ева нединковска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 29 May 2023 12:21:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ева нединковска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Мики Јовановски Џафер со очи полни љубов низ годините, ви го нуди својот -„Сон на дланките“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/miki-jovanovski-dhafer-so-ochi-polni-lubov-niz-godinite-vi-go-nudi-svojot-son-na-dlankite-video/ Mon, 29 May 2023 12:19:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304121

Легендарниот македонски музичар и пејач Мики Јовановски Џафер, кој и покрај годините, покажува дека е се’ уште мајстор за рок ен рол. Продолжувајќи ја соработката со разни други повеќе или помалку познати македонски колеги-музичари, сега Џафер не изненади со нова „ортачка песна“. Овој пат Мики се здружил со актуелниот гитарски мајстор, актуелен член  на „Меморија“ и „Леб и сол“, Мичо Божиков кој ги свири гитарските делници и му гостува во видеото за новата песна на Џафер, со романтичен наслов: „Сон на дланките“. Во прашање е класична поп песна со лесен ритам и роматични стихови, типична летна, опуштена, која носталгично ве враќа низ годините и ве води низ спомените и сеќавањата на животот. Автор на песната е клавијатуристот на легендарната македонска група „Пу“ односно „Лева патика“ и  соработник на Мики Јовановски, стариот познаник Рамиз Јусуфи - Цики. Текстот е авторско дело на самиот Мики  Џафер, додека придружните вокали ги пее некогашната македонска пејачка, Ева Нединковска, денес сопственичка на креативниот центар „Ева“. За видеото е изработен и едноставен, но ефектен и лефтерен видеоспот од страна на видеопродукцијата „Фабрика“ на Маријан Огненовски, а кадрите се снимани во Градскиот парк и околината на Скопје, покрај Скопскиот аквадукт. Како звучи оваа летна песна на Мики Џафер и неговата екипа соработници, проследете од видеото во продолжение и уживајте во нивниот, а можеби и Ваш „Сон на дланките“: ]]>

Ева Нединковска испрати силна и впечатлива осмомартовска порака: „Жена сум, можам се’…“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/eva-nedinkovska-isprati-silna-i-vpechatliva-osmomartovska-poraka-zena-sum-mozam-se-foto/ Tue, 09 Mar 2021 09:35:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=193164

Јавноста Ева Нединковка ја запозна и најмногу ја памети како некогашна македонска поп пејачка, која по бројните фестивалски настапи, песни, спотови, албум... некако преку ноќ реши да ја прекине естрадната кариера и да се посвети на една сосема поинаква работа. Имено,  русокосата охриѓанка се пресели во Скопје и пред 10 години го отвори  својот мултимедијален едукативен центар „Ева“, каде одново во фокус и беа уметноста и културата, но на еден поинаков начин, од еден соема поразличен агол. Во меѓувреме се реализираше и како мајка, откако на свет ја донесе својата ќеркичка Ена. Еве е позната како храбра и самостојна жена, личност која не се плаши да се соочи со сите животни предизвици, па дури и да им оди самата во пресрет, влечејќи потези и во бизнисот и во приватниот живот, кои ретко која жена би ги повлекла или би направила сличен чекор. Токму празниокот на жената 8. Март беше повод за неа да испрати силна и моќна порака...  Љубов, нежност, внимание, честитки, подароци... Сето тоа е во ред и разбирливо, но суштината на Денот на жената е сепак нешто сосема друго, кое токму првата дама на тренинг центарот насловен по нејзиното име, го искажа на својот Фејсбук профил во пораката упатена до сите жени, но пред се до самата себе си... Зашто, како што велат: „За да те почитуваат другите, најпрвин научи да се почитуваш себе си“... Особено ако си жена... Или како што вели Ева:  „Кој друг жени може да ви даде повеќе вам, отколку самите вие на себе? Жена сум, можам се' “. Еве ја нејзината силна и впечатлива осмомартовска порака, која всушност важи 365 дена во годината... И за цел живот: „Со правата доаѓаат и обврските, пропорционално. Со моќта, знаењата и влијанието доаѓа и одговорноста како да ги употребуваш. И тоа е сосема фер. Празници имам многу, а овој е еден од моите зашто жена сум со мноштво вткаени идентитети што своите слободи ги печали ревносно и радосно. Зашто си спомнувам за многу јаки, храбри, благородни и умни жени пред нас (а и околу нас), кои извојуваа (и војуваат) многу значајни битки и отворија пат за натаму. Една таква силна, добра и благородна жена ме израсна и подигна (убав, возвишен збор), а една таква со радост растам и подигнувам. Со такви сум опкружена и на работа, такви се и моите пријателки, а таква свесност за себе, својата сила и своите можности се трудам да стекнат и жените кои се обучуваат во ЕВА. Снажно, крајно ослободувачко и зајакнувачко е сознанието дека се' што би можела да посакам во даден миг од некого да ми биде дадено, прво, сакам и сум моќна да си го дадам сама себе. Кој друг, ако не јас? Кој друг, жени, може да ви даде повеќе вам, отколку самите вие на себе? Љубов, почит, убав збор, убава мисла, верба, радост, стабилност во секаква смисла, мотивација и другите дарби што носат среќа. Жена сум, можам се' “ - порача Ева Нединковска на својот Фејсбук профил.]]>

(ФОТО) Во невестински фустан и мајката и ќерката: Ева Нединковска направи крштевка и свадба во едно! https://arhiva.vistina.com.mk/foto-vo-nevestinski-fustan-i-majkata-i-kjerata-eva-nedinkovska-napravi-krshtevka-i-svadba-vo-edno/ Mon, 06 Nov 2017 09:56:42 +0000 http://vistina.mk/?p=2673

Поранешката пејачка Ева Недонковка и сегашна бизнисменка, во месец февруари 2016 година му кажа „да“ на својот сакан Јурак Патров кој по професија е веб дизајнер. Тогаш  склучија црковен и граѓански брак, а кон крајот на летото годинава откако им се роди ќеркичката Ена, решија да направат крштевка и свадбена забава во едно.
Иако тоа се случи пред неколку месеци, сега по повод првиот роденден на нивната наследничка, Ева ги објави овие специјални фотографии каде мајката и ќеркичката носат невестински фустани, а тато пак е елегантен во костум.
По повод роденденот Ева ги објави обие фотографии и напиша емотивна порака:
Прва наша. Една. Единствена. Ена. Број 1. Се роди на 1.11.16 во 1:16 попладне. Храбро и сигурно, по три дена упорност. И после дождлив ден, баш тој час огреа светло сонце. А ти ни ја покажа љубовта и среќата во својата полност. Таква и да си, мама, секогаш, здрава, светла, среќна и сакана! Да се сакаш себе, луѓето и животот, да веруваш и да се бориш за она во кое веруваш, да си храбра и истрајна, ако паднеш, да станеш и да се исправиш бодро напред, исто 'ко сега, кога учиш сама да чекориш. Не се плаши да згрешиш и да научиш, не се плаши да сонуваш и да љубиш. Биди доблесна, помагај на оние на кои им треба, биди слободна и широка и на дух и на ум, биди вредна и прави го тоа што го сакаш. А можеш многу. Ние ќе сме пресреќни да имаме што повеќе време да го гледаме твојот пат што подолго! Среќен 1. роденден, најљубена наша! (фотки од крштевката на Ена и свадбената забава на мама и тато 26.8.2017 :))
Инаку, Ева одамна ја остави музичката кариера и се посвети на својот мултимедијален екукативен центар ЕВА.]]>