естрадна ревија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 24 Nov 2023 09:15:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png естрадна ревија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Елена Стојановска „го извади од папучи“ Тимчо Апостолов, па уредникот на некогаш најпознатата естрадна ревија „Екран“ „буквално“ ја „растури“ уредничката на утринската на ТВ Сител (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-stojanovska-go-izvadi-od-papuchi-timcho-apostolov-pa-urednikot-na-nekogash-najpoznatata-estradna-revija-ekran-bukvalno-ja-rasturi-urednichkata-na-utrinskata-na-tv-sitel-foto/ Fri, 24 Nov 2023 09:08:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328372

„Екран“ со децении важеше не само за единствената, туку и најдобрата македонска естрадна ревија. Музика, театар, филм, ТВ, мода, хумор, забава... Се' што треба да има еден магазин за она време во кој беше престиж воопшто да се појавиш. За да добиеш насловница, треба да имаш изедено„ сто фурни леб“, да си артист или уметник од кариера   со дебело портфолио, полно со „подобро минато“ и “поубава иднина“. На оние што новинарството им е професија и се во овој еснаф, најдобро знаат што значи функцијата уредник. Одговорност пред се', знаење, умеење, лидерски способности, вештина, искуство, стратегија... Она што е шефот во другите професии, тоа е уредникот во новинарскиот еснаф. Тимчо Апостолов беше еден од последните уредници на „Екран“. Некогаш водител, подоцна новинар, публицист, последните години се до крајот од „работниот мандат“ уредник на најпознатата ревија. И по пензионирањето остана остар критичар на она што го нуди еснафот во било која форма, очигледно се' до денес. Последниот пример најдобро покажува дека ништо не може „да му  се  поткрадне“,  а тој тоа да не го забележи. Она што Тимчо најмногу деновиве „го изиритира и налути“ очигледно е утринската програма на ТВ Сител - „Ја сакам Македонија“, односно нејзината актуелна уредничка Елена Стојановска - Јанковска, овој пат во улога на ТВ водителка. Поточно нејзината утринска најава која некогашниот уредник на „Екран“ „буквално“ го „извади од папучи“, па овој   уредничката на утринската „буквално“  ја „растури“... на својот Фејсбук профил! Имено, на Тимчо му пречел нејзиниот начин на изразување и сиромашната понуда на зборови во вокабуларот на водителката, која според него постојано повторувала еден ист збор - „буквално“ и по неколку пати во една иста реченица?! Апостолов ова не можел да и го прости на Елена и да го премолчи, па решил јавно да ја сподели критиката на смека на „говорните можности“ на водителката, на социјалните мрежи. Така на својот Фејсбук профил Тимчо Апостолов и „буквално“ во писмена форма и го „плеснал в лице“ на актуелната уредничка она што му пречело во нејзината утринска најава: „Денес ( четврток - 23 ноември) , водителката на утринската програма на ТВ Сител „Ја сакам Македонија“, во најава од пет реченици, пет пати го употреби зборот “БУКВАЛНО“.Тоа беше маестрална најава.....Не знам колку ученици на некој испит успешно би ја решиле задачата да состават пет реченици со зборот “БУКВАЛНО“? Ќе ја парафразирам нејзината најава ; На улиците во Скопје а посебно на тротоарите , БУКВАЛНО владеат посебни правила.Сигурно сте забележале дека троторарите БУКВАЛНО се окупирани од паркирани возила, дека минувачите БУКВАЛНО се мачат да минуваат, дека со оваа БУКВАЛНО грда глетка се соочуваме секојдневно ...За овој БУКВАЛНО голем неред ќе ве информираме во следниот прилог... Така , ние гледачите добро и БУКВАЛНО бевме информирани за овој БУКВАЛНО голем проблем во Скопје. Ама јас БУКВАЛНО се препотив кога ми дојде мислата: Како водителката ќе ја реализираше најавата, ако во тој момент не се сетеше на зборот БУКВАЛНО?“ Буквално или брутално, некогашниот уредник на „Екран“ го кажал своето... Или поточно, она што го мислел - го напишал! Како уредничката и ТВ водилката на утринската на ТВ Сител ќе ја доживее критиката, и дали ќе има реакција на истата, останува на неа!? Фото: Facebook/Timco Apostolov и Instagram/enna_inna]]>

На денешен ден излезе „ЕКРАН“ – првата естрадна ревија во Македонија! https://arhiva.vistina.com.mk/na-deneshen-den-izleze-ekran-prvata-estradna-revija-vo-makedonija/ Mon, 20 Nov 2017 13:00:05 +0000 http://vistina.mk/?p=4228

Во денешниот наплив на таканареченото „онлајн новинарство“, каде најважна е брзината,  за жал, не и содржината, каде кликот и лајк-от многу повеќе ја одредуват важноста на информацијата отколку тежината на зборот, малкумина со носталгија ќе се сетат на првата естрадна ревија во Македонија, ревијата „Екран“.
45
Првиот број на легендарната ревија за музика, филм, театар, мода, ТВ… е печатен, (замислете кој куриозитет) на 20.11.1970 година, на ист датум кога почна со работа и нашиот портал Вистина.мк, само цели 43 години подоцна. Неговата насловна страница која ја краси легендата на македонската забавна песна, покојната пејачка Сашка Петковска, изгледаше вака:
„Екран“ најпрвин почна да излегува како подлисток, или поточно, неделен додаток на дневниот весник „Нова Македонија“, за подоцна да прерасне во самостојно издание. Оваа естрадна ревија со години беше “алфа и омега“ кога беа во прашање информациите од светската, тогашната ЈУ и македонската естрада и не само естрада.
 tumblr_mxl9je08kT1s9ze70o2_500
Најзначајните достигнувања од областа на музиката, филмот, театарот, модата, спортот, културата, телевизијата… беа секогаш на првите страници на „Екран“. Да те има во „Екран“, значеше дека си познат и славен или во најмала рака талентиран и надежен уметник. Или барем така требаше да биде! А, воглавном и беше!
Немаше фестивал, манифестација, концерт, премиера, модна ревија, спортски натпревар, културен настан… кој „Екран“ немаше да го проследи, одбележи, рецензира, напише осврт, направи критика, даде мислење, завземе новинарски став…!
Screenshot (3)
Слободан Петровиќ, Лилјана Мазова, Јасминка Јанева,  Живко Јаневски, Тимчо Апостолов, Оливер Белопета, Велибор Педевски, Грета Оџакова, Виолета Хаџи-Скерлева, Љубомир Грбевски-Џери,  Александар Ѓоргиев… се само некои од имињата кои беа екранови новинарски перјаници или фоторепортери на легендарната естрадна ревија.
Screenshot (6)
На 25 годишнината од своето постоење, во 1995 година  „Екран“ доби дури и своја песна – „Екран сонг“. Ја исполнуваат тогашните, а повеќето од нив и денес актуелни музички ѕвезди од македонската поп и фолк естрада. Автор на музиката е некогашниот член на групите „Пу“, „Лева патика“, „Чуден крој“…  Данаил Дарковски-Дарко, а стиховите ги напиша поетот и новинар на „Екран“, Љубомир Грбевски-Џери. Инаку, се работи  за обработка на песната „Денес, утре, задутре“ изведена од групата „Пинаколада“ на Макфест 1990.
„Екран“ оддамна не излегува повеќе. Со згаснувањето на НИП „Нова Македонија“  прекина печатењето и на ова списание.
]]>