есенска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 10 Nov 2023 12:57:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png есенска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Есенска чорба готова за 30 минути: Го зајакнува имунитетот за зимата, го чисти телото и има божествен вкус https://arhiva.vistina.com.mk/esenska-chorba-gotova-za-30-minuti-go-zajaknuva-imunitetot-za-zimata-go-chisti-teloto-i-ima-bozhestven-vkus/ Fri, 10 Nov 2023 13:00:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326421

Нездравата исхрана го уништува нашиот дигестивен тракт, а стресот, загадувањето, лековите, разните адитиви и секако неквалитетната храна оставаат последици врз црниот дроб. За да може вашето тело да биде подготвено да ги пречека зимските вируси и да го зајакне црниот дроб, органите за варење и, воопшто, целото тело, потребно е што почесто да му го обезбедувате највисокиот квалитет што го дава природата – зеленчукот. Оваа крем супа без месо може да се јаде со секој оброк, дури и наутро, но обично е популарна за ручек, а добрата вест е што можете да ја замрзнете и одмрзнете кога сакате да му дадете на телото витаминска бомба. Состојки: 3 чаши вода 1 главица кромид 2 чешниња лук 1 лажица маслиново масло 1 стебленце целер 1 лажичка рендан корен од ѓумбир 3 чаши ситно сечкана брокула половина ситно сечкан целер 1 лажичка сол прстофат мелен бибер Подготовка: Истурете го маслото во тенџере и загрејте го на средна топлина. Потоа додадете ситно сечкан црн кромид и изрендан ѓумбир, па динстајте додека кромидот да стане стаклен. Потоа додадете ситно сечкан лук, ситно исечкано стебленце целер, сечкана брокула, анасон и само малку сол. Оставете да се крчка уште 2-3 минути, а потоа додадете вода и сол и бибер. Откако ќе зоврие, ставете го капакот, намалете на тивок оган и оставете да се вари уште 20 минути. После тоа, изладете и истурете во блендер, па добро сомелете додека не стане кремаста супа. Извор: Попара.мк]]>

Есенска салата полна со витамини https://arhiva.vistina.com.mk/esenska-salata-polna-so-vitamini/ Tue, 29 Oct 2019 14:20:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=115132

Есенска салата полна со витамини …

Потребно е:

250 г цвекло 150 г рукола 100 г сирење 2 шаки јаткасти плодови (ореви, бадеми или лешници) 100 г листови млад спанаќ 2 лажици јаболков оцет 2 лажици маслиново масло сол и бибер

Подготовка:

– Цвеклото измијте го убаво и сварете го. Оставете го да се излади, излупете го и исечете го на коцки. – Убаво измијте ги листовите спанаќ. Јаткастите плодови исецкајте ги на помали парчиња. Исто и сирењето исечете го на коцки. – Во еден сад ставете ги оцедот и маслиновото масло и изматете ги со вилушка. Додадете сол и бибер, по вкус. – Во чинија за сервирање ставете ги сите состојки и на крај прелијте ги со подготвениот прелив. извор: Курир.мк]]>

Како да ја победите есенската депресија? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-ja-pobedite-esenskata-depresija/ Thu, 15 Nov 2018 14:30:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=58046

Во периодот кога денот станува сè пократок, а ноќта подолга, многу луѓе се борат со чувство на меланхолија и нерасположение. Кратките и студени денови на многумина им влијаат на расположението, но и на нивото на енергија. Како да се победи оваа состојба? Ова нарушување во расположението е познато како есенска депресија, а е резултат од недостатокот на дневна светлина. Со појавата на есенската депресија се јавуваат и заморот, пад на имунитетот, исцрпеност. Што може да направите за полесно да се справите? 1. Земајте витамин Д Витаминот Д е многу важен за здравјето на цревата, за раст и за обновување на клетките. Ако поголем дел од денот мора да минувате затворени во просторија, поради работата, суплементи од витаминот Д ќе ви помогнат да останете здрави и со добро расположение. 2. Јадете риба Неодамнешна анализа од 26 истражувања покажува дека зголемениот внес на омега-3 масни киселини, кои се наоѓаат во рибата, го намалува ризикот од депресија за 17%. 3. Пијте зелен чај Зелениот чај содржи доста антиоксиданси кои помагаат против дегенеративни болести. Без разлика дали го пиете топол или студен, чајот има исти својства. Содржи полифеноли, флавоноиди, хлорофил, витамини и минерали. 4. Излезете надвор Излезете надвор за да го зајакнете имуниот систем и да го намалите стресот. Секој ден практикувајте кратки прошетки, најдобро во парк или природа. 5. Земајте пробиотик Истражувањата покажуваат дека балансот на микроби во цревата е од клучна важност за здравјето. Докажано е дека помага во борбата против вишокот килограми, таложењето масти и влијае на расположението. Околу 76% од нашиот имунитет се наоѓа во цревата, а бактериите во нив се првата одбранбена линија од штетни бактерии, вируси и други микроби. Намирници богати со пробиотици се киселите краставички, јогуртот, кефирот и темната чоколада.]]>