есма – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 27 Jul 2022 07:35:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png есма – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Синот на Есма си замина од Македонија: Симеон Атанасов разочаран од односот на власта се исели од државата (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sinot-na-esma-si-zamina-od-makedonija-simeon-atanasov-razocharan-od-odnosot-na-vlasta-se-iseli-od-drzavata-foto/ Wed, 27 Jul 2022 07:31:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=260373

Музичарот Симеон Атанасов, едно од могуте посвоени деца кои легендарната Есма Реџепова - Теодосиевска ги одгледа, беше тој  кој до крајот на животот на кралицата на ромската песна остана покрај неа. По нејзината смрт и целата негрижа на власта и државата за нејзината културна оставштина која Есма и ја остави на Македонија, Симеон по долга борба со неправдата реши заедно со сопругата, синот и ќерката да се исели од Македонија и да замине да живее и работи во Виена, Австрија. Разочаран по сите шокови и стресови, по целот грабеж  на имотот и опустошувањето на куќата - музеј која остана  ограбена, искршена, уништена… уште пред да се отвори и сега стои руинирана, оставена во распаѓање, препуштен на забот на времето, уморен од правната битка која стои заглавена во ќорсокак, синот на кралицата Есма не можел веќе да го поднесе сиот тој товар врз себе. Особено незадоволен од власта и целата инертност и негрижа на државата кон сопствените вредности кои се дел од културниот и националниот идентитет на една земја, музичарот донел тешка, но решителна одлука заедно со семејството да се исели од државата. „Оваа држава нема никаков интерес за да го заврши тој музеј и да си го земе под своја заштита, затоа што по тестаментите на Стево и на Есма тој и припаѓа на Македонија. И додека се влечеме по судови зградата пропаѓа, таканаречените Реџепови однесоа се’ што бесе вредно, фрлија цела историја во вода, се’ што е градено со години, веќе не постои. Па би ги замолил надлежните доколку некој случајно го види овој мој пост да си ги земе работите во свои раце. Греота е и срамота пред целиот свет сто дозволуваат ова да се случува. На крај само можам да го кажам следново – Мајко не ви се исполнети желбите. Почивај во мир“ – напиша синот на Есма во своето  јавно обраќање до државата Македонија во 2019-та година, на тригодишнината од нејзината смрт. Оттогаш до денес работите очигледно не само што не се поместени од мртва точка, туку и дополнително се правно искомплицирани, откако внуците од браќата и сестрите на Есма ги оспорија тестаментите, па со години се чека на судска разврска на случајот, а државата и понатаму „мува не ја лази“ за нејзиното културно наследство. „Ако сегашната власт нема ништо направено за Никола Бадев, Кирил Манчевски, Васка Илиева, Вања Лазарева, итн… што би можеле ние да очекуваме од власт која што не го прифаќа единствениот музички храм кој го оставија Есма и Стево Теодосиевски, кои што имаа желба тој дом да биде музеј, музичко школо, секој доајен на македонската музика да добие своја соба, амфитеатар и уште многу дејности кои што би ја чувале македонската уметност“ – вели Атанасов во изјава за „Фокус“.  Симеон своето заминување од Македонија и јавно го најави и обзнани на социјалните мрежи, поточно на својот Фејсбук, по што ја доби поддршката од голем дел од своите колеги, музичките автори, како и од естрадните новинари.   Во Виена музичарот вели дека ќе се занимавам со менаџмент во „К1 music production“  како што се вика продукција на неговиот син Стево Атанасов која е во преговори со сите балкански продуценти со кои планираат да потпишат договор за копродуцирање на голем број балкански ѕвезди. Сепак, надежда дека сонот на неговите „родители“ и музички учители Стево и Есма Теодосивски еден ден ќе се оствари не стивнува.Можеби семејството сепак ќе се вразуми и најде начин да се договори, а спомен-куќата на Стево и Есма можеби сепак државата ќе се сети да ја возобнови и музејот да го отвори. Фото: Фејсбук принтскрин/Simeon Atanasov  ]]>

Приказната за наследството на Есма и Стево Теодосиевски има и друга димензија: Весна Тренкоска – адвокатката на оние што се сметаат за наследници од нивните семејства, има свое видување на нештата (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/prikaznata-za-nasledstvoto-na-esma-i-stevo-teodosievski-ima-i-druga-dimenzija-vesna-trenkoska-advokatkata-na-onie-shto-se-smetaat-za-naslednici-od-nivnite-semejstva-ima-svoe-viduvanje-na-neshtata-vide/ Wed, 12 Jan 2022 08:47:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=234491

Само една година по смртта на кралицата на ромската песна почна да се  ограбува наследството на Есма Реџепова-Теодосиевска и нејзиниот сопруг Стево од музеј-домот на Скопското кале. Неколкупати медумите не само во македонија, меѓу кои и ТВ магазинот Бекстејџ  ја отвараа оваа тема, но за жал работите до ден денес не се поместија од мртва точка. Пред  објективот на естрадниот магазин  „од зад сцената“ застанаа посинокот на Есма, Симеон Атанасов како и Зорана Костовска, долгогодишна пријателка и соработник на Есма, како и претседател на хуманитарното здружение „Есма и Стево Теодосиевски“ и управител на целиот имот, според тестаментот на Реџепова. Како што велат тие, мебелот и другите вредни работи од Домот на хуманоста и уметноста „Стево и Есма Теодосиевски“, на Скопското кале, кој за жал не е пломбиран, се изнесени и се продаваат, а на имотот околу куќата и во контејнери наоѓале расфрлени благодарници и награди што во текот на животот Есма ги добила по разни поводи и манифестаци, од разни фестивали, организации и институции ширум светот. Екипата на „Бекстејџ“, ја побара и правната застапничка на семејствата Реџепови и Теодосиевски, адвокатката Весна Тренкоска. Таа ја раскажаува својата приказна, своето видување на нештата кои се очигледно испреплетени во комплициран правен заплет, на чија правна разрешница и по пет години не и се ни наѕира крајот. Адвокатката дури и им открила дека трошоците за лечењето на Есма наводно се' уште не се платени. За истото приложила и доказ. Фактура од 873. 000 денари колку што изнесува сумата која што никој досега не ја платил, а поминати се цели пет години од нејзиното упокојување. Еве ја приказната раскажана од агол на правниот застапник на втората страна, адвокатот Тренковска и нејзините видувања на нештата: ]]>

На тригодишнината од смртта на кралицата Есма, нејзиниот син Симеон јавно ја прозва државата работите да ги земе во свои раце! https://arhiva.vistina.com.mk/na-trigodishninata-od-smrtta-na-kralicata-na-romskata-pesna-nejziniot-sin-simeon-javno-ja-prozva-drzavata-rabotite-da-gi-zeme-vo-svoi-race-grev-i-sram-e-muzejot-na-esma-da-zjae-ograben-ruiniran-napush/ Thu, 12 Dec 2019 08:27:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=123413

По само три години од смртта на кралицата на ромската песна, да не беше нејзиното животоно дело, нејзината музика и песна со која го обиколи и освои светот, од Есма Реџепова Теодосиевска ќе осатнеа само сеќавањата на неа. Колку до вчера нејзиното веќно почивалиште беше оставено дна забот на времето, а од нејзиниот дом, од нејзиниот спомен музеј остана само руина. Искршен, ограбен, избербатен, уништен... Едно од мноштвото деца кои Есма Реџепова во својот живот ги присвои и се грижеше за нив како да се нејзини, биолошки,е музичарот Симеон Атанасов. Тој не само што остана покрај неа до крајот, до последниот ден и последниот здив од нејзиниот живот, туку и го продоилжи нејзиното дело и нејзината мисија да ја шири нејзината песна, а преку тоа и ромската култура низ целиот свет  како водач и менаџер на  „Esma’s Band Next Generation“ и менаџер на единствената ќерка на Есма, Елеонора Мустафовска која кариерата паралелно ја гради и со бендот и соло под уметничкото име Малиша. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/sinot-na-esma-vo-nostalgija-po-zivotot-simeon-atanasov-napravi-proshetka-po-pomenite-od-pred-tri-decenii-foto/ Токму на годишнината од смртта на мајката- кралица, тој  јавно се огласи на Фејсбук упатувајќи апел државата Македонија конечно да стори нешто со куќата на Есма, која таа и ја остави во наследство токму на своето родно Скопје и нејзината Македонија! „Многу размислував дали воопшто овој статус да го напишам, но морав прво за себе, а потоа и за сите други да ја дознаат вистината. Токму на овој ден кога изминуваат 3 години од смртта на големата Есма Реџепова (мојата Мајка) јас решив да проговорам. Кога во 1991 година Стево и Есма Теодосиевски решија да се вратат во Македонија, тука да направат музеј и се што стекнале во нивните долгогодишни музички кариери да и остават на оваа држава, јас паметам дека тогашните власти на Република Србија со жалење го прифатија тоа. Нивните зборови беа: “Ве молиме да не си одете од Беолград, ние ќе ви  изградиме музеј каде што вие тоа ќе го посакате”. Сепак на инсистирање на Стево се преселивме во Скопје. И така почнаа проблемите, сигурно многумина од вас ќе се сетите на големиот наслов: “На Водно нема да чука тарабука”. Не им дозволија да се гради музејот на Водно, иако самите беа инвеститори на се', со пари заработени заедно со нас децата, кои што исто така имаме придонесено барем со по една цигла за тој музеј. Со големи маки им дозволија музејот да се гради на Кале. Додека се градеше, ние спиевме во камп приколка 2 години. Сите деца што беа во тоа време си заминаа јас останав бидејки немав каде одам. Некако се изгради дел од тој музеј, барем некои простории за да се сместиме внатре но требаше уште многу за да се заврши. Почина Стево, остави еден куп проблеми со кои требаше да се справува Есма, долгови за градба, мајстори, дрвени прозори од кои што дуваше бидејки беа ставени колку да се каже дека има прозорци итн. Почнавме да работиме и некако се гледаше крајот на таа градба, 860м2 и дворно место од 1300м2 не е малку, но сепак не беше се' уште се' завршено. Се појави видовитата Клеопатра која што и кажа на Есма: “Ја сонував дека тебе морам да ти помогнем да го завршиш музејот”. Така и беше. Дојде, се смести во куќата и поцна да работи со луге и секоја вечер собираше пари кои и ги даваше на Есма. Но на тие пари не им се знаеше трагот, веројатно дека беа земани од луѓе кои што си имаа своја мака. Помина и тој период музејот не беше заврсен па еден ден и предложив на Есма да земеме кредит за да го заврши и да го види готов додека е жива, па тоа и се случи. Со 50.000 евра беше веќе при крај, остана само големата музејска сала каде што по некоја си желба на Стево требаше и нивните урни да бидат поставени. Ништо од тоа не се случи и сега после 3 години од како почина Есма, оваа дрзава нема никаков интерес за да го заврши тој музеј и да си го земе под своја заштита, затоа што по тестаментите на Стево и на Есма тој и припаѓа на Македонија. И додека се влечеме по судови зградата пропаѓа, таканаречените Реџепови однесоа се' што бесе вредно, фрлија цела историја во вода, се' што е градено со години, веќе не постои. Па би ги замолил надлежните доколку некој случајно го види овој мој пост да си ги земе работите во свои раце. Греота е и срамота пред целиот свет сто дозволуваат ова да се случува. На крај само можам да го кажам следново - Мајко не ви се исполнети желбите. Почивај во мир“ - напиша синот на Есма во своетосвоевидно јавно обраќање до државата Македонија. И додека бирократијата се надмудрува околу законските процедури кои се' посебни услови треба да се исполнат за куќата да може да се прогласи за музеј, домот на Есма срамно зјае руиниран, напуштен и отворен,  додека забот на времето го уништува!  ]]>

Се омажи ќерката на Есма и се сели кај нејзиниот сакан во Брисел – ќе ја избере „Задруга“ или љубовта?! https://arhiva.vistina.com.mk/se-omazi-kjerkata-na-esma-i-se-seli-kaj-nejziniot-sakan-vo-brisel-kje-ja-izbere-zadruga-ili-ljubovta/ Fri, 06 Sep 2019 06:15:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=105407

Елеонора Мустафовска или по ново Малиша, односно единствената посвоена ќерка на сега починатата кралица на ромската музика Есма Реџеповска, заплови во брачните води. Таа неодамна му го вети своето срце на своето момче, сега веќе сопруг, а направиле и голема свадба во еден од скопските хотели. Сепак, онаа што најмногу и недостасувала на невестата била мама Есма.
-Оние невести чии мајки не доживеале да ги видат во венчаница знаат точно за што зборувам и можат да претпостават како ми беше за време на свадбата. Имаме еден стар адет, кога мајката на невестата е почината, пред свадба се оди на гробишта, па и јас заминав на вечното почивалиште на мојата мајка, да ја поканам да биде духовно со мене присутна на тој важен ден, открива Малиша за Фокус. Како што открива Малиша, по брачните завети планот на младиот брачен пар е да живеат заедно во Брисел каде што работи сопругот во организација за човечки ресурси. Инаку, деновиве во медиумите се појавија информации дека Малиша ќе биде една од учесничките во реалното шоу „Задруга 3“, а дали наредната година ќе го избере Белград или брачниот живот во Брисел, останува да видиме вечерва по стартот на популарното регионално шоу.
Малиша засега беше мистериозна по прашањата дали ќе учествува во шоуто на Жељко Митровиќ, но го потенцираше фактот дека ваквите ријалити програми се добар пат до популарноста.
Таа неодамна ја издаде својата втора песна „Аморсито“ која е во модерен латино ритам и е отпеана на српски јазик.
 
View this post on Instagram
 
Dragi moji, "Amorcito" je online ? Jedva čekam da čujem vaše utiske! Uživajte ❤️ #amorcito

A post shared by Malisha (@malisha_official) on

]]>

Елеонора Мустафова стана Малиша, па тргна соло со – „Теби се предајем“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/eleonora-mustafova-stana-malisha-pa-trgna-solo-so-tebi-se-predajem-video/ Thu, 27 Jun 2019 11:39:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=94915

Балканската публика допрва ќе слушне за нашата Малиша од Скопје. Таа сними песна на српски јазик и потпиша договор за соработка со продкцуската куќа “IDJTUNES” (АЈДИЏЕЈ).
Песната носи наслов “Теби се предајем” која е во денс и модерен ритам.
Долго време чекав на овој проект, но на крајот се исплатеше, со мојот тим на соработници направивме одличен пакет кој верувам дека ќе и се допадне на публиката. Презадоволна сум од соработката со "IDJTUNES", а исто така презадоволн сум и од видеоспотот кој го снимивме во соседна Бугарија“ - вели Малиша која во понеделникот, 24 јуни пред новинарите ја промовираше песната и спотот.
Инаку Малиша е нејзино уметничко име, за тие што можеби не ја познаа, Малиша е Елеонора Мустафова, единственото девојче што го одгледа и ученичка на покојната кралица на ромската музика – Есма Реџепова. Таа исто така настапува и со „Esma's Band Next Generation“, групата која предводена од уште едно дете на Есма, хармоникашот Симеон Атанасов го продолжува нејзиниот лик и дело, одејќи по нејзините стапки.
Ова е нејзината прва песна и видеоспот, а како овој аудио-видео продукт звучи и изгледа, проследете во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=oNK52r2DJds]]>

„И ветив дека така ќе биде и ја излажав“: Најблиската соработничка на Есма ги откри нејзините последни моменти пред смртта https://arhiva.vistina.com.mk/i-vetiv-deka-taka-kje-bide-i-ja-izlazav-najbliskata-sorabotnichka-na-esma-gi-otkri-nejzinite-posledni-momenti-pred-smrtta/ Fri, 22 Jun 2018 07:01:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=33787

Во својот живот Есма Реџепова имаше многу луѓе до себе, оние кои таа ги сакаше и такви кои ја сакаа. Една од нејзините најблиски соработнички и пријателки беше и Зорана Костовска, жената која постојано беше до Есма, па дури и во последните моменти од нејзиниот живот. Имено, Зорана открива дека не ни насетувала дека последната посета во болницата ќе им биде за крај.
Бев покрај неа во болничката соба до два навечер. Лекарите имаа разбирање. Пиевме кафе и гледавме спотови. Имаше желба да живее. Држејќи ме за рака ми ја кажа нејзината последна желба. „Закопајте ме во дворот на куќата. Кога ќе доаѓаат да го видат, ќе ми запалат свеќа. Кој ќе оди на гробишта да го прави тоа.“ И ветив дека така ќе биде и ја излажав. Не мислев дека по неколку дена засекогаш ќе нѐ напушти. Тоа никогаш нема да си го простам, открива Зорана за порталот „Женски магазин“
Есма почина во месец декември 2016 година, а околу нејзиниот тестамент и авторските музички права се уште има перипетии и несогласувања.]]>