа на својот Инстаграм на сите им посака да бидат среќни во 2020 како неа,  додека ги гушка своите кучиња дотерани во новогодишна дедомарзовска руба, со очила на муцките, па дури и рачни часовници на шепите! Веројатно за да не го изгубат чувството за реалноста и времето... како Заеви, кои очигледно толку се „нафатираа“ што кај нив ни кучињата не можат да се пожалат дека живеат живот... кучешки! За разлика од народот македонски, последниве 4 години!
 
View this post on Instagram
 
I wish everyone in the 2020s be as happy as me cuddling these dogs ?❤️

A post shared by Eva Zaeva (@evazaeva) on

]]>

Ева Заева и Душко Чифлиганец во Дубаи: Новогодишен лет над кукавичјето гнездо (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/eva-zaeva-i-dushko-chifliganec-vo-dubai-novogodishen-let-nad-kukavichjeto-gnezdo-foto/ Sun, 23 Dec 2018 10:27:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=65478

Нова Година е... Секаде во светот, па и кај нас во Македонија! Нема човек кој не и се радува... Особено децата и младите. И секој би сакал да ја дочека поубаво, некаде, на некое место каде што се спојуваат мечтите со реалноста. За жал, кај нас малкумина можат да си го дозволат тоа. Меѓу нив децата на власта и нејзините олигарси. На останатите им преостанува само да ги спојат мечтите со можностите кои се никакви, се'понеизвесни, победни и посиромашни... Повеќето, дури и помалку од тоа - да останат само на мечтите,  дека и за нив еден ден ќе „Дојде живот“! Се' помалку се оние што можат да си дозволат  дочек во кафеана, кафуле, дискотека... Масата е на „забава за сиромашни“ по плоштадите, мнозинството покрај скромната семејна трпеза, а се повеќе -  и без неа... Зашто само за одбраните и на прсти броените - „Дојде живот“! За останатите, животот е преживување... До следната Нова Година, која многу помалку им значи од следните парламентарни избори. Нив со многу повеќе душа ги чекаат!
И додека за мнозинството од овој народ и неговите деца предновогодишната атмосфера е сведена на тешка апатија, децата на кастата и на нејзините сватови, летаат во облаци. Што од среќа и задоволство, зашто ним животот им е бајка! Се' им се може, па Дедо Мраз и неговата санка со елени, која нели, не вози низ снегот туку лета, посакаа да го пресретнат таму горе некаде, високо на небото. Чисто онака, за повозбудливо збогување со неверојатната „северномакедонска“ 2018-та?!
Едно илјадарче од Вицето, едно од Чифлиганец и нивните деца Ева и нејзината љубов Душко, ете ги „на седмо небо“... И тоа не било кое туку, она над Дубаи! Дома студи, има проблеми, нема новогодишна атмосфера и се' е веќе видено... За разлика од таму некаде, каде што потопло и поудобно. И додека некој за да скрпи денар повеќе за новогодишен дочек, на глава дуби, тие во Дубаи! Парите не се проблем!  За нашите деца пари нема, за нивните - пари колку сакаш... Нашите пари кај нив или нивни пари преку наш грб, со наша пот и мака... за нив не е важно! Важно е децата да се задоволни, а сватовите спокојни!
Како и не би биле кога за нив,  „само небото е лимит“!  Само што по тоа исто небо летаат како кукавици! Птица која го остава своето јајце во гнездото на друга птица,  за да таа да се мачи со денови, да лежи над него да и го испили, завршувајќи ја нејзината работа, додека кукавицата и натаму си го живее безгрижно својот живот без обврски, продолжувајќи  си ја врстата „на туѓа сметка, со туѓ труд“! Зато и има такво срамно име! Или поточно, нејзиното име е дефиниција за срам: Кукавица! Се разбира, нивните пилиња не се виновни за тоа што, на нивните родители - едноставно, таков им е наравот! Кукавички!              ]]>

(ФОТО) Дојде живот: Ќерката на Вицето Заев во друштво на Новак Ѓоковиќ! https://arhiva.vistina.com.mk/foto-dojde-zivot-kjerkata-na-viceto-zaev-vo-drushtvo-na-novak-gjokovikj/ Mon, 13 Nov 2017 12:33:38 +0000 http://vistina.mk/?p=3428

Ќерката на Вице Заев, братот на актуелниот премиер Зоран Заев, Ева, се повеќе е дел и од забавните рубрики во домашните медиумите. Па така, ако деновиве во фокус беше новата фризура на сопругата на Зоран, а потоа и стилот на Александра - нивната ќерка, сега на ред дојде и внуката Ева Заева која периодов е во Монте Карло. Таа успеа да биде во друштво и на познатиот светски тенисер со потекло од соседна Србија, Новак Џоковиќ, и  се пофали на Фејсбук со заедничка фотографија.
По 10 години, месецов Ѓоковиќ излезе од топ 10 листата на најдобри тенисери на АТП, но очигледно колку што во последната годинна не му оди во спортот – му оди во пробивањето во светските богаташки кругови. извор:република.мк  ]]>