еуро 2021 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sun, 30 May 2021 08:55:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png еуро 2021 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Гласот на народот посилен од глупоста на поединци: Македонија на ЕУРО 2021 сепак во „стариот“, препознатлив црвено – жолт дрес! https://arhiva.vistina.com.mk/glasot-na-narodot-posilen-od-gluposta-na-poedinci-makedonija-na-euro-2021-sepak-vo-stariot-prepoznatliv-crveno-zolt-dres/ Sun, 30 May 2021 08:48:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=204753

ФФМ се премисли... На ЕУРО 2021 одиме со „стариот“ црвено-жолт македонски дрес. Под притисок на јавноста, околу реакциите за катастрофалната изведба, боја и дизајн на новиот дрес, Фудбалската федерација на Македонија попушти... Нејзините челници се попишманија, ја увидоа грешката или едноставно не смееја да се соочат со цунамито што ги чекаше ако останеа на своето, па претседателот Муамед Сејдини пресече... Најпрвин срамежливо, вчеравечер сабота, 29 мај 2021 со загадочна најава на социјалните мрежи. А веќе следниот ден изутрина, недела 30 мај 2021 и со конкретно соопштение и се обрати на јавноста. „Драги навивачи на македонската репрезентација, Како претседател на Фудбалската федерација на Македонија чувствувам обврска да се обратам до фудбалското семејство во врска со промоцијата на новиот дрес на македонската репрезентација за Европското првенство. Најпрвин, изразувам искрено жалење за негативните реакции кои што беа предизвикани од бојата на новиот дрес. Свесни сме дека репрезентативниот дрес претставува чест и амбиција на секој фудбалер уште од најрана возраст Репрезентативниот дрес беше подготвен со голема радост на барање на фудбалерите. Тимот бараше нови репрезентативни дресови. Ние сакавме да го исполниме тоа барање. За жал, техничката поддршка во однос на бојата на дресот не е во согласност со барањата на ФФМ. Федерацијата и службите во ФФМ целосно ја преземаат одговорноста за овој избор, но исто така ќе побараат одговорност и од техничкиот партнер. Како претседател на федерацијата ја преземам мојата одговорност за евентуални последици и најавувам дека на Европското првенство ќе играме со досегашните дресови. Тоа што не влијаев и имав доверба во работата на службите во ФФМ во креирањето на новиот дрес, не значи дека треба да молчиме кога пошироката јавност го искажува своето мислење. Инсистирам настапот на Европското првенство да биде запаметен по прекрасниот успех што го направивме и да не биде засенет со работи кои се полесни за решавање. Поради реакциите од бојата на дресот, ние како Фудбалска федерација на Македонија пративме допис до УЕФА со кој бараме натпреварите од Европското првенство да ги одиграме со актуелните дресови. Се надевам дека УЕФА ќе има разбирање за нашето барање и ќе излезе во пресрет на истото. Со актуелниот репрезентативен дрес игравме на Европското првенство 2017, со тој дрес остваривме историски пласман на ЕУРО 2020 и со тој дрес ќе се претставиме на првенството кое со нетрпение го очекуваме. Ве повикувам со добра мисла да ги испратиме нашите херои на Европското првенство. Навивачкиот дух да им биде ветер во грб. Напред Македонија“. ]]>

Промовирана официјалната химна на претстојното ЕУРО 2021: Зад „We Are The People“ стои ДЈ Мартин Гарикс, а гостуваат Боно и Ди Еџ од „Ју ту“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/promovirana-oficijalnata-himna-na-pretstojnoto-euro-2021-zad-we-are-the-people-stoi-dj-martin-gariks-a-gostuvaat-bono-i-di-edz-od-ju-tu-video/ Mon, 17 May 2021 12:35:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=202808

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денеска ја претстави официјалната химна на претстојното Европско првенство УЕФА ЕУРО 2021 под името „We Are The People“. На песната зад која стои легендарниот холандски Ди-Џеј Мартин Гарикс гостуваат и Боно (Bono) и Д Еџ (The Edge). „Компонирањето музика за еден од најголемите спортски настани во светот заедно со Боно и Д Еџ, беше неверојатно искуство“ - изјави Гарикс за официјалниот сајт на УЕФА. Химната ја слави основната тема на ЕУРО 2021 – заедништвото, особено во светло на сите предизвици со кои светот се соочува во денешницата, со акцент на уникатноста на завршниот турнир што за прв пат во историјата ќе се одржи ширум Европа. ЕУРО 2021 ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули во 11 европски градови, а македонската фудбалска репрезентација своите натпревари во групната фаза ќе ги игра во Букурешт, против Австрија и Украина, и во Амстердам, против Холандија. https://www.youtube.com/watch?v=kGT73GcwhCU]]>

Христијан Мицкоски со синовите Јован и Антониј подготвени да навиваат за Македонија: „Тројцата мускетари“ го комплетираа албумот на „Панини“ за ЕУРО 2021 https://arhiva.vistina.com.mk/hristijan-mickoski-so-sinovite-jovan-i-antonij-podgotveni-da-navivaat-za-makedonija-trojcata-musketari-go-kompletiraa-albumot-na-panini-za-euro-2021/ Wed, 12 May 2021 06:56:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=202108

Претседателот на најголемата и најбројна партија во Македонија, ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски покрај своите бројни политички активности и  обврските на факултетот како универзитетски професор, важи и за добар сопруг и посветен родител, како татко на своите  деца. Така, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ секој миг од своето слободно време го користи да биде со своите  два малолетни сина - Јован и Антониј кои со тато Христијан меѓу останатото се и  „најдобри другари“. Еуфоријата заради првиот историски пласман на фудбалска Македонија на едно големо натпреварување како што е престојното ЕУРО 2021 се' повеќе расте, за полека да ја достигне својата кулминација на денот на одигрувањето на првиот натпревар. Во меѓувреме, официјалниот албум со сликички на „Панини“ на репрезентациите учеснички на  ЕУРО 2021 и нивните фудбалери е убаво  загревање, одлична увертира не само за пасионираните колекционери, туку за сите нас, па сликичките за кои владее невиден интерес како никогаш досега, ги собира и старо и младо, полнејќи го албумот. Ги собираат сите, ги собираат и тие тројцата: Христијан Мицкоски и неговите синови Јован и Антониј... Или поточно, малите колекционери вчеравечер го израдуваа тато дека ги нашле и залепиле и последните пет сликички што им недостасувале и со тоа го комплетирале албумот. Радосната вест „тројцата мускетари“ ја соподелија и на социјалните мрежи. Поточно тато Христијан ја сподели на својот Фејсбук профил каде објави неколку фотографии  покрај кои напиша: „Долг, тежок, напорен ден со прекрасен крај. Двајцата дома ме чекаат и во еден глас ми велат: тато ги залепивме последните пет што ни фалеа..., го наполнивме албумот, не оној семејниот, туку оној од ЕУРО 2020, со Горан, Столе, Аријан, Стефан, Дарко, Енис, Елиф и останатите македонски херои, нашата гордост. Ова е првиот албум на Антониј и трет на Јован, продолжуваме јунаци заедно..., и секако навивањето за нашата Македонија!“ Фото: Фејсбук принтскрин/Hristijan Mickoski  ]]>

Игор Ангеловски – Мрме, тивок херој на најубавата македонска репрезентативна фудбалска приказна: „Историскиот настап на Македонија, допрва следува“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-angelovski-mrme-tivok-heroj-na-najubavata-makedonska-reprezentativna-fudbalska-prikazna-istoriskiot-nastap-na-makedonija-doprva-sleduva-video/ Tue, 20 Apr 2021 08:04:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=199678

Тој е човекот пред кого се поклонува цела Македонија, па и Европа. Од полуанонимен стратег до фудбалската легенда која успеа да испишее историја и за прв пат да ја однесе македонската фудбалска репрезентација на едно големо европско натпреварување, во случајов Европско првенство - ЕУРО 2021. Игор Ангеловски, човек предодреден за големи успеси и секогаш добредојден медиумите, а таа чест и задоволство овој пат ја имаше и  магазинот од зад сцената. Дека е човек со визија и план покажува потегот кој го направи кога дојде на селекторската функција во 2015 година. Самиот лично отпатува во Италија да го убеди Горан Пандев да се врати во репрезентацијата. Тоа беше почетокот на создадавањето на изгледот кој репрезентацијата го има денес, на играта по кои стануваме препознатливи, на успесите заради кои не сметаат за сензација. Но, какво е чувството да се биде првиот селектор кој успеал да ја однесе Македонија на едно толку големо натпреварување? Екипата на Бекстејџ имаше можност да разговара токкму со селекторот Игор Ангеловски - Мрме. Кој ќе биде говорот пред играчите во пресрет на првиот меч на европското првенство, но и дали следи смена на генерација по европското првенство, очекува ли пласман во вториот круг, дали го собира албумот со сликички на Панини...? Ова и многу повеќе, погледнете во интервјуто во продолжение со човекот кој ја направи нацијата горда, среќна и радосна, овозможувајќи ни ја единствената привилегија, да ја слушаме националната химна, да гледаме како гордо се вее македонското знаме и да уживаме во играта, настапите, а зошто да не и резултатите на фудбалска Македонија, на престојното ЕУРО 2021. https://www.youtube.com/watch?v=ALATv4Okg-Q]]>

Кој го „избриша“ сонцето што „денес над Македонија се раѓа“ од националниот дрес на македонските фудбалери во албумот на „Панини“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/koj-go-izbrisha-sonceto-shto-denes-nad-makedonija-se-ragja-od-nacionalniot-dres-na-makedonskite-fudbaleri-vo-albumot-na-panini-foto/ Thu, 15 Apr 2021 09:00:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=199103

Фудбалска Македонија испишува историја. Нашата А репрезентација за прв пат на едно големо европско натпреварување, на ЕУРО 2021. Радоста е голема, уефоријата уште поголема. И додека со нетрпениe го очекуваме првиот историски настап на нашите најдобри фудбалери на најголемиот европски собир, како и цела Европа и македонските пасионирани фудбалски љубители и колекционери уживаат во Панини магијата, собирањето на официјалниот, но и култен албум со сликички за претстојното ЕУРО, кој за за прв пат е отпечатен пред половина век, во 1970 година. Во Македонија  еуфоријата за собирање на сликички во полн замав. Се продаваат како никогаш до сега, ги собира и младо и старо, се купуваат по цели кутии, а залихите ги снемува за неколку часа. За ова Европско првенство еуфоријата е дотолку поголема, токму заради  присуството на нашата репрезентација и нејзините фудбалери во албумот на Панини. Но, оние што го собираат албумот веднаш забелжаа нешто, што никому не му се допадна. И тоа е уште еден исклучок, кој е направен само во случајот на фудбалска Македонија. Имено, уште кога ќе ви падне првата сликичка со ликот на некој од нашите фудбалски репрезентативци, веднаш забележувате дека за разлика од играчите на буквално  сите останати репрезентации кои се во своите стандардните дресови со националните обележја на своите земји, нашите Пандев, Елмас, Нестороски, Барди, Адеми, Алиоски... сите до еден  се во обични „Jako“ маички за тренинг. Оттаму и прашањето за челниците и особено претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини,  дали и кој требаше да води сметка, да направи проценка за важноста на симболиката на националниот дрес, особено ако со него фудбалерите, а и спортска Македонија испишува историја? Кој и зошто, случајно или не, „го избриша сонцето што денес над Македонија се раѓа“ од македонскиот национален дрес на фудбалските репрезентативни избраници, па истиот го замени со обична бела тренинг маичка? Историјата останува меѓудругото и во колекцијата на Панини, но за жал, кога е Македонија во прашање, само како бела маичка за на пауза меѓу два натпревари! А колку што се химната и знамето државни симболи и обележја на една нација, толку е и оригиналниот дрес кој  избраниците со гордост го носат, симбол на државата и сите нации кои живеат во неа, кога е репрезентативниот спорт, во случајов фудбалот, во прашање! Впрочем, неагилноста и неажурноста на челниците на ФФМ може да се види уште штом ќе го отворите официјалниот сајт, официјалната веб страница на Фудбалска Федерација на Македонија. Неажурирана, со бајати фотографии на А тимот кој ни донесе историска гордост, во кој половина од нив веќе и не се репрезентативци,  со „последни“ квалификации за ЕУРО 2016, додека оние кои не однесоа во Европа од ЕУРО 2021 - никаде ги нема во менито. Како и кога ќе кликнете на „стручен штаб“ тој воопшто не постои и го нема во менито! Наместо ликот и биографијата, резултатите, постигнувањата на предводникот на херојската генерација, Игор Ангеловски „Мрме“ и неговите помошници, советници, физиотерапевти, кондициони тренери, тренери на голманите... добивате само едно срамно: „Нема содржини во оваа категорија“! Страшно, срамно, понижувачки... Ако е до парите - не ќе е, зашто од друга страна за ФФМ се зборува дека врти милиони! До немарност, негрижа, незнаење, немање „чувство за осет“, сенс за она што им е должност, обврска, задача, работа... До тоа ќе да е!?  А за волја и желба, љубов и ентузијазам и да не зборуваме! За жал, трагедија од три букви: ФФМ!    ]]>

Горан Пандев на пакувањето од кесичките со сликички на официјалниот албум на Панини за „ЕУРО 2021“ https://arhiva.vistina.com.mk/pndevna-pakuvanjeto-od-kesichkite-so-slikichki-na-oficijalniot-album-na-panini-za-euro-2021/ Thu, 04 Mar 2021 13:57:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=192607

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација  Горан Пандев се најде на пакувањето од кесичките со сликички на официјалниот албум на Панини за Европското првенство ЕУРО 2021, кое заради коронапандемијата е померено од лани, за во јуни годинава. Ова е голема чест за Пандев кого италијанскиот производител одлучи токму него да го стави. Ова е издание до душа е наменето за купувачите во Велика Британија, но нема да биде изненадување доколку Пандев биде и на изданието што ќе се најде на нашиот пазар. Напротив, дури тоа би бил и добар маркетиншки потег на Панини.]]>

Панчо исто како Тамара, со важна тетоважа, само на различно место и од различна причина – многу посилна! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pancho-isto-kako-tamara-so-vazna-tetovaza-samo-na-razlichno-mesto-i-od-razlichna-prichina-mnogu-posilna-foto/ Mon, 16 Nov 2020 07:59:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=176152

Македонија на Европско, фудбалерите на  ЕУРО 2021... Историски успех, за прв пат нашата А селекција е на завршницата на едно големо контионентално фудбалско натпреварување. нацијата во делириум, еуфорија низ целата земја, се радуваат сите... И оние кои се „изгорени по фудбалот“, пасионирани љубители на “најважната споредна работа на светот“, фудбалските фанатици, од најголемите патриоти, до најмалите и децата, од обичните граѓани до познатите и јавни личности... буквално сите. Владимир Блажев, познат како ДЈ Шорти или уште попознат како Панчо од ар ен би дуото ДНК, голем спорстки фан, уште поголем патриот во душата и срцето, личен пријател со некои од  најголемите и најпознатите македонски спортисти, меѓу кои и фудбалските репрезентативци, реши на посебен начин да го овековечи пласманот на Македонија на Европското првенство во фудбал. И тоа трајно, засекогаш! Ионака познат како љубител на украсување на своето тело, Панчо исто како и колешката Тамара на себе стави важна тетоважа... Само на различно место и од различна причина - многу посилна! Ако  на Тамара беше заради еден вид „грижа на совест“, тетоважата на Панчо е заради овекувечување на исполнетиот детскиот сон. И додека Тамара ги тетовираше „промашените“ стихови од химната,  Панчо на себе ги истетовира имињата на целиот национален состав кој обезбеди пласман на Европското првенство, заедно со селекторот Игор Ангеловски, а имињата на златните момчиња се испишани врз македонското знаме иако некои му забележија дека и тој како Тамара, нешто „утнал“... Во прашање е датумот, односно годината, па наместо 2020 стои 2021...? „Кога ќе ти се исполни детскиот сон, моментот мора да се овековечи. Оваа тетоважа ми е една од позначајните кои ги имам на моето тело и сум горд на истата исто толку колку што сум горд и на нашите репрезентативци кои ни ја приуштија оваа неопислива радост. Ни покажаа и докажаа на сите нас како со сплотеност и верба се постигнува успех. Браво момци, херои наши. МАКЕДОНИЈА на европско 2021“ - напиша Панчо покрај споделените фотографии од тату чинот на овековечување на детскиот сон и дополни: ПС: За оние малкумина “познавачи” и “експерти” кои се грижите за тетоважата и “погрешниот” датумот во кратко да ви образложам зошто е ставена 2021 за да не ви стои терет на душа Факт, турнирот е ЕURO 2020 ( следен EURO 2024 ) , но е преместен во 2021 ( јуни 11 - јули 11 ) од познати причини. Значи логиката вели дека турнирот и онаа репрезентација која ќе го освои ќе биде запишана во 2021 ( јбг слично на euroleague сеозна 2020/2021 ) , МАКЕДОНИЈА игра во 2021 не во 2020 ( ФАКТ ) и на крај најбитно е што ќе се памтиме сите: која година требало да се игра или ќе го памтиме победникот на турнирот и која година е освоен истиот ? Исто така никогаш не би ја ставил оваа малерозна 2020 како бројка на телото евер. Што значи не се препукавајте меѓусебно, уживајте во историскиот успехот на нашите фудбалери, поддржувајте ги и величете ги нашите спортисти, музичари, уметници и најбитно ширете љубов и позитива. Јас еве повторно јавно кажувам дека ако се пласираме на светско 2022 или било која наредна година иде тетоважа на десната нога, чувам простор. Живели“ - појасни Панчо. По ова , сега сме и естрадно-патриотски комплетни: Химната ја имаме истетовирано, знамето - исто така, составот е тука, уште да „изненандиме“ на ЕУРО 2021... Кој знае што ли тогаш ќе тетовираат на себе македонските музички ѕвезди? Тамара за малку не победи на Евровизија, можеби Панчо со ДНК треба да ја преставува еднаш Македонија, а зошто да не? Па да видиме тогаш, дали со понекоја тетоважа ќе возвратат и фудбалерите?  ]]>

Бура од емоции – ново видео за македонските фудбалски херои https://arhiva.vistina.com.mk/bura-od-emocii-novo-video-za-makedonskite-fudbalski-heroi/ Sat, 14 Nov 2020 10:17:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=176140

Победата над Грузија, солзите радосници, пласманот на македонската фудбалска репрезентација на Европскот првенство. Бура од емоции во 3 минути. Уживајте  во видеото на Maртин Пресилски од Прилеп, посветено на историскиот успех на македонските фудбалски репрезентативци. https://www.youtube.com/watch?v=hwN66PvERxg&feature=emb_logo]]>