естрадни уметници – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 17 Nov 2021 11:04:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png естрадни уметници – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Синот на Марина Туцаковиќ подготвил „црна листа“ за комеморација на текстописецот: Некои естрадни личности нема да може да присуствуваат? https://arhiva.vistina.com.mk/sinot-na-marina-tucakovikj-podgotvil-crna-lista-za-komemoracija-na-tekstopisecot-nekoi-estradni-lichnosti-nema-da-moze-da-prisustvuvaat/ Wed, 17 Nov 2021 11:04:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=227672

Комеморацијата за Марина Туцаковиќ е закажана за 24 ноември, а главен организатор е нејзиниот син Лаќа. Како што пишува „Стар“, тој веќе ангажирал екипа која се ќе организира, а наводно тој ќе се погрижи и некои познати да не присуствуваат на комеморацијата. -Искрено, не знам што прави Лаќа, освен што беше во Собранието да бара дозвола за комеморацијата. Тој им даде задача на луѓето кои му помагаат и веќе се подготвува. Дури и знам на кого праќа покани, а кој нема да го покани на тој ден. Тој се ќе објави на социјалните мрежи“, вели Фута. Блиска пријателка на Марина вели дека Лаќа нема да дозволи на сите да присуствуваат на комеморацијата. -Кога зборувавме за салата за комеморацијата, Лаќа кажа дека сака да биде сала каде што не може секој да влезе. Не сака падобранци, тоа нема да го толерира по цена на скандал. Ми објасни дека сите кои ќе треба да се појават ќе бидат поканети и известени,  но и ми нагласи дека има “црна листа“. Нема лутење, многу естрадни уметници ќе се изненадат“, вели пријателката на Лаќа. Потсетување, Марина Туцаковиќ почина по борбата со опасната болест. фото: Дамир Дервишагиќ/инстаграм/Стефан Стојановиќ/ Филип Плавчиќ/инстаграм/Стефан Стојановиќ/курир.рс/ Лука Шараќ  ]]>

Српската естрада закажа настапи за Нова година, а еве за колку ќе влезат побогати во 2021 https://arhiva.vistina.com.mk/srpskata-estrada-zakaza-nastapi-za-nova-godina-a-eve-za-kolku-kje-vlezat-pobogati-vo-2021/ Wed, 02 Dec 2020 09:32:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=179059

Пандемијата со коронавирусот ги стави на принуден одмор естрадните уметници кои речиси од март месец немаат настапи и не работат. Меѓутоа, со наближување на Нова година и новогодишните празници, како што пишуваат српските медиуми, пејачите од српската естрада веќе закажале настапи за 31 декември. Една од нив  е Наташа Беквалац која го најави новогодишниот настап во Белград. Наводно нејзиниот хонорар изнесува 25 000 евра. И Катарина Грујиќ ќе настапува во Белград, а за тоа ќе биде платена 20 000 евра. Со неа ќе настапува и Слоба Радановиќ чиј хонорар изнесува 30 000 евра. „Искрено се надевам дека ќе има настапи. Слоба и јас закажаваме уште во јануари. Очекувам дека дотогаш ќе се смири и ќе ја испратиме ова година и со песна ќе влеземе во 2021“, изјави неодамна Каќа за српските медиуми. Фолк пејачот Ѓани ќе настапува за 35 000 евра. Тој истакна дека неговиот настап бил закажан кога немало корона. Рада Манојловиќ се надева дека за Нова година ќе пее на еден сплав во Белград заедно со Пеѓа Меденица. Влезниците чинат од 100 до 200 евра, а за нивниот настап ќе бидат платени 50 000 евра. Дејан Матиќ и Габриела Пејчев ќе пеат во еден ресторан, а влезниците чинат 80 евра. Ангелина ќе пее во еден клуб во центарот на градот, а влезниците чинат од 40 до 250 евра, колку се плаќа и сепарето. Слаѓа Алегро закажа и настап во еден хотел, а нејзиниот хонорар изнесува 25 000 евра. Некои менаџери не била расположени да зборуваат на оваа тема, а Горан Леќиќ кој работи со повеќе српски ѕвезди вели дека се уште ништо не знае.]]>

Естрадните уметници ќе добијат по 14.500 денари месечна помош од државата https://arhiva.vistina.com.mk/estradnite-umetnici-kje-dobijat-po-14-500-denari-mesechna-pomosh-od-drzavata/ Sun, 14 Jun 2020 12:18:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=153793

Владата на седница донесе уредба со законска сила за финансиска поддршка на естрадните уметници за време на вонредна состојба, за уредување на условите, начинот и постапката за доделување финансиска поддршка на естрадните уметници погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот Ковид-19, за месеците април и мај 2020 година. Предмет на финансиска поддршка е исплата на финансиски средства за месеците април и мај 2020 година, во месечен нето-износ од 14.500 денари, а за исполнување на критериумите за користење на оваа финансиската поддршка ќе одлучува посебна комисија во која ќе членуваат истакнати естрадни уметници.]]>

Паричната помош од 14.500 денари на владата ја подели естрадата: За едни – „ситниш“, за други – „бакшиш“! https://arhiva.vistina.com.mk/parichnata-pomosh-od-14-500-denari-na-vladata-ja-podeli-estradata-za-edni-sitnish-za-drugi-bakshish/ Sat, 13 Jun 2020 08:15:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=153524

Владата деновиве на седница донесе уредба со законска сила за финансиска поддршка на естрадата за време на вонредна состојба, за уредување на условите, начинот и постапката за доделување финансиска поддршка на естрадните уметници погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот, за месеците април и мај 2020 година. Предмет на финансиска поддршка е исплатата на финансиски средства за споменатите месеци во месечен нето-износ од 14.500 денари. За исполнување на критериумите за користење на оваа финансиската поддршка ќе одлучува посебна комисија во која ќе членуваат истакнати естрадни уметници. Тоа е она што Владата го понуди, а естрадните уметници ги подели... И тоа уште во старат, на се' уште недоделени пари! Имено, едни се изнасмејаа на уредбата, други категорички ја одбија доделената „цркавица“, за трети тоа е ситниш, но за некои ова му доаѓа како непланиран бакшиш!  Како по обичај, муабетите веднаш тргнаа, социјалните мрежи зовреа, а естрадните уметници се поделија на два табора: оние што ќе ја прифатат паричната помош и оние кои нема да го сторат тоа, иако естрадата е речиси 4 месеци без работа и никакви приходи! Прв пример на оние кои се откажаа од „непристојниот владин предлог“ е фолк пејачот Јордан Митев, чиј личен став е следен: „Срамота и нехумано е вистински естраден уметник да бара 14.500 денари помош од државата! Тој што работел добро и домаќински во нашата каква – таква професионална естрада ќе може да ја преживее оваа криза, тој што не работел добро и домаќински и пред корона кризата бил во криза и по короната пак ќе биде во криза. Таквите естрадни уметници кои што преживуваат и кои што чекаат од државата 14.500денари можеби попаметно е да си фатат постабилна и сигурна работа, а естрадата да ја остават на оние кои што можат добро да пливаат во тие води. Така ќе ни се зголеми и квалитетот и цената“ - вели познатиот пејач и додава: „Секој пејач што држи до себе, што вреди, не му е дојдено до 14.500 денари. Ако им дошло до овие пари, навистина нека се вработат на друго место. Нека не се декларираат како естрадни уметници. Ги разбирам оние музичари што зависат само од свадбите, ним треба да им се помогне. Но, естраден уметник е нешто друго, повисока категорија и таа треба да биде заслужена и оправдана“ - додава пејачот. Од друга страна пак, прв од групата на оние естрадни уметници кои сметаат дека без оглед колкав е износот, парите од владината поддршка треба да се земат е младиот и се' попопуларен фолк пејач Спасен Сиљаноски. Но, не заради тоа што кој знае колку ќе ии помогнат или наполнат буџетот на естрадните уметници, туку заради нешто сосема друго. „Јас ќе ги земам тие 14.500 денари и не е важно каде ќе потрошам. Можеби ќе дадам на двете деца и сопругата. Односно дали ќе ги потрошам на семејство за леб и млеко или ќе ги испијам во кафеана или ќе ги донирам на некој што воопшто нема, тоа веќе е моја работа. Но, јас ќе ги земам зашто во минатото некои милионери и функционери, како што се Мира - Дизел, Силвана Бонева и ред други,  земаа стотина илјади евра за патни трошоци, односно земаа околу 150.000, а сите знаеме дека нивните примања се огромни. Како што се огромни и нивните бенефиции, кои ги имаат благодарение на функцијата. Тука ќе ги споменам и фирмите кои располагаат со милионски капитал, како и ресторани, кои заработуваат илјадници евра месечно, а сепак, се обесштетени со енормно големи суми државни пари. Епа ако можт Мира -Дизел и Бонева, можам и јас“ - вели Спасен. И додека се подготвуваат списоците и листите на оние уметници од естрадата кои ќе се најдат на нив, останува прашањето дали тие пари се за нив само обичен „ситниш“, со оглед на тоа колку заработуваат во нормални услови или обичен бакшиш, кој добро ќе им дојде во овие околности? Се разбира, кој, како и според кои критериуми ќе се најде на листата за владини „субвенции“ и кој ќе ги прифати, а кој ќе ја одбие понудената државна помош, останува да анализираме и коментираме откако паричната помош за естрадните уметници ќе биде поделена! ]]>