естраден уметник – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 20 Aug 2021 06:35:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png естраден уметник – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Коки Јанков од некогашното дуо „Дуле и Коки“ покажа што значи да си гладен, а да не си вакциниран: „Коските ги остави“ во кафеана, а сега во неа не може ни да руча! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/koki-jankov-od-nekogashnoto-duo-dule-i-koki-pokaza-shto-znachi-da-si-gladen-a-da-ne-si-vakciniran-koskite-gi-ostavi-vo-kafeana-a-sega-vo-nea-ne-moze-ni-da-rucha-foto/ Fri, 20 Aug 2021 06:31:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216052

Новите рестриктивни Ковид мерки на Владата и Комисијата за заразни болести не само што се „ќорец во празно“ кој не дава никакви ефекти, зашто ем се небулозни, нехумани, селективни, понижувачки... ем тотално задоцнети. Или што би рекол народот: „После свадба, џабе тапани“. Луѓето не само што се соочуваат со стотици глупави парадокси и прашања на кои никој нема одговор, туку понекогаш доаѓа до непријатни, а понекокогаш и до комични ситуации. Коки Јанков, македонскиот музичар, естраден уметник, некогашен член на мегапопуларното дуо „Дуле и Коки“, сега член и основач на бендот „Тајфата“, деновиве се соочи или поточно се најде  токму во една таква комична ситуација, која всушност не е нималку таква, зашто е само мал показател, одраз на апсурдот кој ни го наметнаа и во кој сме приморани да живееме. Имено, музичарот бил гладен, арно ама кога сакал да седне во кафеана да руча - го вратиле! Коки не бил вакциниран, а нема ниту прележано Ковид -19, па по ниту еден основ по новите правила и протоколи нема право да седне во ниту еден локал! Видел не видел, виолинистот замолил да му спакуваат нешто од менито за да го понесе со себе, ама да се враќа дома за да јаде очигледно немал време, па видел- не видел, сакал-нејќел, Коки морал да се снаоѓа. И тоа на првата клупа во паркот откаршија, која му послужила као трпеза за неговиот оброк. За да биде парадоксот уште поголем, како и иронијата на судбината, Коки целиот свој живот, целата кариера ја мина во кафеана, свирејќи и со својот покоен другар и компањон Дуле и сега со „Тајфата“, но и со многу други колеги - естрадни уметници во разни локали ширум Македонија, а и самиот беше газда и држеше неколку скопски кафеани... за сега во кафеана да не може ни да припириса! „Коските ги остави“ во кафеана, а сега во неа не може ни да руча, па кутриот својата „вакцинална гастрономија“ ја опиша сликовито, разочарано споделувајќи фотографија на социјалните мрежи како обедува на клупа, покрај која напишал: „После 30 години во кафеана, на клупа пред Драмски...Па јас ли сум виновен што немам прележано, немам ни антитела... Те, така“ - напишал Коки опишувајќи го својот пример како дел од парадоксот на денешното наше живеење, наметнат од неразумното и неспособно владеење на Заев, Филипче, Караџовски... и целата „килава“ влада! Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/kokijankov]]>

Фолкерката Тања Јовановска – Трајкова отвори психолошко советувалиште: „(Е)страден уметник – професија или дијагноза?“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/folkerkata-tanja-jovanovska-trajkova-otvori-psiholoshko-sovetuvalishte-e-straden-umetnik-profesija-ili-dijagnoza-foto/ Thu, 22 Oct 2020 06:54:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=172575

Годинава е веројатно најстрашната и најлошата за целиот свет, по оние години на војните... Секаде па и во Македонија. За сите, особено за естрадата и естрадните уметници кои как што стојат работите набргу слободно ќе можат да го избришат она „Е“ од префиксот „естрадни“ на својата професија зарад. Со месеци сратени за елементарното право на заработка и можност за егзистенција за себе и своите семејства, естрадата и буквално страда! Корона пандемијата беснее, мерките се повеќе се стегаат, нема концерти, нема свадби, семејни веселби, тезги по дискотеки, клубови, кафулиња... нема ништо! Ако вака продолжи од естрадни ѕвезди ќе добиеме социјални случаи! Оние естрадни уметници кои се подовитливи, поостроумни, со поинакви можности и идеи, браат и наоѓаат разни начини како да се снајдат. Неретко менувајќи ја професијата. Привремено, а можеби и постојано... Кој да знае, ако ова потрае, алтернативната работа лесно може да им стане и нова професија... на неодредено! Убавата и атрактивна кумановка, фолкерката Тања Јовановска Трајкова е една од оние естрадни уметници која меѓу првите  се осмели  музиката по силата на нештата да ја стави „во мирување на неодредено време“ , па и се попсвети на професијата за која факултетски се едуцираше - психологијата. Имено, таа на социјалните мрежи јавно ја обзнани својата преквалификација, објавувајќи дека започнува работен ангажман во центарот за психолошко советување во Куманово - „Психоверзум“. Збогување со музиката или само алтернативно решени, веројатно ќе зависи од многу нешта? Од подобрите времиња, секако, а можеби и професионален „паралел слалом“: психолог преку недела, пејачка за викенди? „Идејата за ваква професионална активност трае скоро 6 години, или да кажам непосредно откако дипломирав, но обврските околу моите музички ангажмани, а подоцна и ќерка ми, некако ме дистанцираа од предвидената цел за психолошко советување. Конечно, во февруари оваа година, решив да започнам да работам како психолог и започнав да ја подготвувам потребната документација. Се случи како што се случи (ковид-19) и повторно запре. Кога ситуацијатани дозволи повторно да функционираме, ја завршувам претходно започнатата постапка и еве ме, ја работам работата што ја сакам колку и музиката. Музиката никогаш нема да биде во втор план, бидејќи чувствувам дека можам да ги работам двете работи истовремено. Со музика ги расположувам и придонесувам за добро расположение на луѓето. Па, нели музиката е лек за душата, а психологијата е наука за душата, за животот, што значи, дека тие две нешта се поврзани и имаат ист ефект врз човечката психа. Ќе им пеам во локалот и ќе разговарам со нив во советодавниот центар“ - изјави неодамна фолкерката - „новопечен“ психолог за шоу-биз порталот „Свет - Австралија“. Како и да е, Тања започнува со својата нова професија во која се надеваме дека ќе биде исто толку , па и повеќе од тоа успешна, колку и во естрадната кариера. Впрочем, сега и естрадата ќе има каде да побара психолошки совет без да се срами, иако секаде во светот тоа е толку нормална работа, освен кај нас... Но, работите сепак се менуваат, а и со колешката е сепак полесно да го споделиш проблемот или маката и добиеш стручен совет. Единствено останува „да виси“ прашањето или поточно дилемата: „Дали кај нас (е)страден уметник е професија или се' повеќе дијагноза?“  Зашто како што тргнало, се' повеќе ќе ни требаат психолози... и ним и нам. На сите нас!  Ако е за утеха, барем ја имаме една од најзгодните и најсекси, за да и се обратиме... И за помош и за песна! Тања Јовановска Трајкова е секогаш тука! Или во „Психоверзум“ или во првиот најблизок локал, кога условите ќе дозволат можност за песна! Зависи кому што му треба!    ]]>