есен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 18 Oct 2023 12:20:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png есен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Есенска нега на лицето: Како да ја заштитите кожата и да ја подготвите за студените денови https://arhiva.vistina.com.mk/esenska-nega-na-litseto-kako-da-ja-zashtitite-kozhata-i-da-ja-podgotvite-za-studenite-denovi/ Wed, 18 Oct 2023 13:00:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322912

Веќе е познато дека временските услови имаат влијание врз кожата, па затоа е неопходно вашата нега да ја прилагодите на сезоната, влажноста и температурата кои владеат во одреден период од годината. – Во текот на летото кожата има повеќе влага, што е токму она што е потребно за правилно функционирање на нејзината заштитна бариера – вели Ненси Самолитис, дерматолог од Беверли Хилс. На есен, пак, почнува грејната сезона, па воздухот во собите каде и да престојувате станува посув. Треба да ја засилите негата на кожата за да ја одржувате хидрирана. 1. Еластин, колаген или алое вера Ен Ли, козметичка хемичарка и основач на „Dermaesthetics Beverly Hills“, истакнува дека луѓето со чувствителна кожа или состојби како егзема и псоријаза треба посебно да се грижат за својата кожа во есенскиот период. Овие луѓе често ќе чувствуваат печење или непријатност на кожата поради сувиот воздух. – Најдоброто нешто што можете да го направите е да ја хидрирате и подмачкате кожата со есенцијални масла, серуми и креми. Негувајте ја кожата со еластин и колаген за да ја олесните промената на сезоната. Предлагам алое вера и густи креми, особено ако вашата кожа е исклучително сува и склона кон снегулки – советува Ли. 2. Префрлете се на погуст хидратантен крем Поради промената на температурата на воздухот, префрлете се на погуста крема која хидрира и навечер. – Ова ќе го надомести длабокото губење на влагата и ќе работите на одржување на мекоста и еластичноста на кожата – изјави докторката од Њујорк, Џулија Ку. Таа предлага користење на навлажнувачки формули кои не ги затнуваат порите и не ја иритираат кожата. Избегнувајте креми кои содржат парфеми. 3. Користете креми за очи и усни Ако кремите за очи и усни не се дел од вашата секојдневна рутина, тие треба да бидат на есен. – Нашата кожа не сака нагли транзиции, а додавањето на креми за усни и околу очи и помага на кожата малку да се прилагоди на есента – смета д-р Цу и додава дека за ова не се потребни скапи препарати. Уште повеќе, таа смета дека вазелинот е сосема доволен. 4. Не користете често пилинг и ретиноиди Поради студениот и сув воздух, би било добра идеја да ја разредите употребата на пилинг и ретиноиди. – Влагата и високите температури обично го намалуваат иритирачкото дејство на локалните ретиноиди и пилинг, веројатно поради зголемената маснотија на кожата – истакнува докторката. Доколку веќе користите ретиноли и хемиски пилинг, зголемете ги хидратантните креми, за да избегнете длабоко сушење на лицето. 5. Продолжете да користите крема за сончање Иако УВ зрачењето е помало наесен, сепак е присутно. За да избегнете сушење на кожата и да ја заштитите од штетно зрачење, продолжете да користите крема со заштитен фактор. извор:попара.мк фото: Shutterstock]]>

Неколку интересни факти за есента кои не сте ги знаеле https://arhiva.vistina.com.mk/nekolku-interesni-fakti-za-esenta-koi-ne-ste-gi-znaele/ Thu, 05 Oct 2023 13:00:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321270

Мирисот на печени костени, варена тиква, топол ајвар и крцкавите лисја под нашите нозе ја најавуваат кралицата на годишните времиња, есента. Со сиот преостанат сончев сјај, доаѓањето на раскошната есен оваа година ја потврдува не само календарскиот 22-ри септември, туку и многу останати составни делови на мозаикот наречен третото годишно време. Ова е одличен период за регенерирање на мислите и душата. Слично како и природата, ослободете се од целиот непотребен товар на минатото време и зачекорете во новата годишна доба. Одберете ја вашата омилена патека за прошетка, освежете се со топло кафе или чај и вдишете длабоко. Доживејте ја есента со сите свои бои и ароми, преточена низ пејзажи како од разгледници, вкусни зимници и слатки задоволства. Ова се 7 интересни факти кои ја карактеризираат есента, а за дополнителна мотивација погледнете го видеото и трансформацијата на природата во есен: Почетокот на есента варира помеѓу два датуми Два календарски датуми се во игра кога станува збор за почетокот на есента. Таа е дефинирана според кружењето на земјината орбита околу сонцето и започнува на есенската рамноденица (време во годината кога траењето на денот и ноќта е еднакво), на 22-ри или 23-ти септември. Дрвјата се подготвуваат за зима Пократките денови се знак за дрвјата да започнат да се подготвуваат за зима. За време на зимскиот период нема доволно сончева светлина за одвивање на процесот фотосинтеза, па како што се скратува денот во есен, дрвјата започнуваат да го затвораат системот на производство на храна и да го намалуваат количеството на хлорофил во лисјата. Хемијата на есенските бои Хлорофилот е супстанцата која ги прави лисјата на дрвјата зелени и како што се намалува, останатите супстанци стануваат поизразени во лисјата. Тие се главните виновници за живописните жолти, црвени и килибарни бои на есента. Пигментите одговорни за овој процес се видови на флавоноиди, каротеноиди и антоцијаниди. Луѓето родени во есен живеат подолго Истражување во „Journal of Aging Research“ потврдило дека бебињата родени во есенските месеци имаат поголеми шанси да ја доживеат 100-тата година, отколку оние кои се родени во останатите месеци од годината. Деновите стануваат пократки Зборот еквинокс (рамноденица) потекнува од латинскиот збор equi (што значи еднаков) и nox (што значи ноќ), означувајќи дека денот и ноќта траат поеднакво. Ноќите се подолги за разлика од деновите веднаш по есенската рамноденица, сè до обратната смена (подолги денови, пократки ноќи) со почетокот на пролетната рамноденица. Зошто е важен датумот 24-ти септември 2303 година? Општо земено, есенската рамноденица секогаш се паѓа на 22-ри или 23-ти септември. Бидејќи Грегоријанскиот календар не е во совршена симетрија со земјината орбита, есенската рамноденица многу ретко се паѓа на 24-ти септември. Последен пат ова се случило во 1931 година и ќе се случи уште еднаш во 2303 година. Враќањето на Персефона Според грчката митологија, есента започнала кога Персефона била грабната од Хад (бог на подземниот свет) за да биде кралица на подземјето. Во паника, мајката на Персефона, Деметра (божица на земјоделието и на новиот живот) ги уништила сите житни посеви на земјата, додека на нејзината ќерка не ѝ се овозможи враќање од подземјето, што го означува почетокот на пролетта. извор:курир.мк]]>

Средете го вашиот дом пред да дојде есента: Се што треба да исчистите за да ви биде удобно во студените денови https://arhiva.vistina.com.mk/sredete-go-vashiot-dom-pred-da-dojde-esenta-se-shto-treba-da-ischistite-za-da-vi-bide-udobno-vo-studenite-denovi/ Tue, 22 Aug 2023 12:10:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=314823

Пролетта е синоним за чистење, но крајот на летото е исто така одлично време за големо расчистување на домот. Предмети како што се калливи чизми и јакни полека ќе почнат да се акумулираат во ходниците и просториите, а загреаните простории треба да се исчистат за да се максимизира протокот на топол воздух. Предметите од кои можеби ќе треба да се ослободите се лични за вас и за вашето домаќинство, но како што вели професионалната организаторка Вики Силверторн, есента е сезона за релаксација бидејќи времето станува постудено и тешко е вистински да се опуштите во неуредна и нечиста куќа. 1. НЕРЕД ВО БАЊАТА Новата сезона е одлично време да се ослободите од кремите за сончање, спрејот за бубачки и старите парфеми за да направите простор за производите што всушност ги користите. Создадете листа за проверка за чистење бања за да ве води. Меѓу работите што не треба да се чуваат во кабинетите во бањата се производите за нега на кожа со поминат рок, шминката и се што всушност не го користите. Вики Силверторн препорачува да извадите сè и да го категоризирате за да можете да видите што имате и да го распределите. Проверете го двапати датумот на истекување на старите парфеми и производи за убавина. На задната страна ќе најдете симбол кој покажува колку долго по отворањето треба да го чувате. Сите застарени производи треба да се испразнат и рециклираат. Потребен ви е само еден од секој производ, и потенцијално еден резервен, и избегнувајте складирање на голем број исти артикли. 2. ХРАНА СО ИСТЕЧЕН РОК Добра идеја е да ја организирате вашата остава додека преминуваме од топлите летни месеци на посвежо време, така што секогаш ќе ги имаме при рака потребните залихи кога готвиме есенски и зимски оброци. Истото важи и за вашиот фрижидер и замрзнувач. 3. НЕРЕД ВО ДВОРОТ И ШУПАТА Расчистувањето на дворот, градината или бараката ќе станува се помалку привлечно како што деновите стануваат сè пократки и температурата паѓа, затоа потрошете го целото време што го имате сега организирајќи ја вашата остава, алатите, скарата, мебелот и градинарските додатоци. Отстранувањето на се што е скршено или ‘рѓосано е една од задачите за одржување што треба да ги направите за да го подготвите вашиот дом за есен. Прочешлајте ги сите работи во дворот и размислете што сте користеле и дали има нешто што мислите дека нема да сакате да го користите до следното лето. 4. ОБЛЕКА Време е искрено да ги погледнеме нашите плакари и работите кои одамна не сме ги носеле. Размислете да донирате или отфрлите летна облека, костими за капење и чевли кои не ја виделе светлината на денот оваа година, затоа што има големи шанси така да биде и следното лето. Можеби ќе треба однапред да купите дополнителни корпи за складирање за да го олесните процесот на расчистување и организирање. Размислете за големи вакуумски запечатени кеси за вашата летна облека ако имате ограничен простор. 5. СЕЗОНСКИ ДЕКОРАЦИИ Размислете однапред и за празниците! Извадете ги кутиите со украси и ослободете се од се што е скршено или што едноставно повеќе не ви се допаѓа. извор: курир.мк]]>

Лоба и Лила во исто: Овој модел на чизми го избраа и двете – модерни урбани и совршени (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/loba-i-lila-vo-isto-ovoj-model-na-chizmi-go-izbraa-i-dvete-moderni-urbani-i-sovrsheni-foto/ Thu, 20 Oct 2022 08:31:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=272145

Лила Филиповска и Викторија Лоба се едни од најбараните јавни личности во земјава кога е во прашање инфлуенсерството кое го работат преку своите профили на социјалните мрежи. Секој ден, месец или одредена сезона, тие имаат да им сугерираат на своите следбеници со нешто, а овој пат се погоди и Лила, а и Лоба да носат нешто исто на себе и двете да покажат дека тоа е „ин“ за оваа есенска сезона.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Имено, пејачката и водителката избраа да носат многу сличен модел на ремни женски чизми, можеби  различен бренд, но моделот е доста сличен – кај едната во карамал  нијанса, а кај другата црни.
Рамните обувки се вистински моден погодок за дамите кои не се зависнички од високи потпетици, а својот стајлинг умеат да го комплетираат и со ваквите тренди модели кои се надополнуваат и во спортска и во поелегантна комбинација. На Лоба и Лила им прилегаат совршено, а не се сомнемаме дека на своите следбенички им беа инспирација.]]>

Овие четири намирници во есен имаат најдобар вкус https://arhiva.vistina.com.mk/ovie-chetiri-namirnici-vo-esen-imaat-najdobar-vkus/ Fri, 30 Sep 2022 12:39:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=269593

Есенските плодови ги има на сите пазари и маркети, предизвикувајќи нe` со своите прекрасни бои, облици и мирис. Експертите ве советуваат дека намирниците е најдобро да ги консумирате во нивната сезона, а во есенските денови задолжително мора да уживате во овие намирници: Јаболко Јаболките можат да се купат во текот на целата година, но есента е совршениот месец за да ги консумирате дури и помалку познатите сорти. Домашното и зрело јаболко е одличен извор на витамини, минерали и прехрамбени влакна, а освен како здрави плодови, може да ги искористите и за подготовка на зимници или за да направите вкусна пита. Круша Раните круши би требало да се консумираат кога се веќе меки на допир, бидејќи токму тогаш изобилуваат со нверојатен вкус и арома. Исто како и јаболките, и крушите доаѓаат во различни сорти, па секако вреди да ги истражите. Ова овошје е одличен извор на калиум кој што ја регулира работата на циркулаторниот систем и учествува во изградбата на коските и забите. Грозје На есен грозјето го доживува врвот на својата сочност и сласт, па токму затоа овој месец е совршен за купување на омилените бобинки, особено оние од црните сорти. Бобинките тогаш стануваат шеќерно слатки. Во прекрасното грозје се наоѓаат и значајни количества од витамините Б и Ц, како и полифеноли кои што го штитат срцето и крвотокот од болести. Тиква Есента е совршено време за да купите тиква и да ги испробате некои од есенските специјалитети. Тиквата е преполна со бета-каротени кои што го зајакнуваат имунитетот на телото од сезонските настинки, но и го штитат организмот од влијанието на слободните радикали. Извор:Курир.мк]]>

Весел почеток на есента со детската забава од Галеника https://arhiva.vistina.com.mk/vesel-pochetok-na-esenta-so-detskata-zabava-od-galenika/ Fri, 30 Sep 2022 11:57:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=269555

Детскиот џагор ја разубави забавата на Галеника во Градскиот парк во Скопје, каде на Школка се собраа стотици граѓани да и кажат „Здраво“ на есента. Топлите први денови од есента беа причина Скопјани во голем број да одговорат на поканата за една голема детска забава, а како сите се забавуваат е најдобро да ја разгледате галеријата со фотографии. Најмладите со воодушевување ги посетија кошето со мини ликовна колонија каде редеа колажи и го цртаат „Здравко – здрав како лав“, додека пред ракометниот гол се натпреваруваа идните ракометни таленти. Особено голем интерес привлече македонскиот шампион во решавање Рубикова коцка Ѓорѓи Чешмеџиевски кои ги воодушеви децата со брзите потези додека ги подредуваше боите на магичната коцка, а некои од момчињата се обидоа да покажат и сопствените вештини. Додека најмалите се фотографираа или снимаа видеа за спомен, за добра музика се погрижи DJ Mats и аплаузи мамеа и авторските музички хитови на Пајак и Антониа Гиговска. ]]>

Подгответе се за есен: Со овие продукти ќе го зајакнете имунитетот https://arhiva.vistina.com.mk/podgotvete-se-za-esen-so-ovie-produkti-kje-go-zajaknete-imunitetot/ Wed, 21 Sep 2022 13:00:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268074

Имунитетот е предуслов за добро здравје, а ако сакате да го одржите силен, внесете промени во вашата исхрана… Загадениот воздух, нездравата храна и големиот стрес оставаат трага врз секого. Како да си помогнете? Најпаметно е на природен начин –  со храна. Експертите ги препорачуваат овие намирници, кои докажано го зајакнуваат имунитетот: Ореви Доволна е само една рака полна ореви секој ден. Оревите имаат многу витамини, омега 3 масни киселини и други нутритивни вредности кои го штитат здравјето на срцето и мозокот. Грицкајте ги за ужинка. Спанаќ Спанаќот секогаш е опишуван како супернамирница. Во спанаќот има многу витамини – А, Б2, Б6, Ц, К и Е. Тој изобилува и со антиоксиданти, фитонутриенти, протеини, омега 3 масни киселини и калциум. Грашок Тој содржи лептин кој помага да се намали апетитот. Изобилува со витаминот Б, калциум, калиум и фолна киселина. Сето тоа е одлично за здравјето на мозокот и кожата, а помага и при висок крвен притисок. Грашокот е добар во превенцијата од мозочен удар. Лосос Лососот е неверојатно здрава намирница, а особено се препорачува див лосос, кој содржи поголема количина на нутритивни вредности. Лососот е сјаен извор на протеини, витамин Д и комплексот од витамини Б, но и омега 3 масни киселини. Лососот докажано штити од карцином, кардиоваскуларни тешкотии, депресија и многу дрги болести. Боровница Освен што се вкусни, боровинките исто така се полни со фитохемикалии кои служат во борбата против најразлични болести. Боровинките содржат и флавоноиди и влакна, а сето тоа може да помогне во борбата против карцином, дијабетес, срцеви болести, чир во желудникот и високиот крвен притисок. Боровинките го намалуваат нивото на лошиот холестерол во крвта. Јадете ги секојдневно. Извор: Курир.мк]]>

Посебни факти за бебињата родени во есен https://arhiva.vistina.com.mk/posebni-fakti-za-bebinjata-rodeni-vo-esen/ Mon, 05 Sep 2022 13:00:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265533

Ако на есен очекувате бебе, еве што треба да знаете. Есенските бебиња во просек имаат помала родилна тежина. Научно е докажано дека бебињата зачнати во јануари и февруари имаат помала родилна тежина. Од друга страна важно е да се напомене дека малата родилна тежина значи и повеќе компликации на породувањето, што не е добро. Бебињата во октомври веројатно ќе бидат предвремено родени. Ова е само статистика, но може да се поврзе и со летниот период на бременост, кога мајките се повеќе активни. Есенските бебиња се поспортски типови. Бебињата родени во есен имаат поголем ризик да заболат од астма. Бидејќи овие бебиња се родени на есен, имаат 3-4 месеци да „фатат“ грип или настинка што им го зголемува ризикот од астма. Извор: Курир.мк]]>

фотографии кои докажуваат дека со мали промени домот може да го претворите во топла есенска оаза https://arhiva.vistina.com.mk/fotografii-koi-dokazuvaat-deka-so-mali-promeni-domot-moze-da-go-pretvorite-vo-topla-esenska-oaza-2/ Tue, 16 Nov 2021 14:00:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=227539

Домот можете да го трансформирате во удобна есенска оаза со употреба на адекватни детали во традиционални бои за оваа сезона. На располагање ви се топлите жолти нијанси, впечатливо портокаловите бои, но и сите нијанси на кафеава боја. Наместо да купувате кауч за дневна соба во некоја од споменатите бои, украсете го моделот којшто го имате со перничиња во актуелните есенски бои или пак со дезен на есенски лисја. Полиците за книги одново организирајте ги и истакнете ги оние кои имаат корици во есенски бои, а масата во дневната соба украсете ја со свеќа со мирис на тиква. Во маркетите може да најдете и едноставни и евтини декори кои домот ќе го направат посвеж и прекрасен. Нови завеси или пак тепих исто така драматично ќе го сменат изгледот на вашиот дом. Внимавајте само на тоа дека треба да комбинирате повеќе бои во една соба затоа што еднобојните простории се здодевни. извор: Кармин.точка.мк ]]>

Мантил и здолниште се непогрешлива комбинација: Трендот заради кој едвај чекавме да дојде есен https://arhiva.vistina.com.mk/mantil-i-zdolnishte-se-nepogreshliva-kombinacija-trendot-zaradi-koj-edvaj-chekavme-da-dojde-esen/ Mon, 15 Nov 2021 13:45:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=227349

Ќе се согласите дека есента асоцира на капути во земјени нијанси, а без нив модата оваа сезона е незамислива. Покрај кожената јакна, мантилот важи за едно од основните парчиња облека за преодниот период од годината. Дополнително, секоја модна комбинација ќе ја подигне на повисоко ниво и ќе и даде нота на сериозност или лежерност, бидејќи идеално се комбинира со чизми, чевли на високи потпетици, патики, панталони, здолништа итн. Сепак, можете да го направите вашиот изглед посебен со познато и едноставно парче облека. Станува збор за здолниште кое ќе и прилега на секоја дама во комбинација со капут. 1. Совршена комбинација за излегување Оваа комбинација ќе му даде на вашиот изглед намален, но и привлечен изглед со многу повеќе вкус отколку здолниште или фустан од оваа должина со кратки чизми. 2. Стајлинг погоден за повеќе пригоди Со памучна ролка и здолниште имате дневна варијанта за шетање, работа, ручек со пријателите.Меѓутоа, доколку ролката ја комбинирате со здолниште од тул или тантела, ќе добиете идеален стајлинг за вечерно излегување. 3. Деловен стајлинг Ова здолниште ќе ја нагласи вашата фигура и ќе биде ефективно во секоја комбинација. Одберете го оној со висок струк, поиграјте си со материјалите, а освен палтото, ова здолниште можете да го земете во комбинација со црна кожна јакна. извор: Попара.мк]]>