естрадни ѕвезди – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 30 Mar 2023 09:21:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png естрадни ѕвезди – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонската естрада никако да ја мине границата: Зошто сите Срби добро поминуваат во Македонија, а речиси ниту еден Македонец не успеа во Србија? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-estrada-nikako-da-ja-mine-granitsata-zoshto-site-srbi-dobro-pominuvaat-vo-makedonija-a-rechisi-nitu-eden-makedonets-ne-uspea-vo-srbija-video/ Thu, 30 Mar 2023 06:44:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=295758

Во последните децении, особено последниве години Србија се покажа како најголема и најдоминантна на Балканот, која традиционално наметнува трендови и правила на игра во регионот во многу области од забавата, културата, театарот, филмот, спортот... Меѓудругото и во естрадата, односно музиката од било кој жанр. Од рок, поп, рап, трап, до турбофолк... Некако сè што доаѓа од Белград, со брзина на светлината се шири низ целиот регион. Од Марија Шерифовиќ, Жељко Јоксимовиќ, Саша Ковачевиќ, Жељко Самарџиќ,  преку Ацо Пејовиќ, Цеца, па се' до Раста, Реља Поповиќ, Војаж, Наташа Беквалац или Милица Павловиќ. За Чорба, Бајага, Чолиќ, Брена... и да не говориме. Ова се само дел од српските имиња кои се редовни со настапи во Македонија. А Македонија прифаќа буквално се' и не забранува никого и токму и затоа сите српски пејачи успејаа кај нас. Но прашањето кое се наметнува само по себе. Зошто сите Срби добро поминуваат во Мaкедонија, а ниту еден Македонец во Србија, со исклучок на еден - двајца како покојниот Тоше, Влатко Стефановски, Калиопи и евентуално Каролина? Како тоа за сиве овие години се случи тие да изнесат милион евра во кеш од „малата естрадна бара полна крокодили“ - Македонија, а нашите естрадни уметници не можат да го мината ни Табановце? Одговор на овие прашања побара најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“ од некои  српскитеестрадни личности. Нивните одговори, мислења и констатации проследете ги во видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Тамара Тодевска, Елена Велевска и ДНК се само дел од новите водители на естрадниот магазин „Бекстејџ“ https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-todevska-elena-velevska-i-dnk-se-del-od-novite-voditeli-na-estradniot-magazin-bekstejdz/ Mon, 06 Sep 2021 12:36:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=218012

Единствениот естраден магазин „Бекстејџ“ ја започнува новата 14-та сезона во која најавуваат многу новитети. Еден од новитетите е тоа што првата недела ваши домаќини ќе бидат јавни фаци  и естрадни ѕведи кои ќе го задржат вашето внимание. Во понеделник ваш водител ќе биде фолк пејачката Елена Велевска, во вторник водител ќе биде Андреј од дуото ДНК, во среда ќе се дружите со Тамара Тодевска… а кои останати јавни личности ќе се најдат во истата улога останува да видите во 16.15 премиерно и 22.15 репризно на Телма. „Во 2008 стартувавме со ентузијазам. Денес, продолжуваме со искуство и сериозна тежина зад себе. Низ годините се развивавме како жив организам. И до ден денес сме жива материја која подлежи на голем број промени. После долги години од нашето раѓање и медиумски живот, сфативме дека нашето најголемо достигнување е изразот. И новинарскиот и визуелниот. И по однос на емисии и по однос на прослави, настани и организации. Бекстејџ е своевиден пионер кога станува збор за вакви емисии. Не следиме трендови туку ги креираме. Од хрома во студио. Од студио на терен. Од интервју до репортажа, Бекстејџ има свој печат кој што се разликува од останатите“ - вели уредничката Ева Јакимовска. Сите естрадни актуелности, ексклузивни интервјуа, исповести, но и рубрики ќе бидат само дел од новите содржини во новата 14-та сезона. „Like“ „Dislike“ е рубрика во која стручни ликови ќе го коментираат изгледот на познатите, „Едноставен живот“ рубрика во која познатите ќе ги видите во светло какво што најмалку очекувате, „Вирално” ќе се бави со тоа што познатите објавуваат на социјалните мрежи. Но, ова е само дел од сето она што ве очекува во новата сезона на „Бекстејџ“.]]>

Македонските естрадни фолк ѕвезди остро реагираат на грубата неправда: „Дајте музика, зашто очигледно одлуките ги носат неуки луѓе“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskite-estradni-folk-dzvezdi-ostro-reagiraat-na-grubata-nepravda-dajte-muzika-zashto-ochigledno-odlukite-gi-nosat-neuki-lugje-foto/ Fri, 05 Mar 2021 08:56:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=192633

Новопредложениот протокол за работа на рестораните за свадби предизвика нова лавина од незадоволство кај музичарите, естрадните уметници, делот од ивент индустријата која изнајмува озвучување и осветлување токму за ваквите семејни прослави. Според него на свадба нема да се игра оро, а танц на почетокот на прославата ќе имаат само младоженците. Исто така нема да има жива музика, а гостите ќе бидат во ограничен број. Задолжително ќе треба да има средства за дезинфекција на сите маси, а персоналот ќе мора да носи маска. Работното време ќе биде до 21 часот. https://arhiva.vistina.com.mk/megafon/so-noviot-protokol-muzicharite-povtorno-izvisija-svadbi-bez-oro-i-bez-ziva-muzika/ Естрадните уметници и музичарите остро реагираат отфрлајќи го новиот протокол за работата на свадбарската индустрија, бидејќи се брутално исклучени од него. Бараат и тие да добијат дел од колачот, односно да бидат опфатени со рестартирањето на угостителскиот сектор. Според нив, жива музика не само што треба, туку мора да има, се разбира со почитување на здравствените протоколи. Зашто, каква е таа свадба без музика? На што ќе личи глува веселба, ако во животот на една млада брачна двојка која допрва започнува заедничкиот живот да го гради како семејство, најсвечените моменти се слават со звуците на тишината? Конечно, музика има дури и на погреби, а камо ли на свадби и слични семејни веселби и доколку се почитуваат одредени протоколи, таа никако нема да  влијае на безбедноста и не ја загрозува здравствената состојба на присутните! Најгласни во реакциите се македонските фолк ѕвезди кои остро реагираат на грубата неправда што им е нанесена. Сведени на живуркање на работ на егзистенцијата, една година без никакви приходи, тие го кренаа својот глас, барајќи праведно решение за нивната професија и натамошното опстојување. Меѓу најгласните, логично најголемите македонски фолк ѕвезди како што е Елена Велевска: “Ги следам сите настани поврзани ситуацијава, но и за свадбите и тажна сум поради тоа што го гледам, слушам. Зар ние го заслужуваме ова? Како музичка фела која што секогаш безрезервно помага на сите оние на кои што им е неопходно, зар сега кога нас ни е потребна помош никој да не ни ја дава? Свадбените веселби се настани што се паметат цел живот, како тие да поминат без музика? Постојат колеги музичари кои што не можат да скрпат крај со крај и со оваа неправедна одлука музиката полека, но сигурно згаснува. Од што да живеат музичарите чиј единствен приход им се настапите? Ние музичарите во моментов живееме од она што сме го заштедиле, тргале на страна, но тоа не може вечно да трае. Не сакам да бидам сфатена погрешно, но сметам дека како што може да се најде решение за другите проблеми, мора да се најде решение и за ова” - изјави Велевска. Препуштени на милост и немилост, естрадните уметници кои живеат исклучиво од музика, без разлика дали од свирењето  на некој инструмент или од својот глас, не се обесправени и загрижени само за сопствениот опстанок, туку и за опстојувањето на македонската музика, македонскиот фолклор и традицијата воопшто, кои се неизоставен дел од идентитетот на еден народ, како едни од главните обележја на една нација. Токму ваква загриженост изрази уште една од најпознатите и најпопуларни македонски фолк пејачки, Сузана Гавазова: “Секако дека не се согласовам со новиот протокол за свадбарската индустрија. Свадба без музика и без убава пејачка не е свадба. Жива музика треба да има, но секако со почитување на здравствените мерки и протоколи. Ако и оваа година не дозволат нашите музички работници да работат, ќе се изгуби сосем нашата музика и традиција. Но, ние не смее да го дозволиме тоа, ќе се бориме, ако е неопходно и ќе протестираме” - порача атрактиваната струмичанка. Дека се работи за дискриминација и дискриминаторска политика кон естрадните уметници, се согласува уште една струмичанка, младата фолк ѕвезда Стојне Николова, која дури оди дотаму што тврди дека или е во прашање чист дилетантизам и незнаење или се работи за заговор против естрадата: „Крајна дискриминација кон естрадните уметници…Не гледам никаква разлика помеѓу музика пуштена на Јутјуб (каде што и самите ние имаме сниманено свои песни или испеано музички сплетови во живо) и музика која се свири и пее во живо. Очигледно, одлуките ги носат неуки луѓе или ако грешам, тогаш имам чувство дека ова е класичен заговор против музичката индустрија и музиката која е Божја работа“ - категорична е младата фолкерка. Естрадните уметници се надеваат дека ќе дојде до измени во протоколот и на свадбите и семејните веселби и жива музика, сепак ќе има. Но и деке ќе им биде дозволено да работат и по кафеаните, кафулињата, рестораните, хотелите... каде живата музика ја разубавува и развеселува атмосферата. Се разбира со издржани протоколи со кои ничие здравје нема да биде загрозено, а со тоа ниту егзистенцијата на музичките уметници, па и самата македонска изворна и новосоздадена фолк песна! Фото: Фејсбук/Инстаграм принтскрин Изјави: М24]]>