естраден – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 06 May 2020 09:22:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png естраден – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Познатиот естраден менаџер и кум на Жељко Јоксимовиќ го победи коронавирусот, но остана нем: Бане Обрадовиќ не може да зборува?! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/poznatiot-estraden-menadzer-i-kum-na-zeljko-joksimovikj-go-pobedi-koronavirusot-no-ostana-nem-bane-obradovikj-ne-moze-da-zboruva-foto/ Wed, 06 May 2020 09:20:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=148185

Кумот на  пејачот Жељко Јоксимовиќ, познатиот естраден менаџер Бана Обрадовиќ, го напушти Клиничкиот центар на Србија, каде му беше дијагностициран Ковид-19 поради што лежеше со тешка пневмонија, а последните две недели беше сместен во одделот за пулмологија. Тој штом дошол дома кај семејството, веднаш им испратил порака на пријателите дека се чувствува добро, дека е многу подобар со здравјето, но дека сè уште не може да зборува  затоа што нема глас. Неговата сопруга Јована и неговите синови, но и пријатели, како и повеќето пејачи кои соработувале со Обрадовиќ, биле цело време или покрај него или му давале поддршка, храбрејќи го. Средниот син на Обрадовиќ, исто така, бил позитивен на коронавирусот, но за среќа неговата состојба не била сериозна. Тој кратко време бил во привремената болница на белградското сајмиште, по што бил пуштен на лекување во домашни услови. Тестиран е и најстариот син, додека сопругата на Бане, како и најмалиот син, немале никакви симптоми на вирусот.]]>

Дека Велибор Џаровски е најпознатиот естраден менаџер на сите времиња во екс ЈУ-историјата сите знаеме, ама знаете ли како пее Џаро? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/deka-velibor-dzarovski-e-najpoznatiot-estraden-menadzer-na-site-vreminja-vo-eks-ju-istorijata-site-znaeme-ama-znaete-li-kako-pee-dzaro-video/ Tue, 21 Apr 2020 07:47:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=145678

Тој е несомнено жива легенда. Човекот за чија работа и кариера се испреплетени безброј случки, настани и легенди, човек кој важи за најпознатиот естраден менаџер на сите времиња во екс-ЈУ историјата, па се до ден денес... Работел со најголемите ѕвезди во регионот од Мишо Ковач и Оливер Драгојевиќ, преку Индекси, Леб и Сол и Бијело Дугме, до Оливер Мандиќ и Здравко Чолиќ... и уште стотици други. Ситната боранија и не ја броиме. Организирал илјадници концерти, бил вмешан во безброј афери, наместил којзнае колку фудбалски натпревари, па и цели првенства. Законот го знае и од оваа и од онаа страна... на решетките. Бил со него во судир, ама и негов најдобар пријател, преку локалните и државните началници и командири на полицијата. Контроверзите околу „кралот на местенките“, големиот Велибор Џаровски - Џаро тешко кој може да ги изброи. И да не беше болеста, веројатно денес наместо да ги „празни“ обложувалниците, се' уште ќе ги полнеше и празнеше казината, а и тоа како полнеше салите и стадионите... И тоа повеќе отколку што нивните капацитети собираат. Гостин во многу ТВ емисии, дел од сеќавањата, биографиите и мемоарите на многу познати и славни личности, човек со цели поглавја во пишаните и печатените анали на некогашна ЈУ естрада, човек со многу лица, а само едно име и прекар: „Ученик на ѓаволот“, како што во својата антологиска книга за историјата на екс ЈУ естрадата  „Подобро минато“  ќе го нарече новинарот и публицист, Петар Луковиќ. Џаро денес пензионер, кому во оваа корона пандемија најмногу му недостасуваат ливчињата и обложувалниците, но не и смисолот за хумор, ама и за нешто друго, што очигледно малкумина го знаат. Имено, покрај талентот „од ништо да направи многу и од многу да остане на ништо“, великиот Џаро кој работел со бардовите на регионалната естрада, во себе носи и талент, со кој  до некои од денешниве „естрадни уметници“ слободно може да застане рамо до рамо, а како стојат работите, дури и да ги засени. Зашто, сите знаеме дека Велибор Џаровски е најпознатиот менаџер на сите времиња во екс ЈУ естрадната историја, ама знаете ли како пее Џаро? Карантинот не само што е добра можност за одмор во кругот на семејството, туку и згодна прилика да се покаже скриениот потенцијал, во случајов на Џаровски, вокалниот. Масичка во дворот, радио - ЦД плеерот на неа и бесплатна забава за домашните и првиите комши, ексклузивно и во живо од самиот Џаро. на репертоарот уште една легенда - покојниот Оливер Драгојевиќ и неговата антологиска „Опрости ми папе“ и... караоке шоуто на Џаро може да започне. Ретка можност и за јавноста да слушне дека великиот Џаро можел да направи и самиот солидна пејачка кариера, патем, без да има трошоци... Или поточно, во она време да ја дели добивката 100 % со менаџерот т.е. со самиот себе! Вака,  „Опрости ми папе“... и („Благоја“, како што на шега го вика неговата ќерка, новинарката Милица Џаровска) само за лепо домашно и комшиско друштво, ама и ексклузивно за сите вас... Дами и господа, Џаро караоке шоу!
]]>