еуро2020 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 21 Jun 2021 11:30:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png еуро2020 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Италијанска новинарка известуваше во живо од ЕУРО 2020, па прекрстувајќи ги нозете, ги покажа гаќичките: Паола Ферари како Шерон Стоун (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/italijanska-novinarka-izvestuvashe-vo-zivo-od-euro-2020-pa-prekrstuvajkji-gi-nozete-gi-pokaza-gakjichkite-paola-ferari-kako-sheron-stoun-video/ Mon, 21 Jun 2021 11:25:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=207684

Атмосферата на ЕУРО 2020 сериозно се загрева, има сè повеќе теми за разговор за настаните на теренот, но сега има и за оние, надвор од него. Една од нив е италијанската новинарка Паола Ферари, која доживеа незгоден момент кога нејзините гаќички „ѕирнаа“ за време на преносот во живо. Таа известуваше за Европското првенство, но во моментот кога ги прекрсти нозете, камерата ја сними и нејзината долна облека, што многумина веднаш го споредија со познатиот потег на Шерон Стоун. Паола Ферари има 60 години и очигледно е дека овој  незгоден момент во директниот пренос не ја потресе премногу. "Видеото стана вирално. Се чини дека VAR се користи повеќе отколку на терените на Европското првенство. Се случи, ништо сериозно", беше духовита Паола, коментирајќи го тој момент. Паола Ферари работи за италијанската РАИ, но не сакаше да ја споредуваат со Шерон Стоун и нејзиниот потег во филмот „Ниски страсти“. "Таа е една од најсексапилните жени на светот. Во секој случај, виралното видео се чини малку претерано, бидејќи Шероун Стоун не носеше долна облека во таа сцена. Претпочитам да го штитам своето здравје и хигиенската чистота", изјави Паола Ферари. Еве како изгледаше „моментот на среќата“ за сите вистински мажи: ]]>

Не забележавме победа, но испишавме фудбалска историја: Австрија – Македонија 3:1 https://arhiva.vistina.com.mk/ne-zabelezavme-pobeda-no-ispishavme-fudbalska-istorija-avstrija-makedonija-3-1/ Mon, 14 Jun 2021 08:59:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=206850

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Австрија со 3:1 во својот прв настап на Европското првенство.
Австријците поведоа преку Штефан Лајнер во 18. минута, капитенот Горан Пандев изедначи десет минути подоцна, испишувајќи уште едно поглавје од македонската фудбалска историја како играч кој го постигнал првиот гол за Македонија на едно Европско првенство. За наша жал, во второто полувреме резервистите на Австрија, Михаел Грегорич и Марко Арнаутовиќ погодија за победа на нивната репрезентација. На стадионот во Букурешт присуствуваа околу 4.000 македонски навивачи кои им дава голема поддршка на „црвено-жолтите“. Вториот натпревар од 1. коло во Ц-групата се игра вечерва (21 часот) во Амстердам каде Холандија ја пречекува Украина. Следниот дуел на македонскиот национален тим е на 17 јуни, исто така во Букурешт против Украина.
]]>

Секој со својот сон: Панчо – ДНК ја пееше македонската химна и навиваше на стадионот во Букурешт, а Васил Гарванлиев пееше на геј парада во Бугарија (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sekoj-so-svojot-son-pancho-dnk-ja-peeshe-makedonskata-himna-i-navivashe-na-stadionot-vo-bukuresht-a-vasil-garvanliev-peeshe-na-gej-parada-vo-bugarija-video/ Mon, 14 Jun 2021 06:53:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=206779

Двајца преставници на македонската естрада -  два света... Ако не по сите, тогаш сигурно по многу основи. Музиката е нивниот НЗС, нивната тангента, заедничка точка, зашто и обајцата важат за познати естрадни уметници, арно ама... Владимир Блажев или Панчо оддамна, како ДЈ, член на некои групи во младоста и последниве години етаблиран, познат и признат, како една половина од ар ен би дуото „ДНК“ со кое сними дузина песни, видеоспотови, неколку албуми, исфрли грст хитови... Со еден збор, веќе остави траг и си обезбеди свое место во македонската естрадна историја која сејкојдневно се пишува. Васил Гарванлиев уште како дете блесна во на детските фестивали со хитот „Марионка“, ама по неа - исчезна, го снема... Живот надвор од земјата, влета во водите на класиката, па враќање во земјата со обиди да се наметне со малку поинаква музика, особено со „несреќните“ евровизиски настапи... Оној „несудениот“ - лани заради Ковид 19 пандемијата и овој годинешниов, кој заврши „неславно“ уште пред да почне, пред да се појави на евровизиската сцена со сите оние скандали, афери и контроверзи... кои во старт го следеа.  Од „бугарштината“ и отвореното признавање на сексуалната определба, до пласманот на евровизиската опашка! Последните објави на обајцата покажуваат две различни нешта, две различни не само музички концепции, туку и животни филозофии. Имено, како што е познато Панчо со Андреј (ДНК) пред почетокот на за нас историскиот деби настап на едно големо натпреварување како што е тековното ЕУРО 2020 во фудбал со дел од колегите од македонската естрада ја создадоа навивачката химна „Македонија на Европско“. https://www.youtube.com/watch?v=xC5z_541AbA&t=1s   Познатиот изведувач и ДЈ не пропушти да биде и дел од македонската навивачка експедиција, која се најде на трибините на Националната арена во Букурешт, каде Македонија дебитираше на ЕУРО во мечот со Австрија, кој за жал го загубивме, но прикажавме игра, покажавме карактер, желба, волја и сила за надигрување... И што е најважно: Испишавме историја! А, Панчо заедно со армијата македонски навивачи кои го обоија стадионот во црвено - жолта боја,, пред почетокот на мечот од трибините ја пееше македонската химна и страствено од се' срце навиваше за Македонија! Васил Гарванлиев исто така не ја пропушти можноста викендов да запее! И тоа во согласност со својата јавно искажана сексуална определба, на геј парада во Бугарија! Пред својот настап, Гарванлиев им порача на присутните дека „во музиката нема граници, нема омраза, нема политика и дека нема сексуална ориентација, но дека има љубов, енергија и дека сите сме - едно“! Белким мислеше дека сите ТИЕ се едно! Нејсе, сеедно, иако не е... На прашањето дали размислува да оствари дует со некој бугарски изведувач, Гарванлиев рекол: „Не само што мислам, туку и сонувам за дует со бугарски артист“. Гарванлиев притоа рекол дека веќе преговара со неколку изведувачи: „Можеме да започнеме со Викторија“, мислејќи на бугарската претставничка на Евровизија. „Ја почитувам бугарската музика, имате прекрасна традиција, прекрасни гласови, вие сте прекрасни... Исто така, постојат фантастични гласови во класичната музика…“ – додал нашиот годинешен евровизиски претставник. Двајца естрадни уметници, ама секој со својот сон... А соништата тотално различни! Како и определбата, музиката, постапките, настапите, појавата на дијаметрално различни локации... Кому што му е поважно, белким? https://www.youtube.com/watch?v=hsInXzP2oeY&t=22s]]>

Гледајте ја Македонија со Полска и Австрија за 150 денари https://arhiva.vistina.com.mk/gledajte-ja-makedonija-so-polska-i-avstrija-za-150-denari/ Mon, 27 May 2019 11:42:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=89812

Македонската фудбалска репрезентација на 7. и 10. јуни против Полска и Австрија ги продолжува Европските квалификации за пласман на ЕУРО 2020. По триумфот над Летонија и освоениот бод во Љубљана против Словенија, македонската репрезентација на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се соочи со фаворитите во групата, репрезентациите на Полска и Австрија. Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до вредни бодови и дополнително да се приближиме кон врвот во квалификациската група за пламан на ЕУРО 2020. Цената на влезниците изнесува од 150 денари.
Верните навивачи на нашата најдобра репрезентација од денеска ќе можат да купат билет за натпреварите против  Полска и Австрија преку продажната мрежа на MKTickets, на посебен пулт на ФФМ во Skopje City Mall (пред влезот на кафулето Play) и on-line на линкот: https://mktickets.mk/event/makedonija-polska/ Влезници ќе можат да се купат и на благајната на Националната арена „Тодор Проески“ од 1. јуни (сабота), а од 3. јуни (понеделник) и во Фудбалската федерација на Македонија, „Куќа на фудбалот“. По првите две кола „црвено-жолтите“ имаат четири бода (победа над Летонија дома, и нерешено со Словенија, на гости).]]>