еуро2021 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 20 May 2021 09:18:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png еуро2021 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Игор Ангеловски го соопшти списокот, со овие сили одиме на ЕУРО 2021 https://arhiva.vistina.com.mk/angelovski-go-soopshti-spisokot-so-ovie-sili-odime-na-euro-2021/ Thu, 20 May 2021 09:10:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=203409

Селекторот Игор Ангеловски денес го соопшти списокот од 26 играчи со кои ќе настапиме на ЕУРО, во група сме со Холандија, Австрија и Украина. Ангеловски се потпира на проверени сили и играчи со кои стигна до пласман на континеталниот шампионат, а Мрме најде место и за најмладиот дебитант во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал, Дарко Чурлинов кој е единствен наш играч кој настапува во Бундес лигата. Селекторот смета дека на ЕУРО нема да бидеме „топовско месо“, дека ќе играме на резултат и дека ова се најубавите моменти за македонскиот репрезентативен фудбал. „ Можам да и ветам на нацијата дека сите играчи се ќе направат да бидеме горди, целам високо, ја поставив целта да се бориме за пласман во следната фаза, мислам дека можеме тоа да го направиме на ЕУРО“ – изјави Ангеловски. Ова е комплетниот македонски состав од 26 играчи за ЕУРО 2021: Извор: Дриблинг.мк]]>

Пристигна албумот на Панини во Македонија (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pristigna-albumot-na-panini-vo-makedonija-foto/ Sat, 03 Apr 2021 08:08:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=197384

Oд 02. и 03. април 2021 год. и  официјално се пуштаат во продажба албумите на Панини во Македонија за претстојнтоо Европско првенство во фудбал, ЕУРО 2021. Пласманот на македонската фудбалска репрезентација донесе голем интерес за овој албум, кој годинава македонските фанови ќе имаат посебен мотив да го наполнат затоа што во него се и нашите репрезентативци. Според првите информации, албумот ќе се продава по цена од 80 денари, а со него веднаш добивате и едно пакетче сликички гратис.Цената за едно пакетче со пет сликички внатре,  се продава за 40 денари.
]]>

Македонија во албумот на „Панини“ за ЕУРО 2021 и новиот дизајн на дресовите на фудбалските репрезентативци https://arhiva.vistina.com.mk/makedonija-vo-albumot-na-panini-za-euro-2021-i-noviot-dizajn-na-dresovite-na-fudbalskite-reprezentativci/ Wed, 24 Mar 2021 14:04:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=195656

На социјалните мрежи беше објавен дел од албумот за следното Европско првенство ЕУРО 2021, а таму за првпат се наоѓа и македонската фудбалска репрезентација.
Имено, Македонец кој живее во Швајцарија ја сподели оваа фотографија, а наскоро се очекува во нашата земја, како и во останатате европски земји, албумот да биде во продажба.
Вообичаено албумите на „Панини“ за европските и светски шампионати излегуваат овој месец, но сега поради пандемијата на коронавирусот излегувањето на албумот е пролонгирано.
Во делот каде што е македонската фудбалска репрезентација, се наоѓаат играчите: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски, Егзон Бејтулаи, Висар Муслиу, Кире Ристевски, Стефан Ристовски, Дарко Велковски, Ѓоко Зајков, Аријан Адеми, Езѓан Алиоски, Енис Барди, Елиф Елмас, Тихомир Костадинов, Бобан Николов, Стефан Спировски, Илија Несторовски, Горан Пандев, Влатко Стојановски, Александар Трајковски и Иван Тричковски. Во исто време на Фејсбук страницата на дигиталниот магазин за макадонски фудбал насловен „Прва лига“, се појави скица од новиот дизајн на дресовите на македонската фудбалска репрезентацијата. Нив македонските  репрезентативци би требале да ги носат на претстојното ЕУРО 2021.

„ЕУРО 2021“ со полни трибини ќе нема, а стравот е дека може да нема и ниту еден гледач https://arhiva.vistina.com.mk/euro-2021-so-polni-tribini-kje-nema-a-stravot-e-deka-moze-da-nema-i-nitu-eden-gledach/ Sat, 09 Jan 2021 10:41:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=184410

Светот влезе во 2021 година со надеж дека хаосот со коронавирусот ќе заврши, но опасната зараза повторно влезе во залет особено во Велика Британија и дел од Западна Европа откако беше откриено дека мутиран сој уште повеќе и побрзо се шири, па иако вакцинацијата низ светот започна, стравувањата од фудбалски аспект е дека до јуни нема да може да се направи таква масовна имунизација за Европското првенство да се игра нормално.
Еден од најугледните светски медиуми „ЕСПН“ повторно на маса ја враќа најцрната опција Европското првенство да се игра со многу минимален број на гледачи, па дури и без нив, а како крајно сценарио наместо низ 12 веќе потврдени градови да заврши во една земја, зашто ситуацијата која повторно се разгорува ги руши сите планови. Македонија треба да дебитира на Евро 2021, сите посакуваат нормализирање на состојбите, навивачки невиден караван за Букурешт, но... Целиот текст на „ЕСПН“ ви го пренесуваме напишан од новинарот Марк Одген. Останаа уште 150 дена до стартот на одложеното Европско првенство. Европа сѐ уште води тешка борба за да ја исконтролига пандемијата со ковид-19, па од оваа дистанца воведниот меч на Италија и Турција во Рим на 11 јуни тешко може да се замисли во нормална ситуација со кревањето на завесата. Но, и покрај сите желби, а УЕФА сѐ уште се обидува да го одржи нормалниот тек на подготовка за успешен турнир, наглото зголемување на заразата во многу земји во Европа, создаваат сериозна загриженост и за континенталниот турнир. Извори за ЕСПН, кои остануваат анонимни за јавноста, тврдат дека трите сценарија сѐ уште важат, а меѓу нив и најцрното – фудбал во „балон“ и без публика. Финалната одлука за тоа како ќе изгеледа Евро 2021 ќе биде познато во средина на март, зашто и самата УЕФА прифати дека не може да го чека Конгресот во април, зашто е предоцна за реорганизирање на прашањата за билетите, ако воопшто се дозволи да има гледачи, како и за евентуални промени во форматот на организација. За Евро 2021 уште пред пандемијата беа продадени 90 отсто од билетите, а според изворите од УЕФА, само еден многу мал процент од истите беа вратени после одложувањето на турнирот. И сега, сето тоа е прва главоболка на УЕФА, како би реорганизирала нешто, ако се скрати бројот на навивачи. Ако, нив ги нема е најлесно, ќе ги вратат парите, ама... Во оваа состојба со вирусот низ Европа, а само пет месеци пред стартот на турнирот, веќе на сите им станува полека јасно дека Европско првенство во сите 12 градови со полни трибини – нема да има! Најдоброто сценарио е дека ќе се допушти да има 70 отсто од капацитетот, а бекап-планот со гледачи е таа бројка да се сведе на едвај 30 отсто со почитување на сите можни протоколи. И сето ова зависи од тоа дали вакцината и брзината на имунизацијата ќе биде таква за до лето да се обезбедни некаква вистинска нормалност. Последното најцрно сценарио (УЕФА неколкупати го одбиваше дека се разгледува – н.з.) е турнирот сепак на крај да се одигра во една земја и тоа на празни стадиони, со стриктен „балон“, каков што беше обезбеден во август во Лисабон со фајнл-ејт турнирот во Лигата на шампионите и во Лига Европа во Германија. Фудбалот во Европа моментно останува некако да се бори со притисокот од ковид-19, ама годината почна со многу одложувања на мечеви на сите нивоа во Англија, зголемена бројка на заразени, се заразуваат повторно многу фудбалери во екипите, Барселона откажа еден тренинг поради двајца позитивни... И само пред еден месец УЕФА откажа два младински шампионати во машка и женска конкуренција, закажани за во мај на Кипар односно Фарските острови со образложение дека „моменталната епидемиолошка слика во многу делови во Европа го прави нереално тоа да се играат младински турнири на почетокот на годинава“. Одложување на Евро 2021 нема да се случи, откако лани УЕФА веќе еднаш го одложи првенството, најмногу поради финансиската штета што ќе ја претрпи УЕФА, која ќе се одрази како штета и на националните федерации, на годишните исплати, парите за проекти, парите за учество на континенталниот шампионат... Евро 2021 некако ќе се игра, ама во моментов, а веројатно и нешто потоа, тешко дека некој може со точност да знае – како? Дури ни самата УЕФА, која има сценарио за најкритична опција, првенство во балон и без гледачи, не знае како тоа би го организирала во една земја. Засега сите градови домаќини кои беа избрани, вкупно 12, добија насоки од УЕФА да разработат план А и план Б во зависност од епидемиолошката слика, со тоа дали ќе има 70 или 30 отсто навивачи, како ќе се врши транспортот, сместувањето, опциите за евентуални корона-рестрикции ако се појават во летните месеци, со претпоставки за реакција... Сите градови се согласија дека ја задржуваат организацијата, без оглед по кој план, ама ситуацијата со пандемијата е таа што диктира и ако нема сериозно смирување на истата, последната опција, која никој не ја сака и УЕФА упорно ја одбива, но ја разгледува е да се одигра ковид-Евро со 24 селекции на едно место. А, тоа е предизвик за УЕФА која во моментов тешко може и да го реши како прашање. Изворите од УЕФА велат – има четири опции. Ама, ниту една од тие не е без проблеми. Треба да се најде земја која ќе смести 24 селекции, ќе има доволно стадиони и реално – малку се кандидати. Што од здравствени, што од политички причини. Велика Британија, Франција, Германија... Тука некаде би завршил списокот на земји кои итно би можеле да излезат во пресрет за да организираат ваков турнир. Англиската федерација веќе јавно посочи дека со владина поддршка е подготвена да го земе цел турнир. Би била вклучена цела Британија, „Хампден Парк“ во Глазгов секако би бил домаќин, би се направил „меур“ на Островот. Ама, Британија моментно има највисока стапка на зараза, а плус влијанието на Брегзит – тешко замисливо сценарио. Франција беше домаќин на Евро 2016, Германија, пак, е домаќин на Евро 2024 и двете земји имаат извонредна инфраструктура за да обезбедат турнир, ама... Франција е втора зад велика Британија по степен на зараза, а нема ни ентузијазам за втор евротурнир во земјата. Германија, пак, повеќе се фокусира на својата вистинска организација, а не на „спасувачка мисија“. Четвртата опција е Русија, домаќинот на СП 2018, со меур(и) во Санкт Петербург и Москва. Меурот би бил направен на пет одлични стадиони, но проблемот е – суспензијата на земјата. Неодамна во Лозана беше потврдена суспензијата на Русија за кршење на анти-допинг правилата, па носење на турнир во Русија би било анти-кампања за УЕФА. И УЕФА нема решение, а најлошото сценарио со една земја домаќин останува опција, но никој не ја посакува. УЕФА сега само може да се надева дека турнирот ќе се игра по нормалниот формат во 12-те градови. Времето ќе покаже како, ама тоа брзо тече. Идниот вторник ќе почне одбројувањето на последните 150 дена до шампионатот, а часовникот безмилосно отчукува. Извор: Спорт1.мк

Солзи, емоции, радост… УЕФА со прекрасни 30 секунди издвоени за Македонија (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/solzi-emocii-radost-uefa-so-prekrasni-30-sekundi-izdvoeni-za-makedonija-video/ Fri, 20 Nov 2020 08:43:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=177257

Најавувајќи ги партиципиентите на Европското првенство следната година УЕФА посебно ја издвои Македонија и обезбеденото деби на собирот на најдобрите на Стариот континент. Солзите, силните емоции и радоста на селекторот Игор Ангеловски, капитенот Горан Пандев и сите македонски репрезентативци по крајот на натпреварот во Тбилиси, низ 30 секунди издвоени од УЕФА уште еднаш го претставуваат историскиот успех на македонскиот фудбал. Извор:Екипа.мк]]>

Македонија на ЕП во фудбал 2021- ова се најинтерсните моменти по натпреварот: Фудбалерите пејат, народот слави, нацијата се радува, Заев се срами да го спомене името… Македонија! (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonija-na-ep-vo-fudbal-2021-ova-se-najintersnite-momenti-po-natprevarot-fudbalerite-pejat-narodot-slavi-nacijata-se-raduva-zaev-se-srami-da-go-spomene-imeto-makedonija-foto-video/ Fri, 13 Nov 2020 09:26:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=175923

1. Македонската фудбалска репрезентација за прв пат во историјата се пласираше на едно континентално првнество, ЕП 2021. Фудбалерите на Македонија ги победија избраниците на Грузија, сонот на Горан Пандев стана јаве, но и сонот на многу генерации фудбалери кои го носеле националниот дрес за прв пат се претвори во  реалност - за прв пат да се игра во завршницата на едно големо натпреварување, мзаедно со елитата, меѓу најдобрите. Пробивот на Елмас во 56 минута, додавањето од Несторовски и маестралната завршница на нашиот капитен Горан Пандев, беше доволна за победа во финалето од Лигата на нации против Грузија во Тбилиси. Радост и еуфорија, ерупција од емоции и воодушевување, прослава и радост во душата, која сега навистина има зошто да се радува.
2. Славеничката еуфорија започна со „историскиот говор“ за историски момент на коментаторот на МТВ, Тони Стојановски кој со колегата Горан Стерјов го коментираа натпреварот. „Сега душата се радува, затоа што има зошто душа да е“... 3. Славењето започнува уште на теренот, помеѓу нашите фудбалери, селекторот, стручниот штаб... Од душа и срце, со песна и оро... Но тука започнува и „рецензијата“  на „болните умови“. На снимката објавена од „Спортклуб“ на Јутјуб не е скратен делот кога фудбалерите ја пеат песната „Едно име имаме“. Тој дел засега не може да се најде на други снимки објавени на интернет. Вака изгледаше и звучеше нивниот израз, нивниот излив на национална радост. https://www.youtube.com/watch?v=8LAVAyF9eRw&feature=emb_logo 4. Еуфоријата на „македонските рисови“ од теренот продолжи во собата за прес-конференциии. По „Едно име имаме“ и „Бисер балкански“, пред светските новинари македонските репрезентативци ја запеаја и најпознатата навивачка химна:  „Излези момче право на тераса“... https://www.youtube.com/watch?v=DN-JdF-b1NA&feature=emb_logo 5. Победничка еуфорија во Тбилиси, славеничко лудило ширум Македонија... Од престолнината Скопје, Тетово, Битола... па се' до родната Струмица на најголемиот, на нашиот гранде Пандев.   Највесело пред семејната куќа на Пандеви во Струмица, каде  се случуваше вистинска навивачка атмосфера. https://www.youtube.com/watch?v=JNvjo7yeiP0&feature=emb_logo Пандеви се гордоста на Струмица. Неговиот помал брат, фудбалерот  Сашко Пандев славеше со „Бисер балкански”, a изведбата беше на Џамбо Агушев и неговиот плех оркестар Агушеви. 6.  Врие на улиците, но најмногу врие на социјалните мрежи, кои  се преполни со честитки, од обични луѓе преку познати и јавни личности, естрадни фѕвезди, од спортисти до политичари, па до сите оние кои ја сакаат Македонија, го сакаат спортот, кој пак е единствената екстаза, единствениот мелем за душата да се радува во овие луди, тешки и неизвесни денови. Пораките и честитките не можат да се добројат, меѓу нив и оние на нашите херои од најтрофејниот македонски колективен спорт - ракометот. Лазаров, Стоилов, Ристовски,  Митревски, Кузмановски… кошаркарите како Војдан Стојановски, но и редица други македонски асови и репрезентативци од останатите федерации заедно се радуваа и им честитаа на фудбалерите на овој голем, историски  успех. 7. Владата вечерта со почеток во 20 часот преку видеоконференциска интернет комуникација ја одржуваше 20-тата седница. Човекот кој во големите спортски победи не ѝ го спомнува името на земјата која се радува вечерва ја води седницата во дресот на македонската репрезентација. „Жално, но историскиот пласман на Европското фудбалско првенство 2021 го славиме во време на најголемото предавство на чело со квислингот облечен во националниот дрес. Историскиот успех на македонските репрезентативци Заев им го честита не споменувајќи го името на нивната татковина“ - пишуваат македонските портали. 8. Реакциите на „срамното обраќање“  на премиерот веднаш следат на социјалните мрежи. Меѓу првите, Наум Стоилковски, потпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, во свое и името на партијата му возврати на Заев со порака: 9. Во меѓувреме, се редат и други бројни коментари на социјалните мрежи, меѓу кои оние на актерот Сашо Тасевски, вообичаено остри и бескомпромисни: „Едниот струмичанец само збори за Европа, другиот не однесе во Европа – напиша Тасевски, па потоа му испрати и тој  порака на Заев: „Дечко после ова вечерва и екстазата по пласманот на европско, треба да сфатиш, за шиткање на идентитетот македонски не смееш да помислиш ни во најлошиот кошмар. Ќе му се јавиш на Бојко, ќе му речеш: 'Извини, јас малку се занесов кога дојдов на власт, па не се сеќавам што ти ветив. Ама што и да сум ти ветил, не се важи. А вие како наши соседи поканети сте да навивате за Македонија, само треба да научите една навивачка песна. Вака отприлика почнува: Излези момче право на тераса…“ - напиша актерот. 10. Ама што дека... И кога доцна вечерта репрезентацијата беше пречекана од премиерот, Зоран Заев не кажа за која држава играа фудбалерите. „Еден гол за сите, една победа за сите! Така е кога заедно играат Македонци, Албанци, Турци… во исти дресови, под исто знаме и за заедничката татковина“ - изјави Заев, кој како и во претходните честитки „вешто“ избегнуваше да го каже името што фудбалерите гласно го повторуваа, што предизвика нови реакции во јавноста. 11. Но, не беше само Заев „вештиот ескиватор“ кога е името во прашање. Некои од приврзаниците на СДСМ, меѓу кои и познати естрадни и јавни личности и новинари, отидоа дури и подалеку и тоа уште за време  и веднаш по ТВ преносот, па побараа „линч“ за коментаторот Тони Стојановски заради неговиот излив на национални чувства?! Патриотизмот некого, очигледно многу го боли?! Така, луѓе блиски на СДСМ на социјалните мрежи барат отказ за начинот на кој коментаторот на МТВ Тони Стојановски го коментираше мечот против Грузија на кој Македонија се пласираше на ЕП во фудбал 2021. Стојановски во коментарите не нападна никого, ниту пак ширеше говор на омраза, но неговите достоинствени коментари кои можат да се квалификуваат како промакедонски ги испровоцира приврзаниците на СДСМ да го навредуваат со погрдни зборови и да се бара негово казнување, дисциплинска мерка, па дури и отказ. “Ако коментаторот не добие ОТКАЗ од МРТВ значи брука сте. Политички говор на спортски натпревар значи е прекршување на сите спортски правила”, пишува една приврзаник на премиерот Заев по што неколку други жестоко го напаѓаат Стојановски, без да приложат било какви аргументи за нивните навреди. 12. Социјалните мрежи се исполнети со фотографии, честитки, пораки, коментари… Успехот на македонските фудбалери со пласманот во завршницата на едно ЕП е засега единствен, прв, од ваков вид, историски... Оние пак кои имаат хоби со години да ги собираат сликичките за големите натпреварувања, едвај чекаат да почне „манијата“ – Македонија на Европско во „Панини“ албум. Додека излезе официјалниот албум, еден фудбалски фан подготви симулација како би изгледале нашите момчиња во оваа „колекционерска фан лектира“. Мрме, Гоче, Елиф, Нестор, Џани... и останатите - едно големо БРАВО! Вие сте нашите фудбалски херои, гордоста на нацијата, репрезентацијата во чиј дрес се гине... на терен! Македонијо, многу среќа, нови победи и успех и на нашето прво ЕП 2021!          ]]>