Еуромакс ресоурцес – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 22 Jul 2023 10:55:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Еуромакс ресоурцес – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Колумна: „Еуромакс Одлучно ПРОТИВ Рудници на Смртта!“ https://arhiva.vistina.com.mk/kolumna-euromaks-odluchno-protiv-rudnitsi-na-smrtta/ Sat, 22 Jul 2023 10:55:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311220

Пишува: д-р. Живко Груевски И веднаш за да нема никаква дилема, да бидам јасен овој наслов не е печатна грешка и вие правилно сте го прочитале и разбрале. Еуромакс Ресоурцес е одлучно против „рудници на смртта“, против „екоцид и геноцид“, против застарени технолошки методи и стандарди во рударството, против користење на цијанид, киселини и токсични хемикалии; против небезбедни брани за течни јаловишта, загадување на надземните и подземните води, дополнителни загадувања на плодните почви и воздухот; против застарено и неконтролирано користење на експлозивни материи, неподнослива бучава и неконтролирано создавање на облаци од прашина; Еуромакс е против принудно дислоцирање на постојни живеалишта и раселување на регионалното население, девастирање на природата и животната средина по истек на периодот за активна експлоатација... Да, ние сме одлучно против сите форми на шпекулативни и коруптивни договори помеѓу политичко-економски структури, секој вид на политичко влијание и притисок врз независните судски органи; против разни структури-странски служби, конкурентски бизнис компании или политички партии кои за своите лукративни интереси финансираат формирање и активности на лажно загрижени „граѓански активисти“ чија добро платена задача е да шират дезинформации и шпекулации. Тие злонамерно креираат хистерија и страв од катастрофични сценарија што треба да резултира со комплетен застој и назадување на државата, деструкција и економски колапс, континуирана политичка нестабилност и подгревање на целосната недоверба на граѓаните во капацитетите на системот, во секого, во се и сешто.... Токму затоа, ние сме апсолутно против сите форми на користење говор на омраза, сеопшти повици за радикален бунт и линчување на неистомислениците, против сите агресивни националистички изблици на етничка и религиозна дискриминација. За жал, морам да констатирам дека во изминативе пеколно топли денови во нашата држава, со неподносливо болна леснотија и со нагласено дилетантска трагикомичност кулминираа хистерично на отворена сцена поголем дел од горенаведените зла. Ваквата енормна доза на негативна енергија и фрапантна површност и неодговорност кај мноштвото на овие актери, само ја засилија мојата лична посветеност за аргументирано презентирање на ВИСТИНАТА за мега-Проектот, рударскиот комплекс Иловица-Штука. Да, сите ние од Еуромакс Ресоурцес недвосмислено сме одлучни ЗА реализација и долгорочно функционирање на рудникот за Подобар ЖИВОТ – Сега и Веднаш! Современиот рударски комплекс Иловица-Штука е стручно проектиран и ќе биде менаџиран по сите највисоки светски стандарди со примена на најнови техничко-технолошки методи и потврдено добри практики. Приоритетно се залагаме за целосно безбеден и еколошки одржлив индустриски капацитет со огромни придобивки за економијата, раст на извозот во просек над 200 милиони евра годишно, значително зголемени приливи на девизни средства што ќе придонесе за подобрување на структурата на билансот на плаќање и одржување на стабилниот курс на денарот, раст на БДП со приближно 4% годишно.... Веднаш во првите две години од изградба, Еуромакс ќе инвестира околу 350 милиони евра, од кои над 180 милиони евра ќе бидат исплатени на домашни компании кои активно функционираат во сектори како градежништво, транспорт, механизација, опрема, информатичка технологија итн. Во текот на целиот период од оперативното работење на рударскиот комплекс ќе се исплаќаат кумулативно по 75 милиони евра секоја година на повеќе локални кооперанти за тековно одржување, снабдување со неопходни производи и разни сервисни услуги. Зборуваме за најширок опфат на домашни компании кои се занимаваат со земјоделство и прехрамбена индустрија, угостителство, текстилна, хемиска и дрва индустрија, занаетчиство, одржување и тековно сервисирање... Во согласност со актуелните законски прописи секоја година ќе се уплаќаат приближно од 25 милиони евра во државниот буџет, а над 3 милиони евра годишно ќе се слеваат директно во буџетите на локалните управи на оштините Босилово и Ново Село. Само вака реално ќе се обезбеди стабилно финансирање на локалните управи за да ефективно се реализираат нивните дефинирани проекти за заштита на животната средина, водоснабдувањето, локалната инфраструктура, поддшка на земјоделството, реновирање и изградба на нови училишта, културни и спортски објекти. Затскриени под маските на граѓанскиот активизам, добро платените кочничари на развојот упорно манипулираат со јавноста. Се обидуваат да ја игнорираат реалноста дека само богати и економски развиени земји можат ефикасно и приоритетно да инвестираат во заштита на животната средина, да обезбедат високи стандарди и технички услови во делот на хигиената и здравјето на луѓето, во образованието, културата.... или воопшто во креирање на квалитетни параметри за достоинствено и среќно живеење. Рударскиот комплекс Иловица-Штука ќе создаде потреба од околу 3200 нови директни и индиректни работни места од најразлични професии, со што значително ќе се помогне на нашата држава за ефикасно намалување на долгогодишниот девастирачки тренд на економски мотивираната миграција. Секој рационален човек знае дека за да се постигнат подобри и повкалитетни животни услови и атрактивни перспективи за младите генерации, не се доволни само декларативни заложби. Неопходни се конкретни акции и дела. Само големи инвестициски проекти, отворање на нови капацитети во реалното стопанство, производство и извоз, можат брзо да создадат позитивни промени и напредок. Јасно и прецизно – сите ние од Еуромакс Ресоурцес сме одлучно против рудници на смртта, но уште поодлучно ЗА Проектот Иловица-Штука како современ рудник за подобар ЖИВОТ – Сега и Веднаш!]]>

Неселективните анти-рударски кампањи сериозно ја отежнуваат транзицијата во зелена оддржлива економија https://arhiva.vistina.com.mk/neselektivnite-anti-rudarski-kampanji-seriozno-ja-oteznuvaat-tranzicijata-vo-zelena-oddrzliva-ekonomija/ Fri, 30 Sep 2022 11:18:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=269551

Како последица на климатските промени, во последните години со право се наметна потребата од вложување во зелена економија и инвестирање во обновливи извори на енергија. Во таа насока Зелениот Нов Договор (the Green New Deal) ги повикува владите драстично да ги намалат емисиите на стакленички гасови, да генерираат високоплатени вработувања, да обезбедат чист воздух, чиста вода и здрава храна, кои се основни човекови права и да стават крај на сите форми на злоупотреби. Сето тоа звучи примамливо, меѓутоа таа транзиција би била неизводлива без да се обезбедат сериозни дополнителни количини на метали и минерали. Само за илустрација, во електричните возила ќе бидат потребни пет пати повеќе минерали и метали отколку што се користат во возилата што користат бензин/дизел; потоа една ветерница содржи осум пати повеќе метали отколку електрана на гас со ист капацитет; додека перформансите на батериите зависат од достапноста на различни метали и така натаму. Во моментов, околу 20% од светската економија користи електрична енергија; остатокот се снабдува со фосилни горива. Меѓународната агенција за обновлива енергија (IRENA) предвидува дека до 2050 година потребите за енергија мора да се задоволат со 20% на 50-80% од обновливи извори на енергија. Во пракса, ова значи дека во текот на следните две децении, сите автомобили, куќи и бизниси мора да користат електрична енергија која се добива од обновливи извори, наместо да согоруваат фосилни горива. Според IRENA побарувачката на бакар за батериите во електрични возила се очекува да се удвои првенствено поради неговата употреба во електричните мотори, жици и инфраструктура за полнење, побарувачката на графит се очекува да се зголеми за 10 пати, литиум за 9 пати, кобалт 3 пати, манган 3 пати до 2030 година Во таа насока, може да се заклучи дека минералите и металите се критични компоненти за постигнување на зелена оддржлива економија. Според извештаите на Светска Банка, притисокот за „зелено“ производство на енергија (ветер, сончева и геотермална) и соодветните решенија за складирање може да резултира со побарувачка од 3 милијарди тони минерали и метали, односно ќе биде потребно 500% зголемување на производството на критични минерали и метали до 2050 година. Оваа потреба за обезбедување на критичните минерали и метали само мал дел може да се обезбеди преку секундарни извори, односно со рециклирање, што сериозно ја наметнува потребата и значењето на рударските капацитети за оваа транзиција во зелена оддржлива економија. Некои од овие метали може да се заменат во алтернативни технолошки решенија за да се минимизира зависноста, но тоа е тешко да се направи во краток временски период. Но сепак, главните метали како што се литиумот, никелот, кобалтот, манганот, графитот, во најголем дел може да се обезбедат само преку рударството. Меѓутоа, рударската индустрија мора да промовира и имплементира одржлива екстракција и преработка на минерали и метали со цел да биде вклучена во зелената економија, а истовремено да го минимизира еколошкото и јаглеродното влијание долж синџирот на снабдување. Унапредувањето на рударската професија е изразено и преку примената на Стандардот на IRMA за одговорно рударство, воспоставен преку процес на јавен ангажман на над 100 различни поединци и организации, вклучувајќи рударски фирми, невладини организации, синдикати и заедници. Стандардот поставува прифатливи практики за тоа што треба да го вклучува одговорното рударство и со овој Стандард рудниците можат да ја покажат својата посветеност за одговорна екстракција на ресурси. Како заклучок може да се каже дека рударството е клучна алка во процесот на трансформација кон зелена оддржлива економија. Не случајно и големи автомобилски групации како Форд, Крајслер, Волксваген, стратешки се врзуваат со рударските компании со високи стандарди за одржливо рударство за да ги обезбедат потребните ресурси за нивното производство. Таков пример треба да се следи, и наместо неселективно да се наметнува анти-рударска кампања, потребно е целата јавност позитивно да биде вклучена во искористувањето на потенцијалите за што е можно побрза трансформација во зелена оддржлива економија. Согласно расположливите геолошки истражувања нашата држава има сериозен потенцијал да преземе активна улога во овој процес на брза трансформација. Едно такво наоѓалиште на бакар е потврдено во близината на Иловица и Штука, каде што е проектиран иден рудник на бакар во согласност со најдобрите меѓународно практики и технологии, вклучувајќи ги и највисоките стандарди за заштита на животната средина. Со развојот на Проектот Иловица-Штука покрај фактот што ќе се обезбедува бакар, ефектите за националната економија ќе бидат позначајни од економска гледна точна. Со овој Проект се планира веднаш да се обезбедат директни странски инвестиции од 340 милиони евра, да се отварат вкупно 3200 нови работни места, извоз од околу 200 милиони евра годишно и во државниот буџет ќе се уплаќаат годишно 24 милиони евра. Затоа во екот на оваа сериозна економска и енергетска криза, од една страна, и потребата за брза трансформација во зелена оддржива економија, од друга страна, неопходно е да се постави позитивен пристап кон рударството како клучна индустриска гранка, и со вклучување на сите заинтересирани страни да се пристапи до ефикасна реализација на веќе расположливите проекти како што е и Проектот Иловица-Штука. Митко Лиговски, Главен геолог во Еуромакс ресоурцес]]>

По локалните избори – време за „отрезнување“ и соочување со стварноста на реалниот живот https://arhiva.vistina.com.mk/po-lokalnite-izbori-vreme-za-otreznuvanje-i-soochuvanje-so-stvarnosta-na-realniot-zivot/ Thu, 04 Nov 2021 09:58:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=225965

Автор: Д-р Живко Груевски, директор за комуникации на Еуромакс Ресоурцес Кога ќе се изгаснат блескавите светла од адреналински потентните рефлектори за актерите на изборната сцена, сите повторно јасно ќе можеме да ги видиме нијансите кај темнината на ноќта и светлите колорити на денот. На овие локални избори во нашата држава, дежурниот „чувар“ ќе го исклучи главниот кабел за разнобојното осветлување и прегласното озвучување, ќе ги скине здодевните PR билборди на кандидатите а медиумите ќе си се вратат на нивното редовно известување за вистинските проблеми и предизвици од реалниот живот. Како и на сите претходни локални избори, кандидатите за градоначалник и советници во општинските совети, гласно ги промовираа и се натпреваруваа со многу ветувања или со подолги „листи на желби“ за приоритетни проекти кои би ги реализирале доколку го добијат мандатот од гласачите. Со мали разлики, кај сите кандидати најчесто се повторуваа ветувањата за почиста и поуредена општина, реформирана и ефикасна општинска администрација, нови или реновирани и добро опремени училишта, изградба на нови или асфалтирање на постојните локални патишта, еколошки безбедна депонија, пречистителна станица за отпадни води, реконструкција на дотраени дистрибутивни мрежи за чиста вода до сите домаќинства, урбан канализациски систем, канали за наводнување и континуирано чистење на речните корита, современо организиран развој на земјоделството и сточарството, како и ефикасни откупни центри, развој на руралниот и бањскиот туризам, поквалитетен социјален живот за младите, култура, спорт и ... Во последниве 30 години, едно големо „НО“ кое постојано се повторува е суровата реалност дека веднаш откако новоизбраната локална управа ќе биде „устоличена“, неизбежно ќе се соочи со бруталниот факт дека многу мал дел од слаткоречиво ветеното може и објективно да се оствари доколку брзо не се обезбедат стабилни и значително поголеми финансиски приходи за општинските буџети за да се обезбеди оптимално потребна само-одржливост на општините. Ноторен факт е дека успешноста на секоја локална власт не се проценува по атрактивноста на нивните ветувања и „списокот на желби“, туку само по реално остварените проекти, акција и дела од интерес за сите жители независно од нивните политички, етнички, верски и културни различности. Дури и на најквалитетните локални лидери кои ќе победат во изборниот процес, обезбедувајќи мнозинство гласови за поддршка на ветените проекти за подобар живот во општината, рацете ќе им бидат „врзани“ затоа што без директни приливи на оптимално потребни пари во општинските каси објективно нема да има можност за вистинска реализација. Всушност, само со конструктивна соработка и ефикасна координираност помеѓу локалните и централната власт, нашата држава може да обезбеди практични услови за забрзан развој во сите релевантни сектори и драстично да ги подобри и подигне на повисоко ниво реалните услови за достоинствено живеење на СИТЕ свои жители. Тука, локалното лидерство - градоначалниците и советниците во општинските совети, имаат извонредно важна улога за да помогнат во создавање на позитивна „пријателска“ средина и да понудат ефикасни решенија за да се привлечат домашните и странските инвестиции кои со себе носат нови и подобро платени работни места и повисок животен стандард. Атрактивно срочените изборни пароли и слаткоречивите ветувања имаат само краткотрајно дејство врз нашите емотивни реакции, но разумот брзо ќе не потсети дека само богати и економски развиени општини, региони и држава реално можат да си дозволат непречено реализирање на сите наведени инфраструктурни и комунални проекти, да инвестираат значително во неопходната грижа за заштита на животната средина, да обезбедат високи стандарди и технички услови во делот на хигиената и здравјето на луѓето... Или воопшто, со акција и дела да креираат квалитетни параметри за современо и среќно живеење. Да, ваквата поддршка од локалното ниво на власт е неопходна за на национално ниво државата конечно да почне ефикасно да се справува со девастирачките последици од сѐ помасовниот процес на егзистенцијално мотивирано иселување кон економски поразвиените земји како неизбежна последица од пролонгираната економска стагнација и евидентното чувство на бесперспективност кај младите генерации. И навистина, не е потребен некаков „rocket scientist“, ниту научни анализи на врвни економски експерти за да се заклучи дека само робустно инвестициско трошење и отворање на реален бизнис, производство и мултиплициран извоз, може брзо и ефикасно да ја придвижи националната економија напред. Високите достигнувања за поквалитетен и посреќен живот на сите наши сограѓани се остварливи само преку забрзан економски развој. Никако не, доколку останеме заробени од нагласениот говор на омраза преку радикално деструктивен пристап кој мазохистички сугерира само пролонгирано „живуркање и преживување“. Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа (Сесија во Стразбур 26 - 28 октомври, 2021) расправа по Извештајот за Македонија во однос на „Европската повелба за локална самоуправа“ која нашата држава ја ратификуваше уште во 1997 година. Познато е дека во Извештајот е забележана позитивната клима во однос на реформата за понатамошна децентрализација и се поздравува важноста што се дава со усвојување на новата програма за одржлив локален развој 2021 - 2026. Конгресот оценува дека локалните власти реално немаат пристап до доволно финансиски средства за ефикасно извршување на нивните обврски и успешно остварување на приоритетните проекти. Затоа сугерира ургентно имплементирање на дополнителни реформски зафати за да се обезбеди соодветно и пропорционално финансирање, односно да се зголеми уделот на општините во приходите на локалниот буџет. Време е за „отрезнување“ и соочување со стварноста на реалниот живот, затоа што само со акција и дела може да стигнеме до подобар живот - Сега и Веднаш! Крајно време е сите да ги прифатиме неспорните факти - со конечна реализација на мега инвестицискиот Проект „Иловица-Штука“, Еуромакс Ресоурцес секоја година, само по основ на законски давачки, даноци и такси, ќе уплаќа приближно по 24 милиони евра во државниот буџет. Над 5 милиони евра годишно ДИРЕКТНО ќе се слеваат во буџетите на општините на чија територија функционира овој современ рударски комплекс! Речиси десеткратно ќе се зголемат даночните приходи кои директно се наплаќаат и општинските буџети на Босилово и Ново Село, со тоа, ќе бидат зголемени двојно. Дополнителните 5 милиони евра секоја година, ќе обезбедат стабилно финансирање за општините и ќе ја овозможат реализацијата на дефинираните проекти за заштита на животна средина, водоснабдувањето, инфраструктурата, образованието, поддршка на земјоделството, културата и сè друго кое ќе придонесе за брз просперитет! Безрезервно ги поддржуваме презентираните визии и приоритетните проекти од новоизбраните градоначалници на општините Струмица, Босилово и Ново Село затоа што нивната брза и ефикасна реализација ќе донесе добробит за СИТЕ жители, без разлика кому го довериле својот глас во изборниот процес. И во оваа прилика, како докажани партнери на заедницата, јавно се обврзуваме и гарантираме долгорочна финансиска и експертска асистенција убедени дека само со широка инклузивност, транспарентност, конструктивен дијалог и соработка со сите чинители ќе успееме заедно да го изградиме и оперираме современиот рударски комплекс како „win-win" капитална инвестиција со стратешко значење за прогрес и изградба на просперитетни и економски стабилни општини, регион и држава.]]>

ЖИВКО ГРУЕВСКИ, ЕУРОМАК РЕСОУРЦЕС: Време за акција и дела, а не за празни зборови и флоскули https://arhiva.vistina.com.mk/zivko-gruevski-euromak-resources-vreme-za-akcija-i-dela-a-ne-za-prazni-zborovi-i-floskuli/ Mon, 28 Jun 2021 11:42:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=208643

„Граѓаните од подогражденскиот регион сакаат и бараат подобра инфраструктура, заштита и подобрување на животната средина, креирање услови за спорт, еко-туризмот, развој на земјоделството, подобра едукација, опремување на училишта и институции, реконструкција на патишта и водоводни системи. Жителите од регионот масовно се одзваа на повикот на „Еуромакс ресорцес“ за поддршка на локални проекти и иницијативи со конкретни идеи и предлог – проекти во овие области“, рече д-р Живко Груевски, директор за корпоративни комуникации во компанијата Еуромакс Ресоурцес, која го развива проектот за рудник за бакар „Иловица-Штука“ на гостувањето во емисијата „Вис а Вис“ емитувана на ТВ Вис од Струмица.
На прашањето за одлуката на компанијата да обезбеди интервентен буџет од милион евра, Груевски потенцираше дека сите чинители мора да покажат акција и дела, веднаш и сега, за подобрување на животот на жителите од струмичкиот регион.
„Ние сме спремни за соработка со граѓаните, невладините организации, општините и институциите и да обезбедиме наменски, интервентен фонд, надвор од другите наши вложувања и тоа во вредност од милион евра, со кој ќе поддржиме локални иницијативи и проекти за подобрување на животот на граѓаните“ - кажа д-р Груевски.
Тој се осврна и на различниот тип проекти кои биле предложени до нив како компанија.
„На нашиот јавен повик, граѓаните масовно одговорија со испраќање многу различни идеи и предлог-проекти од областа на инфраструктурата, животната средина, спортот, еко-туризмот, земјоделството, едукацијата, опремувањето на училишта и институции, реконструкција на патишта и водоводни системи и слично. Веќе почнавме со реализација на некои од нив, како што беше и активноста од минатата недела, кога на десетина жени-претприемачки од струмичко дониравме механизација и додатни делови што ќе им користат во нивните активности од земјоделството и сточарството. Искрено се надеваме дека што поскоро ќе ги реализираме сите достапни средства од интервентниот фонд на компанијата за овој пост-ковид период“, потврди Груевски.
Во однос на оваа тема, Груевски заклучи: „Сите заедно можеме да го пребродиме овој кризен период, но за тоа се потребни акции и дела, а не разни флоскули, оправдувања и неетички зборови со кои разни самоуки експерти се спротивставуваат во реализирањето на потенцијално најголемата странска инвестиција во нашата држава, проектот за рудник на можности „Иловица-Штука“. Ние сме тука и подаваме рака да помогнеме и асистираме за побрзо да реализираме проекти кои ќе бидат од интерес на сите“. Целото интервју од гостувањето на д-р Живко Груевски на ТВ Вис можете да го погледнете на следниов линк. https://www.youtube.com/watch?v=aPiKks96DlU  ]]>

Еуромакс ресоурцес: Иловица-Штука може брзо да ја заздрави македонската економија https://arhiva.vistina.com.mk/euromaks-resources-ilovica-shtuka-moze-brzo-da-ja-zazdravi-makedonskata-ekonomija/ Mon, 04 Jan 2021 09:30:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=183921

Еуромакс ресоурцес како директна странска инвестиција апелира до политичарите да не ја користат во меѓупартиски пресметки и манипулации со полувистини и шпекулации, бидејќи проектот Иловица-Штука може да има силен импакт врз националната економија. Станува збор за инвестиција, чија реализација може веднаш да започне, а значајно ќе помогне за брзо заздравување на македонската економија по штетата што ја предизвика пандемијата со КОВИД – 19. Проектната компанија за развој и управување со рударскиот комплекс Иловица – Штука, Еуромакс Ресоурцес Македонија е во 100 процентна сопственост на Еуромакс Ресоурцес Лимитед, мајката компанија која е регистрирана во Ванкувер во Канада и котира на престижната Берза за хартии од вредност во Торонто. За д-р Живко Груевски, одговорен за комуникации и односи со јавноста во Еуромакс Ресоурцес, компанијата има обврска кон своите инвеститори, како и кон акционерите на Берзата во Торонто транспарентно да ги објавува сите информации поврзани со финансиското работење на компанијата, како и нејзините акционери.
„Компанијата Еуромакс Ресоурецс Лимитед има диверзифициран меѓународен акционерски капитал што доаѓа од компании од земјите како Канада, САД, Англија, Швајцарија и земји од ЕУ. Сите овие инвеститори го стекнуваат својот удел во компанијата преку финансирање во проектот и очекувањата на сите се дека ова ќе биде проект од светска класа. Односно рудник што ќе биде управуван, организиран и со производство по највисоките стандарди за заштита на животната средина, социјалите аспекти и секако со примена на сите најнови технологии на рударството на 21 век“, изјави д-р Живко Груевски, одговорен за комуникации и односи со јавноста во Еуромакс Ресоурцес.
Водечки инвеститор во акционерската структура е групацијата Трафигура, која својот удел го реализира преку својата финансиска институција Галена Асетс Менаџмент од Женева, Швајцарија и нејзината ќерка фирма Галена Рисоурс Еквитис ЛТД, каде како партнер – инвеститор се јавува и Геотецхмин од Бугарија. Индустриската групација Геотецхмин е една од најголемите инвестициски и производствени компании во Бугарија со водечка улога во рударството, градежништвото, енергетскиот сектор и заштита на животната средина. Трафигура е една од најголемите светски компании за трговија, дистрибуција и логистика со енергија, нафтени производи, метали и со минерали. Трафигура мајнинг груп специјализирано се занимава со развивање и управување на рударски комплекси во целиот свет, и во моментов управуваат со над 20 рудници.
„Илустрација за големината на Трафигура е дека во 2018 година, според официјалните податоци, остварила приходот над 190 милијарди долари. Други значајни инвеститори се Европската банка за обнова и развој, која е поединечно најголемиот институционален инвеститор во РСМ и американската корпорација Ројал Голд, еден од светските лидери во инвестирање и управување со производство и трговија на скапоцени минерали и метали. Овие акционери, односно инвеститори препознаа вредност во проектот, иднина во овој долгорочен капитален проект во Република С. Македонија. Тие искажуваат верба во менаџментот на Еуромакс Ресоурцес и веруваат дека, и покрај застоите, нашата држава е земја во која вреди да се инвестира и која може да реализира ваков голем инвестициски проект“, изјави д-р Груевски.
Еуромакс Ресоурцес со реализација на проектот Иловица - Штука во првите две години од изградбата ќе вработи околу 1.000 лица, а потоа во периодот на работа на рудникот ќе вработи 500 лица. Преку соработници и снабдувачи ќе се ангажираат дополнителни 2.700 лица. Досега во Проектот се инвестирани повеќе од 50 милиони евра, а за првата фаза на изградба предвидени се околу 340 милиони евра. Инвестицискиот проект се очекува да придонесе за зголемување на бруто домашниот производ за 3% на годишно ниво и да се квалификува во првите ТОП 3 извозни компании од Република Северна Македонија. Повелете линк од видео изјавата на д-р Живко Груевски: https://www.youtube.com/watch?v=F5_yne8SsdQ]]>