есмас бенд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 05 Nov 2019 09:14:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png есмас бенд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Синот на Есма во носталгија по животот: Симеон Атанасов направи прошетка по спомените (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sinot-na-esma-vo-nostalgija-po-zivotot-simeon-atanasov-napravi-proshetka-po-pomenite-od-pred-tri-decenii-foto/ Tue, 05 Nov 2019 09:10:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=116505

Некогаш оддамна, кога кралицата на ромската песна Есма Реџепова - Теодосиевска ќе се појавеше со својот ансамбл во емисиите на тогаш единствената ТВ Скопје денес МРТВ, тој беше она малечко детенце кое весело трчкаше околу кралицата со тарабуката в раце. Подоцна тарабуката ја замени со хармониката наследувајќи го Стево Теодосиевски, по неговото заминување од овој свет, па со својата мајка Есма и останатите браќа го продолжи патот на нејзината мисија - музички да го оплемени светот крстарејќи по нејдалечните дестинации каде ја ширеше ромската, но и македонската песна и култура воошто. Симеон денес е возрасен човек, одличен музичар и вистински лидер на тимот кој ја продолжува традицијата на мајката - кралица! Водач и менаџер на  „Esma's Band Next Generation“ и менаџер на единствената ќерка на Есма, Елеонора Мустафовска која кариерата паралелно ја гради и со бендот... А однеодамна и соло, под уметничкиот псевдоним Малиша. Големата Есма замина, останаа песните, културното наследство што го остави, легендата за ромската кралица и сеќавањата... Симеон  сеќавајќи се на убавите времиња и неговата иако не биолошка, единствена мајка, деновиве направи прошетка по спомените од речиси три децении. Фотографиите од далечната 1992 година и еден од настапите во студијата на тогашното ТВ Скопје или по осамостојувањето на Република Македонија, тукушто преименувана МРТВ, му ги вратија спомените облевајќи го со носталгија по животот и годините. Но, Симеон никогаш не ја заборави Есма. Својата, иако небиолошка мајка, но жената која безусловно го сакаше, поддржуваше, го направи да биде тоа што е денес: познат, признат, врвен музичар и пред се' - човек! „Единствената личност на која можев да се потпрамза било што. Единствената личност што секогаш ме поддржуваше за се'. Единствената која ме сакаше секогаш безусловно, па и кога грешам. Почивај во мир Мајко“ - напишал во своето сеќавање на Есма, нејзиниот Симеон!    ]]>

„Џипси фестивалот“ во Цирих најави преименување во „Есма фест“ https://arhiva.vistina.com.mk/dzipsi-festivalot-vo-cirih-najavi-preimenuvanje-vo-esma-fest/ Wed, 10 Apr 2019 11:42:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=82231

Симеон Атанасов, едно од децата кои ги одгледа легендарната Есма Реџепова, и кој до крајот на нејзиниот живот и беше менаџер, заедно со „Есмас бенд“ настапи на фестивал во Цирих, Швајцарија.
Вели дека по кој знае кој пат, повторно се докажало дека кралицата на Ромската песна, Есма, е многу повеќе ценета и почитувана надвор од нашата земја. Во нејзина чест, фестивалот на Ромски песни на кој што настапиле, во иднина ќе биде наречен „Есма-фест“.
„На 13. ’Џипси Фестивал’ кој се одржа во Цирих, настапи и ’Есмас бенд’. Традицијата продолжува. На манифестацијата каде Есма беше честа гостинка, сега продолжуваме со учество ние, нејзините музички наследници. Нашиот пријател Кристијан Фоцх не покани да настапиме со неколку песни и така да ги потсетиме сите обожаватели на музиката на нашата Мајка Есма. Публиката беше воодушевена, нè пречекаа и испратија со овации. Очигледно е дека песните на Есма оставија трагa што не може да се избрише, таа живее во срцата на нејзините почитувачи низ целиот свет“, раскажа Симеон за „Фокус“.
Тој додаде и дека се подготвува турнеја низ Европа, во чии рамки ќе настапат групи од Шпанија, Индија, Бугарија, Швајцарија… Вокалистка на „Есмас бенд“ е младата Елеонора Мустафова, единственото девојче што го одгледа Есма.
 
]]>