есенски музички свечености – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 04 Nov 2022 13:58:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png есенски музички свечености – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Отворање на „Есенски музички свечености“ со концерт на Камерниот оркестар „БА-РОК“ https://arhiva.vistina.com.mk/otvoranje-na-esenski-muzichki-svechenosti-so-koncert-na-kamerniot-orkestar-ba-rok/ Fri, 04 Nov 2022 13:58:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=274461

Со концерт на Камерниот оркестар „БА–РОК“ вечерва, 4-ти ноември 2022 година во фоајето на Националната опера и балет со почеток во 20:30 часот, свечено ќе биде отворено годинашното издание на манифестацијата „Есенски музички свечености“ 2022. Камерниот оркестар е во состав Климент Тодоровски, Јане Бекевски – виолини, Марија Георгиева – виола, Кирил Јосифов – виолончело, Митко Иванов – контрабас, Марија Јакимовска – Флејта / пиколо, Татијана Петрушевска и Ѓорѓи Петрушевски – обои, Марјан Милошевски – фагот, Теодор Теодосиевски – ударалки. Како солисти ќе настапат Биљана Јосифов – сопран, Николина Јаневска – мецосопран и Драган Ампов – баритон. Диригент и чембалист е Иван Еминовиќ, а режисер е Љупка Јакимовска. На програмата се дела од Ж.Ф. Рамо, Хендел, Бах и Вивалди, а ќе бидат изведени и ариите на Клеопатра од операта „ Јулие Цезар “, на Гризелда од истоимената опера и терцет од операта „Монтезума“, како и Свитата „Les IndesGalantes“. Членовите на ансамблот „БА-РОК“ својот прв заеднички настап го имаа на Мајските Оперски Вечери 2021 година во продукција на Националната Опера и Балет со претставата „ Игри на животот“ на која се изведе музика исклучиво од Барокот. Од таму произлезе идејата да продолжат да дејствуваат како ансамбл негувајќи ја Барокната музика, имајќи ја во предвид раритетноста на изведување на ваков музички стил во Северна Македонија. -Самата комплексност на Барокниот стил, бара од изведувачите голема виртуозност и висок професионализам, што е одлика на сите членови од ансамблот. Секој член на ансамблот е солист во оркестарот, нашите пејачи се носители на главни улоги во повеќето оперски претстави на сцената на НОБ. Предводени од нашиот диригент Маестро Иван Еминовиќ кој ја зазема и позицијата на чембалист во ансамблот и добро организирани од страна на професионален режисер се стремиме да ги достигнеме светските трендови и критериуми за изведба на исклучителен Барокен перформанс. Преку пристапот и начинот на изведба ќе се обидеме да го воздигнеме програмското и изведувачко ниво, а со тоа, да понудиме можност и да разбудиме интерес кај публиката за градење на свој вкус и категоризација на уметноста со високи вредности, наведуваат од ансамблот.]]>

Промовирана книгата „Незаборав – кога прстите пејат“ од Кирил Тодевски и Марија Велковска https://arhiva.vistina.com.mk/promovirana-knigata-nezaborav-koga-prstite-pejat-od-kiril-todevski-i-marija-velkovska/ Fri, 26 Nov 2021 13:21:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=229053

Денеска, 26 ноември 2021 г. напладне во Музејот на Македонската револуционерна борба -Скопје, во рамките на манифесатцијата „Есенски музички свечености“ беше промовирана книгата „Незаборав кога прстите пејат“ од Кирил Тодевски и Марија Велковска. Книгата  ја промовираа Проф. д-р Горанчо Ангелов и Сашо Ливрински.
Со своите изведби и творби кои се континуитет со традиционалниот македонски фолклорен израз за себе испишаа незаборав, што за повиканите од сверата на фолклористиката ,односно Музикологијата и Етно музикологијата бил и треба понатаму да биде предизвик нивниот незаборав трајно да го забележат во своите научни и друг вид на прилози. Во повеќе децениското негување и афирмирање на нашето пребогато песнопојно и орско инструментално творештво, голем е бројот на песнопојци и инструменталисти кои зад себе оставија непроценливо фолклорно богатство со кои што за навек го легитимираа македонскиот фолклорен израз, дома и на разни страни во светот. Ако песнопјците преку изведбите на песните ги доловуваа најразновидните мелопоетски содржини од некогашното секојдневие на македонскиот народ во најразновидните историско-социјални премрежија со кои низ векови се соочувал македонецот, инструменталистите низ своите изведби на показ ги манифестираа спецификите и богатствата на мело-ритмичкиот израз. Ценејќи го значењето на придонесот во негувањето и афирмирањето на нашето песнопојно и орско инструментално фолклорно творештво, Дирекција та за култура и уметност на Скопје, по предходно реализираната монографија во 2019 година „ПЕСНИТЕ СЕ НИВЕН НЕЗАБОРАВ“, посветена на 24 починати великани на македонската песна, на авторите Етно музикологот Кирил Тодевски поранешен уредник на Редакцијата за народна музика во Македонското радио и Марија Велковска уредник во Музичката редакција на Македонското радио, го подржа нивниот втор проект „НЕЗАБОРАВ КОГА ПРСТИТЕ ПЕАТ“ посветен на 17 починати великани, инструменталисти и автори на орски и песнопојнин творби, чии изведби и авторски изрази имаат трајни вредности, вели Сашо Ливрински – професор по музичко образование во Гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“ – Скопје.
]]>

Операта „Кармен“ на сцената на Македонската опера и балет https://arhiva.vistina.com.mk/operata-karmen-na-scenata-na-makedonskata-opera-i-balet/ Thu, 25 Nov 2021 13:35:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=228891

Во петок, 26 ноември, со почеток во 20.00 ч. во Македонската опера и балет ќе се изведе ремек- делото на Жорж Бизе, операта „Кармен“ , една од најпознатите опери во историјата. Изведбата на операта „Кармен“ е во рамките на манифестацијата „Есенски музички свечености“ 2021. Диригент е гостинката од Украина, Оксана Мадараш; Режисер: Нина Најденова (Бугарија); Сценограф: Елена Иванова (Бугарија); Костимограф: Марија Пупучевска; Кореограф: Олга Панго. Во насловната улога ќе настапи Николина Јаневска, во улогата на Дон Хозе, Зоран Сотиров, Ристе Велков како Ескамилио, Сандра Митровска  во улогата на Микаела, а во останатите улоги настапуваат Ана Ројдева Талевска, Соња Пендовска – Мадевска, Драган Ампов, Дејан Стоев и Ернес Ибраимовски. Настапуваат хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.
Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19  или потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Задолжително е носење на заштитна маска, информираат организаторите.

Отворање на „Есенски музички свечености“ со концерт на Влатко Стефановски и „Танец“ https://arhiva.vistina.com.mk/otvoranje-na-esenski-muzichki-svechenosti-so-koncert-na-vlatko-stefanovski-i-tanec/ Wed, 03 Nov 2021 13:50:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=225878

Отворањето на 22. издание на манифестацијата „Есенски музички свечености“ ќе се случи в петок (05.11.2021) со концертот на Националниот ансамбл „Танец“ и Влатко Стефановски, со почеток во 20 часот во Салонот на Националната опера и балет. Билетите се во продажба на karti.com.mk и пред почетокот на концертот во Националната опера и балетКонцертот ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани.

ТАНЕЦ И ВЛАТКО

Концерт на „Есенски музички свечености 2021“

Националниот ансамбл Танец повеќе од седум децении ја остварува својата културна мисија на негување и презентирање на македонското фолклорно творештво во земјава и надвор од неа. Генерации и генерации играорци, пејачи, музичари, кореографи, со огромна љубов ги чуваат народните игри и песни, обичаи и носии и преку успешните рафинирани кореографски поставки го презентираат македонскиот бит пред светот. Танец е бренд каде и да настапи на земјината топка. Ја освојува публиката со својата професионалност и совршениот изведувачки израз, со кој автентично се афирмира сета убавина на нашето фолклорно наследство.

Влатко Стефановски е стар пријател на Танец, кој во текот на својата речиси петдецениска кариера многупати има настапено со ансамблот, и дома и надвор. Секогаш соработките со Танец ги истакнува како особено значајни и инспиративни за неговата музика, како за македонската музичка култура во целост. Но, иако македонските фолклорни мотиви, како и фрагментите од репертоарот на Танец  се неизоставен дел од неговите изведви, Влатко, освен повремените еднократни настапи со Танец, никогаш досега не остварил целовечерен концерт со ансамблот. Конечно дојде и тој момент кога овие два бренда ќе ја делат сцената на голем концерт, за кој аранжманите на антологиските ора „Пелистерско“ , „Касапско оро“, „Ситна лиса“, „Поступано“, „Калајџиско“, „Пајдушко“ и незаборавните мелодии на „Елено, ќерко“, „Јано, мори, севдалино“, специјално ги напиша познатиот македонски композитор, аранжер и инструменталист, Дамир Имери. Оваа врвна фузија, од која излезе уникатно парче музика, заслужува и достојна концертна промоција која ќе се случи токму на овогодишната манифестација „Есенски музички свечености“.

Годинашното издание ќе понуди 13 програмски термини, најмногу од областа на класичната музика, но и две промоции на книги, кои се исто така поврзани со музиката. Директорот на Дирекцијата за култура и уметност во Скопје, Никола Георгиев на денешната прес-конференција и за годинава најави дела од македонски автори, но и простор за младите уметници кои допрва доаѓаат на сцената, а тоа е Младинскиот музички маратон.
Според директорот, отворањето на „Есенските свечености“ со концертот „Танец“ и Влатко Стефановски претставува своевидна класика за нашата музика, за музиката на оваа поднебје, и верува дека дадената доверба ќе биде оправдана од страна на „Танец“ и на Влатко Стефановски.
Георгиев денеска ги најави и останатите национални установи кои се дел од овој фестивал. Филхармонија годинава учествува со концертот „Убава Русија“. Диригентот е Конрад Ван Алфен од Холандија, а солист е Марија Солозобова – виолина од Русија/Швајцарија. Национална опера и балет, пак, ќе учествува со оперската претстава „Кармен“ од Жорж Бизе. Диригент е Оксана Мадараш од Украина, а режисер е Нина Најденова од Бугарија. Оваа година во рамки на „Есенските музички свечености“ се одбележува и јубилеј, односно 25 години посотење на „Света Злата Слави“ – женски камерен хор „Св. Злата Мегленска“. Диригент е Летка Димовска – Полизова, Влатко Стефановски – гитара, Сања Шуплевска – виолина, Васил Гарванлиев – вокал, Калина Велковска-Кали – вокал, камерен ансамбл „Поилифонија“ и Иван Еминовиќ – пијано.
Полека но сигурно годинава „Есенските музиччкои свечености“ се враќаат на своите стари патеки, и покрај тоа што кроната се уште трае, минатата година „Есенските свечености“ беа посветени исклучиво на домашните уметници. На тој начин покажавме и докажавме дека оваа наша земја располага со врвни уметници и талентирани изведувачи и автори. Она што годунава во рамки на фестивалот како меѓународно учество го вклучуваме во програмата, само треба да придонесе во збогатување на истата, рече Георгиев.
Генералниот директор на Национална опера и балет, Васо Ристов во рамки на фестивалот ја најави оперската претстава „Кармен“.
НОБ секогаш ги поддржува националните установи како и Дирекцијата за култура и Скопско лето на град скопје. Нашата соработка продолжува понатаму, и секогаш даваме поддршка за музичката култура во земјава, рече Ристов на денешната прес-конференција.
Македонската уметница Весна Ангелова Христов го најави својот концерт за во понеделник, 8 ноември, и посочи дека станува збор за камерен концерт во Музејот на македонската борба, и ги повика сите љубители на класичната музика да дојдат и да уживаат во музицирањето.]]>

“Есенски музички свечености”: “Музика за 30 прсти” – концерт на Марија Вршкова, Сара Пројковска и Елена Атанасовска-Ивановска – пијано https://arhiva.vistina.com.mk/esenski-muzichki-svechenosti-muzika-za-30-prsti-koncert-na-marija-vrshkova-sara-projkovska-i-elena-atanasovska-ivanovska-pijano/ Thu, 12 Nov 2020 13:30:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=175886

Музичкиот фестивал “Есенски музички свечености” кој што и оваа година традиционално го организира Дирекцијата за култура и уметност – Скопје, за понеделник 16-ти ноември ви го најавува концертот на Марија Вршкова, Сара Пројковска и Елена Атанасовска-Ивановска – пијано. На концертот кој е насловен “Музика за 30 прсти”, присутната публика ќе може да ужива во однапред подготвената програма: С. Рахманинов – 2 пиеси за 6 раце Ж. КРАС – Ames d’enfants: – Pures – Naives – Mysterieuses Т. БАЈНОВ – Metrorhythmia 1 К. Черни – Фантазија на тема aрии од опери на Доницети М. Де Фаља – Шпански танци Никола Крстевски Интересно е тоа што одредени теми ќе бидат изведини за прв пат во Македонија, а некои пак од нив ќе ја имаат и својата прва изведба, светска премиера. Како што велат од Дирекцијата за култура и уметност влезот за овој концерт е бесплатен, а истиот ќе се одржи во фоајето на Националната опера и балет. И овој концерт, како и сите претходни досега, ќе биде организиран согласно протоколот за организација на настани во време на Ковид-19, а тоа подразбира: носење на лична заштита на лицето (маска, шал, марама), на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација; задолжително одржување на физичко растојание на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација; и задолжителна дезинфекција на раце на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација.  ]]>

Со гала оперски концерт отоворање на 21-то издание на фестивалот “Есенски музички свечености” https://arhiva.vistina.com.mk/so-gala-operski-koncert-otovoranje-na-21-to-izdanie-na-festivalot-esenski-muzichki-svechenosti/ Wed, 04 Nov 2020 13:11:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=174546

„Дирекцијата за култура и уметност на Скопје“, ви го најавува отворањето на 21-то издание на фестивалот “Есенски музички свечености”, со Гала оперски концерт на Националната опера и балет на 4-ти ноември (среда) со почеток во 19:00 часот. Диригент е Иван Еминовиќ. Настапуваат оперските солисти: Марјан Николовски, Марјан Јованоски, Елена Голомеова, Драган Ампов, Ристе Велков, Билјана Јосифов, Десанка Глигоријевиќ, Наде Талевска Спасовска, Ирена Кавкалевска, Зоран Сотиров, хорот и оркестарот на Националната опера и балет. Режисер е Дејан Прошев, концерт-мајстор е Јане Бакевски, хор-мајстори се Јасмина Ѓоргеска, Ѓургица Дашиќ. ПРОГРАМА: Џ. Росини – Увертира од операта „Севилскиот бербер“ Г. Ф. Хендел – Арија на Ксеркс од операта „Ксеркс“ Исполнува: Марјан Николовски Џ. Росини – Арија на Фигаро од операта „Севилскиот бербер“ Исполнува: Марјан Јованоски Ж. Бизе – Арија на Микаела од операта „Кармен“ Исполнува: Елена Голомеова В. А. Моцарт – Арија на Гуљелмо од операта „Така прават сите“ Исполнува: Драган Ампов Џ. Верди – Арија на Магбет од операта „Магбет“ Исполнува: Ристе Велков Ш. Гуно – Арија на Џулиета од операта „Ромео и Јулија“ Исполнува: Билјана Јосифов И. Калман – Арија на Силва од операта „Војвотката на чардашот“ Исполнува: Десанка Глигоријевиќ Џ. Верди – Хор на циганите од операта „Трубадур“ Исполнува: Хорот на Македонската опера и балет Џ. Верди – Арија на Виолета од операта „Травијата“ Исполнува: Наде Талевска Спасовска Џ. Верди – Хор на евреите од операта „Набуко“ Исполнува: Хорот на Македонската опера и балет Ж. Бизе – Арија на Кармен од операта „Кармен“ Исполнува: Ирена Кавкалевска Џ. Росини – Дует на Розина и Фигаро од операта „Севилскиот бербер“ Исполнуваат: Билјана Јосифов и Марјан Јованоски Ф. Чилеа – Арија на Федерико од операта „Арлезијана“ Исполнува: Зоран Сотиров Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата на Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Незаборавајте, задолжително е носење заштитна маска. Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот. Проектот е поддржан од Град Скопје и Министерството за култура ]]>

Концерт на Женскиот младински хор – МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/koncert-na-zenskiot-mladinski-hor-mkc/ Mon, 04 Nov 2019 13:02:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=116393

Во рамки на фестивалот "Есенски музички свечености",  концерт ќе одржи  „Женскиот младински хор“ при МКЦ. Диригент е Сашо Татарчевски, додека пијано придружба е Сара Кесковска. Програма: Ричард Роџерс: With a song in my heart Мишел Легранд: The windmils of your mind Соло: Мартина Нанеска и Бојана Јованова Харолд Арлен: Over the rainbow Ричард Роџерс: Isn’t it romantic Соло: Магдалена Кочоска Виктор Јанг: When I fall in love Соло: Катерина Грковска Херман Хапфелд: As time goes by Соло: Доника Домазети и Магдалена Кочоска Ерол Гарнер: Misty Артур Хамилтон: Cry me a river Соло: Доника Домазети и Бојана Јованова Џони Мерсер: Dream Хоуги Кармајкл: The nearness of you Соло: Доника Домазети Џером Керн: All the things you are Соло: Мартина Нанеска Хоуги Кармајкл: Skylark Чарлс Фокс: Killing me softly Соло: Јулија Трајковиќ Бени Андерсон / Бјорн Улвеус: The winner takes it all Соло: Мартина Нанеска Бени Андерсон / Бјорн Улвеус: Dancing queen Од своето формирање во 1972 па сé до денес, Женскиот младински хор е една од најпрепознатливите карактеристики на Младинскиот културен центар од Скопје. Изведувајќи огромен и разноврсен репертоар, овој ансамбл се наметна како важен и неизбежен дел од културниот живот во Македонија. Освен редовните концерти, хорот учествува во разни проекти соработувајќи со други ансамбли и млади композитори. Како резултат на таквата соработка беа издадени две ЦД-а – “Дискреирање на мантра“ и “ФИРОМ реквием“ со снимки од праизведбите на нови композиции од Александар Пејовски во изведба на женскиот младински хор, камерен оркестар, удиралки и лента под диригентство на Сашо Татарчевски. Во изминатите 47 години хорот освоил многу награди и признанија на домашни и меѓународни натпревари и фестивали, промовирајќи се во вистински културен амбасадор на Република Македонија. Само во последните неколку години можат да се издвојат низа успешни меѓународни презентации како турнејата низ Нормандија, пехарот на натпреварот “Бохуслав Мартину“ и наградата за најдобра изведба на обврзна композиција во Чешка, првата награда во категоријата за стандардна хорска програма и првата награда во категоријата за фолклорни хорски обработки во Хрватска, првото место во категоријата камерни женски хорови на европските хорски игри во Грац, златна диплома и две специјални награди на натпреварот „Ливиу Борлан“ во Романија, две први награди и три специјални награди на меѓународниот хорски натпревар „Вратиславиа сакра“ во Вроцлав, две први места, специјална награда и GRAND PRIX на младинскиот хорски натпревар во Братислава како и прва награда на натпреварот „Варсовиа кантат“ на музичката академија “Фредерик Шопен“ во Варшава.]]>

Почнуваат годинешниве „Есенски музички свечености 2018“ https://arhiva.vistina.com.mk/pochnuvaat-godineshnive-esenski-muzichki-svechenosti-2018/ Fri, 02 Nov 2018 11:30:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=55947

Со балетската претстава “Лебедово езеро” на Чајковски, вечерва, петок,  2 ноември (20 часот, МОБ) стартуваат годинешниве 19. по ред Есенски музички свечености кои до 27 ноември на публиката ќе и понудат уште осум атрактивни настани. Според Никола Глигоров, директор на Дирекцијата за уметност и култура – Скопје и годинешнава програма на овој фестивал посветен на класична музика ќе има меѓународни димензии, а ќе биде одржан и настан со друг музички жанр, овојпат народна музика, поточно фолклор. “И годинава во оваа музичка манифестација со нашата програма се обидовме во координација со останатите институции, овој месец да го претвориме во месец на музиката”, истакна Глигоров. Така, во рамките на меѓународната програма, концерт ќе одржат врвниот унгарски пијанист Јоеф Балог, кој на 10 ноември на малата сцена на МОБ ќе се претстави со делата на Барток, Лист и Волф. Од Полска пак, веќе наредниот ден, на 11 ноември е концерт на познатата млада пијанистка од Полска Агата Кмак, која ќе настапи заедно со пијанистот Марсин Гузик исто така од Полска и кларинетистот Ристе Ѓоревски од Македонија. Во малата сала на Македонската филхармонија (20 ч), тие ќе се претстават со делата на Брамс, Зографски, Мучински и Виењавски. Дел од оваа програма е и концертот на камерниот оркестар “Аморосо” од Србија на кој како солисти ќе настапат Биљана и Катарина Миљковиќ на флејта, Надја Станичиќ на контрабас, како и сопранистките Драгана Митиќ и Нада Јовановиќ. Во Музејот на град Скопје тие на 19 ноември ќе се претстават со делата на Вивалди, Моцарт, Рахмањинов, Јенко, Пападопуло… И за љубителите на операта, ќе има интересен настан. Тие ќе можат да ја проследат претставата “Марија Калас- час” во режија на Урсула Хорнер (4 ноември, МОБ). И годинава Есенските музичи свечености ќе бидат збогатени со концерт на македонска народна музика, па така на 15 ноември во Македонската опера и балет (20 ч) ќе се одржи концерт насловен “Никола Бадев – 100 години од раѓањето, 70 години во етерот” на кој ќе учествуваат дваесетина врвни изведувачи од македонската музичка сцена меѓу кои Виолета Томовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Благоја Грујовски, Александар Тарабунов, како и триото “Гранде”, Атина Апостолова, Сузана Спасовска… придружени со оркестарот на изворни инструменти и оркестарот чалгии под раководство на Бајса Арифовска и народниот оркестар на Ансамблот “Танец” под раководство на Милан Завков. Меѓу камерните концерти во рамките на програмата, ќе може да се проследи настапот на триото “Интерарт” на 16 ноември во Музејот на град Скопје и концертот на Горан Начевски (баритон), Страшо Темков (флејта) и Елена Атанасовска-Ивановска (пијано) на 27 ноември. “Опера трио”, пак, ќе има концертна промоција на ЦД-то “Звукот на трските”, настан кој ќе се одржи на 22 ноември во фоајето на МОБ. Изложби и концерт на Влатко Стефановски за Европско Скопје Во организација на Дирекцијата за култура и уметност ќе се одржи и настанот “Денови на Европско Скопје 2018” кој од 4 до 7 ноември ќе понуди повеќе изложби, проекција на документарен филм и концертна акустична вечер со познатиот македонски гитарист Влатко Стефановски. Деновите на Европско Скопје почнуваат на 4 ноември (20 ч. Музеј на град Скопје) со уметничка и документарна фотографска изложба “Траги” на Љупчо Илиевски, а ќе биде одржана и проекција на документарниот филм Игра на стаклените монистра”. На 5 ноември (20 часот) во фоајето на МОБ ќе биде претставена изложбата “Архитектите за Европско Скопје” на која ќе биде претставена визијата на студентите и магистрантите од Архитектонскиот факултет. Во Инфоцентарот на ЕУ, пак, на 6 ноември (19 часот) ќе биде отворена изложба на фотографии на учерници од средните училишта во Скопје. Деновите на Европско Скопје ќе завршат на 7 ноември со концертот на Влатко Стефановски насловен “Музички кулиси” кој ќе се одржи на малата сцена на МОБ (21 часот).]]>

Почнуваат 18-тите Есенски музички свечености https://arhiva.vistina.com.mk/pochnuvaat-18-tite-esenski-muzichki-svechenosti/ Fri, 03 Nov 2017 11:04:56 +0000 http://vistina.mk/?p=2602

Осумнаесеттите Есенски музички свечености вечерва (петок) од 20 часот ќе бидат отворени со реприза на гала-оперскиот концерт и претставата „Кавалерија рустикана“ со кои Операта  ја почна новата сезона и го одбележа 70-тиот роденден.
 Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, која ја организира манифестацијата, најави 13 концерти до затворањето на 30 ноември, богата програма и странски изведувачи од Словачка, Унгарија, Турција, Словенија, Србија, Шведска, Холандија и Русија.
Класичната музика останува основниот концепт на Есенските музички свечености, но фестивалот ќе понуди и џез и фоклорни концерти. Ќе има соло-рецитали и концерти на професионални ансамбли и институции, меѓу кои е и настапот на Ансамблот „Танец“ кој е редовно на овој фестивал. Од гостинските концерти организаторите ги издвоија настапот на познатата џез-музичарка од Турција Елиф Чаглар и нејзиниот квартет и Женскиот младински хор „Јубилате“ од Унгарија со концерт по повод 50 години од смртта на композиторот Золтан Кодај. И годинава ќе се афирмира македонското музичко творештво со јубилеен концерт - овојпат за  90 години од раѓањето и 10 години од смртта на проф. Драгослав Ортаков. Манифестацијата ќе заврши на 30 ноември со концерт „Поема екстаза“ на Македонската филхармонија со која Дирекцијата по неколку години ја обновува  соработката. извор:cooltura.mk