Еуромак Ресоурцес – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 09 Jun 2022 10:10:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.2 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Еуромак Ресоурцес – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Одговорно лидерство за приоритетни економски решенија! https://arhiva.vistina.com.mk/odgovorno-liderstvo-za-prioritetni-ekonomski-reshenija/ Thu, 09 Jun 2022 10:10:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253699

Никола Гулев, Главен финансов директор во Еуромак Ресоурцес Економскиот циклус во кој што се наоѓаме полека навлегува во рецесија и за жал, сведоци сме на драматични глобални економски текови. Меѓутоа што би значело тоа за нас и како нашата економија, која е целосно интегрирана со глобалните текови, може успешно да се справи на таквата наметната ситуација. Во состојба каде што буџетскиот дефицит постојано расте, а државниот долг достигнува загрижувачки вредности, над дефинираните мастришки критериуми (над 60% од БДП), се ограничуваат и можностите и алатките за надминување на наметнатата ситуација. Ситуацијата со ковид пандемијата беше сериозна, меѓутоа Владата, како и други администрации низ светот, сериозно ја помагаше економијата преку внесување на пари во економијата. Сета таа државна помош краткорочно беше оправдана, но зголемувањето на обемот на пари во економијата без при тоа да се зголеми реалната продуктивност е сериозен проблем кој може да резултира во потенцијално зголемување на инфлацијата. Претходната година, се очекуваше дека токму таа производна продуктивност ќе придонесе во 2022 година глобалната економија да излезе од тој инфлаторен ризик. Меѓутоа, наместо тоа, оваа година се случи спротивното. Имено, како резултат на ситуацијата во Украина, инфлаторните фактори дополнително беа поттикнати со растот на цените на нафтата, гасот и електричната енергија. Сето тоа доведе до оваа драматична ситуација во која сме денес, сведоци на драматично зголемување на цените на сите производи и услуги. Овие ценовни шокови сериозно влијаат на животниот стандард на граѓаните и на профитабилноста на стопанството. Не случајни се сите тие штрајкови и протести што се случуваат во изминатиот период, бидејќи како резултат на инфлацијата куповната моќ на населението секојдневно се намалува. Доколку глобално и национално не се преземат храбри и одговорни одлуки, постои ризик сите овие инфлаторни фактори сериозно да продолжат негативно да влијаат на целата економија. Како што се предвидува во САД и ЕУ инфлацијата да достигне над 8%, така и Народната Банка излезе со прогноза дека до крајот на 2022 година се очекува инфлација од 8,8%, и доколку македонскиот Бруто Домашен Производ не ја надмине таа стапка од 8,8% македонската економија ќе се соочи со реална рецесија. Дополнително, инфлацијата може негативно да влијае и на кредитите, бидејќи поради ова високо неодржливо ниво на инфлација централните банки ќе бидат приморани да ги зголемат референтните каматни стапки што ќе резултира до зголемување на каматите на кредитите. Тоа ќе биде сериозен удар на економската способност на правните субјекти и на животниот стандард на граѓаните. Ова го потенцираше и Извршниот директор на ЏП Морган, наведувајќи дека „зголемените инфлаторните притисоци ќе доведат до зголемување на каматните стапки на американските Федерални резерви“. За жал, поради сериозната глобална економска криза, дојдени сме во ситуација решенијата да мора да се донесуваат без одложување. Во овој момент, мора да се даде приоритет на проекти кои ќе создаваат сериозна додадена вредност во економијата, преку кои ќе се овозможи поголем раст на производниот капацитет во однос на растот во економијата. Тоа го истакна и нобеловецот Кругман во неговото излагање на Скопскиот економски и финансиски форум 2022. Во таква ситуација, мега-инвестицискиот проект за рударскиот комплекс Иловица-Штука, се наметнува како најсериозно решение кое веднаш може да биде искористено во насока на успешно надминување на овие драматични последици од глобалната економска криза. Само за потсетување, за реализацијата на Проектот Иловица-Штука ќе бидат вложени 340 милиони евра директни странски инвестиции, ќе се отворат нови 3200 работни места во текот на работењето на идниот рударски комплекс, ќе се реализира извоз од над 200 милиони евра на годишно ниво, и во државниот буџет ќе се плаќаат минимум 24 милиони евра годишно за даноци. Како краен ефект, со работењето на идниот рударски комплекс, се проценува дека просечно ќе се придонесе до зголемување на Бруто Домашниот Производ за над 3% на национално ниво. Проектот ќе создаде сериозна додадена вредност во македонската економија и ќе креира нови работни места, и поради тоа оправдано е да се третира како едно од најприоритетните прашања во оваа економска криза. Можеби претходните години, постоеше некоја комфорна зона за размислување дали и кога да се продолжи со развојот на Проектот Иловица-Штука, меѓутоа денес, во оваа драматична економска криза, таа комотна ситуација за избор веќе ја немаме, и потребата од развојот на ваков тип на проекти е понеопходно од било кога. Што е уште позначајно, Еуромакс Ресоурцес и Трафигура, како најголем инвеститор, во неколку наврати изразија спремност дека веднаш ќе бидат обезбедени потребните странски директни инвестиции од 340 милиони евра за реализација на Проектот. Проектот Иловица-Штука е веќе тука во нашата држава и може многу брзо, без одолговлекување да се реализира, и истиот може да претставува позитивен пример и генератор на решенијата што ќе следат за подобрување на македонската економија. Поради тоа, во овие драматични времиња, потребно е да се преземат лидерски и одговорни одлуки кои ќе ги заштитат интересите на граѓаните, и без одолговлекување ќе реализираат проекти кои ќе дадат сериозна додадена вредност во економијата.]]>