Еуромакс – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 22 Jul 2023 10:55:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Еуромакс – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Колумна: „Еуромакс Одлучно ПРОТИВ Рудници на Смртта!“ https://arhiva.vistina.com.mk/kolumna-euromaks-odluchno-protiv-rudnitsi-na-smrtta/ Sat, 22 Jul 2023 10:55:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311220

Пишува: д-р. Живко Груевски И веднаш за да нема никаква дилема, да бидам јасен овој наслов не е печатна грешка и вие правилно сте го прочитале и разбрале. Еуромакс Ресоурцес е одлучно против „рудници на смртта“, против „екоцид и геноцид“, против застарени технолошки методи и стандарди во рударството, против користење на цијанид, киселини и токсични хемикалии; против небезбедни брани за течни јаловишта, загадување на надземните и подземните води, дополнителни загадувања на плодните почви и воздухот; против застарено и неконтролирано користење на експлозивни материи, неподнослива бучава и неконтролирано создавање на облаци од прашина; Еуромакс е против принудно дислоцирање на постојни живеалишта и раселување на регионалното население, девастирање на природата и животната средина по истек на периодот за активна експлоатација... Да, ние сме одлучно против сите форми на шпекулативни и коруптивни договори помеѓу политичко-економски структури, секој вид на политичко влијание и притисок врз независните судски органи; против разни структури-странски служби, конкурентски бизнис компании или политички партии кои за своите лукративни интереси финансираат формирање и активности на лажно загрижени „граѓански активисти“ чија добро платена задача е да шират дезинформации и шпекулации. Тие злонамерно креираат хистерија и страв од катастрофични сценарија што треба да резултира со комплетен застој и назадување на државата, деструкција и економски колапс, континуирана политичка нестабилност и подгревање на целосната недоверба на граѓаните во капацитетите на системот, во секого, во се и сешто.... Токму затоа, ние сме апсолутно против сите форми на користење говор на омраза, сеопшти повици за радикален бунт и линчување на неистомислениците, против сите агресивни националистички изблици на етничка и религиозна дискриминација. За жал, морам да констатирам дека во изминативе пеколно топли денови во нашата држава, со неподносливо болна леснотија и со нагласено дилетантска трагикомичност кулминираа хистерично на отворена сцена поголем дел од горенаведените зла. Ваквата енормна доза на негативна енергија и фрапантна површност и неодговорност кај мноштвото на овие актери, само ја засилија мојата лична посветеност за аргументирано презентирање на ВИСТИНАТА за мега-Проектот, рударскиот комплекс Иловица-Штука. Да, сите ние од Еуромакс Ресоурцес недвосмислено сме одлучни ЗА реализација и долгорочно функционирање на рудникот за Подобар ЖИВОТ – Сега и Веднаш! Современиот рударски комплекс Иловица-Штука е стручно проектиран и ќе биде менаџиран по сите највисоки светски стандарди со примена на најнови техничко-технолошки методи и потврдено добри практики. Приоритетно се залагаме за целосно безбеден и еколошки одржлив индустриски капацитет со огромни придобивки за економијата, раст на извозот во просек над 200 милиони евра годишно, значително зголемени приливи на девизни средства што ќе придонесе за подобрување на структурата на билансот на плаќање и одржување на стабилниот курс на денарот, раст на БДП со приближно 4% годишно.... Веднаш во првите две години од изградба, Еуромакс ќе инвестира околу 350 милиони евра, од кои над 180 милиони евра ќе бидат исплатени на домашни компании кои активно функционираат во сектори како градежништво, транспорт, механизација, опрема, информатичка технологија итн. Во текот на целиот период од оперативното работење на рударскиот комплекс ќе се исплаќаат кумулативно по 75 милиони евра секоја година на повеќе локални кооперанти за тековно одржување, снабдување со неопходни производи и разни сервисни услуги. Зборуваме за најширок опфат на домашни компании кои се занимаваат со земјоделство и прехрамбена индустрија, угостителство, текстилна, хемиска и дрва индустрија, занаетчиство, одржување и тековно сервисирање... Во согласност со актуелните законски прописи секоја година ќе се уплаќаат приближно од 25 милиони евра во државниот буџет, а над 3 милиони евра годишно ќе се слеваат директно во буџетите на локалните управи на оштините Босилово и Ново Село. Само вака реално ќе се обезбеди стабилно финансирање на локалните управи за да ефективно се реализираат нивните дефинирани проекти за заштита на животната средина, водоснабдувањето, локалната инфраструктура, поддшка на земјоделството, реновирање и изградба на нови училишта, културни и спортски објекти. Затскриени под маските на граѓанскиот активизам, добро платените кочничари на развојот упорно манипулираат со јавноста. Се обидуваат да ја игнорираат реалноста дека само богати и економски развиени земји можат ефикасно и приоритетно да инвестираат во заштита на животната средина, да обезбедат високи стандарди и технички услови во делот на хигиената и здравјето на луѓето, во образованието, културата.... или воопшто во креирање на квалитетни параметри за достоинствено и среќно живеење. Рударскиот комплекс Иловица-Штука ќе создаде потреба од околу 3200 нови директни и индиректни работни места од најразлични професии, со што значително ќе се помогне на нашата држава за ефикасно намалување на долгогодишниот девастирачки тренд на економски мотивираната миграција. Секој рационален човек знае дека за да се постигнат подобри и повкалитетни животни услови и атрактивни перспективи за младите генерации, не се доволни само декларативни заложби. Неопходни се конкретни акции и дела. Само големи инвестициски проекти, отворање на нови капацитети во реалното стопанство, производство и извоз, можат брзо да создадат позитивни промени и напредок. Јасно и прецизно – сите ние од Еуромакс Ресоурцес сме одлучно против рудници на смртта, но уште поодлучно ЗА Проектот Иловица-Штука како современ рудник за подобар ЖИВОТ – Сега и Веднаш!]]>

Еуромакс и Трафигура се подготвени веднаш да инвестираат во Северна Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/euromaks-i-trafigura-se-podgotveni-vednash-da-investiraat-vo-severna-makedonija/ Fri, 17 Dec 2021 10:42:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=231609

Николас Треанд аргументирано низ бројките, повторно, ја потенцираше потребата за реализација и значењето на мега проектот за иден рудник за бакар Иловица-Штука, ВЕДНАШ и СЕГА. Дополнително тој го изрази неговото верување дека 2022 година може да биде успешна за македонската економија и за проектот Иловица-Штука. Ви пренесуваме дел од интервјуто на Николас Треанд. „Еуромакс Ресоурцес и најголемиот инвеститор Трафигура веднаш може да ги обезбедат потребните странски директни инвестиции од 350 милиони евра за реализација на проектот за рудник за бакар Иловица – Штука“, вели претседателот и извршен директор во Бордот на директори на Еуромакс Ресоурцес Лимитед, Николас Треанд. Еуромакс Ресоурцес Лимитед е канадската компанија која котира на берзата во Торонто, Канада, а според нејзиниот прв човек имаат доверба дека во Северна Македонија ќе продолжат со развој на проектот Иловица – Штука. „Покрај долгогодишниот процес за добивање на дозволи, менаџментот на Еуромакс Ресоурцес, и Трафигура сẻ уште имаат доверба во Република Северна Македонија и остануваат цврсто на определбата да го развијат овој мега инвестициски Проект и на тој начин сериозно да помогнат во економското заздравување. Таа цврста определба може да се потврди и со програмата за општествена одговорност што се спроведуваше во текот на 2021 година, а за која претходно беше определен буџет во износ од 1 милион евра“,вели претседателот и извршен директор во Бордот на директори на Еуромакс Ресоурцес Лимитед, Николас Треанд. Во Еуромакс веруваат дека 2022 година ќе биде успешна за македонската економија и за Проектот „Иловица-Штука“. „Податоците за економските ефекти од развојот на Проектот Иловица-Штука без дилеми потврдуваат дека отворањето на идниот рудник за бакар сериозно ќе придонесе во економското оправување на македонската економија, и поради тоа ја наметнува потребата истиот да се реализира сега и веднаш“, вели Треанд. Реализацијата на инвестицијата во Проектот „Иловица-Штука“, вредна 350 милиони евра, ќе отвори 3200 нови работни места во текот на работењето на идниот рударски комплекс. Ќе овозможи извоз од 200 милиони евра на годишно ниво, и во државниот буџет ќе се плаќаат минимум 24 милиони евра годишно или вкупно над 500 милиони евра во вид на даноци и концесиски надоместоци. Дополнително, во текот на 20 годишното работење на идниот рудник предвидено е годишно да се трошат над 70 милиони евра на локалните деловни партнери. Треанд посочува дека со реализацијата на оваа странска директна инвестиција и реализираниот прилив од предвидениот извоз се очекува да се остварат нето приливи во македонската економија во износ од над 3 милијарди евра, што е доволно да се отплати надворешниот долг на државата за повеќе од 35%, со што ќе се овозможи сериозно олабавување на притисокот од континуираното растење на надворешниот долг а тоа ќе отвори можност за идно надворешно задолжување за да се реализираат други проекти значајни за развојот на македонската економијата. Како краен ефект, се проценува дека во текот на наредните 20 години со работењето на идниот рударски комплекс ќе се придонесе до зголемување на БДП за дополнителни 4% на национално ниво на веќе проектираниот раст од 4%, односно ќе се овозможи раст на БДП од 8% на годишно ниво.]]>